Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.379
    Пол:
    Женски
    Поточно е вака.
    Ако се има пари, или мажот доволно заработува.
    Жена е за дома домаќинство да гледа.
    Жена е деца да гледа.
    Може да се занимава со хоби и волонтерство.
    Ама никако да работи!
    Жена не треба ниту криера да гради !

    Тоа е за мажот,бидејки
    Мажот МОРА да работи.
    За да ја издржава модернатата домаќинка од 21 век.

    Современ фемински став 2024 !
     
    На andrejko82, Just.do.it, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.008
    Допаѓања:
    268.283
    Охоооо интересно.
    Некаде сум пропуштила некој пост сигурно, помогни да најдам каде вака пишува?
     
    На Mnik и Pa8la им се допаѓа ова.
  3. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Tоа ок, и јас се согласувам дека мајката колку и да го воспитува детето може нема да и успее, ама ете тука пишаа ако мајката седи дома така ќе ги воспитала и децата.
    Жена што сака ќе прави, ако не е приморана да работи.
    Ништо не мора.
     
    На Adidas888, Anyshka и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  4. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Скоро 90 страници вртење во круг. Очигледно постојат два табора. Но тоа што не постои е почитување на мислење кое е различно од сопственото.

    Како и во други теми, пр. одлука да се нема деца, да не се стапува во брак, абортус, тетоважи и сл., постојат луѓе кои сакаат да го наметнат своето гледиште за таа одредена тема како единствено и апсолутно. Наместо да се почитува туѓото право на ИЗБОР што е најдобро за неговиот живот.

    Впрочем за тоа сме се бореле како жени - да имаме право на ИЗБОР како ќе го водиме сопствениот живот. Да се раководиме од сопствените желби, приоритети и она што нè прави среќни и нè исполнува, а не од наметнатите очекувања од околината, семејството, општеството. Она што за мене е среќен и исполнет живот, за Трајанка нема да биде. И обратно.

    Сè додека сте среќни со вашиот живот, тогаш сте го направиле вистинскиот ИЗБОР. И драго ми е за вас. Колку и да тој избор е различен од мојот.


    п.с. не знам за други професии, но во мојата за градење кариера, онака како што подразбираат помладите членки, (што подразбира многу повеќе од одење на работа во одредено работно време) нема шанси нешто да не страда.

    Отсуства, често и по месец и повеќе. Истражувачка работа - сите тие raw data треба да се систематизираат, обработат со соодветни методи, потоа да се интерпретираат, да се изврши споредба и аналогија со други сетови податоци (често стотици вакви сетови), и на крај да се извлече заклучок од истите. Понатака, тоа се учества на конференции, па ајде подготовка на презентации. И за прашања кои следат после презентацијата. Пишување стручни текстови - на еден текст можеш месеци да потрошиш, да јадеш, пиеш и спиеш со тој текст. Потоа останати проекти - каде си одговорен за спроведување, и тон документација и извештаи. А сето ова додека ти течат и редовните работни обврски - кои треба паралелно да ги сработиш. Работното време завршило, ти си носиш работа по дома. Едно завршило, и оп те викнале да си рецезент на некое стручно списание.

    Она што сдк е дека ако сакам да останам релевантна во своето поле, семејниот живот ќе трпи. Мојот ИЗБОР е семејството. Утре задутре некој ќе ја надополни/измени мојата теза/објаснување. Ќе излезе џабе трудот, иако во науката не е така и секоја теза е основа за надградување и подобрување. Може и самата ќе бидам таа. Значи можам да се вратам кога сакам.

    Ама децата утре задутре ќе ми бидат тинејџери со кои додека растеле не сум остварила близина. Деца на кои сум ги пропуштила повеќето milestones. Е за тоа нема враќање.
     
    На Thinkerbell., LiquidLuna, emiliana и 12 други им се допаѓа ова.
  5. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    6.004
    Пол:
    Женски
    Од што и зошто немаш време? И како твоето немање на време е исто како немањето време кога си со деца.
    Следен пат замисли го немањето на време кое ти го немаш, плус имање на деца и како тоа би изгледало.
    Така е секој ден во домот на една домаќинка.
     
    На Mnik, No Makeup, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.169
    Допаѓања:
    7.149
    Не, ставот е секоја жена да одбере САМА се што сака да прави.

    Вие сте истите што ќе ги кењате снаите дека ништо не работеле и биле мрзи, дека не меселе баница секој ден и дека трошеле струја на скапа тарифа.
     
    На Mnik, LiquidLuna, Yowannty и 10 други им се допаѓа ова.
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Испаѓа оние кои немаат / не сакаат помош од старите не можат да исчистат и средат дома, да направат ручек и да одат на работа. Кај живеете не ми е јасно.
     
    На BlackNight, Just.do.it и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.008
    Допаѓања:
    268.283
    Најјако е што во темава жени без ден стаж се единствено, можеби, младите што уште студираат, ниту една друга :D
     
    На Mnik, LiquidLuna, Yowannty и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.676
    Допаѓања:
    79.742
    Пол:
    Женски
    Многу работи се изначитав и имам неколку прашања ама ќе прашам само едно нешто:
    Зошто велите дека се мрзи жените што не одат на работа, кога работа има и дома? Како се мрзи кога готват, мијат садови, пружуваат алишта, пеглаат, бришат прашина и куп други работи, плус ако имаат дете, поготово мало дете, истово го прават по неколку пати на ден? Каде е тука мрзата?
     
    На Coco31, Mnik, LiquidLuna и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Тоа не било работа, мора да излезеш од дома да се социјализираш.
    Едит:и машините го прават тоа, не фаќаш ништо со раце, само се уште не кажаа каде има такви машини да си купам.
     
    На Mnik, No Makeup, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  11. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.788
    Пол:
    Женски
    Не мораш.Си имаш телефонче и си учиш како треба од совршени мајки и семејства.
     
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.466
    Допаѓања:
    20.993
    Абе има некои не мислат да градат којзнае си каква кариера, не мислам ни јас. Неќам многу пари ако нема на што да ги трошам
    Ама би работела оти јбг, дете со љубов само не се гледа и јадење у школо со љубов нема да купи. А она - нека ти даде татко ти кај мене имаше влијание да создадам погрешна слика што значи семејство. Одиме на екскурзија, татко ми дал за пат, мајка ми за џепарлак требало. Е ама од неа нема оти немала. Оти не требало она да дава оти не работи. Идат сите да купат нешто за јадење, јас стојам ко муле настрана. И после Манчи не се дружела. Е нема да се дружи. И често ја мразев ради ова. Ја гледав ко неспособна, ко да не ѝ е гајле за мои потреби.
    И да треба да издржувам родител оти нема финансии/пензија, ќе гледам отстрана ама нема да помогнам. Нека сум себична и не знам каква, мене никој не ме прашал.
    Ако така се договориле на времето, со мене не се договориле никогаш. За што вложила во мене? За да враќам на неа?

    Ко шо рековте живот не е права линија. Е баш оти не е.
     
    Последна измена: 13 јануари 2024
    На Just.do.it, nena2010 и Miss666 им се допаѓа ова.
  13. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.585
    Допаѓања:
    52.693
    Пол:
    Женски
    Парите од маж ми стојат на шанкот во кујна, нема нека ти даде татко ти.
    За што ми треба пари земам, за што му треба зема, единственп правило е да кажуваме колку сме зеле. Ова е сега кога живееме од неговите пари.
    Кога работев јас исто. Му требаат пари зема од кај мене слободно, пак си кажуваме колку сме зеле.
    Едноставно есап некој за да се води.
    Во брак нема мое твое.

    Немојте сега да ме изнервирате да почнам да му наплаќам на маж за тоа што ќе му готвам денес и за алишта што ќе пеглам :rofl::rofl:
    Па да видите дали ние дома што сме,не заработуваже пари:D
     
    На Mnik, LiquidLuna, emiliana и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.955
    Допаѓања:
    35.054
    Пол:
    Женски
    Кај нас и платата на мм е кај мене, нормално не може да е без денар, ќе му треба за нешто, или од работа успат да испазари ако јас сум заборавила нешто да купам.

    Мојата плата е само моја, на мм заедничка (се шегувам), се ни е заедничко бидејќи сме во брак, ама кај мене е есапот хаха.

    Си имам посебно за трошење, посебно за арно, за лошо не дај Боже.

    А не, познавам некои платата мажот во џеб и жената платата во џеб, секој си троши свои пари, ни евиденција колку се троши ни ништо, и каков брак е тоа?
     
    На ArabellaStarfall и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.085
    Допаѓања:
    180.496
    Треба мислење, апсолутно. Ама никогаш нема да се спремиш со мислење, и не, нема да се издржи на почеток со тоа темпо. Ќе крахираш. Ќе не знаеш што да му праиш, пошто не функционира според упатство за употреба (кое и онака нема да го добиеш), сите ќе те нервираат, ќе бидеш заникаде. Нема кој да го чува, твое е, нема кај да го вратиш а не е ни за фрлање како куче, ко што рече.
    Али може да се спремиш. Прирачникот е постар од 10 години и сеуште е валиден http://www.femina.mk/новости/занимливости/хумористични-тестови-дали-сте-подготвени-да-имате-дете
    Оф-топик скроз, ќе се вратам он топик ко ќе завршам со домаќинството...ваљда вечер после полноќ:*:

    Пс. Мислам дека темава е заглавена на тест7- не да повторуваме све по 5 пати, ваљда и 55 пати повторуваме и пак ќе се јави некој- Ама зошто? Е како па да не. Итн...:bug:
     
    На emiliana, winnie02, No Makeup и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.676
    Допаѓања:
    79.742
    Пол:
    Женски
    Тоа е веќе друго.
    Се само им наоѓаат маани, прво мрзи биле, па несоцијализирани, затупени, нереализирани, несреќни. Мене не ми се верува дека жена за жена ги пишува овие работи. Ова не е само критика, ова е омаловажување и понижување. Жени кон жени, пак ќе нагласам. Не требало жена да биде домаќинка, демек загрижени за неа. Можат да поддржат нечиј личен избор кога не сака брак, кога не сака деца, кога планира да абортира, ама кога сака да биде домаќинка, нема поддршка, за неа се' најлошо.
     
    На Mnik, Biljarkata, ArabellaStarfall и 8 други им се допаѓа ова.
  17. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Ја читам темава одвреме-навреме и познавајќи ја Cosmi можам само да кажам дека темата и е отворена и намерата за истата е неможноста да се разбере жената која останала да седи дома самоволно и не сака да оди на работа, а има можност да работи оти е здрава права. Притоа кука дека нема пари за облека, за одмор, дека децата не ја почитуваат оти не работи и сл. а таа тоа си го одбрала ради тоа што едноставно ја мрзи да работи и поубаво и е дома да гледа турски серии и оговара со истоимени комшивки т.е чека денот да помине.:nod:
     
    На BlackNight, Gosh, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Иронично ми беше мислењето.
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.676
    Допаѓања:
    79.742
    Пол:
    Женски
    Те сфатив
     
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.466
    Допаѓања:
    20.993
    Како бе никоја не се навреди оти другиве викаат вие не сте жени.
    Битно они 8ми март ќе прослават у кафана јер...мажени биле.
     
    На BlackNight, Just.do.it и Gosh им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.