Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.337
    Допаѓања:
    126.130
    Пол:
    Женски
    Она што е заедничко е што за 2-та се потребни саати внимание и грижа бидејќи не се способни сами.
     
    На Tanjamm, Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  2. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    40.121
    Пол:
    Женски
    Ако ти е прво дете нормално е да добиеш совет од педијатар околу детето , негова исхрана , спиење и слично . Ти дава плус брошури за дома да си читнеш .
    Има и книги , литература за исхрана на бебе и слично. Од каде инаку би знаеле , кога стануваш мајка не одма добиваш и знаење за се околу него . Се стекнува понатаму рутина , се учат работи , веќе знаеш како треба .

    И така темава е малку глупичка . За тепање време и докажување .

    Е ова ќе им помогне на многу мајки кои се моментално домаќинки и чуваат деца а не работат од икс причини.
    Некој да дојде и да им каже како треба .
    Ко да самите не знаат.

    Мене искрено ми жал за тоа како гледате за децата . Ко да се товар на општеството. Мајката што побрзо да се врати на работа зашто инаку дома ќе отупави . Или вие не знаете што да правите дома со деца па барате излез.
    За се има време . Кај нас мора да се вратиш на работа после 9 месеци па оставаш бебе во јасли или кај некоја жена што не ја знаеш и познаваш да го чува дете за да пази боже не затупавиш дома .
     
    На KittyAgnes, Lizi, CameliaMiller и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски

    Е ова исто како да ви речат жени инвалиди ве читаат, ги навредувате, а не можат да работат. Вака ако гледаме за ништо не можеме да збориме.

    @Lady D ❤️ Мислам го опиша денот на некоја нејзина блиска како го чува детето. Исто како да речам една денеска на работа цел ден со нозете во вис беше и тоа ќе важи за сите вработени?

    Таа некоја ‘домаќинка’ ако цел ден е на телефон и кафиња и вработена да е ќе пие кафиња, да зашто ќе си најде таква работа, мрзите не стојат цел ден на нога.
    Секој треба да си го даде максимумот таму кај што му одговара, дома или на работа. Бидете си продуктивни, што фајде да сум домаќинка, а тањир да не помрднам цел ден, децата да ми се на телефони. Или да земам некое работно место за да не работам или да сработам колку да не ме избркаат.

    Да се мажот и жената од 7 до 15 на работа, па и различни смени, може се да се организира и прошетки и ручек, чистење. Кога еден од партнерите работи турбо, не се знае кога ќе дојде, кога ќе го викнат, сосема ми е логично другиот сам да процени каде е попотребен. И онака децата кратко се мали и зависни, секогаш можеш да се вратиш да работиш и не знам зошто се дрзнувате да го потценувате туѓиот труд и да ги навредувате со секакви погрдни зборови.
     
    На Bezimenka90, CameliaMiller, Biljarkata и 19 други им се допаѓа ова.
  4. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.585
    Допаѓања:
    52.693
    Пол:
    Женски
    Не знам која промена би ја имала на работа, лупам сега ако куцам тикети ,значи една иста работа работам на работа, една иста работа работам дома, така да на крај и таа на работа пошто нели е иста ко што викаш ти, гуши.

    Баш.
    Да докажеме на кого му е најубаво и сите типкаме за својот статус дека ни е најубав:rofl:

    Најсмешно ми е тоа, сега не знам дали во темава е спомнато, не читам од почеток, ама во мојава околина често слушам,пошто одлучив нешто да почнам да работам "од дома".. оди на работа да се издуваш, да се измешаш, да се видиш со луѓе.. а ако вака повеќе би заработувала, ама не, требало да излегувам од дома.
    Не знаете како можам да се измешам и видам со луѓе без да одам на работа, само да ми пораснат децава:D па тоа шетање, па излегување навечер, па преку ден па па па:rofl:
     
    На LUCI 99, CameliaMiller, Biljarkata и 11 други им се допаѓа ова.
  5. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    6.005
    Пол:
    Женски
    Тоа што и двете бараат соодветна грижа и нега не те прави искусен во нештото што не си го искусила.
    Ако ти се грижиш за старо и изнемоштено лице, јас не можам да ти сугерирам што треба да правиш и како да функционираш ако не сум го искусила истото.
    Па, така, истото го очекувам и од тебе.
    Доблест е во прашање.
    Може да имаш мислење за секоја тема, но не секоја тема ја разбираш.
    Затоа наместо да даваш непродуктивни совети или коментари, насочи се да научиш нешто и од тоа со какви предизвици се соочува една домаќинка.
     
    На Bezimenka90, CameliaMiller, Biljarkata и 13 други им се допаѓа ова.
  6. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    40.121
    Пол:
    Женски
    Па afterwork забави со колешките после работа . Па собирање на предновогодишна забава.
    Многу пропушташ
     
    На CameliaMiller, Annath, LiquidLuna и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Па тек 8ми март :party:(hollest):drunk:
     
    На LUCI 99, CameliaMiller, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.585
    Допаѓања:
    52.693
    Пол:
    Женски
    Со тие што се караш цела година и се оговарате ...

    Не знам мене некако ми е жално да морам да одам на работа за да излезам од дома, дека ние домаќинкиве од прагот дома не излегуваме.
     
    На LUCI 99, CameliaMiller, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.285
    Еве ме и мене, да прочитам некој совет како се гледаат деца и што да правам за да не затупавам:D.
     
    На Lizi, LUCI 99, Coco31 и 22 други им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.404
    Допаѓања:
    114.552
    Пол:
    Женски
    Вие што напаѓате други дека немаат деца, сте се запарашале зашто немаат деца? Многу ниско мавате. Многу! Фала ви! Баш сега ми требаше ова да го слушнам. Ќе кажам и друго.. ама не вредите ни за тоа.
    Се одјавувам од темава.
     
    На andrejko82, BlackNight, BelataMasai и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.442
    Пол:
    Женски
    Каков побогу товар сега на општеството?!
    Што ќе им помогне твоето Дека не знаат со нив што да прават па затоа ги оставаат на 9 месеци во градинка или кај жени пто не ги знаат?!
     
    На Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  12. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    40.121
    Пол:
    Женски
    Инаку додека бев дома со дете научив сама да шијам облека.
    За некои тоа е второ семејство. Каде повеќе време поминуваат до нив него дома . Зошто пази кое квалитетно време можеш да поминеш со дете кога се собирате дома во 18 часот . Кај нас фајрон е 20 часот . Дете легнува да спие .
    Мене после работа ми треба пола саат до саат време да се опраам да си дојдам при себе . Зашто работата толку е напорна , со народен најтешко да работиш .
    Ама сум одбрала да работам кога мм е дома , да не замарам друг да чува деца цел ден .

    На крај краева , одам да заработам нешто . Не одам да се социјализирам. Да ме забавља некој . Имам колешки со кои си имаме муабет, тоа е супер . Ама кога доаѓам дома знам ме чека некој кој се радува на мене и поубаво од тоа нема .
     
    На LUCI 99, CameliaMiller, Biljarkata и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.585
    Допаѓања:
    52.693
    Пол:
    Женски
    Ти 4 деца имаш, јас не знам како пишуваш овде. Досега требаше гу гу га га само да знаеш да пишеш..:D
     
    На LUCI 99, Coco31, Bezimenka90 и 19 други им се допаѓа ова.
  14. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    40.121
    Пол:
    Женски
    Нена не земај лично . Не ни помислив на тебе . Мене ми е жал за тоа дека имаш некој проблем и сакаш деца . Ти посакувам да ти се исполни желбата , верувај дека е искрено .

    Повеќето горе даваа совети како се чува деца а не знаат
     
    На Pa8la, LiquidLuna, Kasiopaja221 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.442
    Пол:
    Женски
    А што ја спречува една жена да вложи во некоја преквалификација или вештина,ако нема никакви амбиции тогаш тоа е или ке куца тикети цел ден едно те исто или ке биде дома.
    До неа е.

    И што е твојот проблем со нив?
    Не сакаат сите затворени во пештера да бидат и да излезат еднаш годишно.
    Ете знам некои што секој петок се на афтерворк и им е супер,зошто тебе ти е за ругање тоа?
     
    На Just.do.it, BlackNight и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  16. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    40.121
    Пол:
    Женски
    Не ругам.
    Секој со своите интереси . Некој после 8 часа работа ќе помине уште 3 , 4 часа пак со колешки.
    Не сите имаат интерес за деца и дом.
     
    На Pa8la, Anyshka, mssuniquee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.585
    Допаѓања:
    52.693
    Пол:
    Женски
    Косми, муабетот е дека не сите имаат можности да работат добри професии, не можеме сите да бидеме доктори, адвокати.. некој мора и помалку убава работа да има ,не е се розево во животот.
    Муабетот ми беше дека и на работа ако е ист концептот секако те гуши. Сакаш куцај тикети, сакаш биди директор ако е концептот ист гуши.
     
    На Bezimenka90, CameliaMiller, Biljarkata и 7 други им се допаѓа ова.
  18. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    6.005
    Пол:
    Женски
    Мислам дека истото важи и за другата страна.
    Тие што немаат деца, се запрашале зошто мајката решила да жртвува дел од својот живот за добробитието на децата, без да биде окарактеризирана како една мрза, неамбициозна и необразована жена.
    Очекуваш луѓето да имаат обзир према твоите чувства, од друга страна зошто ти не ги ставаш во обзир туѓите чувства.
    Инаку жалам доколу се справуваш со тешкотии за забременување.
     
    На Bezimenka90, CameliaMiller, Pocahontas.93 и 16 други им се допаѓа ова.
  19. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.617
    Допаѓања:
    7.208
    Пол:
    Женски
    Потребно ми е и тоа многу. Ама нејзините потреби ми се многу побитни. А ти спомна си педагошки работник нели. Тогаш добро го знаеш тоа. А не да тврдиш како дете ќе порасне со или без мама, со баба или со легнување на полноќ. Ќе порасне де. И на улица да го оставиш ќе порасне.
    И друго, освен ако не си на тарифа, како жена не можеш да се продадеш за толкава цена за која ќе купат маж. Неверојатно дури колку се пооспремни да платат маж, иако ти како жена ќе сработиш исто. Ама уште ХР кога прави инервју, иако нели не е дозволено да те праша директно, одма ти прават профил дали ќе раѓаш, дали имаш деца и сл.
    И имаат некаква си квота која треба да ја исполнат за да примаат жени и ќе ја исполнат, ама многу од нив нема да одат горе на скалилото, туку ќе оди маж.
    Некој спомна жени на раководни позиции во мк. Да има..преку унија на жени на сдс или вмро. Оти и они имаат квота за исполнување. Впрочем и сегде е исто со политиката.
    И сега кога еден маж на пример е подобро платен и треба некој да го гледа заедничкото дете, кое лудило треба да е, он да намали работни саати за да остане дома и да се намалат приходите за целото семејство?
    И така жената мрзливо останува дома или со пола работно време и е во слободно време секрарка, благајник, шофер, учител и сл.
     
    На CameliaMiller, moonlight-girl.55, Biljarkata и 10 други им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.404
    Допаѓања:
    114.552
    Пол:
    Женски
    Нема што да ме жалите, има кој да ме жали фала богу не е до таму дојдено. И мајка ми ме изгледала мене и работела па не сум осетила дека ми фалело нешто. Слободно продолжете. Деца гледајте, седете дома, ма шо сакате правете.
     
    На andrejko82, fbaby, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.