Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Нема да прослават 8- ми Март јер домаќинките дома седат, не се социјализираат, затупавени се, немаат колешки за да слават, јер само со колешки треба да се дружат.
    Битно тие со кариери ќе прослават во кафана, а од утре пак ќе се оговараат.
     
    На Mnik, No Makeup и MacenceEna им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.676
    Допаѓања:
    79.730
    Пол:
    Женски
    Зошто да се навреди? Тебе зошто толку те боли тоа?
     
    На ArabellaStarfall и Anyshka им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.001
    Допаѓања:
    268.158
    Жени сте.
    Домаќинки не сте. Ни кариера уште немате. И мајки не сте.

    А за жени, жени сте.

    И 8ми март колку што е за било која возрасна жена, толку е и за женското новороденче родено баш тогаш.
     
    На Mnik, No Makeup, Yowannty и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.463
    Допаѓања:
    20.971
    Ни крпа не сме фатиле ни ручек не знаеме да зготвиме.
     
    На Lady D ❤️, Gosh и Just.do.it им се допаѓа ова.
  5. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    Според мене, темата ќе беше многу поинтересна со емпанципиран тек на дискусија доколку ја отвореше @theowndemon во одделот на тиктокификација.

    Пример за американскиот тренд каде многу вработени жени се зезаат на своја сметка бидејќи се burned out. Бидејќи мажите бараат 150, а пружаат 0. Од таму е шегата да се биде rich housewife.

    Оваа тема е очигледно отворена од досада, лични незадоволства и издигнување на егото.

    И не, нема мажите да ги омаловажуваат или потценуваат жените само ако не одат на работа.

    Напротив, секогаш ќе продолжат да ги омаловажуваат благодарение на жени кои велат мајчинството е изговор, раѓањето е купување смоки, "па и ја сум родила, па што, не е тоа ништо".

    Ми се иде да прашам, did they picked you already, did they? (heidy)

    Дио мио (facepalm)

    И нема општеството да пропадне од домаќинките баш. Туку од необразован кадар, луѓе кои се гураат да бидат на позиции каде не ги бива, партиски и онаму каде зависи човечки живот. Од непрофесионалност, неморал и неплатеност.

    П.с Може во иднина ќе бидам happy, rich housewife, и тоа без деца, на Сен Тропе. Може во МВР уште сега да пријавите :D
    [​IMG]
     
    На La-loca, Mrs. right, Thinkerbell. и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.676
    Допаѓања:
    79.730
    Пол:
    Женски
    Не дека не знаете. За да бидеш жена, треба да имаш повеќе искуство од што имаш и да покажеш зрелост. Како да те наречат жена, а не девојче, кога во многу теми досега пишуваш работи кои само девојче може да ги пише? Како да те сфатат сериозно и како жена кога пишуваш дека во брак ќе делиш 50-50? Дури и до капка шампон. И кога во друга тема пишуваше дека не се оди на свадба заедно со партнерот, ако не се познавате со некои роднини. И многу други теми во кои имаш покажано одбивност кон зедништво, кон делење, кон топол семеен дом, кон мајчинство. Јас не се вреѓам ако некој ме нарече девојче, може само некој несигурен да се навреди. Само ти и неколку други се вреѓате, вие баш што вашиве мислења за овие теми се најмалку логични. Немаме деца сите што пишуваме ама имаме разбирање барем. @theowndemon одлично и многу реално мислење напиша поназад.
     
    На Emy867, No Makeup, forumce и 10 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    66.999
    Пол:
    Женски
    Има тема Финансии во бракот, оваа не е таа. Неколку пати ве бришам со истите мислења за истава членка.
    Префрлете со во содветната ако сакате за тоа да дискутирате.
     
    На Pa8la му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.224
    Допаѓања:
    40.004
    Пол:
    Машки
    Не знам дали воопшто е добредојдено машко мислење на темава, но сепак ќе го напишам.

    Во животот е најдобро да се прави баланс, и секое одење во крајност знае да се одрази негативно на долг рок.

    Имање на семејство значи и жртвување за тоа семејство, и обично еден од партнерите мора да ја жртвува својата кариера, т.е. да не постигне некој огромен успех, за да може да се посвети на децата повеќе. Ако двата партнера трчаат по кариера и пари, нема да функционира.

    Така да, секогаш едниот ќе преовладува во финансискиот аспект, а другиот ќе се грижи за децата.

    За жал, такво време дојде што најголемиот дел од популацијата и нема избор дали ќе работи или седи дома. Мора двата партнера да работат за да може да се преживее.

    А, дали ќе работиш или не, домашните обврски повторно ќе мора ти да ги вршиш, нема да дојдат комшиите да ти ги завршат.

    Па, дури и во случаи каде што имаш помош од мајка, татко, брат/сестра, или плаќаш некој да ти чисти, пак ќе мора да фатиш нешто дома, да се испериш, да поминиш правосмукалка, ручек да направиш.
    Ова се базични работи и дали си во брак или сам, со деца или не, ќе го правиш цел живот. Јбг.
    Со деца, ќе го правиш почесто, ама не и дека секогаш мора да ти биде се цакум пакум дома.

    Кога се деца во прашање... Кој што сака нека каже, ама во првите 2 до 3 години нема шанси двата родители да одат на работа фул тајм, па и со градинка, и со баби да го чуваат.
    Едноставно имунитетот на детето е толку порозен што секој втор ден ќе ти го враќаат од градинка.
    А, и на детето му треба мајка во тие години. Ќе речам и татко, ама мајката е побитна.
    Ова само некој што искусил може да го знае, тие што не искусиле, може се да пишат, но на крај изборот на почеток е тој. Огромна жртва од двете страни, а најчесто од мајката.

    Е сега, лошо е ако некој се ограничи цел живот да го помине без работа. Чисто, за сопствена сатисфакција и задоволство, за исполнетост, и на некој начин социјализација.

    Позитивното во тоа ако се нема притисок за работа од финансиска гледна точка е дека некој може да се оствари во таа насока која посакувал, да заработува од свое хоби, и да си ги исполни соништата.

    Јас, лично, се стремам кон тој некој баланс да имам помеѓу работата и семејството. Работа од дома, флексибилно работно време, можност за повеќе часови да се помини со сопруга и деца. Тоа е нешто што ме исполнува.

    Може некој друг го исполнува тој корпоративен свет и сака да напредува во него. И, тоа е океј. Само што никој не те цени на работа. Денес те има, утре те нема. Пролазно е.

    Од друга страна, и децата еден ден ќе се иселат од твојот дом, ќе основаат свое семејство. И дали ќе бидеш исполнет ако својот живот го посветиш само и само на децата?

    На крај, овие дилеми секој сам треба да си реши.
     
    На Lena0903, Coco31, Tanjamm и 25 други им се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.646
    Допаѓања:
    39.354
    Пол:
    Женски
    Па не се баш овие работи до зрелост туку до сопствени размислувања, колку и да се чудни и асоцијални(што се согласувам дека се). Само возраста и искуството не прават секого зрел.
     
    Последна измена: 13 јануари 2024
    На Bezimenka90, LiquidLuna, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  10. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Како е шега кога и на темава се дојде до тој заклучок?
    А во реалноста познавам неколку образовани жени чии мажи заработуваат одлично и кои поради тоа многу лесно се одрекнаа од своите професии. ( додуша многу послабо платени , но од љубов учени )
    Сега се толку многу оптеретени со своите деца, а некои од нив веќе и во школо одат.
    Постојано се продолжува тоа нивно "враќање на работа", бидејќи се "сеуште потребни на децата ".
    А не сфаќаат дека цел живот ќе им бидат потребни, природно е тоа.



    Не прочитав дека некој го изјави тоа.
    Но и не прочитав дека некој изјави колкава енергија се добива од тие исти деца додека се мали и буквално зависни....само се зборува колку енергија одземаат... а вистината е дека десет пати повеќе даваат и кога имаш бебе и мало човече кое те гледа во очи како во икона, ее тогаш можеш многу, многу...

    Не ги плашите младиве девојчиња, доволно им е што животот се покомплициран станува.
    Мајчинството е природен процес и се учи спонтано, многу пати интуитивно осознаваш.
    Какви ќе бидат децата најмногу од мајката и нејзиниот став зависи.
    Банално е да се ставаат во исти кош со чистење, средување, готвење....децата пружаат многу сила за која не си ни знаел дека ја поседуваш.

    И да, идеално е две три години да си постојано со нив....се преку тоа е непотребно, можеби и штетно ако ти се единствениот фокус... никогаш мајката ни не била врзана за децата толку многу како денес со сите тие контроли откако навидум самостојни ќе станат...постојано стравови, немој да мислите дека некогаш ќе исчезнат....поради тоа, најдобро на работа, на труд и на сите помирна глава :D
    Немој да бидете мајки кои ќе му дишат во врат на сопственото дете од разноразни насобрани туѓи стравови....

    За обичните смртници од искуство став пишувам...нормално, кој како сака, тоа се подразбира....
     
    На BlackNight, Just.do.it, Lady D ❤️ и 3 други им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.464
    Допаѓања:
    250.973
    Ќе вадеме лични работи а?
    Еве дел ќе споделам. Не, јас учам и работам оти бебка почна сега во градинка. Градинката ја гледа. Кога е болна седам јас дома. На факултет одам кога ептен морам, лани мајка ми ја гледаше оти беше бебе.
    Мајка ми се вработи и плус има 7 внуци. Болна ја гледа кога ќе морам кај нас да работам и викенди оти некој не отишол на работа, па покривам смена.
    Работам помалку, помош имам да, ама не постојана. Да не беше мајка ми, татко им ќе ги гледаше. Сега јас седам повеќе дома оти ради некои ситуации морам да бидам повеќе со едното дете.
    Уште да се објаснувам или доволно е?
    Инаку синко сама го пораснав без никаква помош.
    Сега иако имам, немам постојано, кажав зошто.
    Што те навредив? Толку треба за средување. И јас готвам и тоа дупли оброка оти имам посебен режим. И јас чистам, ете малава постојано растура. Хаос ми е понекогаш дома, ама јбг тоа се играчки.
    Реков дека и едните и другите го прават истото, избор е да, ама не значи дека не се постигнува. И не преовеличувајте оти овде сите истото го работеме.
    Не ми е и нема да ми биде, ама не им стојам над глава со крпата во рацете.
    Готвам, ама и нарачувам.
    Дома сум секој ден после 15 ч, а некогаш и по цел ден.
    Уште прашања имате, лично ќе одговараме?

    Патем во моментот сум баш домаќинка која расте деца, а маж и работи повеќе.
     
    На BlackNight, Lady D ❤️, Just.do.it и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.893
    Допаѓања:
    177.105
    Пол:
    Женски
    Ова е точниот опис. И поради тоа треба да се затвори.
    Oh, funny story.
    IMG_9844.jpeg

    Another funny story :wasntme:
    Мрза никој нема да стане, ако му требаат пари на човек ќе работи. :)
    IMG_9904.jpeg

    Може да се распуштиме сеа.
     
    На Emy867, Mnik, Thinkerbell. и 19 други им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.378
    Пол:
    Женски
    Сепарациона анксиозност баш тогаш се јавува и нормално да се јави околу 8 месец,какви 3 год.(facepalm)
    Па достигнува пик пколу 16 месец па се намалува.
    И да има мајки кои и на 2 месеци оставиле бебе со татко и пак се подобри мајки од тие што седеле залепени до нив до 14 год.
    Поголема патологија е посесивна мајка.

    Немој за таквите да го продолжиме муабетот,па ќе ме пратат во пеколот:rofl:
    @Yowannty
    Не не може!
    Се утеши сеа?
    Подобро се чувствуваш ?
    И што сфсти од напишаното?
    Дека немам јас личен проблем со избор
    некој да си гледа дете дома до 3 год.
    Па и цел живот.
    Туку што е причината што една жена ќе ја натера да го помине цел свој живот да го помине дома,зависна од друг.
    Ставови можат и да се сменат,доволен е еден пример/момент да видиш дека погрешно си мислел.

    За вториот цитат.
    Ќерка ми работи,има 21,студира и работи.
    Не ја научив дека треба дечкото да ја финансира јбг.

    Туку ти што се бунеше за зборот отупавеност тука,а на друга тврдиш дека домаќинлук отупавува.

    Па и филозофираше дека се можело и стручна литература да читаш.
     
    Последна измена: 13 јануари 2024
    На Just.do.it и Miss666 им се допаѓа ова.
  14. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.947
    Допаѓања:
    35.030
    Пол:
    Женски
    Која и да е причината сигурно нема да ни ја каже на нас, таа си знае зошто не работи, ако така се договориле со маж и, кои сме ние да и кажуваме дали треба да работи или не?
    Веќе темава нема смисла, освен расправии и навредување нема ништо.
     
    На Pa8la, Mnik, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.893
    Допаѓања:
    177.105
    Пол:
    Женски
    Да де околностите се смениле па и ставовите, па сеа имаме право да ги вреѓаме другите што се таму каде што еднаш ние сме биле.

    Дома со бебиња се отупавува милион пати сум кажала. Пошо немаш време за друго. Се искакало, бљуцнало, паднало, станало, цела ноќ на цицка, цел ден гроги за ништо друго способен. Како растат и стануваат понезависни почнуваш да имаш време за се. А тек ако имаш пари доволно за да си ги следиш соништата. Ете потполно истото што си го копирала. :) Со таа разлика што јас за себе зборам. Иначе да, читав стручна литература со мали деца. Поврзана со раст и развој на децата, ама сепак. :) Одамна не дојам на сат и работам и пак мислам дека секоја што ќе одлучи да е дома е само нејзин избор.


    Ако сакате општествено да сте одговорни, пред да јадете мушмули за другите, почнете од себе, прво со тоа што нема да јадете мушмули за другите, а особено не за другите жени. Потоа, да си го собирате ѓубрето после вас, за тоа се корпите за отпадоци, да селектирате отпад, да не користите пластични кеси, да не горите огнови, а најмногу од се да сте љубезни едни кон други.
     
    Последна измена: 13 јануари 2024
    На Lizi, Coco31, Emy867 и 16 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.065
    Допаѓања:
    180.444
    Сите нешто селективно читате, па нешто не сте прочитале, па нешто многу оф топик...не ти нешто особено...

    Инаку, ова цитираново, апсолутно да. Ако не сум го кажала јас на оваа тема, сигурно го имам кажано негде другаде. И баш ради тоа што пружаат толку сила и енергија, ради тоа што отвораат толку нови хоризонти и перспективи, како што растат тие растеш и ти...и не знам дали некогаш престанува, уште не сум стигнала до таа точка. И баш ради таа енергија, од едно гушкање на крајот на денот, забораваш колку енергија си потрошила во текот на денот, и утре продолжуваш одново. Пред некој ден- Мамо, како се збори јапонски? Па гледавме јапонски конверзации- Биља десу8).
    И ако треба да бирам меѓу ова од погоре и ,,оди на работа, било каква, да кинеш живци за безпари, за да се излезело од дома нашминкана или за спас на општеството или што-и-да-е,, , само да ми цицаат енергија без никаков поврат освен фрустрации, не би го избрала тоа. Среќа, не треба да правам таков избор, ама можам да разберам зошто некој би го направил изборот.
    На работа на труд- е добар аргумент, ама можам и бавчата да си ја работам, ако го имам луксузот наречен избор. Деца како единствен фокус -не, ама главен фокус- би рекла, да, сеуште.:)
     
    Последна измена: 13 јануари 2024
    На bittersweet, CameliaMiller, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    @sonuvana До каков заклучок се дојде? Дека ако имаме милиони, со маж или без маж, наместо да работиме неисполнувачка работа, ќе го правиме тоа што го сакаме? Што е спорното тука? :D

    Бидејќи денес луксуз и лотарија е човек да го работи тоа што го сака, да е среќен на работното место и да е одлично платен.

    Тикток трендот е шега, бидејќи тие жени на комичен начин се справуваат со измореноста од работата и од се. Но, и понатаму продолжуваат да работат, општеството не пропаднало ^_^

    И напротив, секој тука на начинот на кој му одговара, се жртвува за детето бидејќи го сака. Да не е безусловна љубов, нема тоа да го прават. Па ако се некој успат пожали дека е тешко, мислам не е кривично дело.

    Секој си го знае своето и сето ова премногу индивидуално.

    Енивејс, јас сум тим @Yowannty Да се распуштиме, бидејќи "make it make sense" has left the chat одамна :D
     
    Последна измена: 13 јануари 2024
    На bittersweet, Anyshka, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  18. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    И засекогаш ќе биде главен.
    Но, ти нему до 10 можеби....и така и треба.

    Инаку за тие што вили и бавчи имаат, ок е....секогаш постоела висока класа.
    Јас на смртниците им раскажувам, кои слики гледаат и туѓи стравови читаат.
    Кажи им дека е спонтано и весело воглавном...

    И да не ги плашиме момциве дека мораат банка да ограбат,па да се женат...сепак е најбитно душите да им се спојат :) и така ете...

    @Polyincognito јас не сум во ниту еден тим, пишувам од искуство....додуша и работам тоа што го сакам...милиони не ме интересираат.. ниту може да се фасцинирам лесно...

    Темава требаше да има друг правец, но сосема неочекувано за мене исплива суштината...
     
    Последна измена: 13 јануари 2024
    На Peanut Butter и Cosmi им се допаѓа ова.
  19. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    @sonuvana Во мојата околина повеќето жени се способни за се, и за дома и за на работа. Ни м од мрзи.

    А мажите, многу поретко. И никој не рече момците банка да ограбат.

    Но, и не мора да глумат изненадени зошто се помалку жени се спремни да толерираат неспособност. Тоа ми е муабетот на односот 150:0.
     
    На Annath, Anyshka, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.676
    Допаѓања:
    79.730
    Пол:
    Женски
    Ова чисто само еден пример за членкава што и смета кога некој така и се обраќа, за подетална психологија во друга тема.
     
    На Anyshka и Pa8la им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.