Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.050
    Допаѓања:
    268.669
    Мислам дека нешто не се разбираме.
    Никаде (и никој со посериозно мислење) не кажа дека не треба да сме вклучени во заедницата, имале или немале деца.
    Самата работа не те вклучува, искрено ти кажувам дека претходно, за 10 години стаж, успеав да најдам "јазик" само со 1 колешка, и тоа последните 6 месеци, кога им стана јасно дека ќе си одам и дека некој мора да научи што работам (другите одбиваа да ја работат мојата работа).

    Како и да е, јас да не морам да работам, ќе бидам дел од заедницата, минус стресот што неминовно доаѓа со работата. Може ќе волонтирам во старечки дом, може ќе отворам непрофитна организација за деца, мислам, на многу начини можам да бидам дел од заедницата, а да не е тоа работно место.

    Ништо во работата како таква не ми беше нешто што ме исполнува, бев депресивна ужасно, веќе ја мразев работата, ме фрустрираше, единствено ги сакав луѓето. А нив не е неопходно да работам за да ги најдам.

    Не извртувам, сакаш во афричко село стави ме, ќе најдам муабет.
    Мислам моите другарки се толку различни и со различни патишта, од домаќинки фул тајм до ултра кариерист што е моја генерација и во својот сектор е дааалеку. Имам другарки 10 години помлади, и 20 години постари.
    Реков, избор е. До тебе е, не е до нив.
    Не значи дека мора секој да ти се допаѓа, ама ти имаш предрасуди, е сега на 45 години јас не можам да ти кажам дека тие се повеќе на твоја штета, него на оние кои ги избегнуваш оти однапред знаеш дека немате муабет.
     
    На bittersweet, senjorita-v, Mnik и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Ех. Благодарам за долгиот одговор и што се искажа.

    Жал ми е што од моите мислења повеќето сфативте дека сакам да бидам жена лавица во кариера и којзнае што очекувам во животот + тоа дека треба да е побитно од било што друго. Иако неколку пати потенцирав дека не е така. Бидејќи твоето мислење е многу personal, ќе одговорам и јас така. После средно можеби сум мислела дека животот е права линија, сега не. Не очекував дека ќе запишам факс и нема да го завршам. Запишав амбициозен факултет кој мислев дека го сакам, пропаднав ментално од атмосферата и самата тежина на факултетот која не ми дозволуваше да дишам, оставив факс (тогаш на тие години, тоа ми беше најтешка одлука у живот) и една цела година не запишав ништо пошто сакав убаво да се размислам што сакам и да се пронајдам малку. Работев нешто ситно, читав, гледав, се информирав да видам што ќе ме интересира и потоа запишав факс кој испадна дека ми е складен со душава и знам дека треба ова да го учам. Се пронајдов.

    Енивеј, во текот на тој период, кој за 18-19 годишна Срцка беше составен од тешки, огромни и страшни одлуки, една голема криза која ме натера да созреам, знаеш што сфатив? Не дека треба да се мачам повеќе у животот и на факс повеќе да учам, не да бидам поупорна, туку сфатив дека побитно од се тоа ми е да најдам љубов и некој кој ќе ми биде поддршка во се, да осетам заедница, партнерство. Тоа за мене е најблиску до семејство, до „дом“ што имам потреба да го осетам на овие години. Од тогаш имало периоди кога сум го имала, имало периоди кога сум го немала. Моментално го имам и ми е најубаво на свет и секогаш тоа ќе ми е приоритет, да давам љубов, да вложувам во таков однос, пошто како и многу на темава се стремам кон тоа некогаш да имам семејство и тоа да ми е се на светот.

    Зошто го тоа зборувам? За да се навратам малце на темава, зашто сакам бар некој да ме прочита убаво дека разбирам и се согласувам со тој аспект. Кога имаш дете најбитно е каков родител ќе бидеш на тоа дете и како ќе го израснеш. И добро. Тоа нема врска со ништо што го имам зборено во темава и се држам зад тоа 100%. Секогаш потенцирам за какви случаеви зборувам, дека поддржувам неколку години мајката да седи дома. Моите ставови секогаш доаѓаат од друг еден друг аспект, не од тоа дека сметам дека домаќинките се мрзи. Прво заради небалансираната динамика која се ствара и мислам дека не е здрава меѓу партнерите, друго од аспект на лично исполнување кое сметам дека секоја личност има потреба.

    Мислењето на кое ти ми одговори се однесуваше на ова другото, личното исполнување. И логично, не се однесуваше на ситуации како твојата. Не осудувам нешто такво или било што слично на тоа, мислам дека е прекрасно кога имаш родители кои се тука за тебе, мислам дека е прекрасно да имаш зрел партнер кој разбира дека во брак нема мои-твои пари, мислам дека е прекрасно да имаш маж до себе кој дебело заработува и можете сешто да си купите и дозволите, одлично. :D

    Но ете, во животните полиња, кариера е едно од нив, и природно и убаво е секоја особа да има нешто развиено во тоа поле, да си има некои свои примања - колку, толку, ама најбитен аспект од тоа поле е да се пронајдеш во нешто. Според мене. Јас сум 100% за simple life, нејќам бурен живот (иако секогаш ќе е нестабилен), сакам и јас фокус на дом, хобиња што ми ја исполнуваат душата, еден ден можеби деца, семејство, пријателство, тоа се битните работи. Но. Баланс. Балансот барем е оне сајз фитс ол за среќа. :D

    Ме умори темава искрено, како и често кога ќе дискутирам кај што е најголемата драма, затоа што многу е тешко да бидеш точно разберен, но ете сакав да ти одговорам затоа што заслужуваш. Се обидов да сум најмалце оф-топик колку што можев.
     
    На senjorita-v, Annath, do-re-mi и 3 други им се допаѓа ова.
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    Точно. И додека си млада треба да бидеш насочена кон образование, надградување, кариера. Така ќе имаш поголема можност да дојдеш до одлична работа со солидна плата за да бидеш пред се независна жена.
    Но, еве имам 35г, околу мене се другарки на високи позиции со изградени кариери, сите имаат сфатено дека во одреден период кариерата е во втор план, дур пркнат децата. :)
     
    На H.VAGA и Viveki им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.050
    Допаѓања:
    268.669
    Ќе баталам другово, еве ти уште нешто извадено од мојот живот.
    На почетокот на врската јас стоев многу подобро финансиски од него.
    Колку имав за двајцата беше. И одмор и сегде.
    Кон крајот на врската он заработуваше многу повеќе од мене. И не барав пари, земав колку ми требаат, нит ме прашувал, нит сметки сум поднесувала.
    На одмор сме оделе и сосема на негова сметка, а некогаш таман ќе земам плата и цела моја плата ни била џепарацот за одмор.

    Ок е да сакаш да делиш, ама не живеете заедно, а секоја поголема разлика во примања при живеење заедно, ако сакаш се на пола, не знам дали е можна.

    Попластично, ако тој заработуваше за пармезан, јас заработував за обичен кравји кашкавал, па освен посебни фрижидери да имаме, еве не знам како тоа на пола иде. Или тој нема да јаде пармезан, или ќе јаде јас ќе го гледам :D

    Сака нов душек, ама јас немам пари, ок јас на земја ќе спијам ваљда.

    Мислам, живеј како сакаш, ама ова твоево не е нешто што би го посакала за себе. Не мислам дека е здраво. Ама ако ти си среќна, која сум јас да кажам дека не чини :)
     
    На senjorita-v, Annath, Pocahontas.93 и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.448
    Пол:
    Женски
    Не видов лично некој од членовите да беше наречен мрза или паразит.
    Тоа што некои се препознаа е само нивни проблем кој треба сами да си го решат.
    На девојчево лично и даваат непобарани совети и дијагнози.
    Тоа е елементарната разлика.
     
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.415
    Допаѓања:
    114.606
    Пол:
    Женски
    Мојот начин на живот само јас го знам. И да, не можам со секого да најдам муабет. Што кога на некоја која станала во 12 и денот и почнува со легачење ми звони да се видиме во 5 зашто и било досадно а јас сум уште на работа. И на крај ја одбивам два три пати зашто реално не можам да изчезам кога неа ќе и се ќефне, и ти плеска Еее па и ти со таа работа досадна си веќе.. крај. И нека е до мене. Нит ме прави лоша и ни добра, всушност не можеш да судиш на некој кој не го познавш врз основа на пост на форум. Јас не можам со секој да најдам муабет зашто сум интроверт. Карактер е.
     
    На SuperGirl24, senjorita-v, Cosmi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.050
    Допаѓања:
    268.669
    Ниту па ти пресудив, ниту реков дека сите треба да ти се допаѓаат, туку дека имаш предрасуди, и имаш. Рече дека немаш што да правиш муабет со домаќинки, можеби таа една не ти се допаѓа, ама не збориме за една, збориме за општо. А ако мислиш дека немаш тема со ниту една од нив, баш најбуквално и по дефиниција тоа е предрасуда и секако - твој избор.
     
    На senjorita-v, Mnik, MacenceEna и 5 други им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.415
    Допаѓања:
    114.606
    Пол:
    Женски
    Реков со мрзи немам муабет. Не со домаќинки геенерално. Читај убаво. Имам пријателки што не работат па си се дружиме редовно, ама не можам да седам со некоја која освен оговарања на свекрва и и золва и или јатрва и и комшиките нема друго муабет. Едноставно не иде со селој муабет. И со вработена и со невработена. Така да ако заради тоа сум лоша дај боже само како мене "лоши" да ти искачаат во живот.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.050
    Допаѓања:
    268.669
    Ама ок е да не ти оди со секој муабет. На темава збориме за жени домаќинки. Со колку мрзи сум се сретнала на работа, абе на домаќинка "без работа" можат вода да и' носат. Две чисти немаат, тоа што работат не значи дека не се мрзливи, а уште помалку дека нешто паметно ќе чуеш од нив :D Какви "интелектуалци" немаат основна култура и се арогантни говеда, џабе им е цело образование, кога она домашното што се учи докај 7 годишна возраст не го совладале.
     
    На senjorita-v, Annath, Didajo и 6 други им се допаѓа ова.
  10. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    5.269
    Пол:
    Женски
    Темата, верувам, не беше отворена за натпревар помеѓу мајки и кариеристки, но се чини дека личните ставови се изразуваат без логични аргументи. Првичниот наслов 'жени домаќинки' не цели кон мајките ниту на жени коишто во одреден период од животот се невработени поради различни причини, тоа мислам е разјаснето страни наназад. Размислувањето дека општеството не треба да се зема во обзир при носење на одлуката за работа е според мои уверувања комплетно погрешно, бидејќи работата не е само за лични финансиски приходи. Секоја професија е важна, а нашата улога во општеството е колективна. Не сме сите исто амбициозни, талентирани, снаодливи и тоа е сосема во ред. Но секој има потенцијал кој треба да го искористи. Премногу почна да надвладува индивидуалното над колективното, од таму и овие ставови. Секогаш имало и ќе има невработени, но никако не смееме да се согласиме дека невработено мнозинство, во случајот жените, е нешто нормално.
     
    На dunika, fbaby, JuLleE и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.448
    Пол:
    Женски
    Еве одлично мислење .
     
    На Peanut Butter му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    IMG_5207.jpeg
    Само што ми излезе :D
     
    На Mnik, Nausicaa, Viveki и 4 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.050
    Допаѓања:
    268.669
    Освен што мнозинството жени не се невработени, уште помалку без ден стаж. Можеби мајката на баба ми, не знам, ама па таа имала ниви, штета не си плаќала пензиско.

    Не познавам ниту една единствена жена што никогаш не работела, воопшто. Дури и на баба ми генерација беа пензионерки.

    Тоа што малку жени го имаат луксузот да имаат избор да бидат невработени, кратко или трајно, нема врска со објективната статистика. Можеби повеќе би одбрале, да можат. Ама не можат, со две плати е тежок животот, а со една, невозможен најчесто.

    Кога ја спомнав прабаба ми и нивите, ги рачунаме жените што им тече стаж и си постојат како "земјоделец-поединец" или пак тие не ги броиме, а мораат да постојат, иначе не знам како мислите дека пиперките стигаат на пазар или во маркет.
     
    На Mnik, Annath, KuklickaSk и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.448
    Пол:
    Женски
    Не банализирај.
    Па и не пишува дали постојат или не,прочитај го уште еднаш.
    Башка Тоа што ти не познаваш не значи дека не постојат.
    А очигледно и постојат, особено на темава .

    Убаво пишува членката.
    Во едно општество Некои професии кои пр. се претежно женски и тешки се потребни во едно општество.
    За да функционира.
    Како на пр.медицински сестри.
    Ама вие верглате нека седат дома и нека бидат сеприсутни мајки оти тоа е најбитно на свет !
    Посебно ако работата им е тешка и мажот носи доволно пари и најбитното така се договориле.
     
    На Just.do.it и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  15. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Ама ние не збориме за мнозинството, ние збориме за оние што одбрале да не работат. Постојат, јас познавам, тоа па тоа, не постоеле, еве на темава ги има.
     
    На Just.do.it, fbaby, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    А како тоа ти знаеш дали ги има на темава, дома си им?
    Нигде не прочитав дека некоја ич не сака да работи, туку од оправдани причини, дали додека децата им се мали, дали за нешто друго, тоа е привремено без работа, а нигде не прочитав дека сакаат цел живот да не работат.
    Нигде не прочитав дека тука има без ден стаж, туку примери си даваа од познати, блиски.
    Ете членка пишала и бабите на нива што работеле си земаат пензија, се пријавувале како земјоделци и си плаќале придонеси.
    Ама неее, тоа не се важи, мора да се оди на работа, а да не се земјоделците ни овошје, ни зеленчук ќе имаме.
     
  17. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    А што е битно дали се со стаж или не? Абе збори на темата, шо е битно дали некој од тука работи или не работи??? Шо си губам време и јас, форумов е попара и онака.
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    10.059
    Пол:
    Женски
    a4de17acf766df15eb6539ddf86618f1.jpg Еве ја цела тема во една слика...
     
    На winnie02, Skyler, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Ти изгледа не си ја читала темата од почеток, па прочитај каде што ги вреѓаа жените познаничка што немале ниту еден ден стаж.
    Јас не го измислив тоа, па без стаж пишуваа како до пензија.
    Епа ако не е битно дали работат или не, тогаш зошто ги навредуваа домаќинките дека се паразити и мрзи?
    Секој со своето, што сакаат ќе прават, дали работат или не, не треба да не интересира.
     
  20. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.618
    Допаѓања:
    7.218
    Пол:
    Женски
    Ама дојде на глас да кажеш нели :rofl:.
    И ние знаеме ама еве чат пат ќе кажеме нешто оф топик. Или па е поентирано.
    Кој знае :wasntme:
     
    На Mnik, Anyshka, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.