Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.453
    Допаѓања:
    250.850
    Ќе те молам најди го мислењето ладе што јас лични вреѓав и омаловажував некого? Или да сум лајкнала такво мислење?
    Примерот го потенцирав особено за делото каде што и сама Орхидеја вели дека децата пораснаа, а она со кафе пред тв се запрашала што понатаму?
    Оти секоја една жена која се одлучила да не работи и остане дома, во еден момент си го поставува прашањето.
    Личен пример имам и дома. Со истото прашање.

    Друго никако не ја потценувам улогата на мајка, многу пати сум рекла дека ниедна диплома не ми вреди како онаа на мајка и многу пати сум се откажувала од кариера заради деца. И не се каам.
    И секогаш прво ќе бидам мајка.
    Ама тоа пак не ме спречува еден ден да остварам тоа што сум го замислила.

    Ничија одлука или избор мене не ме погодува. Лично е, мое е да го почитувам. Ама веројатно можам да имам став на темата нели?
    Она што ми пречи е постојаното нагласување на мајката која според доста жени оти нели тие така одлучие, мора да седи дома додека не пораснат децата. Читај непристрасно, од почеток.

    На крајот, ќе се согласам со тебе, еве добивме простор да ни рипне егото. На сите, без исклучок.
     
    На Peanut Butter и Feminka22 им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.986
    Допаѓања:
    268.043
    Еве од почеток читам, уште не прочитав некоја да напише дека мајката МОРА да седи дома.
    Пожелно е од аспект на бебето првата година да е со него, пожелно е од аспект на детето првите 3-4 години да го чува еден од родителите, неважно мајка или татко.
    Во асалните земји постојат такви породилни отсуства, кај нас не постојат, а во темата за 15 месеци породилно пред неколку години, што навреди исполетаа за мајки...

    Што значи кај нас мајката и да сака да си го чува детето (или таткото, за жени е темава) опциите и се тие, отказ. Еве како мајка знаеш на 9 месеци каква социјализација е тоа меѓу бебињата, просто да се фасцинираш како се социјализираат меѓу себе 8+ саати. Мораме да ги оставаме толку мали, е тоа е вистина. Не е мајката немајка, општеството е срање.

    А за хуманитарна работа што не ти е реално, во реален живот познавам многу луѓе што имаат семејства и деца и волонтираат, нормално, финансискиот фактор не им е пресуден. И мажи и жени. А пошто ги познавам од тинејџерка, ете мене ми биле инспирација во животот. Ништо лошо во тоа :)
     
    На Lizi, arontt, bittersweet и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.028
    Пол:
    Женски
    Ти, ти, ти! И пак ти! Не пишуваме за тебе, ниту целев со моето мислење на истото. Не знам дали треба да ти се извинам што не разбираш или погрешно ме разбираш. Али еј, сепак не, пошо објективноста беше твоја страна. А патем, истава некако ти е со лични примери.

    Не, ама никако! Не затоа што тие одлучиле да седат дома, па сега паметуваат за други. Туку затоа што е личен избор следствено своите лични околности. И Џулс, токму спротивното на цели 100 страници, еден избор овде се наметнува како правилен, а тоа дека мора да работиш, затоа што другите така за себе одлучиле. Јас пак наивна, мислев мора само да се умре.
     
    На Mnik, Bezimenka90, Emy867 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.048
    Допаѓања:
    180.319
    :D
    Да се умре...и данок да се плати:!:. Од каде данок без работа, м?]:)
    :bandit:
     
    На arontt, Mnik, Scott Weiland и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    Темата цело време ми го има истиот вајб како онаа за Богат дечко или како и да беше.

    Кога членка пишуваше како богат дечко се заљубил во нејзината сиромашна другарка и сега таа шетала насекаде низ Европа.

    И "загрижената другарка" беше во стилот: "Епа не може така, мора да раскине." :envy:

    И тука демек сме многу загрижени ако богатата и среќна комшивка ќе отупи ако не е вработена и не работи по ISO стандардите.
    [​IMG]
     
    На winnie02, Mnik, bittersweet и 8 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.453
    Допаѓања:
    250.850
    Темата е жени домаќинки, а не жена на породилно. Ама дискусијата продолжи во таа насока. Не знам зошто се коментира тој период воопшто.
    Па чекај ме цитираш и ми пишуваш за навреди, ти одговарам дека јас лично не осудувам и вреѓам.
    Не е темата ни за мене ни за тебе, ама сите лично коментираме.

    Потенцирав кој дел од постот е суштината на самата тема. И е, ама упорно се дебатира за породилно или продолжено породилно.

    Апсолутно ништо не МОРА. Секој со своите избори и одлуки, а ние на форум еве ќе дискутираме и на крај ќе си го мериме.
     
  7. SanMichel

    SanMichel Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    486
    Ve citam veke nekoe vreme se zacleniv da pisam mislenje.

    Strasno e kako izgleda celata tema i kako vie zenite se podelivte. I pokraj toa sto se poznavate megju sebe i celiot neispran vesh go iznesovte na temava. Ne mora sega kako nov clen da zboruvate so filmovi nov clen dosol da kaze neso javen forum e apla se primetuva nesto.

    Moeto mislenje e deka site ste domakinki, ne mora da imas deca za da bides domakinka. Ima brakovi bez deca, ima parovi koi ziveat zaedno i toa ne e rabotno obvrska tuku sekojdnevie. Toa e nesto sto sakate sami da go pravite, toa treba da ve ispolnuva ako ne se naogja druga alternativa.
    Vtorata opcija ne sekogas znaci deka e mrza zenata tuku nedostatok na vreme go praj svoeto. Naprazno se ubeduvate so staromodnite mislenja deka e treba i e moralno,sto vsusnost i ne e.
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.986
    Допаѓања:
    268.043
    Па јасно де, само што се објаснува зошто (некои) одлучуваат да станат домаќинки.
    1. Не им е ок да дадат бебе на 9м во градинка
    2. Имаат финансиски услови да не дадат

    Никаде не најдов дека МОРА. Барем денес не знам од личен живот жена што седи дома зошто е присилена, маж и' не и' дава да работи, сите што ги знам седат затоа што можат да си дозволат и по свој избор.

    Освен тоа, толку работи се нафрлаа во темава што нема крај, мислиш модла некоја постои за сите нас:

    - ако зависи од мажот финансиски, потчинета му е
    - ако има свои пари, а не работи - отупавува
    - ако не оди на работа во некаков колектив, не се социјализира (значи фриленс никако)
    - ако седи дома изиграва принцеза, маж и' е вол сирот

    Преконтрадикторно е сето ова, тоа сакам да кажам. Ништо не мора. Пожелно е да имаш мотивација да си ги следиш своите соништа, па дали ќе работиш и ќе дремеш секој ден на афтер, дали ќе работиш фриленс, дали нема ни едно дете да имаш и ќе се посветиш на волонтерство, дали ќе садиш бавча цел живот, дали учиш засекогаш, дали ќе станеш претседател... твои соништа, твои избори.

    Ама, сите живееме во некакви држави, е некои даваат поволности, некои се РСМ.

    Мислам од моментов што го прашав - ако имам свои пари, купувам акции и не работам, ами? Ми кажаа дека сеедно, отупавуваш. За на Битер да и' кажат дека пошто има свои пари кои ги инвестира, тогаш друго е. Мислам make it make sense е муабетов.
     
    На bittersweet, Yowannty, Lianna Anna и 11 други им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.453
    Допаѓања:
    250.850
    Апсолутно кој што сака ќе си прави.
    Темата беше отворена и имаше шанса за дискусија, ама како и секогаш, се претера.
     
    На Peanut Butter и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.827
    Допаѓања:
    23.481
    Пол:
    Женски
    Еве:

    Јас се извињавам ама баш ова значи дека ако мајката не остане дома нема да има близина со децата што значи ако сака да е добра мајка МОРА да остане дома. Сте го исполајкале сите така да сигурно се сеќате (и согласувате).

    Поподло е такво мислење и сите слични отколку некој копи пејст да ја напише реченицата „Мајката МОРА да седи дома“, пошто ова горе е ем мајката мора ем мајките кои работат не се доволно добри.
     
    На Peanut Butter, Ambitious, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.986
    Допаѓања:
    268.043
    Јас воопшто не го доживеав така мислењето, напротив, дека за нејзиниот живот и нејзината работа смета дека е најдобро тоа што го одбрала таа, а не дека сите мораат нешто.

    Макар, ако се вратиш поназад ќе најдеш и мое мислење дека на секоја работа сме заменливи, освен во животот на децата.
    И тоа стварно најстварно го мислам, не мислам дека ниедна корпорација не би можела да ме замени, ама на бебето/малото дете не може никој да му замени родител.

    Едит: од моја околина не сум запознала мајка што е ок да почне тогаш на работа, кога бебето има 9 месеци. Повеќето користат неплатени 3 месеци породилно, се снаоѓаат после со баби, или оние кои имаат можност не се враќаат на работа тогаш.
    Ја спомнав братучетка ми, детето поголемко оди веќе во градинка, таа иако е стоматолог, тек кога имаше 2 години почна 20 саати неделно да работи.
    Ниту има намера во догледно време да се врати фул тајм, меѓу две мали што нон стоп едно е болно и ептен озбилна работа, не гледа причина да си го стресира животот до толку. Маж и' заработува сосема доволно да живеат добар живот. Кога не е на работа децата се или на плажа, или учат со неа (ок малото е мало баш) или одат по едукативни центри што се забавни за внук ми.
    Ете во земјата кај што живее може супер кариера да има, ова ја исполнува и среќна е. Да напоменам дека на 35+ ги роди двете, има стаж позади себе :)
     
    Последна измена: 14 јануари 2024
    На Billy Idol, Yowannty, Lianna Anna и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.048
    Допаѓања:
    180.319
    Не сум го ни видела тоа мислење:D
    И не разбирам каде исчита од тоа дека членката избрала да е доживотна домаќинка? Ако објаснила дека ја ставила кариерата на пауза, сите, или барем повеќето ја ставаме кога ќе дојде дете- се вика породилно, родителско отсуство. Ако решила да смени кариера, или ако реши во иднина, нејзино право. Ако треба да бира меѓу месец отсуство од дома или присуство дома, што да одбере?
     
    На Yowannty, Lianna Anna, Anyshka и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.229
    Допаѓања:
    7.793
    Пол:
    Женски
    Мене докторот ми кажа дека бебето уште додека е во стомак го слуша биењето на срцето на мајката, и дека кога ќе се роди кога го ставаат на гради на мајката се смирува. Познато му е веќе. На почетокот само мајката ја познава,нејзиниот мирис и слично. И само мајката може да го смири.
    И мене пробаа да ми продаваат вакви фори дека ќерка ми ме бара за млеко, јас тазе неискусна на почеток со рана и малку поемотивна.
    Не верував до толку дека е вистина тоа што ми го кажа докторот. Се додека една ноќ плачеше премногу од грчеви а ова стариве мислат дека помагаат а уствари одмагаат се вртеа цело време дека они ќе ја смиреле, додека не ми пукна филм и си ја зедов во раце само што ја зедов се смири а кога и запеав одма заспа. Ама нивниот коментар беше дека се уморила од плачење затоа (facepalm)
    Таа ноќ си ветив дека ќе биде последно јас да дозволам во мое присуство друг да го смирува бебето а тоа да плаче. Само мајката може да го смири новороденчето.
     
    На Mnik, Anyshka, LiquidLuna и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.827
    Допаѓања:
    23.481
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со се тоа, ако сакате да дискутираме за подолго породилно, 100% сум on board. Ама ако толку ги почитувате домаќинките и имате емпатија што перат, чистат, чуваат деца, тогаш имајте емпатија и спрема жени кои работат и го прават најдоброто што можат да се тука за децата и да ги направат најсреќни и најсакани. И тоа може да се успее, неколку пати се согласувавте дека добро мајчинство нема врска со тоа дали мајката работи или не работи.

    Не зборам за работохоличари што бтв знае да е токсично и занемарливо родителство, туку конкретно во контекст на темава, после 9 месеци мајката се враќа од 7 до 3 на работа, рецимо. На таа мајка иако иде на работа, детето сигурно и е приоритет.
     
    На Just.do.it, Peanut Butter, Ambitious и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.048
    Допаѓања:
    180.319
    Јас не знам како дискутираме и претпоставуваме нешто што не е пишано, нешто од меѓу редови.
    Пример, ова од вчера
    Како подобар објаснувач ме бара ќерка ми, не дека мажот ми префрла обврски.
    Зошто автоматски претпоставувате дека маж би ми префрлил обврска? Зошто не би помислиле дека дете може да избере со кого што сака да прави, и притоа да го прави нештото со најдобриот партнер за тоа? Зошто? Со татко и ќе учи виша математика ко ќе дојде време, не знам што да речам повеќе. Дотогаш ќе играат баскет и плејстејшн. И безуспешно ќе се обидува да ја научи музика:D

    А кој рече дека на жена што работи од 7 до 3, не и детето приоритет? Јас не памтам такво нешто. Јас напротив имам кажано и дека жена работи 12 саати, баш оти децата и се приоритет, и примарните потреби се секогаш примарни, ама подобро и за нејзе и за нив би било да работи 8 саати. Работните саати ниту ја прават повеќе или помалку мајка, стварно не го разбирам муабетов.:?:
     
    На Billy Idol, bittersweet, Yowannty и 9 други им се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.303
    Допаѓања:
    125.991
    Пол:
    Женски
    Ама, ти си присутна и одговорна мајка. Па, е поверојатно да има поврзаност.
    Не може да се збори за поврзаност и барање кога мајката ја снемува од старт (поради смрт за време на или нешто по породувањето, или ќе го напушти-има и вакви колку и да го игнорираат некои ова). Нема да ја памти.
    Некои и имале/аат присутни мајки, но џабе.

    Не е двоен аршин. За восхит и за почит е.
    И убаво пишува зошто.
    Зошто?
    Затоа што не дозволила да се сведе само на едно. Ниту само домаќинка со деца, ниту само вработена жена.
    Била на двете страни и не се претопила во едното. Осознала како е на двете страни и утврдила што и како ѝ одговара.
    Не дозволила ни децата, ни себенадоградувањето кое ја довело до посакуваната работа да ѝ бидат изговор.
    Сигурно не ѝ било лесно, но се снашла како да си воспостави баланс. Баланс кој ја прави ем инволвирана мајка, ем жена која спремна би можела да се соочи со црни сценарија благодарение на своите пари.
     
    Последна измена од модератор: 15 јануари 2024
    На Erika.greeneyes и Cosmi им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.986
    Допаѓања:
    268.043
    Срцка, навистина немаше такви мислења, напротив.
    Нормално дека и' е приоритет, најчесто од немање избор и за да му пружи финансиски, поретко затоа што тогаш и во тој период е фокусирана на кариерен напредок.

    Неважно, најголем дел од жените се враќаат на работа, која оти сака, која оти мора. Тоа не го негира фактот дека на 9 месеци е прерано за градинка, ниту фактот дека веќе во тој период и нешто порано на родителско отсуство може да е таткото комотно.

    Не знам од каде е идејата дека жените што работат се немајки, кога сите што коментираа се самите вработени.
    Не го игнорираме, во друга тема можеме да збориме за импактот од губење на мајката.
    Нема да ја памти оти нема да ја има, ама без сомнеж ќе има последици. Секако можеме во друга тема да разглабаме, овде е офтопик умрена и неприсутна мајка од Х причини. Или насилна или незаинтересирана.
     
    На Annath, Anyshka, Yowannty и 4 други им се допаѓа ова.
  18. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Да, болдот би требало да укаже дека сиромашното општество треба да се поправи, а не да се восхитуваме на модели од богатото општество.
    Живееш живот најдобро што можеш, во условите кои ги имаш, просто е.

    Сепак никогаш на ниту една жена не би и советувала дека единствен пат за слобода и уживање и е да си најде богат маж кој ќе и пружи избор. Сметам дека не морам да го образложувам тој свој став.
    Но токму тоа испадна и толку од женската борба.

    Ти напиша прекрасен пост во кој се сеќаваш колку ти било убаво кога си усреќила некои пациенти.
    За мене тоа вреди многу повеќе од омразената ти социјализација со колешки.
    Благослови еден куп си добила, тоа е и смислата на заедничарење со луѓе.

    Порано жените биле претежно домаќинки, но живееле во заедници во кои си помагале.
    Денес мајката домаќинка трча по детето кое во школо веќе оди и почнува да превртува со очи на нејзините загрижени прашања околу се и сешто.
    Денес мајката знае се подобро од сите доктори,тренери или учители на сопственото дете, бидејќи онака образована,а со вишок слободно време и невидено најголема љубов кон своето чедо, има право како мајка херој да одлучи што и како е најдобро за него.
    Се нема доверба во никого, сите сме најпаметни , дипломирани , нашетани, мудри....а од друга страна анксиозни и полни со гнев...
     
    На BlackNight, Peanut Butter, Celltica и 3 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.986
    Допаѓања:
    268.043
    Ќе зборувам за мене, затоа -минус деца во приказнава.

    Се' арно, ама мораш во мојот случај да направиш дистинкција во мојот однос кон пациентите и односот кон колегите. Не е ист и не може да биде ист. Јас од 10 години во здравство научив дека сакам луѓе. Да им помагам на луѓе, да бидам тука за луѓе, посебно стари лица.

    Е сега, дали за тоа да го правам ми е неопходна работа?
    Не, не ми е.

    Може мажот да заработува доволно додека имам непрофитна за стари, може живеам од свои пари, како пример наведов дивиденда.

    Немам деца, значи не е тоа причина да сум невработена. Причина е што сум нашла нешто што искрено ми ја полни душата, толку. Не мислам дека тоа сценарио ме отупавува и што се' не останато.

    Работиме за пари. Најголемиот дел од нас. Не работиме затоа што уживаме да работиме во стресни услови, со рокови, а од студентиве ме фаќа смеа оти ако во здравство не научиш што е стрес на работно место, никаде нема. Не постои постресен сектор, од хигиеничарката која е одговорна да не фатиш сепса, до докторот што те оперира.
    Нејсе.

    Поентата е. Ако (услов) финансиите не ми се фактор, можам да бидам социјализирана, среќна и исполнета, да учам и да се надградувам себе, преку институционализирано и неинституционализирано образование. Можам да запознавам луѓе и учам од нив. Можам да заспивам со полна душа.

    Платата не ми ја полни душата, ми го полни фрижидерот и ми ги плаќа сметките.
     
    На bittersweet, arontt, Billy Idol и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.371
    Пол:
    Женски
    Ако го спакуваш муабетот во приказна за Трпана и комшивка и, не е дека нема да ти ја сфатиме поентата која ти и многу други латентно ја протнувате на темава.:mm:
    Да не продолжуваме да се правиме наудрени само.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.