Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.150
    Допаѓања:
    88.439
    Пол:
    Женски
    Па не важно што работиш,тоа цело време пишувам.
    Да работиш (билошто) да допринесуваш е интегрален дел на секој човек.
    Маж или жена сеедно.
    Не дека сите убави професиии се резервирани за мажите.
    И тие работат тешки работи,не остануваат дома зошто било тешко,останало од патријархатот мажот да работи.
    А Една личност во случајов жената тешко може да се чувствува вистински самоуверено ако зависи целосно од друг.
    Ниту еден современ маж не би си ја затворил жената денес дома,напротив би ја мотивирал да оди на работа.
    Па макар и за да излезе од дома,да се социјализира.
     
    На Just.do.it, mal.ecka и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  2. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    6.005
    Пол:
    Женски
    Допринесување!!!
    Зарем само материјалното е она што се важи дека допринесуваш во семејството?
    Дали тоа значи дека мажот доволно е само да работи, бидејќи допринесува, а неговата улога како татко и извршител на домашни обврски е небитна?!
     
    На LUCI 99, arontt, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.585
    Допаѓања:
    52.693
    Пол:
    Женски
    Епа мене тоа ми е муабетот, има и други начини за социјализација, не ја гледам работата како социјализирање.
    Работам за пари, за социјализација ми е излегувањето со пријатели, запознавање нови и сл.

    Еве моментално јас не можам да се социјализирам, пошто како што знаеш децава баба и дедо не ги чуваат, во градинка не бев упорна да ја терам да оди големава и така.
    Се гледам со луѓе, пријателки ама тоа е ретко.

    Убаво е жената да оди да работи за да заработува , да придонесе дома.

    Секако ништо не е вечно и ова е еден период, кој верувам дека ќе ми биде еден од омилените кога ќе остарам.
     
    На LUCI 99, CameliaMiller, Pa8la и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.585
    Допаѓања:
    52.693
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека темава првично била за оние бракови каде жената гледа куќа, деца и сл, а мажот само оди на работа, не помага дома, чека од жената и сл.
    Ама некако како и секогаш сме ја извртеле..
     
    На Pa8la, Anyshka и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.948
    Јас одлучив детето да не е на градинка уште салам непрогледано, а имам можност дома да ја пркнам, ЈАС - МАЈКА И'!
    100% сум за во градинка, ама не уште неосвестено детето, доколку може мајката да си го гледа.
    Цело време зборуваме за ИЗБОР. Јас избрав така, некоја ќе избере бабите да го гледаат додека таа спие, шета, небитно. Друга во јасли. Трета нема да роди, ќе го ровари светот. ИЗБОР, тој е зборот.
     
    На ALISA0000, LUCI 99, mal.ecka и 16 други им се допаѓа ова.
  6. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.219
    Допаѓања:
    46.248
    Пол:
    Женски
    Темава ќе беше он топик ако форумов постоеше во 1950тите.

    Во мое опкружување не сум сретнала ниту една жена што сака да седи дома по своја желба и избор и цел живот да биде домаќинка.

    Значи,мајкиве на породилно ги исклучувам ,зашто сите се вратиле на работа штом завршило боледувањето.
    ГИ исклучувам и лицата со медицински потешкотии.

    Исклучок што познавам жени што немаат ден стаж се постари од 65 години.

    По нивниот муабет , не ги пуштале да работат, зашто доволно работа имале дома: деца, стари гледање, стока и земјоделие.
    Значи светов е сменет за 180 степени, ги живееме благодетите на технолошка ера.

    Не ги осудувам ни едните ,ни другите. Сум била и на двете места.

    Најбитното што се протега низ цела тема е себеНЕпронаоѓање во туѓите примери. Секој е своја засебна индивидуа и она што е одлично за некого,за друг може да има негативен резултат и обратно.

    Нема право-криво, прашање е само на приоритети.
     
    На andrejko82, Ambitious, Bezimenka90 и 17 други им се допаѓа ова.
  7. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    40.120
    Пол:
    Женски
    Ко јас да сум пишувала .
    Неможеме да правиме на друг математики , не знаеме ништо за другиот .
    Секој со одлучува сам за себе . Е сега тоа што не им се свиѓа е друго .

    Мораме да омалувсжиме некој за да се подигнеме самите себе како подобри . Во случајот домаќинките. За кои не ни знаеме дали работеле , работат моментално или ќе работат во иднина .
     
    На Bezimenka90, mal.ecka, Pa8la и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    601
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.958
    Допаѓања:
    35.064
    Пол:
    Женски
    Еве јас немам деца, и се бориме за потомство по трнливиот пат, па ниту една членка не ме навреди директно со тоа "роди, па ќе видиш", сум си го прифатила тоа, ај сега и другите што имаат деца ништо да не пишуваат.

    Свесна сум и знам како е кога си сама, не си мажена, како е кога си мажена, и како е со деца, не треба никој да ми кажува дека детето има свои потреби и бара посветеност.

    Многу јасно и тие што се немажени и живеат сами имаат обврски дома, секој има, но друго е со деца.

    И за мажени што се, еве за мене ќе си кажам, а бе денес ако не ми е ок нема да готват, со мм било што ќе јадеме или тој ќе зготви нешто кога ќе дојде од работа, или ќе порачаме нешто, но со дете/деца не е баш така.

    Ама важно за предновогодишна забава "се сакаат", од утре пак ќе се караат хаха.
     
    Последна измена од модератор: 15 јануари 2024
    На Bezimenka90, mal.ecka, CameliaMiller и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.150
    Допаѓања:
    88.439
    Пол:
    Женски
    Нема ти вратам со груб тон ко ти што звучиш туку ќе ти кажам дека е нормално е да си дома кога е мало бебе.
    Ти не си предмет на муабет тука ,а по пишувањево ниту верувам дека то ќе останеш подолго од 9 месеци дома и ќе бидеш домаќинка додека не ти станат полнолетни децата,па затоа олабави малку.
    Е тоа бебе наскоро ќе порасне,а кога ќе потпорасне педагогијата како наука вели дека треба да се социјализира и да биде со врсници, дека во неговиот живот треба да бидат вклучени и други луѓе,а не цел ден да биде со мама дома.

    Второ за чистењето Ти самата тврдиш дека си во хаос,неорганизирана, па може физиката не ти помага во чистење и одржување домаќинство.
    И да,повторно.
    Сепарациската анксиозност е дел од развојот и дете нема да има последици ако биде “оставено” од мајката.
    Ќе научи дека секогаш се враќа.
    Поголем товар на една жена и прават како што реков прават мислења како тоа дека е многу штетно да се остави дете со 9 месеци во јасли,со баба или со таткото.

    За успешни жени во Мк надвор од партиските, очигледно не ги знаеш.
    Ех какви мајки лавици има.
    Штета што не ги знаеш.

    Ти си знаеш.
    Не те разбирам со ова неосвестено.
    На дете место му е во градинка.
    Од 3 год обавезно.
    ИЗБОР.
    Изборот на една мајка треба да биде усогласен со потребите на детето, а детето има потреба од колектив со врсници.
    Не можеш да му скратиш градинка зошто си посесивна и ти било избор ти да го гледаш детето.

    (Посесивноста инаку секоја мајка ја чувствува,само треба да ја надмине во корист на детето)

    Не ја гледаш,ама да, работата те тера да се социјализираш, тоа е факт.
    За градинката сум ти рекла, ти си крива.
    Замери но тоа е вистина.
     
    На mal.ecka, Lady D ❤️, Kate Rina 93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    6.005
    Пол:
    Женски
    Дали ако таткото решеше да ја напушти кариерата за да биде татко домаќин, ќе се здобиеше со истите етикети кои тука се лепат за една жена?
    Или ќе беше најгрижливиот, најпожртвуваниот татко- херој, кој се прави за децата и домот.
    Не, не е лесно да се грижиш за дом и дете и не е лесно да се грижиш за дете, дом и да одиш физички на работа. Ниедна улога на жената, без разлика кој правец ќе го избере, не е лесна.
    Затоа што мајчинството бара пожртвуваност во секое поле. Разликата е што некои имаат финансиски комфор, некои не можат да го дозволат тој луксуз, некои и менаџираат да се справуваат и на други полиња.
    На крајот, сите жени го бираат надоброто за семејството, не за себе. Затоа што кога си мајка, твоето јас оди на второ место. И единствено на кого се вреди да се правда за своите одлуки е семејството и никој друг.
    Ниту една мајка не е лоша, ниту помалку амбициозна. Само не има секакви и од секаде.
    Така што, почитувајте го туѓиот избор, затоа што некогаш пар добри зборови за тоа како вршиш добра работа, во најтемните моменти, значат планина.
     
    На Emy867, Kate Rina 93, No Makeup и 3 други им се допаѓа ова.
  12. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    А како знаеш ти дали јас имам помош од баби или немам. Дојде дома кај мене виде оцени и процени дека некој ми помага? Како си сигурна дека и двајцата имаме кој да ни помага дека немаме починат родител, дека немаме стар родител кој неможе да чува деца, дека имаме родител кој не е во пензија и иде на работа па неможе да чува деца?
    Мислам се ке изнајдете како изговор за да го издигнете своето его и суета и да ги оправдате своите избори во животот на сметка на туѓото омаловажување.

    Не, немам помош и баш ради тоа со маж у 3 години само еднаш сами сме отишле на кино и само еднаш сами сме излегле на вечера, значи ЕДНАШ во 3 години.
    И не, не сум клонирана и се снаоѓам како знам и умеам, исто како што детето кога ни е болно се мењаме со маж ми и еднаш он зима боловање па нареден пат ја зимам боловање ко ке се разболи ама затоа ние коа сме болни како знаеме и умееме идеме на работа јер да у право си никој не дава постојано да отсуствуваш од работа а особено во приватна фирма кога работиш.

    Ама затоа сме способни и двајцата ради таа работа да си приуштиме многу работи и за нас и за малата. И затоа наместо маж ми да работи од утро до вечер за да може да не обезбеди двајцата, работиме двајцата и си доаѓаме дома у некое разумно време. Па боље да работам и ја и да сме дома сите заедно у 5 или 6 попладне, наместо он да работи до 10 вечер и дете да гледа за викенд а ја да дремам дома и да филозофирам за напорниот живот на жената-домакинка.

    Сеа ок ти е објаснувањето ?
     
    На Celltica, Nausicaa, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Па и вие ги нападнавте тие што не работат не знаејќи какви здраствени проблеми имаат, можеби не сакаат да ги споделат со вас, познавав една што не знаевме дека има психички проблем со години, така да полека со осудување.
     
    На MacenceEna, Emy867 и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  14. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    За која било одлука што ќе се донесе само треба да се има стабилен партнер кој ќе ни биде поддршка. И за останување дома и за одење на работа.

    Ниедно мајчинство не треба да се доведува во прашање, секој си го гледа детето најдобро што може.

    Конкретно за дискусијава, не би заземала страна бидејќи и во двете одлуки (како впрочем и во сè) има и позитивни и негативни страни.

    Еве неколку примери од опкружување:
    1. Моја најдобра другарка забремени со второ дете за многу кратко време по првото. На работа не ја задржаа поради тоа, многу долго отсуство (приватен сектор). Остана дома, друга работа не може да бара бидејќи нема кој да и' ги чува децата. Зависи од финансиите на маж и' што се прилично солидни. Таа хонорарно изработува семинарски, преведува покуси документи, ете колку да има и свој денар. Преморена е сама дома со две деца.

    2. Жена со којашто сме во роднинска релација, не оди на работа затоа што маж и' работи (а, не зема кој знае колкава плата), бидејќи нејзините и' праќаат пари, работат земјоделство, а втора работа произведуваат кожени производи. Седи дома, во заедница со свекрва, не готви, не чисти. Самата нејзина мајка рече дека другата ќерка е самостојна и не би можела како женава од примеров да си чека на готово од друг.

    Епилог: Првиот случај е жена која од низа ситуации мора да биде домаќинка и да биде зависна од финансиите на мажот одреден период. Но од друга страна, чување две деца (мали, само година разлика) не е лесно и не е за потфрлување. Оваа втората е оној типичен пример за мрзеливост и на готово, незаинтересираност.

    3. Моја колешка за да си го задржи работното место се враќа месец дена по породување. Уште ги раскажува маките низ кои поминала, да го носат бебето за доење, да биде на работно место со температура, болка во гради од неисцицано млеко.

    4. Еве и мој личен пример за кој бев ОСУДЕНА од мајката на маж ми. Јас своето породилно го прекинав кога бебето мое имаше 5 месеци. Тогаш се продолжуваа договорите и ми се јавија: ,,Ако сакаш да се вратиш на работа, прекинувај породилно, носи пријава, инаку ќе мора да вработиме друг". Тоа и го направив, работната област не ми е за туку-така напуштање, и си реков дека е подобро неколку часа да бидеме разделени со бебо, ама да не изгубам добра плата што ќе ми овозможи финансиска стабилност и слобода за моето дете и семејството. Немав млеко, купувавме адаптирано, на два дена ново пакетче, тука исто се трошат доста пари. Јас бев наречена и немајка, каде ќе сум го оставела детето, неспособна мајка, мајка што и' лета паметот. Маж ми беше на моја страна, си ветивме дека ќе се снаоѓаме само да не го изгубам работното место. Е, сега, јас ја имав поддршката од мајка ми и татко ми кои се во пензија, па го чуваа. Некои немаат помош.

    Така што, добри мајки се и оние што напуштиле работа, добри се и оние што не напуштиле. Тие што напуштиле дефинитивно направиле голема жртва и нивниот партнер мора да биде свесен за тоа, а не како што имаше објава дека не и' дал на жената пари за јакна итн.

    Оние што сме отишле на работа, сме направиле своевидна жртва, повторно за добробит на нашите деца. Во секој случај, финансиската стабилност многу значи за жената, да можеш да си купиш сама нешто, да дозволиш нешто плус. Нека бидам мета на критики, но за да се вратам на работа ме водеше мислата: ,,Ќе бидам до детето, ќе го исполнам со љубов, но љубовта е и да можам да му ги дадам основните работи за негов развој. Нормално, и сопругот рамномерно учествува, но станбен кредит, храна, пелени, витамини за детето, потребни креми, ете во мојот случај и адаптирано млеко, едноставно со една плата, па макар и солидна, не се издржува.

    Еве сега работниот однос ми е среден, па кога би останала бремена со второ дете, би си ги искористила сите девет месеци породилно, а во тој период би му надоместила и на првото дете.
     
    Последна измена: 12 јануари 2024
    На LUCI 99, Ambitious, lale22 и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    За да излезеш не ти требаат колешки, постојат пријателки.
    Вие само со колешки излегувате?
    Леле, леле што постигнале со афтерворк, тоа ти се неиживеани што сега почнале по забави, ако се омажиле на 18 години, не се забавувале тогаш, па ај сега.
    Јас си имам со кого да излегувам, не ми требаат колешки, со нив можам само да работам, ете некогаш кафе, ама ретко.
    Ако немам со кого да излегувам и ако не работам ќе се вработам само да излегувам, плата не треба.

    Едит:блазе си им на тие газди со вакви вработени кои работат без плата, само да се социјализираат и да одат секој Петок на афтерворк.
     
    Последна измена: 12 јануари 2024
    На bittersweet, Iva2020, Lena0903 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.948
    За болдот - паднало, треснало и се онесвестило|(
    Разбираш ти многу убаво, само не ти одговара.
    Да, за градинката, од 3 год е таман и за мене.
    А до 3, јас ќе си ја гледам.
     
    На No Makeup, CameliaMiller, MacenceEna и 4 други им се допаѓа ова.
  17. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    7.202
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто се сметаш омаловажена, кога нигде не си навредена. Реков ок е и да се има помош.
    И негде низ мајчинските теми ми останало во сеќавање дека се спомна баба. Оти форум па читам и таму темите и за поголеми деца.
    Ама ти и те како им се нафрли на жените што останале дома, како они само со крпи и тенџериња се по цел ден. Ова со егото како за себе да си го напиша.

    Мојот избор нема потреба да се мислам дали е правилен или не, па за да го релативизирам и оправдувам врз некој друг. Како да ти кажам, мене доволно ми е што јас знам што функционира за мене. Исто како што ти знаеш за тебе.

    Да, имаш право маж ми жален е. Еве гревче мислам по цели денови црнчи :rofl::rofl::rofl:. Јбг некој мора, нели за ја да се легачам.

    Не дека темата е за мене, ама еве да си искористам оффтопикот максимално.
    Не да сум хаос, не да сум ненаспиена, не се да ме боли. Абе раце и грб не осеќам веќе. Вајда и јас како и сите други жени во првата година -две од дете имање. Доволно е тоа нели. Не дека мора да трчаме и да работиме по секоја цена за да исполнуваме некои норми.
     
    На CameliaMiller, Annath, Biljarkata и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.585
    Допаѓања:
    52.693
    Пол:
    Женски
    Не замерувам, јасно дека јас сум крива.
    Јас сум горда на себе што направив и таков чекор да ја однесам во градинка, е сега што не можев да бидам упорна и да ја оставам таму расплакана тоа е друго. Ваљда дека сум имала избор, да сум немала би ја оставила таму и тоа е тоа.
     
    На mal.ecka, No Makeup, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.474
    Допаѓања:
    251.051
    Водење на домаќинството го направивте квантна физика, а реалноста е дека домот се средува за 1 час.
    Денес правев генералка и ме фати 3 часа.

    Од двете страни вреѓате. Особено членките кои седат дома и решиле одреден период да гледат деца. Не знам дали свесно или не се читате што пишувате, ама добар родител е и оној кој решил да работи и да носи дете во градинка.
    И оние кои се дружат после работа.
    Несудите, ама судите.
    Ако сте во ред со вашите избори нема што да се напаѓате.

    Еве и јас сум со едно дете пред пубертет, друго толдер. Со х проблеми и ситуации. Па учам, работам кога можам, и пак на децата им е посветено внимание.
    Тоа е нормално секојдневие. Не знам што очекувате.
    Балансирање на обврските и организација треба.

    Темата стана натпревар за најдобра мајка. На крај и награда ќе има.
    Дискусија нула.
     
    На LUCI 99, eli25, H.VAGA и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.948
    Со мајка ти на лагер, така?
    Оти ти сама си кажа дека тоа што можеш да учиш и работиш е благодарение само и само на мајка ти.
    Така и јас ќе балансирам и ќе се организирам мајка ми да е тука и со едно ало да и ја предадам малата па јас да правам што ќе правам.
     
    На Coco31, Adidas888, Bezimenka90 и 15 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.