Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.823
    Пол:
    Женски
    Жени без ниту една активност освен домот не познавам, ама знам преквалификувани, пожртвувани за професија, а сепак помалку платени од нивните колеги. Знам за жени со дупло повеќе бариери на интервјуа и очекувања дека веќе треба да имаат искуство и мажи на кои им се дава простор да научат.

    Знам за жени исмевани ако почнат бизнис дека сигурно нема да им успее и што се замислува и мажи со пропаднати бизниси ама величани дека нешто прави, па барем има сега искуство.

    Знам за жени кои плукаат жени со разни епитети особено пред мажи дали со цел себеси да се стават на значење како успешни или да покријат недостатоци.

    Едно заклучив не ни е крив другиот пол за дискриминацијата, шовинизмот, нерамноправноста базирани на биолошките одлики. Многу огорчени жени што биле во улога да носат промени политичарки, директорки, итн. НИКОГАШ не го направиле тоа туку и дополнително туркале и навредувале како и дискусијата во темата.
     
    На smooch, IRBBB, CameliaMiller и 11 други им се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.517
    Допаѓања:
    115.076
    Пол:
    Женски
    И ти сега за кавга пишуваш? Кај се најде ти во муабетот..
     
    На Just.do.it, Lady D ❤️ и Srckata28 им се допаѓа ова.
  3. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    60.636
    Пол:
    Женски
    Нено жими еден Господ, читам 15 страни назад, до тебе не сум ни стигнала.

    Ама толку етикети се изналепија во темава, па пошто јас не си ја знам мојата, еве дојдов само да прашам. Пошто знам колку западнав психички периодов со работава, знам дека не можам да преживеам наредниве 2/3 месеци без помош, знам дека дел од приходите ќе треба од партнерот да бидат, а тука се изначитав све и свашта. Еве некој од страна нас да не гледа ќе го помисли истото што го помислија голем дел од членкиве, а уствари никој не знае колку ми се истанчени нервите мене ради таа работа.

    И си чекам баш етикета од тие што тврдат дека си ја наредиле во животот што сум. Ништо лично према никој.
     
    На Zumbulche, LadyD, mal.ecka и 11 други им се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.517
    Допаѓања:
    115.076
    Пол:
    Женски
    Апаслутно не си за никаква етикета. Ќе си се собереш, ќе си ојачаш, и после отом потом.. не си ти ни мрза ни паразит ни ништо. Едноставно животни околности.
     
    Последна измена: 11 јануари 2024
    На senjorita-v, Lady D ❤️, Kate Rina 93 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Се прашувам дали воопшто читаш што е темата. Не, не е за тебе лично.
     
    На Bitter-Sweet, Cosmi и Just.do.it им се допаѓа ова.
  6. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.494
    Допаѓања:
    5.312
    Пол:
    Женски
    Јас се согласувам со тебе за напишаново ама и двете ќе се согласиме дека ова е сосема друга тема. Јас искоментирав дека е хипокризија да се коментира како некои професии недостигаат, а притоа не се работи ништо.
     
    На Celltica, Cosmi и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  7. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    60.636
    Пол:
    Женски
    Лол.
     
    На senjorita-v, CameliaMiller, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.103
    Што ме тригерна- сеприсутни мајки што седат дома како да е најважно на свет!.
    Наспроти што? Наспроти тоа да биле на пример медицински сестри.
    Зошто медицински сестри беа првенствено сестри, ти текнува? Од истите причини заради тоа што се сеприсутни мајки. Заради тоа што жените, биолошки, имаат поголем капацитет за емпатија. За сочувство со тие што се беспомошни, за тие што страдаат. И покрај растечкото мамбо-џамбо дека родот дефинирал, дека било општествен конструкт, и слични курци палци.
    Дека и таткото е родител, знаеме. Исто знаеме и дека жените, пак биолошки, се:
    - поспособни за мултитаскинг
    - поорганизирани се под притисок.
    Просечна жена е подобра во организирањето на своето време и жонглирање меѓу различни задачи, отколку просечен маж. И емпириски е потврдено во мојот случај дома.
    Затоа, место да избегам деновиве на работа, решив да жонглирам меѓу таскови јадење и пиење на секој пола саат, и да следам ситуација, и да реагирам соодветно. Оти јас така сум проценила дека е најдобро, најефикасно и најбитно, да.

    И да, и ради ова:
    Оти и со една рака и со едно око и со третина мозок да работам, работам подобро од машките колеги. А кариерата и платата се за на мачката опашката.
     
    На IRBBB, senjorita-v, CameliaMiller и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.156
    Допаѓања:
    88.530
    Пол:
    Женски
    Па не е најважно на свет една жена мајка/ или не да е сеприсутна само дома.
    Контрадикторна си.
    Ако е жената поспособна да организира тогаш може да е присутна и на работа и дома!
    А не само дома на што цело време алудираш.
    Од каде потекнува ова?
    Од традиционално патријархално семејство?
    Од родовите улоги каде мајката е само таа што се грижи за семејството и децата само, а мажот работи?
    Па затоа е таа најбитно на свет да седи дома и да гледа деца?

    Повторно се враќаме на наметнати улоги од пред 100 год.
    Ако е кај тебе дома емпириски докажано не е кај сите.
    Има и многу организирани мажи кои успешно балансираат семејство и работа.
    Ако не си доволно ти платена и не ти мрда кариерата ви однос на твоите машки колеги, значи треба да ја промениш.
    А не да останеш дома поради тоа.
    И нормално е да земеш боледување за болно дете, кој рече дека треба да трчаш на работа?
    Само за болно дете се грижат двајцата родители, а не еден.
     
    На SuperGirl24, Lady D ❤️, Just.do.it и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.103
    Ама јас сум сеприсутна и на работа и дома. Ете толку сум сеприсутна.
    И, не е само кај мене е емпириски докажано и научно докажано исто така. Сакаш линк?:D

    Единствена наметната улога е дека шефот треба да е маж, ама тебе некако не ти се слуша, па продолжи со кариерни совети на друго место.
     
    Последна измена: 11 јануари 2024
    На Annath, CameliaMiller, Mnik и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.156
    Допаѓања:
    88.530
    Пол:
    Женски
    Мене ете за среќа и двете шефици ми се жени.
    Една од тука, другата од Канада.

    Наметнато било шефот да биде маж, па ќе биде се додека жената ја гледате првенствено дома, каде сакате да биде?
     
    На senjorita-v, Lady D ❤️, fbaby и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.323
    Пол:
    Женски
    Скоро потпишувавме договор за соработка со нов клиент. Едно од прашањата беше дали имаме женска особа на раководна позиција во фирмата? Искрено, скроз неочекувано прашање за мене, ете не знам може ова е пракса и на други места ама мене многу убаво ми дојде.
     
    На IRBBB, CameliaMiller, Pa8la и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.090
    Допаѓања:
    12.831
    Вчера запознав две Албанки, ем домаќинки, ем вработени, ем со по 3 деца, ем средени дворови, да ти е мерак да влезеш кај нив. Браво како се организираат. Инаку, на работа имам жена шеф, мајка на две деца.
     
    На Just.do.it, senjorita-v, Lady D ❤️ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.517
    Допаѓања:
    115.076
    Пол:
    Женски
    Интересно е на темава жените кои не работат генерално не ни живеат во МК туку во држави каде мајката и тоа како е заштитена од државата и може да си дозволи да не работи додека детето не пркне со разни додатоци од државата и се по ред. И тоа е супер. Кешке и кај нас така да беше.
     
    На La-loca, SuperGirl24, Tanjamm и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.103
    Сакаме да биде таму каде што сака да биде. Според преференци и перформанси.
    И нели рековме темава не е за тебе и за мене. Твоите примери, како изедначени пензии земале твоите, како си имала шефици, не се ни блиску до статистичката реалност која се обидувам да ја објаснам.
    Ти излезе дека статистички жени земале за 45% помали пензии, се обидувам да ти објаснам зошто.

    Баш читам -25 највлијателни жени во светот во моментов. Само 5 од нив се од реален бизнис. Само 5 се ЦЕО на битна компанија. Само 1% од најголемите фирми во Јапонија имаат женски главен директор. 10 % во водечките компании на Америка. Статистички, секоја трета компанија во мк била раководена од жена, ама кажи ми која од топ 20 во мк имаат жена главен директор. И зошто не.
     
    Последна измена: 11 јануари 2024
    На IRBBB, Annath, senjorita-v и 7 други им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.517
    Допаѓања:
    115.076
    Пол:
    Женски
    @Biljarkata во банкарски сектор се повеќе жени од мажи на директорски позиции. Побарај по нивните веб сајтови па ќе видиш. Гувернерка на Народна Банка е жена... што сакаш повеќе. Претседател на Македонска Банкарска асоцијација е жена. Ред други други позиции.
     
    На Tanjamm, senjorita-v, Lady D ❤️ и 2 други им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.708
    Пол:
    Женски
    Јас сум во странство и моментално не работам. Ама не од што не сакам, туку од што не можам. Чекам документи. Иако немам потреба да работам, јас не можам дома да седам. Досадно ми е. Си имам и обврски. Наваму натаму со децата. Го усовршувам јазикот. Не сум мрза. Примерот погоре го пишав за да се види дека навистина има мрзи.
     
    На senjorita-v, ArabellaStarfall, BlackNight и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.156
    Допаѓања:
    88.530
    Пол:
    Женски
    Па ако сака да биде традиционално дома нека не и сметаат повисоки плати, позиции и пензии утре на мажите.
    Ако жената се повлекува и останува традиционално дома, глорифицира само мајчинство, дипломите и фаќаат прашина во витрина, мажот ке раководи .
    Кој друг.
    Не е лична ама ти сама се зема за пример дека твоите машки колеги се поплатени и сите шефови се мажи.
    И што е битно колку се на раководни позиции?!
    Битно е една жена здрава права треба да работи.
    Не мора да брка раководни позиции и кариери.
    Или ко што вика еден колега на истава тема,па јас си ја сакам жена ми, не би ја заробил дома, така единствено ке збори на тодлерски јазик:D и толку.
    Па не е баш супер ако системот не направил да функционира градинка или школски дневен престој да има до 17-18 туку до12 или колку беше.
    Така опциите за балансирање во едно семејство се кратат.
     
    На Tanjamm, senjorita-v, Lady D ❤️ и 3 други им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.517
    Допаѓања:
    115.076
    Пол:
    Женски
    Па да де. @Cosmi имаат градинки, децата се згрижени ама мајките имаат невидени (за нас) бенефиции. Имам во Шведска братучетка самохрана мајка е. Не можам да ти опишам колку е раат за разлика од овде. Иако работи, детето си е обезбедено од државата, таа има бенефиции. Во Германија и пензиски стаж даваат за секое дете... може да се врати на работа да си најде работа кога сака.
    И размисли за називов на темава.. сите сме домаќинки, само некои одат на работа некои не.
     
    Последна измена: 11 јануари 2024
    На Just.do.it, senjorita-v, Lady D ❤️ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.156
    Допаѓања:
    88.530
    Пол:
    Женски
    Па сами така пишаа дека немаат градинки да се отворени попладне.
    И јас имам братучетка во Шведска.
    Беше на боледување што и следува за близнаци и сега имаат по 3,5 год се врати на работа.
    Оваа тема е за домаќинки ко професија.
     
    На senjorita-v и nena2010 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.