Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Жените се навистина поспособни, мајчинството е доказ најголем.

    Е сега, многу фактори влијаат што мажите стануваат се помеки,како ли....секако сметам дека вакви теми можат да ги доуплашат. :D
     
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.373
    Пол:
    Женски
    Бидејќи се налутија што познавам пасивно агресивни и фрустрирани домаќинки,па од тука навредлива била темава..
    Некој стручен се позанимавал со истото.
    https://www.psycom.net/depression/depression-in-women/stay-at-home-mom
     
    На Just.do.it, Lady D ❤️ и Feminka22 им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.057
    Допаѓања:
    180.384
    Добро, уште оваа димензија фалеше-ајде сега да му се секираме на мажите ;(. На подплатените, престресираните и преуморните мажи, принудно што влегле во брак, изманипулирани и излажани.

    Уште плашила испаднавме - плашила за млади жени, дека децата се одговорност која некогаш бара неодложна акција, и плашила за млади мажи, дека кога основа семејство треба да преземе одговорност, да стане од кафаната или од плејстејшнот. Жими мајка, ако знам на кај терате, ја Биља да не се викам.

    Испаѓа воук лефт и радикал рајт да ти биле лев и десен образ на истото лице, how amazing:o
     
    На Gosh, Curious cat, bittersweet и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.373
    Пол:
    Женски
    Па реално тие што имаат машки деца и треба да се плашат после вашите ставови на темава што навистина испливаа.
    Ќе треба банка да ограбат навистина.
    Поготово ако земат жена што ќе направи научна фантастика од чистење на стан или водење домаќинство .
    Не основа само мажот семејство туку заедно со жената ,заедница Биљарке.
    Нема тој само одговорност за обезбедување финансии.
    Среќа младиве тука поинакво светло фрлија на оваа тема,позитивно.
    Инаку ке требаше да ги мажиме за богати Арапи или Индијци каде жените се во просек пообразовани од нив ама предодредено им е да живеат во палати каде ке се грижат само за децата и домаќинството.
     
    На Just.do.it, Miss666, Lady D ❤️ и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    Свака част за нервите искрено
     
    На Just.do.it, Miss666, Lady D ❤️ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    66.999
    Пол:
    Женски
    Дочита ли све, или одма помисли џекпот, сега ќе им покажам?
    Прво, ова е толку жално и гревно за жените да го постираш како некаков аргумент и да поентираш со ова. Односно, да мислиш дека поентираш со ова.
    Друго, ова само ја докажува поентата што оние што се дома ја верглаат на темава, дека не е лесно да си дома со децата.
    “Being a stay-at-home mom can be very stressful,” says Laurel Mellin, PhD, associate professor of Family and Community Medicine at the School of Medicine at the University of California, San Francisco and the author of The Stress Overload Solution.

    Stay-at-home moms often not only take on the bulk of childcare duties, they’re also doing more of the errands, housework, and repairs by default since they’re the ones who are home. And when chores pile up, the partner who is working sometimes doesn’t understand why. SAHMs report hearing, "But you were home all day."

    Како на пример ова. Како мажите испаѓа дека размислувате, ама дома си, што правеше дел ден? Целово истражување само покажува колку жените немаат поддршка.
    И еве го најважното што си го изоставила.
    Choice Is An Illusion
    The most unhappy stay-at-home moms are those who want to work but are not working, says Kristin Calverley, PhD, a psychologist and clinical assistant professor with the McGovern Medical School at UTHealth and UT Physicians in Houston. “Some women who want to work may not work because of family or cultural pressures to stay home, out of a sense of duty, or because they cannot afford the cost of childcare,” she says. “These women tend to be more depressed than the women who choose not to work and who elect to stay home.”
    Значи, не е ни по избор и тоа придонесува за стресот и депресијата, плус ова вашево, што правеше по цел ден.
    И ова што си го цитирала е пак за мајки со бебиња и мали деца кои ете, и повеќето се проморани да бидат дома, не по избор.
     
    На Lizi, Emy867, Mnik и 19 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.373
    Пол:
    Женски
    Што да поентирам?!
    Што поентираш па ти со цитативе,
    Читај со разбирање цело Реин и не туку ми попувај што било гревно и жално.
    Реалноста не е розева секогаш.
    Некогаш е сурова и брутална.

    Да,Испаѓа дека не постои избор.
    Туку дека се принудени.
    А тука страници веа изверглани Избор те избор.
    Испаѓа и дека
     
    На Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    66.999
    Пол:
    Женски
    Кажувам дека не ни гледаш што мислиш дека докажуваш, ниту пак знаеш што цитираш, гледаш само некако да испаднеш во право, а се демантираш сама себе.
    Кој чита ќе разбере секако, дури и ако ти самата не разбираш, за жал.
    Не е ни важно, мило ми е што голем дел се за поддршка на жената како што и треба да биде, а не да се сити ако жената немала избор и останала дома, па се чувствувала депресивна поради тоа што се осеќа невидливо.
    Толку од дискусијата со тебе, и повеќе од доволно мислам, не сакав само да остане цитатон гревен така необјаснет.
     
    На Lizi, Mnik, Калатеа и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.373
    Пол:
    Женски
    Не,туку дека е факт дека се борат со депресија и останати состојби повеќе од вработените жени.
    А не дека е тоа мое измислување, што беше главен аргумент на про домаќинките и домаќинките.

    Да се сити?!
    Кој тоа се сити?
    Се читаш ли пишуваш Реин?
     
    Последна измена: 13 јануари 2024
    На Just.do.it, Lady D ❤️ и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  10. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    6.000
    Пол:
    Женски
    Некој оди на работа од што сака или од што мора? Каде е тука изборот?
    Имаш ти друг избор освен да одиш на работа?
    Сите сме принудени да правиме нешто. Само избор правиме дали принудно ќе седиме дома поради децата или принудно ќе одиме на работа.
    А, и како тоа што си споделила ќе ми помогне, освен што е некаков факт на хартија за моето добро, кога правилата моментално во мојот живот налагаат да се грижам за детето? Ќе имаш депресија ако седиш дома. Супер. Ќе ми се најде.
     
    На Mnik, bittersweet, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    Дискусијата е, ќе најдам истражување кое мене ми одговара да докажам поента :D

    Како да нема истражувања со наслов дека домаќинките се посреќни.

    Ама и прашањето, кој е посреќен? Среќен е секој што го прави она што го исполнува. А тоа е за сите различно. По просто не може да е. На вага не може да се стави :*:
     
    На Mnik, do-re-mi, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    268.137
    Да, се јавува тогаш, тоа не значи дека е нормално да го оставиме тогаш да ја искусува.
    Сепарациона анксиозност можеш да имаш и засекогаш.

    Ниту реков дека е лоша некоја мајка, туку што доживува бебето. Ама не ти се чита така :)

    Освен што американките најчесто НЕМААТ избор. Дај нешто од оваа страна на барата, порелевантно ќе е.

    Едит: и дај договорете се кој е уствари тиранинот
    1. Жената што го цица кутриот маж
    2. Мажот што ја издржува и му вика "маже, може да ми дадеш пари за улошки?"

    Оти од жената зависна и неисполнета, до сироти мажи што едвај на нозе стојат за принцезата да ужива сте.
    Мислам, одлучете се ваљда.
     
    Последна измена од модератор: 15 јануари 2024
    На Mnik, bittersweet, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.373
    Пол:
    Женски
    Јас не верглав 100 страни дека седењето долгорочно дома е Избор.

    Ако си принуден,не е никаков тоа избор !

    Не ти пиша не е нормално тогаш да се јави.
    Нормално е и нормално е да ја искуси.
    Дел од детски развој е.
    Не напиша дека е лоша мајка но тоа го имплицира твоето мислење.
    Бебињата имаат сепарациска анксиозност.
    (Затоа Не треба да бидат оставени од мајките)
    Мајките никаква вина не треба да осеќаат ако го оставаат бебето на 9 месеци со таткото или во јасли.
     
    На Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    268.137
    Ништо не имплицирам, точно во мислењето, ако не прочита, пишува дека земјите развиени воведуваат долги родителски отсуства што ги делат двајцата родители. На 9м бебето го знае татко му, ама градинката не ја знае, ниту може да се социјализира со други деца.
    И да, не обвинив мајки, во истото мислење јасно кажав дека ја обвинувам државата.
    Ако не прочита, пробај пак.
    Во ни едно мислење не имплицирам дека е некоја лоша мајка.
     
    На bittersweet, Anyshka, Pa8la и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.057
    Допаѓања:
    180.384
    Сега бев до затвор цигари да му носам:smoke:. Баш помала банка ограби, јер едно дете имаме, кој има поише, нека каже колкава банка е потребна?8-|
    Значи- нема само мажот одговорност за обезбедување финансии. Се основа семејство заедно. Дали заради тоа мора да работиме сите, подеднакво, цело време?
    Или...
    За сам да си го заработиш лебот? Во брак:!: И да се социјализираш, иако не си ја сакаш рабојата.
    И да работиш, и да не зависиш. Во брак. И да се социјализираш.
    И да работиш, дури и ако имаш милиони...работата те прави финансиски независен.
    Значи нема причини, изговори за неработење, радити, радити и само радити...

    Без намера ад-хоминем да дебатирам, сите цитати се од темава.
     
    На Kate Rina 93, Lianna Anna, bittersweet и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Да не навлегуваме во глупави детали, јасно е дека без деца е многу полесно, МНОГУ полесно. Никој не го оспорува нередот, готвењето, неспиењето, алишта, настинки и ред други нешта. Но факт е и дека децата растат и дека таа најтешка тодлерска фаза поминува, почнуваат да одат во градинка/школо.

    Што добиваат од stay at home mom на 7,8,9 години?
     
    На Kate Rina 93, H.VAGA, Cosmi и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.057
    Допаѓања:
    180.384
    Не сум стеј-ат-хоум-мам.
    Учиме, учиме и учиме. За во школо (годинава особено, јер таква учителка ни се падна), учиме англиски (јер све е синхронизирано и изговорот е никаков), одговарам на неконечни прашања, од вселената до јунејмит (а зошто војуваат во Украина, а нели нема овде да има војна), во добар ден, кога е здрава, готвам 2 оброци +ужинка пред школо, во денови кога е болна :drunk:. Најтешка фаза не е тодлерската, најтешката допрва доаѓа:worried:
     
    На Kate Rina 93, bittersweet, Mnik и 7 други им се допаѓа ова.
  18. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.729
    Допаѓања:
    139.995
    Домаќинството, само по себе, затупува, ако е само тоа како опција, како секојдневие. Ама ве молам не потценувајте.
    Поготово тие што имате чистачки, свекрва која чува деца и готви, која причувува деца додека правите генералка и маж кој работи до 15-16ч.

    Не напаѓајте, водете дискусија како интелектуалки како што и впрочем сте;)

    За делот поназад дека кога мајките ќе се вратат на работа бираат работа (ако добро го памтам постот). Има и многу девојки кои завршиле факс и не работат, туку живеат дома со нивните, бидејќи испод част им е да работат за 25.000 ден. , значи бираат и тие. Ама нив никој не ги навредува, туку се воспеваат , дека треба да де ценат себе и својот труд.

    И да, колку и да викаме објективни сме, сите поаѓаме од самите себе, без разлика за која тема станува збор
     
    На Kate Rina 93, Lianna Anna, eli25 и 15 други им се допаѓа ова.
  19. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Во секој случај детето е повеќе часа во денот во школо, а учењето може да биде и со таткото, впрочем децата треба да развијат однос и со таткото, здраво е. За Украина и баш не би требало да се разговара, не знам која возраст е во прашање, но да не навлегуваме во друга тема.
     
    На Just.do.it и Biljarkata им се допаѓа ова.
  20. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.622
    Да де, среќни се домаќинките ако мужите им имаат пари. Иначе, жими долнава се среќни.

    Ќе пораснат децата, ќе си одат по својот пат, а ако си имотна ќе преживееш, нема да имаш криза на идентитет оти ќе имаш пари да акаш да скиташ.

    Ако си неимотна, 99 посто ќе те пишуваат на форумов децата и снаите, оти немаш живот па на нив лечиш комплекси, и мора се да биде под твоја контрола, оти никад не си ни имала друга сврха у животот.

    Некако многу го романтизирате тоа домаќинлукот, али нели наравно само у совршени услови.

    Ќе ви дае чоек ни 100 години право лебот да си го вадите, пари на сметка да имате, да не бидете на улица ко кучиња фрлени, злоупотребувани и да ве есапат ко чоек, и одма нишо не ви чини...

    Велите како не им е срам по домаќинките да плукаат, а како вас не ви е срам да плукате по оние шо ви го дале тоа право, и обврска да имате упоште некаков си избор, или па по оние кои никој нишо не ги прашува, служат ко робинки и крави за располод...

    First World Problems...
    Привилегирани, од досада не знаеме кај тераме.
     
    На Srckata28, Munchmallow20, nena2010 и 15 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.