Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа, еве и јас не би работела во смени, и јас и сопругот работиме само прва, ги земаме децата од градинка/училиште, ручаме, одмараме, некои активности со децата, може и да прошетаме.
    Да требаше да работам во смени, а да имав финансии не би работела.
    Секој не е ист, на некои повеќе им одговара втора смена, па и трета.
    Јас си кажувам за мене.
     
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.415
    Допаѓања:
    114.606
    Пол:
    Женски
    Фала богу немам во околина такви.. жени кои не работат зашто реално не можат од икс причини, да имам. Жени кои напуштиле работа за да се грижат за дете со посебни потреби ( иако од дома работат нешто freelаnce), ама од тие другите не ни можам да имам во живот зашто немам што да разговсрам со нив.
     
    Последна измена: 10 јануари 2024
    На Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  3. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    6.005
    Пол:
    Женски
    Што разговор имаш со првите, а да не можеш истиот да го водиш со другите? Дете е дете. Дали е со посебни потреби или не е, не е твоја работа да навлегуваш, уште помалку да се ставаш на место на судија да правдаш која треба или не треба дома да седи и зошто.
    Ова е целосна деградација на една жена. Ако седи дома и решила да се посвети на детето, мислиш дека е помалку интелектуална од тебе? Тогаш твојот речник не е доволно богат ако не можеш да разговараш на повеќе теми. Каква врска има тоа што некој е домаќинка со еден разговор?
     
    На bittersweet, Mnik, oblace1 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Иде во градинка до 4ипол во државна, додека испазариме маркет макар и за леб влегле додека у гужвите низ град дојдеме дома 6 не фаќа. Конкретен пример од денес стигнавме пред зграда маж се качи дома одма се фати компир да љупи за печење ја со нејзе круг низ маало 40 минути. Додека дојдовме дома компирот скоро готов и месо на рингла скоро издинстано. Додека се печело он садови вади ставај у машина ја пресоблакање дете, собирање парталите што сме ги расфрлале сабајле додека сме се спремале за на работа/ градинка. У меѓувреме и двајцата напоредно игра со нејзе боење/криенка по соби (тоа и е хит моментално) ручек околу 7 . Станување од маса ставање тањири у машина. Продужување игра со нејзе и занимација до 9ипол. У 10 и се приспа читање сликовница и мазење со двајцата и кома заспивање. Ја и маж до сеа Сони игравме. Сеа се спремам ја за спиење он ваљда ќе дреме пред тв уште некое време.
    Дома можда не ми е се идеално под конец тук там по некоја играчка низ дневна расфрлана, некој чорап кај шо не му е местото фрлен, пешкир у спална на кревет место у Вц али да сме живи и здрави. Тоа шо може да се крене ќе се крене тоа шо ме мрзи има ден и утре. За чистење и пеглање имам жена што ми доаѓа секоја недела. И така секој ден у круг, освен за викенд.
    Е има денови кога малата не спие и до 12 вечер, па ја занимаваме си играме со нејзе а имало и денови кога сме биле прескапани па сме заспивале пред нејзе а она со нас у кревет гледала цртани.
    Од се по нешто има и секој ден е различен.
    Дека е идеално не е, дека се преживува се преживува се.
     
    На senjorita-v, Peanut Butter, H.VAGA и 3 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.050
    Допаѓања:
    268.666
    @Srckata28
    Можам само лично искуство да ти кажам за прашањето - нешто сама да направам.

    Кога прв пат запишав факултет, на 18 години, бев полетна, желна, имав толку замисли што ќе правам потоа, што сакам последипломски, ах па го нема тоа во Македонија, па каде го има, итн. Притоа, за цело студирање имав тук-таму работички, значи после прва факс летото почнав да работам, за барем џепарац свој да имам, исчистив испитите во јуни и да не дремам дома 3 и кусур месеци, си најдов работа. Како редовен студент во државна квота, не смеев да бидам actually вработена, затоа работев odd jobs. Како и да е, во текот на годината потоа, решив следното лето да работам странство - исто исчистив во јуни испити, работев келнерка 1 месец, бев на одмор, дојдов дома и заминав 2 и нешто месеци во странство. Трета година исто терав, овој пат заминав во Америка. Ми беше дозволено предвреме да полагам испити што немаа колоквиуми, оти просек имав над 8 или 8.5, не сум сигурна искрено.
    КАКО И ДА Е, дојдов од САД, 4та година студии. 4та ми беше мачна. Не академски, ментално. Не знаев што ми е. Во јуни бев далеку од положено испити (инаку, 16 годишно беа, 8 по семестар), имав панични напади, не можев да се фокусирам на ништо. Така што, колку и да се трудев да учам, невозможно беше. Уште поголема фрустрација бидејќи не знаев зошто, т.е. јас знаев, ама матичната не ми веруваше и ме праќаше упорно на испитувања разни, ама не на психијатар. И овој период некако работев цел. Како и да е, во тој период се вработив на бившото работно место, не знам дали да речам среќа или несреќа, ама ете, ме примија.
    Тука веќе сама отидов кај психијатарката и почнавме да работиме на мене. Ме стабилизираше, сакав да се вратам на факултет, запишав пак 4та (на приватен, на државен нема вонредно моево), амаааааа. Одам да барам денови за испити (што со закон ми следуваат) мојата надредена дрско, гнасно и одвратно ми одговара: на болницата не и' треба твоето образование. Verbatim.
    А јас, 22-23 годишна, наивна, воспитана да почитувам авторитети (најголема глупост што ме научиле искрено), со активна едвај менаџирана анксиозност, си го ставив тоа толку на срце што... ако на болницата не и' треба моето образование, не ми треба ниту мене, па и онака се гледа дека не сум баш способна.
    И тука баталив. Станав, без зезање, најдобра во мојата работа. Не оти е некое кариерно остварување, ама бев другиот образ на здравството. Оној, добриот. Пациентите ме обожаваа, ден денес имам што ми се јавуваат, онака. Колку бев подобра за пациентите, толку повеќе бев трн во око на одредени авторитети. Со тек на годините, уживав почит од докторите на тоа ниво што во мои раце беа оставени далеку поголеми одговорности, што често ги преминуваа и законските правила. Како и да е.

    Не работев за многу пари, ама си беа мои, прво не бев товар на моите, потоа кога почнав да живеам со бившиот, не му бев товар нему. Јас се осеќав толку безнадежно и непродуктивно, џабе заработував.

    Соновите кои ги сонував како 18 и 20 годишна, одамна потиснати.

    Fast forward 2022. Прв пат сум сама во животот, се отсели партнерот од скоро 15 години, ја имам работата што ја мразам во овој момент, не знам што понатаму со себе. Како ќе преживеам?

    Е овде, во 2022, прв пат после деценија и кусур, ми требаше помош. Од родителите. на 31 година. Од х и у причини, не по моја вина, сплет на околности. Првите месеци ми помагаа финансиски повеќе. На многу лошо место бев. И ментално, и финансиски. Магепсан круг е тоа :)
    Посебно тешко ми паѓаше што на 18 помалку имав потреба него на 31. Ама... живот?

    Fast forward април 2023. Одам на интервју за работа, петок е. Велам понеделник ќе дојдам, имам денови од одмор многу, ќе земам и ќе видиме како ќе оди.
    Понеделник е. Ми викаат сакаме да останеш. Им викам ок. Одам на пауза.
    Давам отказ на пауза, малце натегање ама ок. Успешно.

    Мај 2023. Се јавувам на факултет, после 10 години. Прават еквиваленција, ме запишуваат пак 4та, ама пун курац диференцијални што не се диференцијални реално, ама нема везе, решена сум. Во јуни прв пат одам на испити после 10 години. 8 и 10. Не ми се верува :)

    Fast forward јануари 2024. Држ среќа, не остана уште многу. Понекогаш се плашам оти ми се враќаат long lost dreams. За 1 месец ќе полнам 33 години.

    Цели 15 од кога имав 18 и размислував што сакам да правам со животот :)

    тлдр: поентата ми е, животот е чуден, различен за секој од нас. Не е права линија најчесто, и можам јас да сонувам свашта, ама не знам што носи утрешниот ден. Не сум со човекот со кој мислев ќе умрам, студентка сум на 33. И ок е. Се' е ок. Денес знам дека единствено пред себе треба да сум на чисто. Никому не должам да бидам што било. Ако имам деца, само нив ќе им должам да бидам максимално тука за нив. Се надевам.

    Толку се изнапишав баш затоа... one size fits all нема, а не ни треба да има.
    Што ќе те прави среќна, тоа нека ти биде.
    А исто и на сите останати, чии патишта се и спротивни од твоите.
     
    Последна измена: 11 јануари 2024
    На drugarka, Noemi, do-re-mi и 18 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.118
    Допаѓања:
    180.821
    Ништо про-домаќинско нема во гордоста од правилно израснато дете, и точно, нема врска ни со вработени ни со невработени мајки. Друго беше поентата- баш одговор на прашањето, горди на плодот на својот труд. :)

    На твоето изворно прашање- ама апсолутно. Само...јер потекнувам од Македонија, со плодот на мојот и само мојог труд, единствено бев способна да си купам чизми. Сите инвестиции на моите родители биле во мое образование (ако не ги броиме и чизмите:D). И се исплати, на долг рок, надвор од државата...и стварно станува небитно, тоа на кое толку инсистирате ,,единствено твои пари,. Единствено мое е моето знаење, моите способности, моите квалитети и/или мани, единствено на тоа можам да се потпрам, и во, и вон брак. Што значи, за докажување дека можеш да бидеш самостојна и независна, апсолутно треба да се градиш и да стекнеш ,,единствено твои пари,,. Ама не мораш да го правиш тоа цело време, и веројатноста да стигнеш до некои цели, заедно со некого со кого имаш заеднички цели е поголема. Енергии, синергии, множење наместо делење:), ко што рече ваљда @Yowannty (ако не бев јас таа што реков, кој да памти веќе кој што рекол):drunk: .

    Настрана од ова погоре... Темава отишла у Хондурас(facepalm)
     
    На do-re-mi, see.emily.play, Yowannty и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Секој животен избор кој е направен е врз база и на надворешни фактори како системот на државата, па после и лични избори.

    Зошто го ставив прво системот, затоа што ако тој не ти овозможува некои поволности (во Македонија дури и некои нормални работи се сметаат за такви), какви и преференци да има некој, нема да може да си ги дозволи.

    Јас сум/бев болно амбициозна личност, ставајќи го професионалниот избор и надоградување над се'. Почнувајќи од жонглирање факултет и работа, па факултет и 2 работи од кои едната фул тајм, непоминување време со најблиските и ставање на мене на последно место.
    За една колатерална загуба да ми го сруши светот и да ми покаже колку страшно е кога приоритетите ти се грешно дефинирани и наредени.

    Уште сакам да градам кариера, само веќе не по секоја цена. Кога ќе имам деца, апсолутно сакам целото време да го поминувам со нив на почеток, а после да сум до нив секогаш кога им требам.
    Идејата е да имам услови за да го направам тоа.
    Каде сум во моментов мајчинството е 2 години. Можеш да се вратиш после една година ако сакаш, но може и да останеш уште една, со тоа што ќе земаш пониска плата од неколку процента.
    И убаво е што има опции, и има работа на половина работно време. Ако добро се измислат работите со флексибилен график, човек може да работи по 6 или 8 часа во неделата, викенд ако сака, па и од дома дури, ако работата и работодавецот го дозволуваат тоа.
    Тоа би одговарало за луѓе како мене што не сакаат да не работат, ако можат да си го дозволат тоа.

    Партенрот ќе игра клучна улога, затоа што тој е другата главна половина од нашета целина. Обврските се делат на пола во заедница, и за дете и за домот. Секој ќе покрива колку може од тоа што треба да се направи. Таа половина во еден момент може да е јас 80% време со дете прво и 20% за се' друго, а тој 80% работа(професионална и обврски за вршење)+ секоја слободна секунда со нас и 20% се' друго. После кога ќе дојде времето се прави рокада и/или се менуваат факторите и се адаптираме на ново.
    Процентите ги истресов од ракав, ама поентата мислам се разбира.

    Крајности никогаш не функционираат на долги стази. Апсолутно никогаш.
    Јас сум човек на екстремуми, но веќе си ги бирам битките и каде вреди да влагам минимум или максимум.
     
    На MacenceEna, glosipgirl, do-re-mi и 11 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.050
    Допаѓања:
    268.666
    И тоа е избор, не дека немаш.
    Што мислиш дека имам јас заедничко со полусенилен наглув дедо, што му се обраќам со Вие и вака аааа не, сам сум? :D
    Колку што работата, во смисла на задкулисните драми, проблеми, непотизам, неправда на секое поле ме убиваше, толку засекогаш ќе го обожавам тоа што од овчар до министер гледав регуларно, комуницирав регуларно. И од едниот и од другиот имав што да научам. А насмевката на осамен, полусенилен и наглув дедо вреди милиони :)
    Му бев и симпатија на еден дечко, скоро 30 годишен, ама ментално 7 годишен. Најслатко створење на светов. Се пресрами и ме покани на топло чоколадо :D И ми донесе чоколадо и срамежливо ми го даде, оти бил ден на сите девојчиња :) Ако мајка му ме чита, ќе ме препознае, :*
    Сега пишувам и имам насмевка од уво до уво. Нема пари што можат да ја купат топлинава во душава што ми ја создаваат овие луѓе, сега веќе овие спомени.
    Со секого имам што да зборувам. И од секого имам што да научам :)
     
    На Mnik, do-re-mi, Yowannty и 16 други им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.118
    Допаѓања:
    180.821
    Камелијо мори...ти си едно богато створење:l:
    Ко приказна за добра ноќ си. Нема емоџи да опишам...:*
     
    На Mnik, see.emily.play, Yowannty и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Пред да цитираш нешто, прочитај и на што сум цитирана!
    Членката кажа дека мајките што работеле им го давале телефонот на децата зашто биле уморни и поради тоа децата доцнеле со развојот.
    Не ми го извртувај мислењето.
     
    На Lady D ❤️ и nena2010 им се допаѓа ова.
  11. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    2.835
    Пол:
    Женски
    Вака сега што ги ставаш сите мајки што се вработени во овој пример, кога кажав мислев на мајка што ја познавам и што ја гледам секој дневно колку после работа му обрнува на детето внимание, значи ако оваа мајка така се однесува не значи дека сите вработени мајки така се однесуваат.
     
    На Anyshka и Pa8la им се допаѓа ова.
  12. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Ти го кажа тоа со цел бранење на својот став. Значи поентата ти беше дека мајките кои се вработени не им посветуваат внимание на децата доволно и затоа тие доцнеле со говорот.
    Ти си таа која генерализира за сите вработени мајки и ги става во една категорија, изведено врз заклучок на еден пример.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    2.835
    Пол:
    Женски
    Па сигурно тој пример не ми падна онака на памет, сигурно го кажав после тие осуди за мајките домајкинки и воспитување и учењето на нивните деца, а имаше доста негативни осуди. И пак ќе речам, не ми беше поентата за сите вработени мајки , значи глупаво е да се помисли.
     
    На Pa8la и Anyshka им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.046
    Пол:
    Женски
    Ништо не ни допишав, само е цитирано тоа што ти си го напишала. Ако ти изгледа лошо запрашај се зошто е тоа така.

    Инаку, уште една интересна работа е како се збореше дека едната страна ја преувеличува домаќинската работа и чистењето, а тоа не било ништо, можело за саат, два да се заврши и толку.
    Од друга страна имаме пример како се плаќа за чистачка, за истата таа работа за која се вели дека е ништо и притоа има восхит на истово ова. И за супер организацијата. @SuperGirl24 уште велиш дека сѐ може да се постигне, а плаќаш некој друг зошто не можеш да постигнеш. Односно, не сакаш сигурно да си скратиш од времето со детето, или од неговото време со вас и тоа време да го поминеш во чистење.
    И јас би платила за жена да доаѓа да ми чисти, да не се разбереме погрешно, ако се може тоа е супер. Ама, не е фер за другите жени кои ги имаат и овие обврски на главата да им се сведуваат на нула, како да се ништо, а притоа да се плаќа некој друг за тоа да го прави. И да им велиме дека до нив е, не знаат да се организираат.
     
    На elanor, moonlight-girl.55, Noemi и 21 други им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.415
    Допаѓања:
    114.606
    Пол:
    Женски
    Камели не зборувам за луѓе кои ги среќаваме секој ден онака во животот зборувам за пријателки , другарки и слично. Не извртувај.
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.054
    Допаѓања:
    12.791
    Од каде тоа дека жени домаќинки што со години не работат и немаат приходи се шетале по странство? Јас тие што ги знам, се пресметуваат до денар за ручекот што ќе го прават, ако треба од населба со центар да одат, гледаат мажот да ги однесе успат со кола одејќи на работа, да не платат 35 денари, ќе оделе во Дубаи и не знам каде, некој ќе им љубоморел. Боже господе. Може да оди во Дубаи, а да е домаќинка, ако мажот е бизнисмен или 10 години ако бил гастарбајтер, па да имаат залихи од пари. Имам познаничка, колку мајка ми е, на децата им пука филм оти цел век е дома, само празни муабети од неа, пцуе и навредува, државата била крива што немала работа, и детето средношколец и мава шамар, оти немаат што да јадат пред да одат во школо, женава уште се жали жртва, па и го раскажува настанот и отишла кај пријател му рекла „аман дај 200 денари да направам доручек“. И дал, и од утре? Па нема ни срам, не ни чувствува вина. Кај и да и дале шанса да работи, секаде се кара, на едно место лаптоп им скрши за 2-3 дена. Тоа се мрзи за мене.
     
    На BlackNight и Just.do.it им се допаѓа ова.
  17. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Ова е суштината проради која сметам дека секоја жена треба да работи, поточно да биде дел од заедницата.
    Токму тоа обогатување, учење, раст, дури и кога работиш навидум досадна и заморна работа.

    Порано жените биле домаќинки , но имале заедници,се грижеле за стари, за пошироката фамилија, многу повеќе физички работеле. Грижата за децата била само дел од многуте секојдневни активности, особено кога имале повеќе деца.

    Идеално би било до три години мајката целосно да му се посвети на детето. Тоа и постои во социјално средените општества и можеби кон тоа треба да се тежи. И тоа би била таа слобода на избор. Кој може да си дозволи, одлично што си ја користи таа можност.

    Само што денес некои жени прават професија од мајчинството, а детето не е наше, има свој сопствен пат, заеднички чекориме само на почетокот.
     
    На Tanjamm, Srckata28, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.618
    Допаѓања:
    7.218
    Пол:
    Женски
    Секоја чест на организацијата. Ја во животот не сум успеала да спремам месо со компири за еден саат.
    Кај нас дете треба да е успано до 8. Очигледно друг ритам имаме. Ама и тоа секој за него, како и се друго впрочем.
     
    На Mnik, Pa8la, Anyshka и 7 други им се допаѓа ова.
  19. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.558
    Пол:
    Женски
    Ова.
    Потребно е село за да цути селото.
    Ама сеа, во какво стање е селото? Од меѓучовечки односи(читај снаи и свекрви како за почеток) до институциално(читај работна средина и "градење кариера") ?
    Ако се сите целосно искрени овде, и не секој си ја идеализира својата страна малце повише.
     
    На see.emily.play, Feminka22, Srckata28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Така е. Мене повеќе ме "загрижува " , " видела жаба да се коњ кује, па и она дигла ногу ".
    Трошење време е форумов изгледа....
    Штета.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.