Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.337
    Допаѓања:
    126.132
    Пол:
    Женски
    Ако побара совет, де.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Ja ne sfakjam kogo ubeduvate deka e najubavo da se bide samo domakjinka.
    Prednosti na toa da se bide domakjinka:
    1.celo vreme si doma
    2.nemash rokovi za stiganje, ako ne ischistish denes, ke ischistish
    3.nemash stresovi za rabotni zadachi
    Negativnosti na toa da se bide domakjinka:
    1.celo vreme zavisna od nekogo(od finansiski aspekt) shto i ne e bash mala rabota, kolku chlenki do sega sme chitale deka mazhot nasilno se odnesuva vrz niv ili gi izneveruva so koja ke stigne, ama nema kaj da odat, nema od chii pari da zhiveat
    2.nemash mozhnosti za napredok(karieren, intelektualen, komunikaciski veshtini)
    3.se gubi rabotnata navika, navikata za stanuvanje i odenje na rabota vo odredeno vreme
    4.mozhnostite za praktichno uchenje(uchenje shto se steknuva so rabota) se minimalni
    5.neiskoristuvanje na intelektualnite kapacite i zatupuvanje, frlanje na celiot trud, vreme i energija posveteni na uchenje, za potoa toa nikade da ne se primeni
    6.davanje primer na decata(osobeno zhenski) deka nema potreba da rabotat i edinstvenata obvrska im e tavata i krpata za prashina bez ogled na nivnite zhelbi, kapaciteti i sl.
    7.sveduvanje na identitetot na zhenata na samo edna uloga
     
    На BlackNight, Peanut Butter, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Никого не можам да натерам да работи, да, може да и предложам да работи, ама тоа си е нејзино.
     
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.476
    Допаѓања:
    21.028
    Ја мислев нема исмевање и мешање и оговарање и штотизнам више ако Манчи така се договорила со партнерот.
     
    На Peanut Butter, Just.do.it, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.442
    Пол:
    Женски
    Да, нема да му биде ништо да остане со својот татко.
    И тоа е родител само што не дои.
    Ќе се поврзат,ќе се гушкаат,ќе ја прошета во количка,ќе ја заспие.
    Неа на мајката ќе и биде потешко но ќе навикне.
    Многу мајки ги оставаат и во градинка на 9 месеци.,а не пак со татко.
     
    На H.VAGA, SuperGirl24, Peanut Butter и 4 други им се допаѓа ова.
  6. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    6.005
    Пол:
    Женски
    Домаќинката седи дома, затоа што нејзината работна обврска е домот. Да требало да биде на друго место, ќе била вработена на тоа место. Рокови имаш постојано, не можеш да кажеш дека детето не мора да јаде денес, за утре ќе го оставам. Ако се стресуваш за добробитието на твојот шеф/шефица, кој воопшто не му е гајле за тебе и си само потрошен и заменлив материјал, искрено, на лош пат си. Да, една домаќинка воопшто нема стрес, супер и е кога детето ќе се разболи, кога го боли нешто, кога не може ни 2 минути да се одмори. Не е само таа зависна од финансиите на мажот, туку и мажот е зависен од нејзината работа во домот. Затоа се вика брак, чив концепт како што гледам не ви е јасен. Една домаќинка може веднаш да се вработи, мажот да го земе цел тој товар кој што го врши една жена, можеби никогаш.
    Имаш можности за напредок. Особено сега. Има милион курсеви кои може да ги посетуваш. Се губи работна навика(facepalm) Не знам дали си запознаена со концептот, но животот со дете ти налага ти никогаш да не ја изгубиш работната навика. Затоа што никогаш немаш слободно време. Домаќинка станува и во 1, и во 3 и во 5 по полноќ. Домаќинка може и да не спие. Како тоа не може да стане за работа, кога 2 секунди погрешно да подиши детето, ќе стане од кревет. Не даваш никаков лош пример за детето. Не знам ни каква врска има едно со друго. Детето не се учи да биде домаќинка, туку се учи дека има право на избор. Ако домаќинка е она што би ја исполнило, па која си ти за моето дете да се расфрлаш со навреди.
    Домаќинка и една улога?!:rofl:Колку улоги имаш ти и кои се тие што си отишла на работа?
     
    На Bezimenka90, LUCI 99, Kate Rina 93 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.041
    Допаѓања:
    268.586
    Не реков дека не ги оставаат, туку истражувањата за бебиња нешто друго ни кажуваат.
    Ако "не му е ништо" подразбира дека не е ништо емоционалното страдање на бебето, к.
    Или како што понапред некој дојде до брилијантниот заклучок, пошто бебето не збори, не знаеме што му е.
    Петка.

    Тогаш имаат поголем проблем во бракот од тоа кој колку работи и заработува.
    Ако нема хармонија и разбирачка меѓу двајцата, на тој брак треба да се поработи или да не постои понатаму.
    На таа ќе и' речам да си бара работа и да размисли дали сака да остане со тој човек.
     
    Последна измена од модератор: 12 јануари 2024
    На Yowannty, Mnik, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.337
    Допаѓања:
    126.132
    Пол:
    Женски
    Упс.
    Тешка ситуација која покажува дека изборот да се биде домаќинка може да биде погрешен, а и штетен за жената.
     
    На Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  9. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Домот не е ниту нејзина ниту работна обврска на некого. Работите во домот се животни вештини кои секој треба да ги извршува.
    Во твојот пост ја потенцираш патријархалноста на општеството, но за жал во позитивен аспект. Зошто ако една жена може и да иде на работа и да ги извршува домашните обврски, истото не би можел и мажот?
    Рокови дома?! Не баш. Нормално тука не станува збор за задоволување на основите потреби на детето и на мајката. Едноставно нема споредба помеѓу рок на работа и "рок" дома. Ако те мрзи да ги исчистиш прозорците денес, никој не би имал последици, истото би можела да го направиш нареден пат кога би била порасположена за чистење. И да, дома се губи работната навика. Се што правиш дома, прави машина, ништо не правиш рачно, не переш рачно, не миеш садови рачно, ништо. Може само готвење кое не одзема многу време. Работата на работа и работата дома, немаат споредба. Исто така на детето не му даваш добар пример. Женските деца би сфатиле дека жените се само за дома, чистење, перење, пеглање и готвење, а машките би се научите работата да им ја врши друг. Истите тие кога ќе пораснат ќе чекаат од жената да им готви, пере, пегла, чисти, зошто така биле научени од своите мајки.
    Не правете наука од работата по дома.
    Седењето дома цел живот може да има негативни последици по детето. Го правиш премногу зависно од тебе, исто така и го презаштитуваш. Се останато се изговори, за само да не се оди на работа.
    Првпат слушаш за улоги?
    Домаќинката ја дефинираат само да се биде мајка, домаќинка и сопруга. За разлика од жените кои одат на работа, тие веќе имаат и професионална улога и нивниот идентитет не се сведува само на домаќинка и мајка.
     
    Последна измена: 12 јануари 2024
    На Purelove92, DoubleK, SuperGirl24 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.041
    Допаѓања:
    268.586
    Што е упс жити мајка?
    И вработена и невработена може да си во дисфункционална врска/брак.
    Ако си во таква, не треба да останеш со тој, кој и да е.
    Ако со партнерот не можеме да се договориме, и од било која причина ми изиграва шеф, и невработена, и повеќе од него да заработувам - исто е.

    Едит: понатаму на вас неколку нема да ви реплицирам, како за жени со кариери, прилично тесен светоглед имате и не постои дискусија.
    Добра ноќ.
     
    На Yowannty, Mnik, emiliana и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    А си помислила дека некој нема машина за садови?
    Леле како пиша како сите да имаат, па и за тоа треба да ги одмиеш садовите, не такви да ги ставиш во машината.
    За алиштата ако имаат флека пред да ги ставиш во машина треба да ги отпереш.
    Па ако не одземаат време домашните обврски, тогаш зошто плаќаат жена за чистење?
    Нели се се постигнува, нели и мажите си ги извршуваат домашните обврски?

    Не ме интересира за другите кога не земаат од мене, ама вие упорно и упорно зошто, зошто и зошто не работат, тие си знаат зошто.

    А јас знам на многу жени домаќинки како што ги нарекувате што не работеле никогаш па децата со 2 факултета им се.
    Кој им дал пример за ова, комшиите?
     
    Последна измена: 12 јануари 2024
    На Skyler, MacenceEna, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    6.005
    Пол:
    Женски
    Како знаеш што прави и чувствува и како функционира една домаќинка, ако никогаш не си го имала искуството? Од друга страна, домаќинката знае што значи работа.
     
    На Pa8la и Anyshka им се допаѓа ова.
  13. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Сериозно прашањево го постави?
    Само вие што имате деца, ги извршувате домашните обврски, кај нас без деца, тие сами се извршуваат.
    Како знае домаќинката што е работа, ако не работела ниту еден ден?
    Ете еден многу добро објаснет пост.
    @Ivona50 се извинувам што те цитирам, но многу добро објасни од своја перспектива што значи да се биде домаќинка.
     
    На Peanut Butter и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  14. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Членката трола, еден пост и ја снема, баш се зачлени да си го раскаже нејзиниот живот.
     
    На emiliana, Skyler, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    6.005
    Пол:
    Женски
    Кој рече дека домаќинката не работела ни еден ден. Веројатно имала живот и пред децата. Водење на домаќинство што мислиш што е? Хоби?
    Не знам дали сама живееш или со твоите. А и да, не е исто водење домаќинство со и без деца. Затоа што ти си гледаш само за себе, домаќинката за сите. Немаш само едно чинивче, туку купишта садови. Па и машина да имаш, таа не се полни и празни сама. Ти може и еднаш неделно да переш алишта, сама си. Еве јас лично на два дена перам. И таа машина некој треба да ја наполни, некој треба и тие алишта да ги исуши и здипли. Не ми споредувај едни фармерки и две блузи, со машина за цело семејство. Ти надвор кога ќе решиш да излезеш, се спремаш и излегуваш. Со дете, ни излегувањето не е едноставно. Не, не можеш да одложиш да не чистиш, затоа што сме луѓе, а не свињи. Ти сама и да сакаш не можеш толку да извалкаш. Со деца, чисто само 5 минути може да биде. Ти си готвиш за себе, домаќинка за цело семејство. Еве јас лично кога готвам, цел саат сум во кујна. Да, детето се што ќе подготвиш ќе јаде. Да, такви беа децата. И да детето кога оди во градинка, го запишуваш и до прво одделение не се разболува воопшто. Уште кога немаш никаква помош е најслатко. Заборавив, да, децата седат сами, си цртаат, си бојат, да, сите деца се такви. И додека ти си гледаш серии или дремеш на инстаграм, т.е свесно не спиеш, некоја мајка седи и не спие затоа што треба да мери температура постојано. Патем од неа се очекува повторно да има топ перформанси наредното утро, без разлика на физичкиот и психичкиот умор. Тоа се тие мрзи, никакви домаќинки.
    И секогаш оние што немаат допирна точка на некоја тема во животот, се најгласни како тоа треба да се изведе правилно.
    Не, не знаеш што е водење на домаќинство со деца.
     
    Последна измена: 12 јануари 2024
    На LadyLollypop, Emy867, butterflysk и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    И да немаат машина за перење на садови, знаеш колку време одзема да ги измиеш садовите рачно?
    Какви аргументи пишуваш... миењето на садовите и чистење на флеките сигурно се работи на кои треба човек да се посвети и сигурно одземаат многу време.
    Ако мајките домаќинки даваат добар пример, тогаш зошто сопругите се жалат од мажите дека ништо не работат дома?
    Може и да е трол, ама добро опиша како изгледа животот на една посветена домаќинка со пораснати деца.
    Што би правела мајката ако детето веќе иде во градинка или на училиште?
    Тие деца нема вечно да бидат мали, кога ќе пораснат, зошто мајката би седела дома, која би била потребата мајката да не работи ништо и покрај тоа што нејзините деца се веќе големи?
    Кога децата се веќе тинејџери или студенти, истата домаќинка која цел живот била домаќинка, би се чувствувала исто како што Ивона опиша во постот.
     
    На BlackNight, nextredstyle и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  17. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    6.005
    Пол:
    Женски
    Како ти би знаела некоја друга како би се чувствувала?
    Зошто мислиш дека знаеш подобро од некој што знае за самиот себе?
    И да одлучи да седи некоја жена дома и покрај тоа што децата се тинејџери, како знаеш што прави, што чувствува, кога не си во нејзина кожа?
    Ако на нејзиниот маж не и пречи, ако се согласуваат и го живеат бракот, зошто мислиш дека тоа што го прави е лошо за нејзе?
    Не знам како не ви е јасно дека не сите ги делат вашите размислувања, соништа, амбиции.
    И сега бидејќи некоја Ивона напишала, што патем целиот пост е тешка измишљотина, тоа е вистина за сите и правило како треба да се чувствуваат.
    Патем ако Ивона има сега 50 години, а син и студира, значи Ивона не работела воопшто цели 10 години пред да го има син и. Што правела? Значи Ивончето не си сакало никогаш да работи и си наоѓала причина да не работи. Па така, Ивончето не е пример и примерок за сите уште помалку за 50 годишна жена со таков стил на пишување.
     
    Последна измена: 12 јануари 2024
    На Bezimenka90, emiliana, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Тие што не се мажени и живеат со родителите сигурно мајките им перат, мајките им чистат, мајките им готват, мајките им мијат садови, мајките им пазарат.

    Пишала за бришење прозори како некоја секој ден да брише. Зборуваме за работи кои не можат да се одложат.
    Зборуваме за секојдневни обврски, а не пишале ако не мрзело денес ќе одложиме за утре, ако не мрзи утре другиот ден и се така и во свињарник ќе живееме.

    Сите не сме исти, јас не можев да одложам кога немавме деца, не па сега кога имаме.
    Па ти читаш дека и мајките што работеле имаат такви мислење за синовите?
    Дека синчињата треба да се најадат само и да лежат.
     
    Последна измена: 12 јануари 2024
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    Исто имам забележано дека колку повеќе жената се уседува дома и одвикнува од работа, после сите обврски и се чинат тешки, а сите пари малку. Пример, родила 3 деца или 2, ги растела, поминале неколку години и да и речат „еве ти работа во маркет за минималец, ќе почнеш за минималец, па после ќе видиме“, па кога ќе отиде, кога ќе почне лош однос со колеги, кога ќе сфати дека треба роба да реди, шифри да знае, да е толерантна и љубезна со сите, да пази со пари да не згреши, оохооо, 8 часа работно време ќе и се причинат како еден век и прв ден има да се откаже. А што се 20.000 минималец ако имаш куќа за гледање, себе да се покриваш со тие пари, за децата да мислиш? Тие пари во нејзини очи се ништо, и ништо се навистина, а за повеќе нема знаење, и поарно ќе си прифати да седи дома, да брои со колку дрвца се греела денеска, и зготвила ручек на шпорет и ќе мизерува. И така цел живот.
     
    На Just.do.it, Purelove92, BlackNight и 2 други им се допаѓа ова.
  20. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.055
    Допаѓања:
    21.438
    Пол:
    Женски
    3-5 работни дена верувај. Ова нема крај :rofl::rofl::rofl:
     
    На Yowannty, nena2010, Emy867 и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.