Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.404
    Допаѓања:
    114.552
    Пол:
    Женски
    А што да ги учиме дека сметки се плаќаат со љубов? Храна со љубов? Ај не оди од крајност во крајност.
     
    На Tanjamm, mssuniquee, Peanut Butter и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.948
    Кој е тој маж што работи за минималец за да може жената да си дозволи да седи дома ако имаат и макар само едно дете?
    Како би егзистирале???

    И само да ви кажам на вас кои ја потценувате работата на домаќинката/мајката, ама на онаа која ВИСТИНСКИ е посветена - ич немојте да потценувате оти еве сум, едвај чекам да тргнам на работа за да се ОДМОРАМ!
    Ништо не може да чека дома, не со мало дете, оти замислете, денеска само исхраната на детето е ЦЕЛА НАУКА!
    Детето ако поврати, плука, мачка (додека ти си се свртела за секунда да се почешаш на пр) зар ќе ја чекам чистачката еднаш неделно шо иде да ми избрише??
    Абе ќе засмрдиме!
    А оправање со тодлер, е тоа е веќе друга димензија. Кој знае, знае, кој не, нека фантазира колку е само лесно!
    Само тантрумите да ги издржите, за друго да сте живи и здрави.
     
    На CameliaMiller, Amellie13, forumce и 12 други им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.404
    Допаѓања:
    114.552
    Пол:
    Женски
    Сето тоа го прави жена која оди на работа. Кога раѓаш дете ти си мајка не зависно дали одиш на работа или не..
    @Pa8la јас не спомнав каде работам, друга членка кажа. Така да олабави малку.
     
    На Tanjamm, Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  4. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.948
    Викаш?
    Не знам баш. Пробај, па после кажувај. И јас мислев така, ама не било.
     
    На Yowannty, ArabellaStarfall, Polyincognito и 5 други им се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.404
    Допаѓања:
    114.552
    Пол:
    Женски
    Имам околу мене примери. А за тоа дали ќе пробам само еден господ знае и нормалнно медицината. Фала што ми посочи.
     
    На Peanut Butter, Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Има различни професии кои се занимаваат со децата, педагог, детски психолог/психијатар, педијатар, нутриционист.
    Ама за се ова, треба да се вложи во образование и професијата на овие професионалци не се сведува на банализирање коешто ти го истакнуваше.
    И да, за да бидеш мајка и домаќинка не ти треба факултет. Ете толку од вашата "наука".
     
    На nena2010 и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  7. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.948
    Ти знаеш кога се носи дете на детски психолог/психијатар???
    И ако го однесеш на педијатар, што со тоа???
    Ќе ти каже можеби како да го храниш, ама ќе дојде дома да му направи, да го моли некогаш и по цел ден за некое лажиче???
    Дај не бидете смешни!!!
     
    На CameliaMiller, LiquidLuna, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.050
    Пол:
    Женски
    Животно искуство е субјективно чувство и не е никаков концепт за конструктивна критика. Не знам навистина вие во каква средина живеете опкружени со такви примери и жени - златен раритет. 21 век или да, освен ако не сте се вратиле во времето на 15/7 и/или 16/6 оти како се натаму да целите. Во името на еднаквоста нели.

    Жените за кои пишувате се исклучително ретки, многу постара генерација можеби. Живееме во време кога свеста е на завидно ниво за речиси се во животот, освен кога пишуваме со 17 годишни од другата страна, а многу веројатно дури и помлади или едноставно недоволно информирани што е и повеќе од можно во однос на писанијата, а кои се осмелуваат и за воспитување на нечии туѓи деца да паметуваат. Па и (не) свесен самоцентризам е вегета во денешно време, за вештини ефектно да пренесат и/или разберат информации. Сакам да кажам, на форумов нема орден заради тоа што некој научил да комуницира во текот на работниот век. Лол! А наученото е се, освен способност за комуникација. Сакам да кажам, навреда во обланда со адитиви за колач, е сепак само тоа, навреда.

    Идејата за машки и женски професии се менува и се намалува во современото општество. Професија треба да се бира според своите интереси и квалификации, а не според полот. Исто како што има жени во технички области така и мажи во медицински. Главната порака е дека луѓето треба да имаат слобода да ги следат своите амбиции и професионални цели, независно од стереотипите поврзани со полот.

    Во контекст на темата, исто така, лоши последици за општеството како целина можат да настанат ако се креира цел еден систем каде жените се ограничени и стигнуваат до избори само затоа што се поттикнуваат присилно или им се наметнува улога, било која улога.

    Затоа е од особена важност да се земат во предвид индивидуалните преференци, со што ќе се поддржи изборот што го прави жената, доколку тоа е нејзина сопствена волја и одлука.

    Секако дека речиси секој избор има придобивки и загуби. Ама истиве не се универзални и можат да варираат меѓу различни индивидуи.

    Балансирањето меѓу почитување на индивидуалните избори и избегнување на поддршка за штетни стереотипи е предизвик кој би требало да се решава преку почитување на еднаквоста и инклузивност во сите сегменти на општеството. Флексибилното работно време е со цел балансирање и/или усогласување на работните обврски и личниот живот.
     
    На Bezimenka90, CameliaMiller, M.B. и 10 други им се допаѓа ова.
  9. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    40.121
    Пол:
    Женски
    Се убедуваме со некои кои немаат никаква претстава како е да се има деца . Они знаат најдобро, они ќе не просветлат. Како викаат , ако не знаеш како да ги воспиташ децата прашај ги тие што немаат , зашто тие најдобро знаат .

    Не сакам да се убедувам со некои кои нема појма за нешто што немаат свое искуство, туку даваат примери од комшии, пријатели и сл.

    Кога сум дома сум домаќинка , како и сите кои немаат деца . Домаќинството го водите или имате слуги по дома ?
    На работа одам за да заработам . Факт .
     
    На Bezimenka90, forumce, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Само вие мајките "знаете" кога треба да се контактира психолог, само вие знаете кога треба да се иде на доктор. Ние уште со гатачки и бајачки сме.
    Ајде ако не, и педијатарот да ти кажува како храна се прави, како се пржи, како се вари, како се мие зеленчук и овошје.
    Која банализација човече........
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.585
    Допаѓања:
    52.693
    Пол:
    Женски
    Ако си мајка и работиш, нешто мора да запоставиш, дали работата, дали мајчинството, дали домот.
    Зависи од кои луѓе си и што ти е приоритет и колку уствари имате примања за да не ти биде приоритет да се прехраните.

    Не може некој да ми каже дека се се постигнува, зашто не е така.

    Познавам мои врснички што цел живот не работеле, значи уште пред да се омажат, па и после во брак. Искрено не знам како размислуваат и што им е во паметот.

    Познавам мајки што на 9 месеци со грижа на совест и тага ги оставаат децата за да одат да работат зашто мора, едноставно не стига.

    А познавам и такви што мува не ги лази кога оставаат дете.

    И ништо од тоа не е погрешно. Се е до човекот.
    Може некој сака да оди да работи 8 саати, па после дома со деца и обврски околу домот со сопругот.

    Некој па си вика не сум јас робот, работа на работа, работа дома, деца.. не сакам толку да работам и слично.

    Јас работам од мои 18 години, сега имам 30. И не работам 4 години, поради децата, ете јас сум од тие мајки што не можам да ги оставам децата, јбг. Се согласувам со @Emy867 пренапорно ми е дома.
    Едвај чекам да одам на работа да одморам, а лесна работа немам работено.
    3 доручеци, 3 ручеци ,3 вечери ако е океј се, а ако не јадат, готваж друго, зашто ете не сакам да седат гладни,а башка обврски околу домот, за кои и маж ми помага кога ќе дојде од работа.
     
    На Bezimenka90, CameliaMiller, Amellie13 и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.948
    Па ти викаш имало за се стручњаци за се да те оправат!
    Шо везиш сега???
     
    На CameliaMiller, Annath, LiquidLuna и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Дали се читаш што пишуваш?
    Педијатарот го контактираш за да те учи како се готви, како се пржи, како се вари, како се мие зеленчук и овошје?
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    6.005
    Пол:
    Женски
    ,,They wind up just as happy in adulthood as the children of moms who stayed home."
    И на крајот што е најважно во нашите животи како мајки?
    Токму среќата на нашите деца.
    И кога мајката е среќна со својата одлука, било тоа да е домаќинка или да продолжи да се развива професионално, тогаш и децата ќе бидат среќни. И обратно.
    Јас ниту еднаш не напишав дека најдобро за децата е мајката да седи дома. Тоа ни ти, ни јас не го знаеме. Ќе ги прашаме нашите деца кога ќе пораснат, дали се среќни врз основа на нашите донесени одлуки.
    Моето размислување е повеќе во насока дека и работата на домаќинката не е воопшто лесна, како што некои што не искусиле тврдат. Ништо не е лесно со деца. Ниту кога си дома со деца, ниту кога работиш, а имаш деца.
    И ако помалку сме критички настроени спрема туѓите одлуки, кои нас не не афектираат никако, светот за жените ќе биде многу подобро место за живеење.
     
    На Lizi, CameliaMiller, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.337
    Допаѓања:
    126.130
    Пол:
    Женски
    Вака кога пишувате, само покажувате колку застарени сфаќања имате. И недоволно свесност за туѓи ситуации.
    Треба еднаш да ви влезе во глава дека искуство се стекнува и без да се роди дете!
    Толку се претопувате во таа улога што игнорирате други улоги кои ги вршат луѓето за нивни блиски.
    Исто е кога и некој кој не си го родила зависи од тебе.
    Та повремено, та привремено, та трајно.
    Не сте ни свесни колку ви е навредливо „да родиш, па да видиш“, особено кога на некои физички и онлајн места ве слушат и читаат и неплодни жени и жени кои од други причини не раѓаат. Но, и двата типа на жени биле приморани од животов да се грижат за деца на блиски, па на тој начин осетиле што значи таква одговорност.


    И грижата за стари и болни родители бара саати.
    Не секој може да си дозволи негователи и старачки домови. Не секој сака да ги довери родителите на непознати поради страв од малтретирање кое го доживеале други лица.
     
    На Tanjamm, Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  16. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    6.005
    Пол:
    Женски
    Искуство не можеш да стекнеш за дете, ако никогаш не си се грижела за дете.
    Стар човек и дете немаат исти потреби.
     
    На Bitter-Sweet, Bezimenka90, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.
  17. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.617
    Допаѓања:
    7.208
    Пол:
    Женски
    Батали ти тенџериња и крпи. Кај мене похаос не било у живот.
    Друго ме интересира. Да немаше помош од баба/баби ќе можеше ли да се вратиш на работа после 9 месеци и дали би можела во тој случај да работиш фул тајм џоб? Најискрено.
    Дали маж ти во тој случај ќе останеше дома или ќе намалеше работни саати или ти?
    И не со филмот ќе си платев бејбиситер и сл. Оти ни жена не можеш да најдеш од денес за утре по потреба. Оти сите знаеме како е со мали деца кои се разболуваат нон стоп додека пркнат малку со имун. И колку и да имаш право да земаш боледување ќе дојде точка кога ќе ти преречат. Флексибилност нудат многу малку професии за жал.
    И некако многу сум сигурна дека за да можат некои мајки поскоро да се вратат на работа, зад нив стојат бабите за деца чување и ручек 3-4 пати во недела.
    И не нема ништо лошо во тоа да се има помош, тамам работа. Просто и тоа е работа која некој друг ја врши, а се зема здраво за готво и како небитно да е.
    Е ама некој ако нема таква помош мора сам, или да се клонира вајда, за да стаса се. И за тие со помош и за тие без помош, денот е 24 саати.
    И вајда оние кои што можат да останат дома, имаат и да шетаат и да уживаат. Не како да е загарантирано право само на тие кои работат.
     
    На moonlight-girl.55, Annath, LiquidLuna и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.442
    Пол:
    Женски
    Знаете зошто е толку тешко?
    Зошто секој ден едно те исто работите и секој ден ви е ист !
    Зошто не се во градинка децата?
    Кога сакаш да одиш на работа за да одмориш не значи дека родителството е тешко туку дека секојдневието почнало да те гуши.
    Потребна ти е работа,потребна ти е промена.
    Потребно ти е нешто друго да правиш освен да си дома по цел ден.
     
    На Ambitious, Peanut Butter, Miss_S и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Ете ова е поентата на темата за која се изнапишаа 100 страници. :clap:
     
    На andrejko82 и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  20. Marymay

    Marymay Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2023
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    240
    80 страни се направи темата, ама мислам дека дискусијата воопшто не е во вистинска насока.
    Јас ја разбрав темата да се дискутира за жени што воопшто не работат, без ден стаж, и воопшто не ни помислуваат или сакаат да работат во животот.
    Ова вие што го дискутирате за жени кои привремено не работат неколку години небитно дали 3-5-8 год.додека пораснат децата и потоа планираат и би сакале да се вратат на работа е друго.
    Утре ако нема кој да ми ги чува децата, нормални дека или јас или сопругот би седеле дома, ама пример ако сум јас, прва прилика би си нашла пак работа.
     
    На Ambitious, Peanut Butter, Anyshka и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.