Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.397
    Пол:
    Женски
    Абе и да дава, колку ќе дава. Кај нас па поготово. У Англија пример даваат ко шо иам чуено помош од 1700-1800€ ако си млад и невработен. И до кога така
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.444
    Допаѓања:
    27.665
    Пол:
    Женски
    Не ми беше тоа муабетот. Муабетот е оти нема кај нас рамноправност. Оти и да оди и да не оди жената на работа, пак е наебана и тоа се од машката неспособност. Освен ако не им е таков договорот и на двајцата, мажот да работи а жената ако сака нека работи, ако сака не. Работата е да има избор жената и да биде среќна со изборот.
     
    На Anyshka и Pa8la им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.725
    Допаѓања:
    14.175
    Леле, ја обожавам @Feminka22 со таа директност. Да, жените на претседателите работат. Море и на премиерите и министрите. Па и жените на пратениците работат, и на директорите на јавните установи. Со седење дома се затупавува многу. Трендовите се менуваат од месец на месец, а не па 10 години да седиш без работа. Отиде возот, не можеш да се вратиш назад во колосек. И добро, детето е 6-7 часа во школо? Што ќе прави домаќинката дома толку време? Месење леб, чекање да стаса, печење, готвење чорба на шпорет или сарма, некое јадење кое е поспоро бидува за 2.5 часа. Во меѓувреме и чистиш дури леб се пече, додека јадење крчка, па и машина може да пере. Ова за спори јадења, кои бараат време, ако е за купен леб, и пржење колбаси, јајца, се е многу побрзо.

    Велите ќе се преквалификуваш? Еве и да фатиш бесплатна обука преку АВРМ за преквалификации, па со 3 месеци ли ќе бидеш со еден курс, стручен во некоја област и пари ќе млатиш. Како не, тој курс е само основа, многу често завршува со тоа што повеќето си ги чуваат сертификатите дома, без да заработат ни денар. Заврши курс, па ако некој некаде те прими, после 4-5 години ќе се смета дека си испечен кадар во таа струка. Врие и од луѓе кои поминале некакви обуки, па никому ништо.
     
    Последна измена: 3 јануари 2024
    На BlackNight, riba79, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.456
    Допаѓања:
    25.153
    Ја па баш мислам дека повеќето жени не би се оставиле без работа, воглавно поради финансиска сигурност во случај на развод, смрт на мажот или повреда, и потреба од стаж. Дефинитивно не зошто би очекувал некој дека ќе ти аплаудира зошто работиш.
     
    На Anyshka, theowndemon и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.597
    Допаѓања:
    63.142
    Пол:
    Женски
    A да, да се разбереме нешто. Многу е лошо да се ослови една жена со токсик, освен нели чесни исклучоци како поединци кои им наштетуваат на своите најмили.

    Мајка секогаш го прави она што мисли дека е најдобро за својата фамилија. Како за сопругот, така и за децата. Без разлика дали ќе одлучи да остане дома или ќе работи, жртвува или едно или друго. Никогаш не го прави нештото од инает или пак од некоја малициозна побуда. Секогаш, ама секогаш е затоа што смета дека така е најправилно.

    И е. Секој си знае во каков облик е најдобар родител и партнер за своето семејство.
     
    На Anyshka, Annath, tanjaaa и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    6.129
    Пол:
    Женски
    Не пиша буквално ама на тоа водиш, зошто ако мајката ринта и се враќа во 5-6 дома, јаде, одмори суреди, 8-9 ќе фати и после останува време за само добра ноќ да им каже на децата и да ги тури во кревет. Ама ако мислиш дека мајка е доволна и потребна само за на викенд, не е.

    Инаку го раскажав детството мое зошто за жал е честа појава, не дека сакам да раскажувам. Само сакав да објаснам колку е важна улогата на мајката и какви последици може да остави нејзиното отсуство. Пре нормално е деца да се чуваат меѓу себе сами дома под клуч, или бабата што и најдобра на свет да е, сепак е баба и нема да го воспита со твои вредности.
    Како и да е, твој избор, кој како си сака нека си прави со децата.

    Ама ете ти, некои мајки се преокупирани со дечиштата нивни па еве ако сакаш да кажеме и "параноични" па сакаат да се дома со нив и да се единствено под нивни надзор. "Мизерни и нереализирани".
     
    На Anyshka и Pa8la им се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.910
    Допаѓања:
    23.782
    Па тогаш таткото ќе биде ова.
    Или тогаш е во ред?

    Значи кога мајката иде на работа, греота децата едвај ја гледаат. А тука со жени домаќинки забораваме дека таткото неизбежно го ставаме на тоа место ама тогаш небитно е.
     
    Последна измена: 3 јануари 2024
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.263
    Допаѓања:
    67.829
    Пол:
    Женски
    Па, каде е трендот за жениве домаќинки?
    @Feminka22 еве ти си помлада, ратоборна, ќе работиш, дали околу тебе све се некои што не работат и немаат намера да работат, туку гледаат да се омажат и да бидат домаќинки?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.432
    Допаѓања:
    90.778
    Пол:
    Женски
    Неверојатни одговори се добија на темава од социолошка гледна точка.
    Образовани жени кои не сакаат да работат и затоа сметаат дека ниедна жена не би работела ако не мора.
    Млади со малку животно искуство кои изненадија со одговорите и не би биле домаќинки и би биле финасиски независни.
    жени кои својата нереализираност или неможност ја проектираат тука во релативизирање во изборот на својата улога на домаќинка.

    @RainBow не ја убивај дискусијава со тоа каде е трендот,таман живна апатијава тука,ако немате широк круг на луѓе нормално и нема да знаеш дека постои.
    Еве и на темава ти се пријавија, како каде.


    И тоа се случува.
    би рекла не се размислува.
    Исто како не се размислува дека партнерскиот брачен договор еден ден може да се распадне, децата кои си ги чувал до матура да си го гледаат својот живот, а ти да собираш трошки на својот нереализиран живот без сопствени финасии.
    бидејки гаранција нема за ништо.
    Не верувам ни дека постои маж кој би преферирал и би подржал жена му да биде само домаќинка?
    Не,не можеш цел живот да не работиш ништо.
    Да дома има работа но таа работа ја работат и тие што работат.
    Жената треба да ги искористите можностите да работи надвор од домаќинските,за тоа е битен модел мајката.
    Ако не ги искористи,тркалото ја враќа назад,во други векови,ја обезвреднува,а може да биде се она што може и има капацитети да биде.
     
    На Just.do.it и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.263
    Допаѓања:
    67.829
    Пол:
    Женски
    Па не е само да се форсира нешто дека има, а колку луѓе рекоа тука дека го нема.
    Колкав широк круг на луѓе, ти си зема за право за цело Скопје да зборуваш.
    А за Македонија зборуваме, каде луѓето со две плати се крепат, не па еден да работи. Смешки.
     
    На Anyshka, Pa8la и јolene им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.352
    Допаѓања:
    190.251
    Тоа не води кон прашањето која работа е работа. Ако ме прашува некој мене, удирање топка не е работа, ама па ене, Ѓоковиќ и Роналдо ме демантираат дебело. :DЗначи дефиницијата на работа е доволно широка за сите да се најдат. Е уште да беше така платено за сите да се најдат, ама тоа е друга тема.

    Има врска во науката психологија, ако постои таква наука. Себереализација обично подразбира валидација од други, да видиш дека има ефект од тоа во кое си го вложил времето. Другите луѓе се дискутабилни, може да ти е детето, може комшиките, ама ако никој не ми ги јаде колачите, или нема да ги правам или ќе ми пропадне слаткарницата.

    И ова не е вистина. И важи и за мажи и за жени. Можеби, во некој паралелен универзум, кога потребите би ни биле подмирени без работа, би виделе за колку луѓе ова важи, ама и во овој свет ваков каков што е, има луѓе кои работат оти им се работи, и фала богу за тоа. Пример двајца одлични доктори работат и во пензија, и знам дека ќе работат дури можат. И не, не е за пари.
     
    На JuLleE и Cosmi им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.056
    Допаѓања:
    131.043
    Пол:
    Женски
    Trad Wife на Тикток и Јутуб е доста популарно.
    Од САД ќе се налее и тука.
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.303
    Допаѓања:
    119.165
    Пол:
    Женски
    Ти ако си салам јас ќе си сечам едно уво:rofl::rofl::rofl:
     
    На Just.do.it, nextredstyle, Adidas888 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.432
    Допаѓања:
    90.778
    Пол:
    Женски
    Значи експерт си со небулози да убиеш расправа,затоа форумов е тапа.
    На разврзана расправа ти прашуваш уште дали ова постои,боже сачувај.(facepalm)
    Кој рече цело Скопје.На исток може нема ама во Скопје има.
    Колку рекоа тука дека би биле домаќинки или се, добро ја читаш темава ти?
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.056
    Допаѓања:
    131.043
    Пол:
    Женски
    Ми имаат кажано ваков пример.
    Жената терала со тоа дека после мажот и децата ќе ја гледаат. Ама, мажот починал, а децата отишле во странство. И она само се жалела колку е разочарана од децата.
     
    На Miss666, Tanjamm, Cosmi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.946
    Допаѓања:
    8.568
    No wonder што 90% од мажите во државата си го ладат.

    Значи скроз океј е жена да се утепува на работа и потоа да дојде дома и пак се таа да прави. Само немој да не е нереализирана, оти ќе ја оговараат на форум :bandit:

    Врвот на муабетот дојде до степен да се изјави дека жените на оние од Владата, работат :drunk:

    Sure thing :D

    Јас искрено не познавам реализиран и исполнет човек, а кој би отворил ваква тема. Да се стресирам кој како живее, дио мио :bug:

    Дете да беше, досега ќе сфатеше дека ниеден живот не е ист. И ако нешто не разбираме и не го сфаќаме, не значи дека е погрешно.

    Впрочем, секој има различна реалност. Што е толку тешко да се сфати? :*:
     
    На Anyshka, Pa8la, simonka93 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.397
    Пол:
    Женски
    Искрено знам и такви и такви. Ама повеќе имам колешки што сакаат да се остварат и како мајки и на кариерен план.
    А знам моја генерација што се испоземаа веќе, и стварно седат девојчињата дома. Ама нив искрено никад не им се учело. Сите три, демек запишаа факс, па ќе остаеа некој испит, и на крај прстенот.
    Ама повеќето се као ,,глеј какви мажи има сакам да работам за да иам ако ме шутне”
    Една шо се дружев цеел живот, дечко ѝ работеше две раб, она социјален случај
    Ја ѝ давав пари за искачање, алишта, сѐ шо можев. И ми вика еднаш ,, па за шо работи Х ако не ги троши парите на мене”… и се разочарав
    Пошо сфатив дека и ја и друг еден сме ја научиле на готово и нѐ користеше
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.456
    Допаѓања:
    25.153
    Според мене себе-реализирање значи да го оствариш тоа што сакаш ти, а не тоа што другите (општеството) го сака од тебе. А за тоа да го (на)правиш, треба многу добро да се познаваш. А кога многу добро се познаваш, имаш цврста самодоверба и свесен си дека туѓите мислења за твоите постапки не се битни. А тоа е висок степен за зрелост.

    Ако правиш колачи за дома, голема работа ако никој не ти ги јаде сè додека тебе ти се свиѓаат и си ги јадеш. Ако имаш слаткарница и никој не ти ги јаде колачите, ваљда имаш лош производ? :wasntme: Можеби и лош маркетинг? :D
     
    На Anyshka, Annath, Adidas888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    6.129
    Пол:
    Женски
    Мало дете поготово кога е мајка му е првенство потребна, посебна е таа поврзаност. Барем првите две години. Таткото не го дои. Докажано е дека доењето ствара поврзаност и дека детето не знам до колку месеци не е свесно и мисли дека е исто тело и битие со мајката. После штом пораснат е друго. Некои и таткото ќе си го сакаат повеќе фала богу.

    Исто така да не заборавиме дека има мажи што не се трудат низ домашните обврски, иако исто време одат на работа како жените, или пак се трудат ама повеќе хаос прават низ дома него што суредуваат. Како ги воспитала мајка им и зошто се такви, тоа е друга приказна. Сепак за жал Македонија е ова, добрите мажи што помагаат се ретки, а жената е едноставно роб.
     
    На Anyshka и Pa8la им се допаѓа ова.
  20. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Мислам дека патријахатот, историски, а богами и во сегашноста е доказ дека животот на жените не би бил совршен ко што опишувате, доколку мажите се главниот и единствен извор на финансии во фамилијата.
    Парите се двигател во животот, колку сака нека се работа обврските во домот.
     
    На Harper, Lianna Anna, KateKane и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.