Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    6.005
    Пол:
    Женски
    Уште децата да спијат онака како што опишуваш. Гласно да трепнам ќе се разбуди.
    Зошто чувствувате потреба да дадете совет за нешто што не е ваш домен?
    Би сакала истиот совет да го прочиташ кога ќе се оствариш како мајка.
    Ќе сфатиш колку смешно звучи.
     
    На unearthlysarah, emiliana, Adidas888 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.053
    Допаѓања:
    21.428
    Пол:
    Женски
    Хаххахаа станот ќе ти го препишам ако седнам да јадам раат без да викне по мене 88 пати :rofl::rofl::rofl:
     
    На LUCI 99, emiliana, Thinkerbell. и 10 други им се допаѓа ова.
  3. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    2.047
    Пол:
    Женски
    Оф топик
    Золвата се бореше за потомство,конечно доби бебенце,веќе е 18 месеци. Полудува искрено, и тоа мајка и односно свекрва ми истата која не можеше да го чува моето,на секој втор ден е кај неа. Ја прашав што очекувала. Па да биде мирно како моето . Мирно? Од страна гледано да се е лесно додека не почувствуваш на свој грб. Никој и ништо не може да те спреми за мајчинство. Секое е различно искуство.
     
    На LUCI 99, emiliana, Adidas888 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.758
    Допаѓања:
    169.061
    Пол:
    Женски
    :D

    Да имаш мало дете, цело време фаќаш по него и пак е растурено. Треба чоекот кој го гледа да има цел тајм менаџмент само околу то 1 дете да фаќа и да е екстремно флексибилен оти дур фаќаш 1 нешто не знајш шо друго ќе преврти, поврати, дали ќе се повреди ако не ти е пред очи итн. Стави сега повеќе деца. Стави сега други обврски во домот. Стави сега 8 часа работа, плус пат 9-10 сати излезен од дома. Па ти треба 8 часа сон. До сега 18 часа најдовме чаре. Ти остануваат 6 часа за детето, домот и социјализација. И вака ќе речиш вау, 6 часа зар ви се малку? Па океј, пазарење 30 минути ќе го ставам ако имаш во близина маркет кој ќе те снабди со се. Најбрз оброк е исто така 30 минути. Ете 1 сат. Па да расфатиш в кујна. Па да расфатиш дома. Детето сака внимание, да играш со него. И пак да расфатиш по него. Сигурно сакате со партнерот да си посветите внимание. А пријателства? Па нека се на стенд бај. И се ова надминва 6 сати. А кај е одморот? Спиење не е доволен одмор. Тој е одмор за тело ама не и за престимулација и брн аут.

    Така да, апсолутно некои жени успеваат да бидат и на работа и дома со децата. И то е огромна жртва. Не мора да е така за некоја да вреди. И многу аспекти кои не се приоритет земаат задно седиште. За непречено растење деца дур двата партнери се на работа потребно е село. Впрочем порано така се гледале децата. Сега се успева со градинка, дадилки, чистачки. Ама не секој можи ни тоа да си дозволи и срцето ми е со тие семејства.

    Така да ептен tone deaf е да збораме какви биле одредени жени без фрагмент од секојдневието да им сетиме. Да. Сите имаме обврски дома. Ама други биле обврските ко сме биле со дете дома. Други ни се кога сме сите возрасни. Скроз трети миленик ко внесивме во домот, а не па дете.
     
    На Lizi, crimson, emiliana и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Обожаваш да чистиш?
    Па тука се чудеа како тоа некоја обожавала да чисти и готви.
    Како нив само жени да им чистат и готват, од големото добро утро се, принцези, па не фаќаат ни крпа ни тенџериња, па и така ќе ги учеле ќерките и се сложувате со тоа, а во други теми се буните што мајката не го научила синот на ништо. Wow
     
    На Anyshka, Feminka22 и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.148
    Допаѓања:
    88.412
    Пол:
    Женски
    Зошто би ти одговорила?
    Намалете лично да ја сфаќате темава.

    Ниту имам намера да се објаснувам на јавен форум зошто мислам дека мојот живот е исправен ниту туѓ, а уште помалку пак на туѓи жени членки.

    20 пати пишав.
    Ниту една жена, здрава права не треба да седи дома цел живот или еве многу год .и целото нејзино постоење да зависи од друг,и ништо да не работи.
    Не сметам дека на една жена и е доволно само и долгорочно секојдневно водење домаќинство и деца.
    А единствена динамика да ти биде одење до продавница и школо ,а образование,вештини,таленти останале заробени во подрум.
    Истово важи не само за жена туку и за маж.
     
    На andrejko82, Just.do.it, H.VAGA и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.585
    Допаѓања:
    52.693
    Пол:
    Женски
    Ова ти е исто ко да му кажуваш на молер како да молериса соба , а притоа никогаш немаш работено тоа.
    Ти го пишувам ова зашто се дрзнуваш да правиш математики за туѓи куќи.
     
    На emiliana, Adidas888, Калатеа и 10 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.014
    Допаѓања:
    268.442
    Буквално ти напишав дека за мене е невозможно да ја сфатам лично, затоа што:
    1. Не сум во брак/вонбрачна заедница
    2. Немам деца
    3. Вработена сум на ич не лесно работно место, со пенкало де во рака
    4. Домаќинка очигледно не сум, а ни со мама и тато не живеам
    5. Мајка ми е жена со кариера

    Како побогу ЛИЧНО ме допира?

    Не ме допира лично, само конотацијата на мислењата, сите, ти е таа - јас направив/правам така, значи тоа е исправно.

    Што е пази - точно - ама за тебе. Изборите ти ги направи за себе или некој друг?

    Освен ако не си ти таа личност чиј интелектуален капацитет и амбиции се во подрум - не знаеш. Не ја знаеш вистината зад тие одлуки, не знаеш зошто таа одбрала така.
    За неа е тоа правилен избор, за нејзиниот мозок, живот тоа е баш најправилниот избор.

    Ниту една од нас не е меродавна за било која друга да каже.

    Не постои тенденција никаде во модерен свет да се враќа патријахат, така што ако тоа беше идејата на темава, еве повели со објективни истражувања покажи ни каде тоа се жените потиснати, неисполнети и зависни, бидејќи трендовите едноставно не се такви.

    И да, сите рековме дека треба секој човек да има свој живот и интереси и активности надвор од домашни обврски и независно од деца - само работното место НЕ МОРА да е единствениот начин.

    Не ќе да е толку тешка филозофија за сфаќање, ама пошто не тргаш објективно, туку исклучиво од себе, затоа и темата е така поставена - баш ја почнуваш со нешто што не разбираш као. Па што цениш, што не цениш итн.

    Па на темава имало такви жени што освен дома ништо не знаеле, а никој да одговори кои се тие жени на темава?

    И запрашај се зошто најголемиот дел, впрочем речиси сите што се согласуваат со тебе се деца што самите немаат домаќинство за себе, а не со некој друг.

    И да, баш тоа го правиш од пост бр. 1 - зошто е твојот избор исправен, а на некои членки не баш исправен. Оти не ги задоволуваат твоите стандарди за исправност.

    А исправно, па и нема баш. Исправно е да сме задоволни со своите избори и да се наши избори. Толку.
     
    На Lizi, Coco31, tincemajmunce и 21 други им се допаѓа ова.
  9. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.585
    Допаѓања:
    52.693
    Пол:
    Женски
    @theowndemon и @CameliaMiller објаснија:clap:.
    А при тоа не се ни мајки.
    Нема потреба повеќе да се дискутира.
     
    На emiliana, Adidas888, Kasiopaja221 и 10 други им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.331
    Допаѓања:
    126.098
    Пол:
    Женски
    Ок, понекогаш 1 саат не е доволен за чистење и средување на домот.
    Но, престанете да ги користите децата како изговор.
    И невработена бездетна жена и вработена бездетна жена се соочува со тоа немање време за нешто.
    Но, и мајка и бездетна може да изменаџира кога и како може заеднички со мажот да го средат домот.
    Нема да му падне свирчето на мажот ако му даде метла/џогер/правосмукалка.
     
    На Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  11. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.585
    Допаѓања:
    52.693
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl: и мене анксиозност ме фаќа, затоа не сум седната, од 6ч. Еве сега маж ги занимава, јас им готвам и пишувам, на нозе.
    Смешки ти е постов да ти кажам.
    Ама ај, ќе ти текне на ова кога ќе дојдеш во таа улога.
    Ти го кажувам ова зашто и јас пред да дојдам во оваа улога размислував ко тебе.

    Радо би ти споделила како тече мојот ден,од сабајле, па до вечер, за да сфатиш некои работи.
     
    На H.VAGA, mal.ecka, emiliana и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Да де, рековме тоа дека кога мажот исто се прибира во 15-16h може комотно обврските да се поделат, будали да не се жените цел товар да го носат. Во моја околина само еден дибек имам што ништо не работи дома и им се смее на сите други ‘папучари’, другите сите си ги знаат обврските дома.
    Ако на маж ми работата е на терен, не си доаѓа со денови или не знам ете, ретко е дома, него ќе го чекам џогер да фати? Или ќе ги носам децата сама во градинка, ќе трчам на работа, па после градинка со нив во маркет да испазарам за ручек, да зготвам, да им обрнам внимание, бањање, перење, вечера, да ги заспијам и после да собирам играчки. Зошто да си го правам тоа ако маж ми заработува доволно?
    Јас кога ќе искочам, кога ќе се избањам, депилација, фризер нешто?
    Просветлете ме околу time management и организација, ќе ве молам.
     
    На Калатеа, Anyshka, Pa8la и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    Ај на кратко
    дете, поготово бебе си бара внимание
    Ама не е океј сѐ да застане ради детето
    Зборам и кариера, и домаќинство, и жената да се среди итн
    Сеа е факт дека коа е апла мало и плаче 24/7 без причина, дека треба да му висиш над глава. Ама тоа колку трае? Месец, два?
    Ако треба све да стаам на холд ради дете, ќе се размислам тогаш. Фала Богу дека детето ќе ми е приоритет, ама не треба некои работи да стагнираат ради тоа.
    Затоа бракот е живот во ЗАЕДНИЦА. Мора да помага и другиот, ако не он, градинка, баба-дедо
    Било кој. Ај да не чистиме и да не се бањаме ради децата
    Ја не се чудам
    Ја се чудам само како некој неќе да е кариерно исполнет
    Шо е нормално. Неаме исти афинитети
    Исто као шо можда некоја што е мајка, нема да сфати жена шо неќе деца.
    Еве и ја не сум мајка, ама не можам да сфатам некој да неќе да има дете, пошто е дефинитивно нешто најубаво што може на чоек да му се десо.
    И љубовта кон детето, нема врска со таа пр кон родители или партнер, пошо е неизмерна.
    Дете значи да сакаш некој поише и од себеси.
     
    На Just.do.it, Lady D ❤️, Pa8la и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Би требала да одговориш, само затоа што ЦЕНИШ НЕКОЈА ШТО БАЛАНСИРА РАБОТА И ДОМАЌИНСТВО,ПОВЕЌЕ ОД ДРУГА ШТО МОЖЕ АМА НЕ САКА.
    Ова се твои зборови, не мои. Чим веќе правиш поделби, отвараш теми, а кажуваш ти лично што мислиш, би требало и да одговориш. Инаку чуму ти е темава? Или да ги величиш едниве, другиве утепани од Господа.
     
    На Adidas888, Anyshka, Polyincognito и 7 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.014
    Допаѓања:
    268.442
    Ама јас потполно го разбирам тоа, другаркава ми најдобра е така, бре бебе роди и не застана од прв ден. Сама го чува малтене, секој ден чисти, значи бебево очигледно не валка наоколу, мало е, ама таква е и сама е свесна дека не е толку добро тоа. Мислам вика чистачка и по неа чисти :D Некои луѓе се такви, ги фаќа паника и нервоза, мајка ми како млада беше таква :D И' викав ние не живееме во куќа, туку во музеј. Среќа сестра ми се роди, па се променија правилата 8)

    Пишувам дур со крајчето од десно око гледам колку имам за работа и прокастринирам. А и мене ми е најубаво де средено. Ама иди кажи им на џамбазиве дека стварно не мора сите чорапи од фиока да ги извадат :D Сето тоа заради одмазда што сум спиела подолго него што они ми предвиделе :D
     
    На mal.ecka, emiliana, Kasiopaja221 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.148
    Допаѓања:
    88.412
    Пол:
    Женски
    Не збориме за тебе. Не мораш лично да се објаснуваш нашироко.
    Ти кажав , ме прашуваш лични прашања на кои одбивам да ти одговорам.
    На темата одговорив тоа што го мислам.
    И тоа мој став, а не стандард на исправност.
    Жена која не работи нема финансиска независност.
    А работата е единствен начин таа да те направи финансиски независен, не некое хоби,активност или интерс.
    Тоа е факт.
    Па ти пишувај филозофии до утре, јас отидов да шетам.
    Едит
    Баш во модерниов свет се враќа, тренд е моментално ако не си видела жени дома, мажи на работа,нови ‘50(facepalm)
     
    На andrejko82, Just.do.it, H.VAGA и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    Не давам совет
    Дискутирам
    Секако кој шо сака праи. Затоа не давам совет дур не побара некој.
    Епа очигледно има разлика од дете до дете
    На моите другарки пример децата се премирни (во однос на плачење и спиење) и можат колку толку да напраат нешто по дома
    Едната стварно првите 3 медеци беше хаос. Ама сега му го регулираше спиењето, јадењето. Плус многу е мирен многу. Пушти му цртани и се заборава. И она у меѓувреме си средува по дома.
    Ама ете и она едвај чека пак да иде на работа. Вика досадно ми е едноставно. Секој ден истото го праам на рипит
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.110
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    :D:D:D:D:D:D:D Месец два.:D:D Смајли ми треба што плаче од смеење.:D
    Ова не ти е лоша идеја, секако добро треба да се размисли пред да се има дете, зошто нема да е месец два.
    :D
    Жими се, одамна се немам вака насмеано, фала ти.
     
    На Lizi, LUCI 99, M.B. и 19 други им се допаѓа ова.
  19. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.840
    Допаѓања:
    40.115
    Пол:
    Женски
    Не е исто да чистиш кога никој не се врти дома пола и повеќе од денот . Не е исто да переш за 5 души и за двајца .
    Неможеш на мајка која нема добие место во градинка и нема тим позади себе (баби , стрини) да и речеш оди работи дома ќе затупавиш .
    Лесно е кога имате на кого да се потпрете кога мора да работите , кога детето ви е згрижено . Лесно е така и јас ќе знам .
    Кога имаш деца треба да мислиш на нив . Секое дете има свои потреби . Сака на спорт, сака да се договори со некој после школо . Треба некој да има дома кога се враќаат од школо . Колку сме што децата немаат целодневна настава , се згрижени после 6ти час . Завршува школо се враќа дома . Со 8 години тешко да тоа дете знае само да направи да јаде. Во екстремни случаи знае да се деси да мора да остане сам ама не е секој ден .
    Немам баба која сака да чува деца да морам да работам . Останува на тоа да сама се снаоѓам како ќе правам кога ќе стигне планот за месецот . Да мм се врати порано дома , да остане дома Home-Office да прави да чува деца успат .
    Да се прави шпага помеѓу семејство и работа .
    На долгорочен план не оди тоа.

    А колку мои роднини кои живеат во Македонија, кои живеат дома со свекрви се враќаат на работа за да не седат дома . Зашто не може да чува деца , две се неможе со нив. Свекрвата како знае ќе чува . Ќе напушти работа за снаата да работи . И тоа го има .
     
    На Mnik, H.VAGA, LiquidLuna и 10 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.014
    Допаѓања:
    268.442
    Токму така Косми, не збориме за мене, затоа не ја сфаќам темата лично :)

    Те прашувам работи што сама си ги споделила на форумов и претежно во темава, не те знам приватно па да ти вадам приватни работи овде.

    Не, не е работата единствен начин на финансиска независност, таман акции некаде да купам и да имам пасивен прилив, ќе бидам нели, финансиски независна. Ама пак ќе бидам пример домаќинка со пасивен приход, што дај одлучи се, иако во тоа сценарио сум домаќинка, пошто имам свои пари тогаш не сум затупавена?

    Себе се ставам во приказнава за да не вмешувам други и да не се пронајде некој, замени ме мене со Стојна ако е полесно така.
     
    На Mnik, Yowannty, do-re-mi и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.