Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    @nena2010 Како си ти домаќинка, јас од твоето што прочитав никаде не видов да се изјасниш како домаќинка.
     
    На Pa8la и nena2010 им се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.405
    Допаѓања:
    114.573
    Пол:
    Женски
    И тоа што велиш.. дома глувци и бубашваби ми шетаат..
     
    На Celltica, SuperGirl24, Just.do.it и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    А па некоја (било која) синкир и е битно дали Косми од Фемина ја цени повеќе од некоја друга.
    Мене ми е битно маж ми и детето да ме ценат, подалеку од тоа ич не ми е гајле.
    И не е за ова темата, не е за она темата, ама упорно целиш кон тоа да ги понижиш овие што не работат.
    Пак ќе прашам, кој е инсфрустриран во случајов? Зошто овие погласните т.е. најгласните, изградени, оформени, изнаработени кариеристки, уствари сте полни фрустрации. Ова е заклучок од тоа што го читам на темава.
    И упорно терате со навреди и еве сеуште не сфатив што толку ви е вас битно дали Стојка работи или не? Све дур вас не ви зема од џеб, не гледам поента зошто би требало вие да ја цените или не.
     
    На Kate Rina 93, Annath, ArabellaStarfall и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    :clap::clap::clap:
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.115
    Допаѓања:
    180.793
    Ама како сега не е битно? Од кај не е битно? Како да не биде разликата во пензии 45% во корист на мажите, ако ние жените сме вечно на пониски позиции. Да не зборам за перформансите, значи не зборам на памет. И сега, ако јас сакам позиција, ако колешка ми сака поголема плата, ако сакаме да го реализираме и материјализираме својот потенцијал, тоа ти е одговорот- абе не е битно тоа, битно работиш?:^)
     
    На Annath, ArabellaStarfall, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.445
    Пол:
    Женски
    Па ако работат цело време на полно работно време нема да биде разликата 45%(таа разлика за Германија беше).нели?!
    Од тоа зависат бодови,стажови чуда.
    Ако работиш помалку од 20 часа неделно не можеш да имаш исто пензија ко тој со 38 нели?!
    Ама Не се жените вечно на пониски позиции.
    На пример во Шведска 42% се жени на лидерски позиции.
    Ако сакате со колешката да ги искористите сите свои потенцијали нема да работите парт тајм како што работиш.
    Ќе работиш исто барабар со мажите.
     
    Последна измена: 11 јануари 2024
    На baby-star и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  7. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Еве свекрва ми е без ден стаж. И уште една помлада жена што ја знам. Ама - свекрва ми цел живот била по бавчи, чувала крави и прасиња, некое време и кокошки. Сега веќе не. Исто и другава жена што ја знам. Слично живее, со тоа што они имаат овци и прави сирење, продава сирење, исто останата е по бавчи и тутун имаат. Имав прилика да влезам дома кај нив, жената има една соба, цела полици, библиотека, баш ко на филм. Едно чудо енциклопедии, книги на Француски и Германски, жената ги владее двата јазици топ. Сите ги имала прочитано, сите нејзини (значи не е отупена).
    Значи единствените две што ги знам, се постари генерации и воопшто не се ко што се опишани поназад. Баш се двете вредни жени. Еднава има уста зината, ама не е тоа темата сега. :rofl:
     
    На ArabellaStarfall, CameliaMiller, Polyincognito и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Јас познавам 2-3 помлади одат на работа, ама многу се затупавени.
    Немаат никаков вокабулар, не знаат ни муабет да направат, ама битно одат на работа.
    Значи нема врска работата, а знам привремено што не работат поради x причини, имаат два факултета и во слободно време читаат и книги.
     
    На Anyshka и Mnik им се допаѓа ова.
  9. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    А па ја тоа колешки што сум имала и што имам, една интелигенција, извира од нив. Една во човечки ресурси, ми се смееше зошто сум читала книги, губење време било човече.
    А во една банка (не сакам да ја спомнувам), имам блиска пријателка што работи таму, ми вика не ми се седнува на пауза со ниедна, не можам да им ги слушам муабетите. Само оговарања, дали една со друга, дали трачеви нови научени, со една неможеш да сврзеш муабет, која што купила, натпревар која поскапо земала нешто.
    Тоа се тие кариеристки начитани, надоградувани, во нашава државичка. Без грам фрустрација, насочени кон кариера. :emo:
    и сега дали јас треба да генерализирам? Според темава, да.
     
    На st-el, Annath, ArabellaStarfall и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.115
    Допаѓања:
    180.793
    Дефинитивно, фамозното скратено време, децата, измислената мрза, све некој друг е крив...нецели 18 проценти жени во бордовите на водечките 200 компании,немаат никаква врска. 72 Хансовци наспроти 18 Хелги, ќе имаат топ пензии. Колку е разликата меѓу едните и другите да стигнеме до 50-50?
    36 високо образовани Хелги, наспроти 33 Хансовци.
    Ако досега не разбра, ни сега нема да разбереш, толку ми е и мене лимитот на објаснувачка амбиција.
     
    На Bezimenka90, Annath, Yowannty и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    2.474
    Тоа сакав да го речам и јас.:rofl:
     
    На Anyshka, Pa8la и Mnik им се допаѓа ова.
  12. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Бараат некаква демократија, по други теми обесуваат како не е наша работа ова, не е наша работа она, секој да си ја гледал својата работа, амааа сега треба да се потресеме дали ќе не цени некоја трета личност што ни име не и знаеме, а не ни е битно. Аман.
     
    На Anyshka, Pa8la и Curious cat им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.041
    Допаѓања:
    268.624
    Потврдено е и на тестови за интелигенција, не вадат од ракав.
    И да, да беше темава посериозна него што е, со задоволство ќе напишев неколку цитати од плодни психолози и психијатри, што странски, што балкански.
    На пример за бебе на возраст од 6-8 месеци, колку страдање доживува кога ја нема мајка му. Не било кој родител, баш мајка му.
    Ама оди објасни му дека сме еманципирани и нека не се лигави |(
    Слична беше и темата со породилно да е 15 месеци.
    Кај живееме кога ќе ти текне, бар за сериозни пари или интелектуален развој да стануваше збор, а оно, оставаме бебиња на странци оти за да преживееме.
     
    На Kate Rina 93, emiliana, Skyler и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Не за да преживееме, туку ете да се надоградиме, да имаме кариера. Бебето не е битно, нека го чуваат непознати, или да, заборавив, баба и дедо, а во другите теми пишуваа не се должни бабите и дедовците да чуваат.
    Да не одам оф топик, само се надоврзав.
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.041
    Допаѓања:
    268.624
    Ова такоЃе.
    Затоа за 10 години стаж немав дружба со колешки и колеги.
    Не ми се слушаа селски муабети и оговарања. Не оти сите така, ама повеќето. А да не зборам дека повеќето беа и високо образовани, ако не работеа според образованието.
    Ама тоа си е мое искуство, if anything, работата ми го осакати социјалниот живот.
     
    На Kate Rina 93, Skyler, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.948
    Манчи да ја прашаш, она е околу 'поделбите' мое - твое8-|
    Ама мислам ќе ти требаат апој за смирење, јер шампонот ако му го чачнеш е проблем, за друго ич да не ти раскажувам:bug:
    Вака, за финансии, да ти дава ТОЈ, не знам...тефтерот Манчи вели - не мо-жиии:rofl:

    Манчи:D, ко ја прочитав Камелија крај беше:D
     
    На Bezimenka90, Kate Rina 93, KateKane и 11 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.041
    Допаѓања:
    268.624
    Шо ја? 8-|
     
  18. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    А подарок ако ни донесат моите роднини, чив ќе биде? :D
    Леле да не одиме оф топик, да не не банираат, ама и да се нашалиме малце.
     
    На Emy867 и Polyincognito им се допаѓа ова.
  19. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    А за купување подароци на мажите, тие ви даваат пари да им купите подарок од нивните сработени пари?
     
    На Lady D ❤️, fbaby и nena2010 им се допаѓа ова.
  20. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    А зошто мене ме цитираш кога јас работам?
    Па да, ако не работам од неговите пари ќе му купам, сигурно нема од твоите.
    Не знам што толку те интересира тоа, мој маж, мој проблем.
     
    На ArabellaStarfall, Mnik и Curious cat им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.