Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Таа кажа само пример за некоја познаничка, не навреди никого, а паразит демек не е навреда?
    Па цело време пишуваа како домаќинките се затуцани, и тоа е навреда, немало детето да го научеле на ништо, нивен проблем, и затоа членката пиша.
    И не е ниту до тие мајки што работат, ниту до тие што седат дома, некои деца порано прозборуваат, некои покасно, знам секакви, јас знам на другарка моја детето 5 години е и не збори, го носи на логопед, и не е за смеење тоа, а таа ете работи, да не работеше, ќе кажеа ете седи дома а детето не го научила да зборува, значи не е до мајките, ете детето има некоја маана, и не се сити на тоа, не дај Боже на секого може да му се случи.

    Ок, знам што сакаше да каже, секој како си сака така нека си прави, не ме загрозуваат мене.
     
    Последна измена од модератор: 11 јануари 2024
    На Anyshka и Adidas888 им се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.420
    Допаѓања:
    114.634
    Пол:
    Женски
    А зашто тебе толку те погодува тоа кој што пишал. Ти среќна си со твојот живот? Тоа е најбитно. И не, не смее да каже ни за познаничка, ни за комшика ни за никој!! Ама за тоа треба да имаш осет малку..
     
    На Just.do.it, SummerGirl, SuperGirl24 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Не ме погодува мене, ама не е убаво да се нарекуваат паразити.
     
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Тоа секако, јас мислам дека секоја особа на светов најмногу е исполнета од фамилијарни односи, дури и ако нема фамилија, од блиски човечки односи кои се блиску до фамилијарни. Да не збориме за свои деца. Ниедна титула во кариера не може да е побитна од грижата и љубовта за своето дете. И поминатото време со него.

    Сепак, се што кажав држи. Не е секоја особа на светот амбициозен лидер, но во играва наречена живот каде што се играме со материјални работи, дел од патот е да заработуваш. И тврдам дека тоа е едно од елементите што прават една личност да е исполнета, колку и да е во илузија дека ќе е среќна цел живот без работа.
     
    На MarijaMi90, sweet-cherry, see.emily.play и 8 други им се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.420
    Допаѓања:
    114.634
    Пол:
    Женски
    Еве пак.
    Баш сега мојов ми вика што си се распишала со кој се караш ( ме познава по куцањето), му велам што би рекол утре да дадам отказ и да бидам домакинка? Знаеш што ми рече? Ако ти си среќна ок, ама гарант 2 месеци нема да издржиш.. така да се е избор. Или некогаш животот те принудува на нешто.
     
    На Just.do.it, SummerGirl и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  6. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Ја неможам да се замислам дома со тавата и тенџерето како главна преокупација у денот.
    Седев 9 месеци на трудничко и ок интересно беше на почеток ама последните месеци едвај чекав да се вратам на работа, да се измешам со луѓе, да се оттргнам од домаќинлукот, да се осетам стрес и тензии.

    Дека е ист теретот дома и тој на работа е смешно да се каже. Куќа се чисти за 1 саат и ручек за 1 саат, остатокот е "џаболебарење". Во денешно време кога на повеќето им доаѓа дома жена за чистење еднаш неделно и немаме повеќе обврски од тоа тањирите да ги ставиме у машина или гаките да ги извадиме од сушара е тажно да се каже дека домакинските работи носат некој голем терет врз поединецот.
    Нарочно велам поединецот а не жената бидејки у брак се двајца така да јас како жена не сум со исконско право и обврска исклучиво да ги вршам сите домакински работи а маж да драпа мев пред телевизор.

    Од друга страна не ги разбирам кометариве во насока на тоа дека идењето на работа ве исцрпува до тој степен да паѓате у депреси со лекарства и не знам ти што. Можеби е проблем околината во која работите и треба да ја смените а не самиот момент дека работите.
    Имам дете од 3 години и со маж ми работиме во приватна фирма каде пред 6 саат не се десило дома да си дојдеме. Не викам дека е лесно ама дека па толку е тешко да се менаџира приватен и професионален живот како што е претставено во темава е просто нереално. Далеку од тоа дека сме директори у фирма или дека сме некои тешки кариеристи да го спасуваме светот ама како и сите луѓе некогаш сме уморни, некогаш нервозни, некогаш психички исцрпени ама никогаш не би го замениле тоа за седење дома. Барем јас, осекам потреба за интелектуална продуктивност во текот на денот како и лична сатисфакција со секој успешно завршен предмет или со бонус добиен на работа.

    Без оглед на тоа што сме цел ден на работа, детето ни е најадено напиено и згрижено. После работа прошетано, преку лето однесено на летување, зимно време однесено на планина на зимување, заиграно со нас и со максимално посветено време и внимание од наша страна. Кога ке заспие ние си посветувме време што еден на друг што секој од нас со свои интереси засебни. Ако овој викенд ја станам со нејзе рано а маж спие до 10 нареден викенд обратно, ако денес ја готвам ручек утре маж ке готви а ако не мрзи ке седнеме во ресторан еднаш у неделата или ке нарачаме нешто од надвор,ако ја вадам садови од машина маж вади алишта од машина и обратно и сите домашни работи се завршуваат за саат време па после сме слободни да правиме што сакаме.
     
    На JuLleE, senjorita-v, Just.do.it и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    22.943
    Пол:
    Женски
    Па не дека ја погодува, туку сака да каже дека премногу навреди тука се упатија кон тие шо не работат.
    Упорно и упорно не осудуваат ние шо не работиме, ни викат дека нема шанси да сме исполнети и дека сме затуцани шо седиме дома. Ние им викаме дека сме направиле избор и тоа е тоа шо не усреќува, а они пак ни тупат дека сме биле несреќни.

    Ние само сакавме да се изјасниме дека не сите жени ги прави среќни работата.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.448
    Пол:
    Женски
    И сега суровиот капитализам важи само за жените?
    За мажите не важи ?
    Зошто тие мора БАШ секој ден да работат за некој друг да се богати?
    Низ темава од продомаќинките се протегнува некој муабет дека најважно за една жена е мајчинството и ионака ништо посебно една жена не може да постигне колку и да работи, подобро да не работиш да гледаш деца.
    Тоа не е едноставно точно.
    Затоа што за секоја една жена тука која ќе каже се чувствува исполнето од резултатот на својата работа и сака да оди на работа,таа веќе се реализирала.
     
    Последна измена: 10 јануари 2024
    На mila89, Peanut Butter, SuperGirl24 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.057
    Допаѓања:
    21.446
    Пол:
    Женски
    Хахаха буквално секој прави што сака, затоа се испотепавме тука :D
    Оти на никој не му е јасно дека туѓиот избор не треба да го засега.

    Ете и мене не ми е јасно како @nena2010 е 20 години во една фирма, и не можам да се замислам така ама алал. Браво

    Инаку, за тоа што сакаше да го каже сметам дека е во право. Јас, ти и 99% од членките може нема да се испозамараме, ама некој ќе го удри тоа. А јас сум секогаш да се препрочита 2-3 пати пред да се стисне одговори.
     
    На Annath, CameliaMiller, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.298
    Ама нели и ти имаш пишано да можеш, финансиски, би дала отказ од работата, бидејќи максимално те исцрпува, и би работела нешто лагано.
    Човек се менува, менува приоритети, некогаш ни треба можеби и само пауза.
     
    На CameliaMiller, LUCI 99, Anyshka и 6 други им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.420
    Допаѓања:
    114.634
    Пол:
    Женски
    Јас лично можам ова да го прифатам само ако некоја има искуство и работела па сфатила дека ете не се наоѓа во тој свет, посреќна е дома. Ама некоја со ниеден ден стаж, којанод мама и тато отишла кај мажот дома... не би се сложила.
    @danichap да сум рекла и стојам зад тоа. Ама тоа не значи дека пак не би работела.. обавезно нешто ќе најдам, зашто инаку и не ни знам како е.
     
    На Just.do.it, LiquidLuna, danichap и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.949
    Еве мене НИКОЈ не ми пренесе тоа што ти си набројала оти не можеа да ме видат, а не да ми пренесуваат. И гес уај???
    Епа одеа на работа во три смени и двајцата!
    Па фала Богу се имав од тоа кога дојде ред. Ниту лажам, ниту се фалам, само доловувам (ако може воопшто да ви се долови) колку не треба да се генерализира.

    А за тоа колку ми фалеле, посебно мајка ми...јас си знам како кога баба ме легнуваше да спијам, јас не можев да го тргнам погледот од вратата прашувајќи - а бабо ќе дојдат ли да ме земат, а бабо кога ќе дојдат да ме земат???
    И така безброј денови, ноќи...јас растев, а нив ги немаше.
    Ама МОРАШЕ така. Кога не мора, не мора и не сте вие тие да знаете и да кажете што мора, кога мора и дали мора!
     
    Последна измена: 10 јануари 2024
    На MacenceEna, Skyler, Annath и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.058
    Допаѓања:
    12.793
    Да се вработиш првпат на 50 години, значи дека до пензија ти остануваат уште 12 години, а за пензија да земеш ти требаат минимум 15 години. Во трето доба ретко кој не пие лекови кај нас, а некои лекови се доста скапи. А пензиите се и онака мизерни, повеќето пензионерчиња земаат до 15.000 денари, а што ќе прави жена што нема пензија? Ќе се обеси на вратот на синот кој ќе има свои деца за гледање? Не само што е неодговорно, туку е и себично.

    Не ја прашувајте @nena2010 што постигнала за 20 години кариера. Самото тоа што се одржала да биде банкар толку години е успех. Како што читав си има свој стан, самостојна е, шетала, за неа нема зима. Утре да и дадат отказ од банката, таа ќе има 100% повеќе шанси брзо да најде нова работа не само во банкарски сектор и во други сектори, за разлика од било која домаќинка, макар домаќинката цел ден да читала книги и следела онлајн курсеви. И немојте да мислите дека еден работник 20 години работи за иста плата. Некаде качуваат плата секоја година, некаде на 6 месеци, некаде даваат бонуси, некаде сите работи заедно. Џабе не е, иако ние луѓето секогаш ќе сакаме повеќе.
     
    На Just.do.it, Peanut Butter, SuperGirl24 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.298
    Апсолутно.
    Само сакав да кажам дека колку и да е човек успешен, платен, исполнет… да не се глорифицира ниту работата до тој степен дека е незаменлива, а ниту лесна, дека на се може да се сврти грб во вистински момент и под вистински околности.
     
    На MarijaMi90, Annath, senjorita-v и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    22.943
    Пол:
    Женски
    И јас не се сложувам за такви шо никогаш не работеле. Ама тие веќе и на прсти се бројат. Ете ние шо сме работеле и шо би можеле пак да работиме ама моментално сме дома, зошто мора такви навреди да ни упатуваат? Демек работоспособна жена МОРА И МОРА на работа да оди.
    Па ете јас викам , не мора. Ако има услови и ако и е желба на неа и на партнерот, не мора да оди на работа. Ако среќна ја прават децата и семејството не мора.
    Се е ствар на личен избор.
     
    На CameliaMiller, Pa8la, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.420
    Допаѓања:
    114.634
    Пол:
    Женски
    А зашто па се најде во тие? Зашто побогу скокате одма како сите за вас да зборат?
    @danichap јас тебе искрено ти се дивам.

    Не се сите услови исти, не се сите одлуки од кејф направени. Ама треба да се стои гордо зад одлуката, а не да се фрла дрвја и камења ако некој живее поинаков живот со етикетирање дека кариерата или одењето на работа придонело детето да и биде на некоја жена со посебни потреби. Се претера тука.
     
    На Annath, joy1, SuperGirl24 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.298
    Јас не прочитав некој да пише дека никогаш не работел и дека никогаш нема да работи.
    Приказните за постарата генерација домаќинки искрено не ми се ниту актуелни.
    Помладите за мене се сеуште во измеѓу фаза од животот, кога не се знае што и кога ќе донесе иднината, па не може човек да ги класифицира во таа група. И на овие почна да им се бере гајлето што прават цел ден, што ќе прават кога децата ќе пораснат, во какви личности ќе им пораснат децата итн. Имаше премногу навреди.

    @nena2010 барав мислењето, ваљда метлата играла
     
    На MacenceEna, CameliaMiller, Anyshka и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    22.943
    Пол:
    Женски
    Нема да зборам за мажите на оваа тема пошо е за жените.
    И јас не викам дека најважно за една жена е мајчинството, туку тоа ДА ИМА ИЗБОР. Дали тоа ќе биде работата или мајчинството или парите или курвалукот, тоа е нејзин избор и се додека ја прави среќна не треба да се мешаме.
     
    На Annath, CameliaMiller, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Исто сакам да ве прашам, можеби западот во мене зборува, но зарем не ви е мерак во животот да направите нешто свое?

    Наместо само да се пребаците од трошење заеднички пари на семејството во кое сте се родиле на трошење пари кои маж ви ги заработува (никој не оспорува дека се заеднички пари), зарем немате некој поттик у себе да вложите свои пари кои сте ги заработиле, дали со интелектуален, дали со креативен труд, дали нешто трето?

    Да сте горди на нешто што сте успеале и да го видите плодот од својот труд? Мене многу ме мотивира помислата да кажам на моите дека конечно имам доволно и нивната работа е завршена и да бидам самостојна еден дел од животот. Без одма да идам на заеднички пари со некој.
     
    На Just.do.it, Nausicaa, senjorita-v и 3 други им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.420
    Допаѓања:
    114.634
    Пол:
    Женски
     
    На Just.do.it, Lady D ❤️, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.