Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.055
    Допаѓања:
    180.366
    Па уствари, повеќе часа е дома. За Украина, ја спомнав, пошто имаат украински деца во школо, значи реални стравови се, кои ете, имало потреба да ги издискутира. И ќе има, ко што сум имала јас, и плачки за оценки во средно, и плачки за дечковци на факултет,
    Однос со татко, фала богу дека има развиен, ама тајмингот за учење и работа ни е таков, јас сум работно во пик наутро, тој доцна попладне. Викенд ги оставам да работат заедно, ама јас подобро сум објаснувала и помалку сум се нервирала. Шо сум крива ко сум мултиталент:D
     
    На No Makeup, Annath, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  2. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    5.999
    Пол:
    Женски
    Мислам дека на ниту една мајка што дискутира на темава не и животна желба да остане професионална домаќинка. Всушност на темава се дискутираат цело време различни аспекти.
    Постои концепт на придонесување на жртви во семејството, кој не може да ви се долови, затоа што не си се довела ти првично во таа ситуација. И не е жртва само на жената, туку и на мажот. Затоа што колку жената професионално не се развива, поради повеќе пати наведените причини, така и мажот на плеќи го носи столбот и сигурноста на семејството. Затоа се вика брак. Двајцата работат на различни начини со различни механизми, за непречно функционирање на бракот и семејството.
    Ништо не ти е гаранција во животот, ниту пак некој може да ти гарантира дека тебе ќе ти биде животот повеќе наклонет со благодети, само затоа што не си дозволила одреден сегмент да ставиш пауза на претходниот идентитет.
    И ти и една домаќинка доколку немате имот и финансии, буквално патиштата ќе ве спојат во истата насока, што нема врска со тоа која титула на звање ќе ја носиш.
    Децата секако ќе продолжат да градат свој живот и свој свет. Каква врска има тоа што ти си работела непречно? Ќе те исполнува во старост меморијата од работата? Тоа е многу осамена меморија.
    ,,Сврхата" на животот не може друг да ти ја диктира. Нема ни некаква вселенска вистина која е целта на животот. Затоа што тоа е една од најсубјективните нешта што може ги поседуваш.
     
    На Kate Rina 93, Pocahontas.93, јolene и 8 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    268.136
    Ама пресмешно Гошке.
    Не прочитав мислење некоја да омаловажува жена што работи (ваљда оти сите уствари работиме), и да, согласни сме оти требаат финансии за да можеш да се откажеш од работа.

    Да бидам искрена, нема ни да се мажам и нема да работам, да можам. Без маж ќе бидам невработена.
    Ама, ко не си бев паметна акции да купувам и сличнимити инвестиции, тоа е.
    Ваљда ќе стигнам таму еден ден. Да не МОРАМ да имам работно време.

    Со @Polyincognito без деца ќе сунчаме газој по светски плажи и ќе немаме време да дрндаме овде. Стеј тјунд.
     
    На Kate Rina 93, No Makeup, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.622
    Не знам шо требаше да биде смешно, или квази смешно у моето мислење, али небитно...

    Слободно сунчајте си ги гзоите, ви посакувам сите желби реалност да ви станат. Само што не ми е јасно што има тоа со моето мислење.

    Можда моментот што тоа што ти си го посакуваш себе си Е привилегија, и ретко кој може да си го приушти...
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Романтизирање на работење со рокови, комуникација со колеги, дотерување, аферворк забави|(демек ако тоа не е дел од твоето секојдневие тогаш пиши пропало на животот, ништо не си постигнала, си глупа, затупвена домаќинка дали тоа значи дека иако имам околу 25 годин стаж со паузи од 5 години додека ми пораснеле децата ниту еден ден не сум била дотерана на работа, скрабс носев, нема шминкање, нема нокти ( bare below the elbows) комуникација никаква со колешки, самостојна ми била работата и не знам како би работела со рокови ќе сум им викала на родилките ајдеее мора до 18 часот да се породиш да го исполнам рокот:rofl:на афтерворк забава никогаш не сме имале, за Божиќ ручек и торта, 90% од вработените не знам ни како се викаат, според логиката на повеќемината тука не сум била ни вработена.;(

    Исто и со тоа мораааа детето во градинка, да се социјализира, да го воспитаат, мора мајката на работа и мора детето во градинка од 9 месеци инаку пак пиши пропало детето ќе ти останане несоцијализирано и невоспитано.(facepalm)
    Дечките ги имам носено во градинка по некој саат кога се роди ќерка ми за да можам да спијам зошто таа си дремеше по цела ноќ будна а пак ми се сите деца социјализирани и воспитани, патем како подобро ќе ми ги воспита децата воспитувачката во градинка која кај мене има курс од 3 месеци за childcare, од мене која со факултет за психологија и masters in education сум најнеобразована во моето и на сопругот семејството?
    Децата додека не почнаа на училиште и беа дома со мене секојден ни беше исполнет со активности, посети на музеи соодветни на нивните интереси, плажа скоро секојдневно, концерти, театарски претстави, cirque de sole, Disney on ice, се што дошло во мојот град они го виделе, пола свет го прошетале така да не ќе да седеле пред ТВ цел ден само зошто биле дома со мене.

    Не морам да работам имам самата доста заштедено, имам наследство за жал од починатите родители, заедно со сопругот инвестираме, децата ми се веќе обезбедени со по една куќа, настрана фонд за студирање, татко ми им остави траст фанд на сите внуци со солидна сума така и да не работам и без маж и со маж можам да си живеаме солиден живот и да чекам 55 години за да можам да одам во пензија зошто и во superannuation ( приватен пензиски фонд под заштита на државата, на секоја неделна плата работавачот е должен да уплати 12% од gross сумата во superannuation) имам доста за да си живеам комотно и без да црпам готовина.

    Работем сега како предавач на колеџ за midwife’s зошто ми понудија одлични услови, работам 2 дена а со фул бенифиции и беше предобра понуда за да ја одбијам, работам со флексибилно работно време, имам време да ги однесам средните деца во основно, најголемиот во средно училиште а бејбисито останува со татко му дома или го носам со мене на работа.
    Пред тоа работев само ноќна смена и тогаш беа 3 дена во неделата зошто си ја сакам работата а не за да бидам продуктивна или ќерка ми да ја учам дека како да биде успешна утре кога не ни знаеше дека работам, спиеше кога одев на работа, спиеше кога се враќав.

    Работам зошто сум одлично платена и работам за пари а не за тапшање на рамо или иако сум вработена да позајмувам 50 евра па да се клукам со дијазапами до наредниот месец додека да ги вратам ама вау видете ме работам имам колешки и излегувам од дома, а после се напишано се чудам самата на себе си зошто воопшто си ја мачам душичка тоа кога и со маж и без маж можам со децата и Вишеградската него комотен живот да живееме и без да работам.:lol:

    @Cosmi како 50 страни наназад убедуваш дека мора да се излегува од дома инаку не се рачна дека работиш а самата до вчера работеше од дома фриленс зошто поисплатливо ти беше од одење на работа па тоа го промовираше како најдобра опција за сите, сега работиш надвор од домот па тоа сега е единствената најдобра опција за сите, хипокризија левел милијарда.

    @nena2010 мрзата е субјективна работа, ти мислиш дека тие дома што седат се мрзи и немаш што да разговараш со нив, а ти, ово самата си го пишуваш дека доаѓаш од работа и си толку изморена што спиеш 3-4 часа, имаш жена што ти чисти а една си дома ( твоја работа не ме интересира кај си ги трошиш парите заработени) а исто убедуваш дека се е тајм менаџмент додека јас и работам и деца четири и куче, секое утро сум станата пред 4 а легнувам околу полноќ и со ноќна смена во многу поодговорна работа од банкарската па никогаш не сум спиела 3-4 часа после работа и сеуште успеваме сами со сопругот да го средуваме домот е време за турски серии немам.:wasntme:


    ПС тие што единствен аргумент ќе ви е не знаеш да пишуваш, родена сум и цел живот сум во Австралија, ден немам формално образование на македонски јазик колку ме научиле моите толку, мислам сосем солидно ме научиле.

    ППС тие што ќе им е аргумент дека се изнафалив, тоа е мојата реалност ако не ви одговара не е мој проблем.

    ПППС секогаш ќе бидам за мајката да е дома со децата до кога сака таа, додека е тоа нејзин избор во договор со сопругот.:hai:
     
    На stetoskop, ladystardust, Coco31 и 43 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    268.136
    Ами точно тоа. Тоа го збориме сите 91 страница... за еден од родителите, во темава жената, да седи дома и да чува деца или без оглед на деца да не работи... привилегија е и луксуз :)
    Не е раширена појава, него или тие жени работеле порано за сега 5 години да се на пауза, или самите потекнуваат од богато семејство, или маж им доволно заработува.

    Невработеноста не е опција за просечната жена. Тоа е и целата тема. Да седнеме да оговараме неколку жени зашто уствари живеат како што живеат, зашто не живеат како нас... оти имаат ете, можност.

    Дај Боже и јас викам.. колку сакам старци, има сите дедовци и баби да ги чувам и дружам од љубов, минус полуписмени шефици :inlove:
     
    На tincemajmunce, flower30, No Makeup и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.373
    Пол:
    Женски
    @bittersweet
    Не е до вчера срц,До крај на мојов живот ќе си работам фриленс.:inlove:
    Тоа не значи дека мора само од дома да работиш ама ти толку разбираш.
    Небитно.
    Глеј си ти за себе, еднаш работиш зошто си ја сакала работата ,па во следна реченица си работела за пари :drunk:
    Ама пари не ти требале,:drunk: обезбедена си била.
    Ама сепак си работела.
    Само што го потврди тоа што го пишувам на цела тема дека колку и да имаш пари,мора да се работи !:inlove:
    Додуша несакајќи.:rofl:
    Имаш завршено психологија , а не го знаеш значењето на градинка и социјализација со малите врсници во детскиот развој.:o Колку само психолози и педагози имаат истражувано и докажувано зошто е важна.
    Во Европа 1816 е отворена прва градинка од Роберт Овен, во Германија пред 1900 ама ти како едукатор на акушерки,ќе го спориш значењето.
     
    На Lady D ❤️, eli25, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Го напишав со големи букви во случај да си заборавила што имаш пишано, ако "врескав" на крај ќе имаше "!!!!!". Не знам во кое училиште имаш учено, можда таму ве имаат учено вака, мене не.
    Друга работа - Како да ти објаснам дека јас, ти, Стојна, сме никој и ништо во туѓ живот за да има потреба било кого да цениме повеќе или помалку? За да цениш некого, треба да ти има некаков импакт во животот.
    Упорно те прашувам, еве болдираново, што потреба имаш да понижуваш одреден начин на живот, на трета особа? Зошто Косми, ако си толку бре исполнета во животот, како може да мислиш дека само тоа ти што го мислиш е правилно? Кој одлучува на светов дали мојот избор или твојот се поважни? Ти?
     
    На oblace1, No Makeup, Bitter-Sweet и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.373
    Пол:
    Женски
    Во форумскиот свет,пишување со големи букви, значи викање ако не си знаела сега знаеш.
    Никој не треба да има импакт на мојот живот за да имам став дека ценам способни и вешти луѓе.

    Исто така ти не можеш да ми кажеш што јас да ценам повеќе.
    На пр.Луѓе кои од ништо направиле нешто секогаш ќе ценам повеќе од луѓе кои не се трудат воопшто .
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Убаво си напишав дека до вчера само од дома работеше и тој начин на живот го промовираше како најправилен според тебе а сега дека работиш надвор од домот само па тоа е најправилен начин на живот а дали до крај на живот или до утре ќе работиш фриленс воопшто не ме интересира ама ај според тебе толку разбирам|( ние што не сме родени во Мк сме сите глупи и драјваме може по стритовите како во 1950 година.:drunk:

    Не знам што не е јасно работата како бабица си ја сакам ама работам за пари, не работам за да се дотерам и да излезам од дома, да се социјализира или да одам на афтерворк забава, одам исклучиво за пари.

    Не потврдив ништо, ми понудиле одлични услови, дома сум кога децата ми се дома, не им фалам, тука сум за нивните потреби ако работата ми попречи на семејниот живот ќе ја оставам, никогаш нема да ја ставам работата пред семејството.
    Никогаш нема да и сугерирам на мајка да си го остави бебето од 4 месеци дома со баба и да оди на работа ако не и се потребни финансиите.

    Ај уште еднаш прочитај што напишав, убаво си напишав за моите деца јас како психолог не видов никаков бенефит во одењето во градинка, моите деца поголема корист имаа од тоа да се со мене и татко им дома а дома не е дремење пред ТВ, а бидејќи 3 од 4 се на училиште и без одење во градинка се социализирани, имаат голем број на другарчиња, одлично се вклопија на училиште, имунитетот и без одење во градинка и разболување секој втор ден им е одличен, напредуваат дури и малку повеќе од врсниците, така да нашата одлука да не одат во градинка беше исправна за нашите деца а во никој случај не ја побивам корисноста на градинката ама и не ја промовирам као секое дете што нема да оди во градинка ќе биде заостанато.

    Како едукатор во 21 век во first world country повеќе се занимавам со тоа кој се идентификува како мачка денес, кој како маж или жена, кој па и двете, кој е на спектрумот а помалце со психологија ама толку разбираш вие сеуште може да ги тепате децата во градинка и родителите од страв да не им се земе местото на детето не смеат а да кажат.
     
    Последна измена: 14 јануари 2024
    На Coco31, Lizi, DoubleK и 16 други им се допаѓа ова.
  11. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.784
    Допаѓања:
    6.615
    Се убаво ова го опиша. Ама не си во Македонија.
    Да си тука ќе бил друг муабет.
    Кој не сака да седи со децата и да си ги гледа додека пораснат? Има некоја што со кеиф праќа 9 месечно бебе во градинка за да оди на работа?
    За жал кај нас можностите се други.
     
    На La-loca, eli25 и Mrs. right им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.373
    Пол:
    Женски
    @bittersweet .

    Ништо ти не знаеш што и како и каде имам работено и работам од причини што на форум имам споделено само тоа што сметам дека е доволно да се сподели.

    Ете ни кажа дека работиш,постигнуваш се со 4 деца , најмалото и на работа си го носиш и не знам зошто мислиш дека си ти тема на муабет тука па има потреба цел живот да ни го раскажеш.

    Кој тоа промовираше градинка и кој напиша дека дете кое не оди во градинка е заостанато ?!

    Какви глупости лупаш не си свесна изгледа.
    Толку разбирам да, кај сме ние за толку напредност ко идентификување со мачки .
     
    Последна измена: 14 јануари 2024
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    268.136
    Според некои на темава, ако баш сакаш да си дома и да си ги растеш децата, си отупавена.

    Има голема разлика меѓу тоа да оставиш бебе зошто мораш (најголем дел од мајките се ова) и затоа што сакаш.
     
    На Kate Rina 93, Anyshka, Yowannty и 4 други им се допаѓа ова.
  14. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.784
    Допаѓања:
    6.615
    Јас само се надоврзав на постот.

    И не знам како некои постови можат да испровоцираат за најлошото да излезе на површина. Толку фрустрации и негатива.
     
    На nena2010, Cosmi и Mrs. right им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    268.136
    @Cosmi ти мене и не така одамна ме советуваше или ми даде мислење дека е добро да се поделат обврски машки/женски, нешто во тој стил, памтам затоа што пишував што се' научив сама пошто немам кој.
    Мислам ако треба ќе го најдам мислењето, само што си премногу контрадикторна за својата возраст и искуство.

    Инаку се врзувам за тоа што си го кажала за себе јавно на форумов, на пример дека обично ноќе работиш и како фриленсер тоа ти е ок. Можеби сите овие години не било така, ама тоа го имаш кажано, и како такво ми останало во сеќавање.

    И тоа што го кажа Битерсвит го кажав и меѓу првите постови, мене работата не ми е социјализација, асоцијално ми делува, знаеш зошто?
    Намерно не се дружам со колеги и колешки, ништо од мој приватен живот не знаат и не сакам да знаат. Ниту нивниот сакам да го знам. За мене работата е "стерилна зона" и не сакам никакви дружби со никого.
    Афтер сум била вкупно еднаш, на прослави за НГ два пати, за 8ми март еднаш.

    Сега работното место ми е такво што подразбира дека и надвор од работно време и навечер и на настани морам да одам, и таму држам до тоа дека не се дружам, работно сум отидена.

    Знам дека на многу луѓе им е "да прозборат со колешки", еве не зборам со колешки. Еве една ме замара кафе да пиеме скоро цела година уште малку. Затварам врата од канцеларија и можат службено да ме бараат, тука јадам, тука кафе пијам.

    Немам ништо против луѓето, напротив ми се допаѓа овој колектив, ама за мене е тоа правило, на работа одам да работам, не да се социјализирам.
     
    Последна измена: 14 јануари 2024
    На Billy Idol, Kate Rina 93, Anyshka и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.373
    Пол:
    Женски
    Памтам нешто околу поправање беше тогаш, јас не поправам коли,чешми,бојлери,машини и не цепам дрва, тоа не е за моиве свилени раце туку за од маж ми.
    И нема ништо контрадикторно, ако немам физичка сила, немам,маж ми има тоа ке биде негова работа ,не знам каква врска ти има ова сеа?
    А ако немаш кој, а не можеш сам ке платиш некому и тоа е.

    И Да јас не реков не,одамна имам пишано дека имам студио дома еве и сега работам фриленс од дома во моментов,тоа е работа не безделничење дома.
    Не морам пак да кажувам каде и што работам преку ден и во какви проекти сум вклучена.
    Организирано ми е времето.
    Ниту има потреба да напишам колку стаж имам по школи,градинки, воспитно поправни установи итн.
    Моја работа.
    Работата сакала или не те социјализира бидејки работиш со живи луѓе со кои мораш да комуницираш.
    Тоа што ти не се дружиш е секако твој избор, јас се дружам па и со колешки од пред 15 год.сеуште сме во контакт и пиеме кафе, замисли.
    На новава работа имам французинка со која едвај се разбираме па и со неа на кафе седнавме.:?:
    Со еден клиент од УК за кој сум работела од пред 12 год сеуште брбориме онлајн кафе пиеме.
    Немам причина зошто да не пијам кафе ако човек ми одговара, и да ставам рампа зошто на работа сме.
    Тоа што се погодило да работам со таква личност што може да ми биде колешка и пријателка е само плус за мене.

    Ти велиш Не споделуваш таму ништо со никој, асоцијална си.
    А тука цел твој приватен живот без проблем го раскажуваш :^)
    Зошто така?
     
    Последна измена: 14 јануари 2024
    На Peanut Butter и Just.do.it им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    268.136
    Затоа што овде не сум на работа и ништо од Фемина не ми зависи. Ако сметам дека нечии мислења се идиотни можам да го игнорирам и готово. Со колешка не баш, ПОСЕБНО не претходно, каде што го немав луксузот да затворам врата од канцеларија, ниту да избегнам комуникација.

    Исто овде можам да се одлогирам и да се логирам кога сакам, на работа не можам баш.

    Не станува збор ТИ да делиш свој приватен живот, туку пошто не се знаеме, сите делиме делови (не делам ни јас се' :D ) што сакаме да ги поделиме. Логично, останатите формираат перцепција врз основа на тие информации.

    Дали си работела само фриленс (а по твои зборови некогаш одамна по струка) или си работела 2 работи + си копала бавча не можам да знам, знам онолку колку што си кажала. Пошто не е само мој впечаток, очигледно повеќе истото сме го читале, тоа сакам да кажам.

    А за социјализација, имам со кого и каде. На работа одам да работам, еве јас не колешки ама биднало да ме запамтат пациенти, и пак таа граница здр. соработник / пациент не сум ја поминала, нема потреба.

    И тоа е ИЗБОР. Ти сакаш да се дружиш, јас не сакам (на работа). Во болница од 1500 вработени, дали 50 познавав оти соработував на дневно ниво со нив.
    Ич не ми е криво еве ни ден денес, имам де една колешка од последните 6 месеци таму (тогаш дојде) што си ја почитувам многу.
    И доктори неколку, со кои имам взаемна огромна почит, пријателство не.
    И една мед. сестра во пензија сега, повеќе сега ја гледам него на работа.

    Ништо против луѓето немам, ама што помалку емоции пријателски и непријателски меѓу нас, толку пофокусирани на работата.

    Плус недружењето ме спаси да не случам трачеви за сите :D Оти ич не ми е гајле ете.
     
    Последна измена: 14 јануари 2024
    На Polyincognito, Anyshka, Lianna Anna и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.673
    Допаѓања:
    79.714
    Пол:
    Женски
    Што сфативме досега? Целта на темава е да се докаже дека домаќинките живеат понеквалитетен живот од вработените жени. Ама, испадна дека повеќето тука немаме проблем со домаќинките и океј сме со нивниот избор па ај сега лично ќе се напаѓаме кој бил исфрустриран, со каков тон пишувал.
    Се навратив на воведот да видам за што уствари беше темава, дека некои викавте темава е за домаќинки без работен стаж воопшто, не се важи породилно или ако останеле некоја година со децата. Па, еве што стои во воведот:

    Тука ти не оставаш простор некој да каже зошто. Ти велиш - мора да работи. Ние рековме - позади нечиј избор само тој си знае што стои. Така сакала некоја жена, ако е за пари - можеби има наследство, можеби зема од станови што издава, можеби мажот заработува доволно. Ако е за социјализација - има комшии, роднини, другарки со кои се гледа и поминува време. Ако е за правење нешто во слободно време - дома има доволно работа, па може да има хоби, плус да заработува од тоа хоби. На Инстаграм има куп страни со homemade изработки. Беа напишани вакви примери поназад ама џабе. Ете и да нема хоби, нека е само грижа за детето и домот, пак ако таа така одлучила, ти што можеш тука? Што со тоа што ќе кажеш дека не треба така да живее туку поинаку? Еве и јас не сакам да пцујат луѓе оти гнасно и одвратно звучи, не сакам да се прават некои работи што се прават па не ги заболе нив за мое мислење, така? Секој си е таков каков што е и прави што сака и живее како сака. На некоја ако и одговара да биде домаќинка, нека биде, толку може да се каже на темава и мислам редно е да се заклучи веќе оти нема што друго да се пише освен кавги меѓу членки и себедокажување чиј избор и чиј живот бил подобар. И за нечиј избор не се коментира, толку.
    Вакви жени знаеме дека има и меѓу оние што работат.
     
    На do-re-mi, Polyincognito, Anyshka и 11 други им се допаѓа ова.
  19. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.003
    Сè што правиме/прават луѓето влијае како ќе ги гледаме, па така ги ставаме на одредено место на скалилата, некој пониско, некој повисоко. Што работа работиш, какво влијание и корист има во општеството тоа што го работиш, какви интереси имаш, хобија, религија, колку си еко, дали си веган, дали си нашетан, колку си упатен во технологија, во политика, во уметност, ДАЛИ РАБОТИШ, итн, итн, да не набројувам. Така склопуваме мислење и слика за еден човек, претежно преку делата, зошто на крајот од денот, битно е што си направил и што правиш во животот, а не како треба и како ЌЕ правиш. Или во превод, повеќе да проживееме и доживееме лично, помалку да мудруваме и да солиме памет како треба. Зошто кога дрдориш нешто што сам немаш направено само тоа е, дрдорење. А никој нејќе дрдорење, нема корист од тоа.
    Во контекст на ова ќе кажам лично гледиште: некој што не работи може ќе го сместам на пониско место на скалилата, меѓутоа тоа не значи дека таа личност ќе ја осудувам, ќе ја сметам за глупа, отупавена, невредна, само поради тоа. Од проста причина бидејќи човекот е повеќе од само едно нешто, и за целовкупната слика се земаат во предвид многу нешта. Од тука, не знам како може да се создава стереотип и да се хејта човек само на база на тоа дали работи или е домаќинка? Мноооогу затворен ум треба да имаш.

    А за крај, очигледно е дека оние домаќинките со ни еден ден стаж се толку ретки како снегот во Скопје, што може да се заклучи дека апсолутно немаат никакво негативно влијание врз општество, ако веќе тоа е битно.

    И по сè изгледа постојат само за да некои луѓе имаат кого да оговараат и да си билдаат его.
     
    Последна измена: 14 јануари 2024
    На Lianna Anna, bittersweet, No Makeup и 3 други им се допаѓа ова.
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Што толку те фасцинираше во постот на @bittersweet , да помислиме дека е сега се јасно?

    Според мене никаква врска и нема постот со темава.
    Како прво не е жена домаќинка. Тоа што може да бира кога и колку ќе работи е нејзина привилегија, нејзин живот, кој апсолутно никаква врска нема со животот на домаќинките во Македонија.
    Доблесно ќе беше да дадеше некаков совет за жените кои живеат и се борат во сосема поинакви услови, дури и кога имаат стабилен маж,за почеток еве....( не ми се ни пишува за оние кои ни тоа го немаат ).

    Во социјално средените држави " жените домаќинки " имаат месечен прилив како мајки...така да...

    Јас од нејзиниот пост, како и од приказните на другите домаќинки дијаспорки, само извлекувам поента дека се во огромна предност за раѓање и создавање на големи семејства.

    Тоа што знаат убаво да раскажуваат, да поделат совет, на некого и помош можеби, само говори дека се добри луѓе кои сакаат останат дел од заедницата од која потекнале и за почит е тоа.

    Но со темава врска нема.
    Или има, бидејќи и нејзината поента е дека работата оплеменува и дека сепак сака да помага и работи.

    Така да, кога сте во позиција да правите избор, да ви се може нели, бирајте работа која ја сакате, а не да бирате куќата и децата да ви бидат единствениот свет.
     
    На Mrs. right, Celltica, mila89 и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.