Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.003
    А што па да ме фасцинираат мислењата на некои што уште седат у факултететска клупа и ништо немаат доживеано, ама демек сè знаат како треба?

    Како и да е, значи нас во принцип не ни чини општеството тука во Мкд, а тоа е сосема друг проблем, голем и екстремно значаен.
     
    На mssuniquee, CameliaMiller, LiquidLuna и 11 други им се допаѓа ова.
  2. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Симпатичен е секогаш ентузијазмот на младите, некои од нив се и паметни баш....
    А можеби ќе бидат и носители на општествените промени нели....
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.003
    Секако, се сложувам.
    Ама тоа не значи дека паметните мислења треба да ги споделуваат со ароганција и надменост, нели.
    Секако искуството е клучно во формирање на одредени заклучоци, а тоа тешко го прифаќаат неискусните.
     
    На flower30, CameliaMiller, No Makeup и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Битер, ти не си жена домаќинка. Самото тоа што инвестираш е работа, познавање на финансии. Ти не си зела да трошиш само од наследството без да мислиш за утре, напротив, и тоа како имаш план за по 20-30 години. Не е работа само ако се оди од 8 до 4. Еве јас не одам формално на работа, работам од дома, но РАБОТАМ.

    Жена домаќинка е онаа која сите овие нешта ги остава во рацете на сопругот, главно финансиските, таа се грижи за воспитувањето, домот, како да ти кажам дека ти ја сфаќаш важноста на парите, но совршено јасно ти е дека парите се средство, а семејството е нашата иднина.
     
    На No Makeup, eli25, Cosmi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Не можам цела тема да ја дочитам, многу изнапишани страни, ама ќе си дадам свое мислење од личното мое искуство.
    Имало моменти кога сум била дома со децата, и тоа сите, многу години додека не пркнат, додека не пораснат.
    Целата грижа за домаќинството и децата била моја, нормално дека и маж ми беше цело време присутен,работеше, па после работа стално бил рамо до рамо со мене во грижата околу децата. Болни, здрави, вакцини, спортови, балети, курсеви, родендени, игротеки… јас бев главен координатор.
    Ама. Целиот тој период додека растеа, јас нешто правев со себе. Прво студирав( завршив факултет со две деца), па почнав да работам( со скратено раб.време), па откако беа поголеми се запишав и на уште ден странски јазик и го завршив со Б2. Ми фалеше интелектуален предизвик. Постојано нешто правев со себе. Имав огромна помош од маж ми и многу голема поддршка, и финансиска и морална. Никогаш не ми застанал на патот за било каква идеја или план што сум го имала.

    После години и години поминати во комфорна зона, решив да почнам нешто ново. Децата ми пораснаа, секој по свој пат си оди, мене дипломите на ѕид ми висеа, маж ми си ја тераше својата работа…Ми се случуваше да седнам дома после работата со скратено раб.време да дремам дома со кафето пред мене ( во меѓувреме направен ручек, испазарено, дома средено, форумов исчитан) и да размислувам дека мора нешто да променам.
    Не ми се шеташе веќе по продавници, кафиња со пријателки кои како мене имаа можност да седат дома, читање книги…Сакав нормална работа каде ќе можам да се изреализирам како професионалец.
    И направив чекор. Сменив работа. Напредував.
    Еден куп нови луѓе запознав, напредував во работата на убава раководна позиција која е почитувана и ценета. Во меѓувреме уште еден поголем залак, се запишав на ново ново на степен на образование, со кое сум на крај.
    Дома ништо не се промени. Ручек од вечер ќе зготвам или ќе направам кога ќе дојдам. Ако некое дете е дома, ќе сплеска нешто набрзна. Да не кажувам колку се радуваат децава кога ќе им кажам нешто да нарачаат( смачено им е од манџи).
    Жена ми доаѓа дома да ми исчисти, секогаш доаѓала и додека сум била дома. Шетам и излегувам со пријатели, афтер ворк никогаш не ме интересирал, на работа одам да работам, за дружба имам свои пријатели.

    Од погоре напишаното сакам да кажам дека секој човек( жена во конкретниот муабет) е дека треба да расте. Професионално, приватно, како сакате. Јас растев со моите деца. Додека они учеа, учев и јас. Сега уште учат, јас си работам, ама и учам. Серии никогаш не сум гледала, слободно време ми е за читање и излегување.
    Денес децата ми се големи, јас секогш ќе им требам, и они на мене. Сега не им требам да ги носам на курс, роденден, спорт, сега им требам за совет и за пари.
    Имав можност да бидам со нив додека беа мали и не се каам во ниту еден момент што сум им се посветила целосно во нивното растење.

    И за крај, многу е битно разбирање и поддршка од партнерот.
     
    На eliesaab, Coco31, BlackNight и 25 други им се допаѓа ова.
  6. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Муабетот беше дека во школска возраст полесно е да се жонглира гледано во смисол од тоа дека не цица, самостојно е во доста нешта и може подолго да остане во школо. А тоа дека мажите не знаат како им е добра финта за да остават некој друг, “подобар објаснувач” да си ја чука главата.
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Ете на ова се мисли цело време, супер раскажано без одење во крајности и тоа од лично искуство.

    Не е муабетот за делење на 50-50 во бракот, ниту за некористење на шампонот на партнерот. Да, ако маж ми е Кристијано Роналдо нема да ја чукам главата за 1000 евра во месецот, но ќе работам, ќе се надоградувам, ќе ги држам конците на својот живот, ќе ме интересира како функционира светот, нема да се затворам во собата со играчките на децата. Во најмала рака ќе работам во хуманитарни цели.
     
    На Just.do.it, nena2010, Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.453
    Допаѓања:
    250.857
    Нека трепка!!!
    Тоа е тој баланс меѓу децата и себе.
    И реален пост, без да се става на пиедестал домаќинството само.
    Прав пример на жена која може ништо да не работи, ама ете решила да работи на себе.
    Многу почитувам вакви искрени и реални мислења.
     
    На Just.do.it, Nausicaa, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.303
    Допаѓања:
    126.006
    Пол:
    Женски
    Е, ова е за восхит и за почит. Ова е добар пример за младите. (y)
    Жена да не дозволи да се претопи само во една улога. Да не дозволи да се изгуби себеси.
    Ем да се грижи за други, ем да вложува во себе.
    Да покаже дека може да се воспостави баланс.
     
    На BlackNight, ph.orhideja и Feminka22 им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.738
    Допаѓања:
    168.812
    Пол:
    Женски
    На CameliaMiller и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  11. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.939
    Допаѓања:
    35.017
    Пол:
    Женски
    Ама тука некои членки пишаа мораш да работиш, да излезеш од дома, да се социјализираш, да одиш на афтерворк со колешки, како да немаме другарки/пријателки да се дружиме со нив па морало со колешки.
    Утре таа колешка што пиете кафе може да те оговара кај шефот како не си ја работиш работата.

    И како се социјализираш ако од дома работиш?
    Не го сфаќај ова лично, зошто и јас работам од дома па се социјализирам, ова други го пишаа дека мораш да излезеш за да се социјализираш, и секој не е ист, како што пиша Камелија не сакала да се дружи со колешки, таму е да работи, истото мислење го делам.

    Си имам неколку другарки и со нив излегувам, јас не можам да се дружам со секој и со било кој.
     
    На No Makeup и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    Хмм
    Значи некои немаат време да усисаат со деца, а некои и курсеви и странски јазици завршуваат. Е во шо е тајната де? Како едниве можат, другите не можат? :?:Се збунив сеа
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.039
    Пол:
    Женски
    Скоро 100 страни темава, а дупло повеќе од тоа беше напишано дека во периодот додека седат жените дома, можат да целат на вложување во себе, да прават и други продуктивни работи, чак што више и хуманитарни цели беа спомнати. Особено ваков наратив пишуваше Камелиа.

    Ама не, тоа не беше детерминирано како баланс или продуктивност, пошо наративот движеше кон сосема погрешен правец. Што е и нормално, кога темава од воведни напомени нема правец, туку навреди.

    И сега, некако магично, се што претходно не беше во ред, вклучувајќи и редуцирано работно време чија цел е подобар менаџмент меѓу професионален и приватен живот, стана во ред.

    Не знаете веќе што пишувате.
     
    На Mnik, Emy867, Adidas888 и 13 други им се допаѓа ова.
  14. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    5.999
    Пол:
    Женски
    Доколку би гледала низ призма на мажот, кои се нешта тој ги става во рацете на жената? А и кои се сите тие останати нешта што жената ги става во рацете на мажот, а да не се финансиите?
    Дали сметаш дека материјалното е побитно од нечива целосна посветеност и грижа за семејството?
    Дали всушност доаѓаме до заклучок дека ако не си носител на финансии во домот, твојата улога како посветена мајка е помала отколку на таткото?
    Според чиви и кои критериуми треба да се водиме, за да знаеме дека нешто сме направиле во животот?
    Што е успех за тебе, како го дефинираш и дали сметаш дека тоа е универзално нешто? Што доколку ти не ги задоволуваш моите стандарди за успех? Кому треба да се правдаш?
     
    На Pa8la му/ѝ се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.453
    Допаѓања:
    250.857
    На темава имам три мислења и сите ми се со ист став.
    На темава се испишаа толку нереални мислења кои некои од нив воопшто не се реални.
    Од мерење на време за чистење до волонтирање во невладини и хуманитарни организации. Се прашувам ова колку функционира во реалноста оти не сме сите Кејт Миделтон. Ама ок е, ептен филмски.
    Од друга страна пак, не би рекла за жени домаќинки мрзи оти ме порасна жена која си ја жртвуваше својата работа за да одгледа повеќе деца. Не работеше.
    Огромна жртва. Пред очи ми е, и добро знам што доби и што изгуби.
    Апсолутно и не гледам разлика помеѓу мене и мои другарки на кои мајките работеа.
    Затоа и реков не ни читам истражувања и слични работи.

    Да сумирам и да не ја тупам, доста жени прават пауза и во првите години се посветуваат на децата. Причини има многу. Ама има и жени кои решиле да продолжат со работа и да дадат деца во градинка или друг да ги чува.
    И тоа и тоа е во ред, и двете не се жени кои цел живот не би работеле. И не беше за нив темата. Ама на крај темата се претвори во натпревар на најпосветена мајка. Па се постираат многу битни научни студии, се потенцира колку е битна мајката и што губи детето ако не е со нејзе.
    Мајки жртви за своите деца оти решиле да изберат деца, а не кариера. И тоа се така фино и спакувано се протнува низ темата.
     
    На Kate Rina 93, eli25 и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  16. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    5.999
    Пол:
    Женски
    Читаш тоа што сакаш да читаш или уствари го разбра целиот текст?
    Додека се мали децата, особено на возраст кога се постојано зависни од тебе, а да немаш никаква помош, еве најискрено ќе те прашам, како се завршува факултет? Мене ми требало саати и денови да спремам испит и притоа да се концентрирам максимално на она што го учам.
    Воедно, нели наративот беше прво да се обезбедиш себе си едукативно, професионално, финансиски пред да решиш да создаваш потомство?
    Тогаш зошто постот на членката те восхити, а не би те восхитила приказната дека постојат мајки кои ги поминале сите тие скалила пред да се остварат како мајки?
    Дали еве ти повеќе би ме почитувала ако завршам факултет додека се грижам за домаќинството или веќе сум завршила и сум ставила одредена пауза на моите лични потреби за општото добро на семејството? Која е разликата?
    За каков развој зборуваме.
    Чиниш сите вие млади по цел ден седите на книга, секој ден посетувате курсеви, па очекувате од мајките со патем далеку позафатен распоред да се доедуцираат (мислам до кога:D).
    Факт е дека на човекот му треба стимулација за да функционира, но не за да импресионира млади луѓе кои ама стварно се комплетно неискусни за тежината на домаќинството во целина.
     
    На arontt, Amellie13, Kate Rina 93 и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.039
    Пол:
    Женски
    Yeah, right!

    Наводи и тврдења дека само чистат и дремат дома. На ниту едно поле не биле остварени, ниту општествено продуктивни, оти ништо не важи за точно ако не си во работен однос. Пасивни приходи исто се неважечки, јер мора да работиш за да се социјализираш.

    Лични примери беа означени како себеистакнување, а сега имаме восхит по личен пример. Јеа, двојни аршини се вика. Мислењата застапуваат став дека ние не знаеме на кого како му е дома, следствено, претпоставка не е аргумент. И дека баш во тој период кога се дома, може да се прават и други продуктивни цели. Апсолутно никој не глорифицираше домаќинка и само тоа. Али да, на пиедестал се ставија жени во работен однос со стандард ритуализирана нарација - навреди за другата страна. Се минимизираше улогата на жените кои се остварени како мајки, што од жена, апсолутно не смее да се случи.

    Патем, Џулс, колкав процент жени може да си дозволи да не биде во работен однос. Измислените околни примери, никако не се важат. Објективност се вика. И Џулс, никој не го оспори работниот избор. Ама апсолутно не!

    Како да кажам, темава е само начин да рипне егото на плафон, а проблемот што не го гледате е затоа што сте во трип на сеприсутност и продуктивност. А никако не целите вие кон прогрес, туку омаловажување и тешки навреди.

    Хобс рекол, човек на човека е волк. А овде имаме одличен образец - жена на жена е ѕвер.
     
    На ladystardust, arontt, Amellie13 и 17 други им се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.888
    Допаѓања:
    177.040
    Пол:
    Женски
    Сега е во ред и личен пример, претходно лични примери не ги интересираа. :D Двојни аршини мач? :D

    Иначе примерот е топ. Орхидеја само потврди дека кога имаш поддршка од мажот и доволно финансии, немаш потреба да работиш ако не сакаш. Исто така дека ако имаш поддршка од мажот и доволно финансии, секогаш можеш да работиш на себе и своите интереси или да пронаоѓаш и откриваш нови. Од првото мислење токму ова го зборев. :sun:
     
    На arontt, Kate Rina 93, Chantal и 17 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    268.136
    Па болдот е поентата.
    Колку сме за греота општествено.
    И ти е одговор зошто и луѓе кои не се сиромашни ни овде, се селат.
    Целата поента на темава ја долови.
     
    Последна измена: 14 јануари 2024
    На arontt, Annath, Anyshka и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.055
    Допаѓања:
    180.366
    Ама апсолутно. Само проблемот е во твојата перцепција, дека правењето нешто е само ако е:
    - Материјално? Производствено?
    - Валидирано со работен договор?
    - Валидирано со што? Со твојата дефиниција за работа (да се излегувало од дома, да не било скратено работење)?
    Зошто?
    Тоа е тоа со кое јас и повеќето овде имаме проблем, и затоа се објаснуваме сто страни.

    Реков, ни приватно, ни на форумов, јас не знам за жени што никогаш не работеле. Кој колку се труди е дискутабилно, ама сигурно не можам да кажам, тој што повеќе се труди повеќе направил во материјална смисла, освен ако не е мерило копање бунар, па тој со посилни мускули ќе ископа повеќе. Што верувам дека не беше смислата. Ама дали повеќе се труди на работа шнајдерката од докторката, за повеќе материјален надомест? Или докторката матична со своја ординација, наспроти таа од Систина?
    За аспектот мрза, исто така вработеност или невработеност не се ставаат на кантар, пошто има и луѓе невработени што ништо посебно не прават, и луѓе вработени што ништо посебно не прават. А исто и обратното. Ниту сите вработени, ниту сите луѓе општо, имаат можност, па и амбиција да постојано растат, развиваат нови вештини, стекнуваат нови знања, да не се заебаваме сега.

    А за аспектот од ништо нешто, ако одгледување дете не е од ништо нешто, не знам што е. Ама не. 4 месеци породилно е доволно, има градинка таа знае подобро, бебе социјализирано, мајка социјализирана, сите среќни?
    Родителски политики од развиени земји од 21 век се уствари креирани за незнамшто, ајт таму сите во фабрика и доста паламудење, тоа се женските права за кои се бореле.

    Како човек ќе ценам секој еден кој се вложил во креирање добробит, и мајка која работи 12 саати, оти мора, и мајка која работи 4 саати и после учи со детето од основно. Дали и колку заработиле, дали се нашминкале, дали си купиле кола и каква, ама скроз ми е небитно. :!:И немајки, ама тие не се спорни, не се овде предмет на осуда и подсмев.
     
    Последна измена: 14 јануари 2024
    На arontt, Mnik, bittersweet и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.