Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Таа што е сама може и еднаш неделно да пушта машина, а со деца може и два пати дневно.
     
    На ArabellaStarfall и Anyshka им се допаѓа ова.
  2. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    10.036
    Пол:
    Женски
    Абе има работа дома, цело време има, сеа со децава ли ќе се објаснуваме ај баталете. И @CameliaMiller проба да им објасни на 20 страни, не може да им се објасни цела тема деца ја водат им се објаснуваме што, колку, како. Затоа и ја престанав да пишувам, нема поента...
     
    На Bezimenka90, Yowannty, Lianna Anna и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Имало машини, ништо со рака, па нека кажат какви се тие машини што и ставаат и вадат алишта, и пеглаат и диплат.
    Овие можеби не ни работат, се уште се студенти, ќе кажуваат кој како да прави.
     
    На ArabellaStarfall и Anyshka им се допаѓа ова.
  4. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Еве пак ќе се навратам на колешки кои ги имам и сум ги имала. На пола од нив сум им ја вршела работата, редовно каснеле, цела смена ништо непофатено. Кажи ми ти, за која работна навика ми збориш? Само на едно работно место до сега сите сме си ја гледале својата работа, никој немал потреба да тера туѓа. А до сега преку 7 имам сменето. Работев во рент а кар, типката кога ќе беше втора смена ја мрзеше кола да однесе на перење или да отиде да ја земе од другата канцеларија (што ни беше дел од работата, утврдена од страна на претпоставени, како обврски во втора смена) , зошто јас сабајлето во 10 сум требала да ја дадам, имало време. Па ја ко будала од сабајле за 2 саати сум требала и промет да уплатам и да одам по кола, да ја однесам во перална, на бензинска итн.
    Значи имам работено во различни бранши. 2 пати се погаѓам кај иста типка во банка да чекам ред, она во најголемата гужва во 2, а до 4 или 3 ипол и е работно време, остава све, ти вика одам да јадам, се враќам одма, поминуваат уште минимум 10 минути оваа нигде. Која е таа работна навика кажи ми? Кога веќе ги генерализирате работиве за домаќинки, ај и ќе генерализираме за вработени жени, зошто ете јас на 6 работни места сум се соочила со мрзи.
    Вчера во аптека, девојката што работи, преочигледно е дека ја мрзи што живее, во неколку наврати ме има напнато со тоа колку е неодговорна и ми го губи мене времето без потреба. Ја чекам да се изназбори на телефон за да ме услужи, ја чекам да превртува очи за тој пред мене, ја чекам да каже како смрдел на пепељара човеков, па да ме услужи итн. Ептен професионално, неифрустрирано, исполнето, неотупено. Петка.
     
    На LUCI 99, Curious cat, flower30 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Не да има вработени мрзи, ама неее, домаќинките биле мрзи.

    Има жени и жени, има што не работат ама дома се прават, има жени што работат и пак дома се прават, има жени што работат и плаќаат чистачка да им чисти, кога напнаа за ова скокнаа како тоа се мешаме, а сега тие се мешаат што некои не работат, нивен проблем.
    Како што јас не сакам чистачка, така нема што да им се мешам на оние кои сакаат.
    Има и доктори мрзи што си отишол од што имаш мака не од ќеиф, не па продавачки или не знам што.
     
    На Anyshka, ArabellaStarfall и Mnik им се допаѓа ова.
  6. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    3.902
    Се ок, ама само би кажала ретко на кој му доаѓа жена дома за чистење, во мојата околина на колеги, пријатели, роднини ,сите сами чистиме, ретко кој може да си приушти жена. И мој впечаток е дека становите се релативно почисти и побрзо се средуваат, ова куќиве не за џабе рекле бунар без дно , ко да извира нечистотија и увек има нешто да се среди, направи, реновира.
    Инаку, многу е битно и човекот кој го имате до себе, мајка ми цел живот работи и трча дома да зготви ручек или станува пред работа прави, татко ми јајце не знае да испржи, така научен од мал и така еве го 60 год веќе исто, многу пати мајка ми и ко помлада и сега знаела да каже дека радо би седела дома оти и е смачено веќе од работа и трчање по автобуси. Значи децо гледајте со кого се мажите :!:
     
    На flower30, Anyshka, Pa8la и 4 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.041
    Допаѓања:
    268.582
    Ако готви како мене, секој ден, евентуално на два дена :)
    Што да правам, сакам да готвам.
    So last century, знам :)
     
    На Anyshka, Polyincognito, Pa8la и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.337
    Допаѓања:
    126.131
    Пол:
    Женски
    Ние можеме да дискутираме, вие нејќете.
    Речено е поназад.
    Упс е бидејќи невработена не може да се спаси ако нема помош од родители и роднини. И да добие помош, тоа нема да трае долго.
    За вработена жена е полесно да излезе од таква врска/брак.

    1. Не знаеш дали живее сама. Не сите сакаат да раскажуваат што им се случува во животов 24/7 на форум.
    2. За домаќинството се грижат и луѓе без свои деца. Има луѓе што не се родители, но се грижат за внуци. Има луѓе кои живеат со стари родители. И во тие околности човек не гледа само за себе, туку и за други.

    А, мајката може и да ги научи децата сами да си ги измијат садовите за да биде побрзо. Може и да му ги тупне садовите на мажот, па да си искочи. Така, наместо да туфка дома од фрустрација, може да си ги одмори нервите на воздух. :D
     
    Последна измена од модератор: 15 јануари 2024
    На BlackNight, Just.do.it, SuperGirl24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177
    Otkaj sega deka vo mkd skoro site imale cistacka za niz doma so im cisti?

    Pa pred nekoe vreme imase tema za kakva e siromasna sostojbata na naselenieto vo drzavata, luksuz izleze deka e odmor vo grcka ednas godisno, a ne cistacki po doma.
    Jas ne poznavam luge so plakjaat za cistenje doma, zavisi vo so krugovi si valjda.
     
    На BlackNight и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    6.005
    Пол:
    Женски
    Со кој сака нека живее, никогаш нема да биде исто домаќинството со и без деца. Нешто што не можеш да го сфатиш затоа што не си го искусила. Да, за да знаеш некој низ што поминува, треба да имаш иста или слична траекторија на нештата во животот, во спротивно само звучиш дрско, нападно и без компас.
    Внуче и свое дете не е исто. Стари родители и дете не е исто. Само грижа за свое дете е исто со грижа за свое дете. Затоа кога веќе сакаш да пишуваш напамет барем коментирај на тема на која имаш искуство и си го почувствувала нештото што значи.
     
    На Bezimenka90, Annath, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    А ти зошто секаде се пронаоѓаш?
    Па кажи им на мајките што така мислат за синчињата, што ми кажуваш мене.

    Епа секаде се бунат некои дека на никого не му се готвело, на никого не му се чистело, еве мене и ми се готви и ми се чисти (терапија ми е чистењето), значи и тие се мрзи како што ги нарекуваат домаќинките.
    Не важи ова за тебе, знам дека живееш сама и се сама правиш.

    Читај поназад, членка пиша дека и доаѓала жена еднаш неделно што и чисти и пегла, во друга тема неколку членки се изјаснија дека им доаѓа жена што им чисти, си го пропуштила тоа изгледа, па скокнаа истите тие на нас што се изјаснивме дека сами си чистиме.

    Па како можело да ни се чисти дрн дрн, епа како на нив што не им се чисти, на некои им се чисти, едноставно не сакам некој по дома да ми се плетка.

    Секој си има право што ќе прави, ама па една членка скокна дека тоа не и било приоритет, ок, нека не и е, ама нека не не убедува нас дека треба да ни доаѓа жена да ни чисти.

    Па тоа е дел од секојдневниот живот, секој треба да си чисти, било машко, било женско, значи и таа децата ќе ги научи да им чисти чистачка, како што пишаа некои домаќинката така ќе ги научела, да седат дома.

    Може утре децата да немаат пари за чистачка, а така ќе бидат навикнати.

    Не е тоа темата сега што се фативте за чистачката, и тоа им чисти жена на оние што можат да си дозволат и што имаат канцелариска работа, а оние во конфекција дали можат да си дозволат, туку ем рмбаат, ем трчаат дома да средат, овие цел ден седат и пак ги мрзи да исчистат, а при тоа домаќинките ги викаат мрзи.
     
    На ArabellaStarfall, CameliaMiller и Polyincognito им се допаѓа ова.
  12. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.961
    Допаѓања:
    35.067
    Пол:
    Женски
    Внучето ќе го почуваш и ќе си отиде, со внуче и свое дете нема споредба, јас се уште немам, ама знам дека нема споредба, и знам дека не е исто кога си мажена и кога не си мажена, кога имаш деца да не правиме муабет.

    И со тоа каде е мажот па каде е запнале, секој си знае дома како му е, ако жената си доаѓа порано од мажот од работа таа ќе зготви, или обратно, познавам жени што работат само прва, а мажите им работат по две работи, готват кога се слободни, во брак не постои 50:50, туку заедничко, нема мое твое.

    На крај краева кој како се договорил така нека прави, ако на некои жени не им смета што мажот не учествува во домашните обврски, која сум јас да им се мешам.
     
    На ArabellaStarfall и Malesia им се допаѓа ова.
  13. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    2.952
    Пол:
    Женски
    Толку пратиме луксуз ете... и чистачки низ дома. НЕ, дома сум и три пати готвам, до вечер еден куп садови ќе направиме, алишта насекаде кај се суши, кај за перење. Дете седи и на телфон, не оди во градинка. И знаете што? се ми е супер. Два дена во неделата и работам проект од по саат време. Не се тресам кога некој ќе дојде на врата па да види како ми е расфрлано дома, додека дете ми е среќно весело здраво живо и сите ние!
    А еве ме нервира сиромаштијава што почна да живее на високо и големо. Се губи вредноста на семејството, домаќинството и уште многу работи со тоа Америчкото (во филм).
    И уште колку имам да кажам на темава ама ајде кој како си ужива.
     
    На ArabellaStarfall, Pa8la и Anyshka им се допаѓа ова.
  14. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Ништо, тебе приоритет ти е само чистењето :D

    Е како така на детето му даваш телефон, мрза си, за да седиш на раат му даваш телефон :D

    Се Американско превземавме.
     
    На ArabellaStarfall и Malesia им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.041
    Допаѓања:
    268.582
    Знаеш дека невработена може да се вработи, нели?
     
    На LUCI 99, Bezimenka90, Curious cat и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.115
    Допаѓања:
    180.782
    Овде не се коментира феноменот брак, туку некој кој во брак одбрал да биде домаќинка. Привремено ли, постојано ли, не е јасно, пошто цело време се тенденцира и кон минимизирање на мајчинството како улога, јер дете од 7 месеци можеш да го одвоиш од мајка исто ко од татко и не знам какви небулози. Исто рекоа дека се зборело за доброволно, не принудно неработење, пошто мажот не ја пушта.
    Е сега, сами го бираме мажот или како, принудно влегуваме? За кого се мажиме, за некој непознат од улица? Како влегуваме во брак, ако не со некаков договор за распределба на улогите во истиот? Значи ти можеш да се фаќаш за какви сакаш примери од какви сакаш теми, ама ниедна не треба да влезе во брак и да роди дете во истиот, без двајцата да имаат усогласени ставови околу тоа кој носи а кој меси. Ако јас месам, очекувам да ми се донесе брашно, ако не, сама ќе одам по брашно. Значи не може дури ти е дечко, а ти невработена, се да ти обезбедува, а другиот ден во брак, ако сте се договориле така да терате, да престане да обезбедува. Тогаш, уште другиот ден ти е јасно колку е саат и излегуваш од бракот. И не раѓаш дете со таков човек. Проблемот зошто некој влегува во лош брак, нема поддршка од родители и слично, се скроз далеку од топикот на темава.

    Јас лично, не познавам жена што никогаш не работела. Ниту сум чула за таква од рекла казала. Што не значи дека не постојат, ама ете, јас за такви не знам.
     
    Последна измена: 12 јануари 2024
    На Bezimenka90, Kate Rina 93, Pocahontas.93 и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Нее, ако ти донесе маж ти брашно не се важи, мора и тој да меси. Мора 50:50 да е, инаку не се важи.

    Па мене ме нападнаа на друга тема кога пишав дека маж ми отишол да ги прошета децата додека јас чистев, па зошто не било обратно, па така сме се договориле, може мене ми е полесно да чистам отколку да ги шетам децата, па и полесно ми е отколку да ги пазам децата, некои се мирни некои не, со деца што се темпераментни полесно ќе исчистам, отколку да трчам по нив.

    Па сум се задоволувала со малку, а знаат дека има мажи што ни децата не ги шетаат, си одат по кафани со друштво, или дремат по кладилници, познавам и такви.

    Или има мажи што не сакаат ни да испазарат, се е на жената, ама неее, и пазарењето не е ништо.

    Да не одам оф топик, ама цела тема е таква.
     
    На Anyshka и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Е ако де тебе нека ти е терапија и чистење и готвење и пеглање. Јас пишав дека ми доаѓа еднаш неделно жена зошто можам да си го дозволам тоа а времето место да го поминувам со џогерот и тенџерето у рака, го поминувам поинаку дали со детето и мажот, дали со работи кои мене ми претставуваат терапија.
    И пресмешни сте со муабетите канцелариска работа па седеле цел ден па сеа тешко им е да усисаат дома или еден ручек да спремат. Не ми е тешко него НЕ САКАМ да го правам тоа кога со прелесната канцелариска работа можам да си дозволам некој друг да го прави за мене.
    Али само некој што не работи и филозофира цел ден на форум може да мисли дека е лесно пенкало у рака да се држи.
    И да и ќерка ми ќе ја научам исто ко мене, ако има пари у животот да ужива а не слободното време да го проаѓа над шпорет.
     
    На Angie1432, glosipgirl, JuLleE и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Па и вие не се мешајте ако жените не сакаат да работат, како да дошле да ви земат пари од ваш џеб.

    Ќе ја научиш да, ама животот е непредвидлив, кругот се врти, денес си доле утре горе и обратно.

    Во други теми пишувавте за мажот е срамота да не знае едно јадење да си направи, а сега за ќерките не било срамота. Учете ги така и синовите, па кога ќе се оженат жените ќе си имаат мака со нив ако не знаат едно јајце да испржат, а да, па има ресторани, ќе си порачаат.
    А што правиме ако се затворат како за време на короната, гладни ќе бидат?


    И аман само со тенџерето, со крпата, па тоа дете сака да јаде, тоа дете треба да расте во чиста средина, ај ако истури нешто чистачката ќе ја викам.

    А и зошто ме нападна само мене, кога и другите членки истото го мислат и го пишаа?

    Друга работа, и јас можам да си дозволам чистачка, и многу други други што ги познавам, ама не сакаме некој да ни се плетка по дома, како не сфаќате?

    Сфаќам дека некој не сака да чисти, ама вие не ги сфаќате домаќинките и жените што сакаат да си чистат по дома, чистам на мене, не на комшиите, јас ако не исчистам некоја непозната сигурно нема.

    Тоа е мое мислење, ако сакате вие и 10 жени викнете си да ви чистат.
    Само пишавте дека и да се работи, и после работа дома се постигнува се, а тоа жена чистела и пеглала.
     
    Последна измена: 12 јануари 2024
    На Pocahontas.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Браво за постот!
    :clap::clap::clap:
     
    На Lady D ❤️ и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.