Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.044
    Допаѓања:
    268.640
    Кои на темава се домаќинки без ден стаж?

    Во која статистика постојат жени без ден стаж, а да не се студентки, ајде нека се 25+? Мнозинство се каде?

    Ако познавате еве дајте ни нас увид ако ви кажале зошто, а не ваши претпоставки дека се мрзи, паразити, отупавени и што знам веќе што.

    Сте ги прашале зошто така живеат, без ден стаж? Што ги поттикнало на тој избор? Дали бил избор или пак е нешто друго во прашање?

    Мислам збориме за некои замислени жени, на темава и тие што знам дека не работат, имаат повеќе од 10 години стаж и се образовани. Ако некоја не е, јас ја немам приметено.

    А во приватен живот, без оглед на степен на образование, не познавам ниту една што апсолутно никогаш воопшто не работела. Не викам дека не постои, јас не познавам. Да познавам ќе ја прашам, ама ете.

    Тие јас што ги познавам или имаат мало дете (деца), или мажот заработува доволно да таа не мора да работи минималец и да се кичми - што овие вторите се тие со луксузот на избор најчесто. И едните и другите работеле во минатото, можеби ќе работат во иднина, во овој момент сега не работат.

    @Cosmi кои се тие што очигледно постојат на темава?

    Прашањето е мислам јасно, што упорно го прашувам од почеток, дали стварно на нива на 50 степени интелектуално некој се надградува? Или го работи тоа од што мора?
    Или збориме само за работни места со високо образование и повеќе, пошто јасен е менталитетот во земјава, чевлар нема, шнајдерка не можам да најдам, ама правници со лопата да ринеш.

    @Pa8la ако си земјоделец легитимно можеш да се пријавиш и да ти тече стаж, нема тоа врска со баби.

    Едит: Косми, денес постои "медински техничар" и го работат и мажи и жени. Одамна нема "медицински сестри" и е остаток од минатото.
     
    Последна измена: 11 јануари 2024
    На IRBBB, senjorita-v, Emy867 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.117
    Допаѓања:
    180.803
    Зошто? Не можат да бидат медицински браќа?:^)
    Како бе све, све, ама поголемиот камен околу вратот на жена ќе го врзеш и згора на се, ќе омаловажуваш?
    Една сеприсутна мајка овде, со болно дете 4 дена дома. Една сеприсутна, жонглирачка (меѓу состаноци, ручеци, чаеви, јавување по доктори и учење што се пропуштило на училиште) мајка. Ќе одам сега да купувам боровинки, вие бидете така...
     
    На IRBBB, senjorita-v, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.409
    Допаѓања:
    114.593
    Пол:
    Женски
    Од видено зборувам. Не им се работело. Јас лично на една се имам заземено работа да и најдам, (во институција, канцелариска, со убава плата), зашто дома едвај крпеа крај со крај, и ми вика: Аууу како ќе станувам ја секој ден рано.. аууу ова, аууу она. Со подршка од маж, од родители од свекор свекорва да се вработи, ама на госпоѓата не и чинеше. И за да си има оправдање (и ова ми беше кажано не измислувам) остана бремена само за да има причина да не оди на работа. Кај со едно не можеше да се прехранат па и второ роди. Ама таа е најгласна како е домаќинка зашто е дома, а мажот и 10 години помлад од мене изгледа постаро 10 години од мене, зашто рмба како вол .. а она си седи дома ни работа ни сабота и само по кафиња е и дроби мудрости за животот. Е ова е МРЗА!!! И толку на темава.
     
    На senjorita-v, nextredstyle, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.044
    Допаѓања:
    268.640
    И ти сметаш дека личност што нема за леб, а одбива да работи, е здрава личност? Сериозно?
     
    На IRBBB, senjorita-v, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.448
    Пол:
    Женски
    Па претежно женскa професија е во светски рамки.
    Зошто е така не знам.
    Општествен конструкт.
    Може треба мажи да бидат за да бидат тие сеприсутни во секоја гранка.
    Не знам што те тригерна па тебе со погоре напишаното.
    Кого омаловажувам и со што од напишаното?
    Може да посочиш?!
    Кога беа болни моиве,се менувавме со маж во нега,за учење исто,не знам зошто мислиш дека целокупната грижа за едно дете треба да ја има само мајката.
    И таткото е родител.
     
    Последна измена: 11 јануари 2024
    На fbaby, Just.do.it и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  6. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Да да, знам јас, со тоа сакав да кажам дека и во минатото па ретко имало жени без стаж.
    Јас и сега познавам на колешки родителите се пријавени како земјоделци и им тече стаж.
    Тоа нема никаква врска со бабите, знам, и млади се регистрирани како земјоделци и им тече стаж.
    Ама тука пишуваа на почетокот стажот е битен за пензија, а сега членкава пишува не и битно дали биле со стаж или не.

    Епа како има пари за по кафиња?
     
    Последна измена од модератор: 11 јануари 2024
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.409
    Допаѓања:
    114.593
    Пол:
    Женски
    Од кај да знам..

    Па мрза е!! Мрзливоста е болест според мене. Себичност кон партнер, кон сите околу.
     
    На andrejko82, Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.961
    Допаѓања:
    35.069
    Пол:
    Женски
    Свекорот и дава хахаха.
     
    На Pocahontas.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.409
    Допаѓања:
    114.593
    Пол:
    Женски
    Мислам нејзините и даваат пари да не ја шириме.. ама дека има такви има. Така да не можам во ист кош да ставам жени кои не работат зашто реално не мораат, или сакаат ама од икс животни прилики се приморани, ( болно дете, болест нивна психичка или физичка или друго) и ваква како оваа што ја посочив.
     
    На andrejko82, Just.do.it, Lady D ❤️ и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Пак вреѓаш.
    Себичност кон партнерот е и ако не дај Боже некој остане без работа, ете може фирмата ќе се затвори или не знам што, и да му мериш колку шампон трошел.
    Ако се мрзи за нив се, ако им е ок нека трпат за леб, што ни е гајле на нас, они си трпат, не ние.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.409
    Допаѓања:
    114.593
    Пол:
    Женски
    Мрза е жено, МРЗА!!! И доста веќе снегулки изигравате за секој збор. Таквите како неа од родители пензија ќе троши ако мажот остане вез работа, ама да земе да работи никад..
     
    На Just.do.it, H.VAGA, senjorita-v и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.961
    Допаѓања:
    35.069
    Пол:
    Женски
    Има може такви, не велам не, ама се додека не ми зема мене, не ме интересира ако не сака да работи.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.409
    Допаѓања:
    114.593
    Пол:
    Женски
    Ама брои пари на други кој колку стананима, што кола купил.. а тоа што работат за тоа да го купат не е битно. Е извини не да осудувам такви.. него не знам дома како ја трпи мажот и. Кога прочитав темава таа ми излезе пред очи.
     
    На senjorita-v, Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.044
    Допаѓања:
    268.640
    Мрзливоста не е дијагноза, ама е симптом, тоа е точно :)
    Мислам смешен е изговоров - не ми се станува рано?

    Ај јас да ти го кажам тоа, немам деца и стварно сум ноќна птица, попродуктивна сум во 3 него во 9 сабајле. Ама на децата обично не им е гајле кога ти се спие, башка не можеш да земеш боловање да одмориш од нив.
    Лош потег ако е мрза искрено :)
     
    На mal.ecka, IRBBB, senjorita-v и 3 други им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.409
    Допаѓања:
    114.593
    Пол:
    Женски
    Вервај ме поздрава од мене и од тебе е. И јас сум ноќна птица, и пре би заспала во 3 него во 10, ама кога морам да станам за во 8 да се куцнам.. нема мислење. Деца па ич не прашуваат.
     
    На mal.ecka, Just.do.it, senjorita-v и 2 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.044
    Допаѓања:
    268.640
    Ама тогаш не и' ја знаеш правата причина, ме разбираш?

    Полесно ќе земам платено боледување оти ми се спие, него што ќе се "отарасам" од децата за да спијам :D Тотално луд потег е да родиш 2 деца за да спиеш сабајле оти, уште помалце ќе спиеш него да работиш :D
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.409
    Допаѓања:
    114.593
    Пол:
    Женски
    А бе Каме.. секакви има. Мајка и, свекрва и.. ги гледаат децата оти ако остават на неа отидоа јадните. Тоа е. Дијагноза мрза, размазеност, себичност.. не знам што не. Ама и мајка и не работела.. па можи затоа е оваа таква.. ама ај да не генерализирам.
     
    На Just.do.it, senjorita-v и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  18. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    5.269
    Пол:
    Женски
    Па баш тоа беше мојата поента, дека секоја професија е важна. И земјоделец и шнајдер и чевлар. Ама менталитетот кој го спомнуваш е една од причините зошто повеќето не сакаат да работат вакви професии, а притоа ќе се жалат како има дефицит на истите. Хипокризија?
     
    На Cosmi и Celltica им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.044
    Допаѓања:
    268.640
    Не е хипокризија, долго време мануелната работа и занаетчиството не беа воопшто добро платени, не си слушнала од баби и дедовци: "учи за да не работиш"?
    Со други зборови, учи за да работиш со пенкало во рака, а не алат каков било.
    Еве на темава прашај ги дали се ок децата да не им студираат, туку да одлучат да бидат било какви занаетчии. Јас за еден пример поблизок знам, таман уште да и' речат дека е срам за семејството што одлучи дека нема да студира и си почна свој мал занаетчиски бизнис :)
    Ако денес е поисплатливо да знаеш занает, тоа уверување дека единствена добра работа е само преку образование форсира да имаме толкава бројка на студенти, 90%+ од матурантите.
    Ама, немаме реално толку интелектуалци ниту амбициозни, што е ок, туку луѓе што си го трошат времето. Ама ајде.

    И за себе ќе речам дека спаѓам во овие, да се врати времето и да беа моите избори прифатливи за моите, ниту средно, ниту факултет ќе учев тоа што учев и учам.
     
    На IRBBB, senjorita-v, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  20. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.428
    Допаѓања:
    60.466
    Пол:
    Женски
    Јас сега со работава врвам низ ептен турбулентен период, каде приходите ќе ми бидат редуцирани дури да се средат некои работи. Си зборнавме со човеков, вака и вака стојат работите. Секако дека ќе ми помогне дури не се стабилизирам. Не сме во брак. Дали јас сум:

    А) мрза;
    Б) токсик оти ќе трошам "туѓи" пари;
    В) неспособна за континуирани примања;
    Г) ќе наведам подолу
    _______________________
     
    На IRBBB, senjorita-v, Emy867 и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.