Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Можеш.
    Ти посакувам да си го оствариш својот сон.
    И ти посакувам да бидеш среќна и опуштена мајка, преку децата понекогаш и до чуда се доаѓа. :)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.036
    Допаѓања:
    12.762
    Инаку, на држава како Македонија не и требаат вечни домаќинки, оти од вечни домаќинки е таму каде што е, доцниме со векови зад нормалниот свет, туку треба градинки, да ги згрижат сите деца, а не мајката да бара врски за прием во градинка и работа да има. Нема држава без деца, ама и нема држава без активно население и без работа, едноставно нема буџет и чао.
     
    На LadyR, BlackNight, Feminka22 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.048
    Допаѓања:
    180.314
    Добро, која и да е поентата. Дека дете со кое се работи, ќе порасне во попродуктивна личност отколку дете кое гледа турски серии? Да, стојам зад тоа. И со мајка домаќинка да било, и со турски серии, исто ќе било, и со вработена мајка која работи и со него, ќе било обратно. Со деца треба да се работи, што никако не значи дека мора само тоа да се прави.
     
    На LiquidLuna, Anyshka, MacenceEna и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.475
    Допаѓања:
    22.721
    Пол:
    Женски
    А шо, демек домаќинките ако се вработат и Македонија ќе се опраи? :D:D
    За другото се сложувам, но за тоа апашите на власт се криви шо не ги праат сите тие работи шо ги наброја, за на една жена или мајка да и биде полесно и да може да има избор.
     
    На Mnik, LiquidLuna, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.349
    Допаѓања:
    286.164
    Домаќинките криви и за тоа до каде е стасана Македонија.
    Се читате ли што пишувате?
     
    На Coco31, winnie02, bittersweet и 16 други им се допаѓа ова.
  6. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    5.996
    Пол:
    Женски
    Како дозволуваш или не дозволуваш да ти се случи живот?
    Дали тебе ако ти се спрема црно сценарио, имаш доволно пари и имот? Ако не, зошто не?
    Зошто мислиш дека домаќинката нема имот и пари за црното сценарио?
    Сите знаеме како по правило се живее, но тргни прво од себе и запрашај се, до каде си со горенаведените средства за црно сценарио.
    И те молам биди доблесна да одговориш, а не само на она што ти одговара да одговориш.
    Да продолжам.
    И еве да речеме, работам. Имам пари. Што правите со парите, ги ставате на посебна штедна книшка без да знае мажот бидејќи се спремате за црно сценарио. Како оди тоа?
    Бидејќи работа за неквалификуван кадар има со лопата да ринеш. И не дека е малку платена. Само да се потсетиме во Кам земаат повеќе него ли некој со некаква ,,кариера" во МК.
     
    Последна измена: 14 јануари 2024
    На bittersweet, LiquidLuna, Billy Idol и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    Бранко е крив ❌
    Домаќинкитe се криви ✅
     
    На bittersweet, arontt, Curious cat и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.475
    Допаѓања:
    22.721
    Пол:
    Женски
    Вадете тефтерот и запишувајте :rofl:
    (facepalm)
     
    На Mnik, LiquidLuna, Bezimenka90 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.986
    Допаѓања:
    268.039
    Искрено компас нема темава, од наводно мајките што работеле биле немајки (а сите вработени) до некои на темава (кои?) биле тие што ништо во животот не правеле.

    Еве не знам, не разбирам.
     
    На Mnik, LiquidLuna, Billy Idol и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.028
    Пол:
    Женски
    Тебе и уште неколку членки тука, престанав да ве читам страници уназад, оти туѓ срам ме изеде од писанијата. Али да, пошо не ме рипна за да ми објасниш колку ограничувачки и нереално го детерминираш терминот домаќинка.

    Тоа е она што цело време го пишуваме. Ако ги изоставиш стереотипите, може конечно ќе разбереш колку многу жени успешно балансираат различни улоги, вклучувајќи ги и кариерата и семејството. Разновидноста и комплексноста на улогите на жените во денешното општество, никако не се сведува на само домаќинка. Пошо, освен шо можеш да се оствариш како мајка, си и жена пред се.

    Појма немаш ти од балансирање меѓу различни улоги, што и не страшно, ќе научиш. Страшното е тоа што поставуваш стандарди и очекувања за другите, без да им ја знаеш реалната ситуација. Не звучиш ништо подобро од мажите кои немаат никакво разбирање, дома си и ништо не правиш.

    А буџетот за црните сценарија остави им го на оние кои навистина знаат да раководат со истото. Заеднички, со партнерот кој го избрале за сопатник. Брак се вика, иако може да се случи и без хартија.
     
    На ladystardust, winnie02, bittersweet и 19 други им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.633
    Допаѓања:
    35.243
    Пол:
    Женски
    Се искакавте на феминизмот и на женските права, ама онака квалитетно |( :worried:
    Едуцирајте се прво што значи феминизмот, за што се бореле жените во минатото, па после оправајте криви дрини на темава. Сигурна сум дека ќе откриете дека всушност целта на феминизмот е жените да бидат еднакви со мажите и да имаат исти права и можност да прават што сакаат со својот живот. Исто како мажите :nod:
    Само што, има тука некои „феминистки„ кои знаат како треба да прават другите и всушност ни кажуваат како да си го живееме животот ние непросветените, кои се „грижат„ за нашата добробит, за нашиот живот итн... а всушност се алапачи и малограѓанки, оти ваквите карактеристики кои погоре ги опишав, никако не се вклопуваат во современа, едуцирана, исполнета жена. Таквата жена воопшто не се замара што другите прават со своите животи, ниту пак седи на форуми и расправа за нив, туку си го живее животот максимално. Без разлика дали била вработена или домаќинка. Е, кон ова треба да тежнееме/те, а не да ги обликувате другите според вашиот калап.
    Се уште не сме еднакви со мажите и нема да бидеме еднакви се додека самите се напаѓаме и навредуваме. Баш ме интересира дали ваква тема би била отворена на машки форум? И дали и таму мажите ќе се плукаат меѓу себе, како вие овде?! :^)
     
    На arontt, LiquidLuna, Amellie13 и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.827
    Допаѓања:
    23.481
    Пол:
    Женски
    Освен одредени безобразни коментари, од двете страни, нема ништо лошо во тоа да се дискутира нешто овакво. Дури и паметно е. Јас ако имам одредени ставови во врска со домаќинството, не значи дека со закон барам да се забрани истото или дека мислам помалку за жени кои се одлучиле така. Едноставно имам некои размислувања во врска со таквата појава. Пола теми на форумов се во врска со како други луѓе го живеат својот живот и нивни избори, не само оние што се за оговарање туку во врска со пушење-непушење, дебелина-фит, промискуитетност-чесност итн. Ствари што ги гледаме во животот.

    Можеме да дискутираме до утре, ама останува да видиме колективното мислење, мнозинските избори како ќе се наклонуваат, а јас верувам дека ќе се наклони во правилен правец - whatever that is.
     
    Последна измена: 14 јануари 2024
    На Just.do.it, BlackNight, Lady D ❤️ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.371
    Пол:
    Женски
    Како која и да е сега поентата.
    Уште ќе се правиме наудрени, добро.

    Даваш два примери:мајка која седела дома и гледала деца и мајка која одела на работа,баба и го гледала детето.
    Притоа прашуваш.
    кој одгледал подобриличности и идни продуктивни граѓани за општеството?
    Јасно е нели?!
    Ако сака да е добра мајка мора да остане дома !!!!
    Мајките кои одат на работа и не седат со нив доволно долго, нема да изградат подобри личности и кдни продуктивни граѓани од мајката шро седела дома.
    Притоа стопати повторивте 4 месеци,7,9 година …..

    Има жени кои ги оставиле на 2месеци.
    И пак се супер мајки и децата им се пораснати и воспитани во одлични личности.
     
    На Lady D ❤️ и H.VAGA им се допаѓа ова.
  14. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Од цел пост каде неколку пати со големи букви е напишан зборот ИЗБОР, ти прочита МОРА?

    Каде напишав дека мора? Реков секој прави ИЗБОР во согласност со сопствените приоритети и желби.

    Очигледно целосно си ја промашила поентата на мојот пост.
     
    На Anyshka, Pa8la и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.827
    Допаѓања:
    23.481
    Пол:
    Женски
    Хаха, толку без осет.

    Се читаш што пишуваш? Точно ти ја разбирам поентата.

    Ти велиш дека некоја жена ИЗБИРА дали работата ќе и е приоритет или детето. Б е з о б р а з н о. Јас ти велам дека детето на секоја здрава у мозок жена и е приоритет без разлика на тоа дали сака да има кариера или не.

    Твојот пост е манипулативен во најмала рака.
     
    На Just.do.it, Lady D ❤️ и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.036
    Допаѓања:
    12.762
    Пензискиот систем е во тешка состојба, така што повеќе вработени ни требаат, повеќе активни луѓе. Тоа билда и економски раст. Само треба државата да обезбеди повеќе работни места, а и градинки. Нека е и со 4 часа работно време, битно да има избор, и да придонесува за заедницата. Ама ова во некои идеални услови, џабе зборувам. Државата не може една лична карта да ни издаде навреме, ќе средела систем, нема грешка. Како што спомнаа претходно, постари жени кои немаат ни ден стаж има премногу. Тоа е доказ дека општеството не е сјајно.
     
  17. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.475
    Допаѓања:
    22.721
    Пол:
    Женски
    Како може постарите жени без стаж да се доказ за неуспешноста во едно општество? :D
    Па нашето во тоа време немало ни струја а не па права на жените за работење.
    И шо треба според тебе да прајме? Да се котиме ко зајци, битно да има работна сила? :D
     
    На Mnik, Anyshka и Pa8la им се допаѓа ова.
  18. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    35.008
    Пол:
    Женски
    Повеќето млади се иселија, повеќе вработени ни требало, никој не работи за без пари.
    Работодавците ќе молат, порано беше обратно.
    Тие што се иселени многу им е гајле за пензискиот систем во каква состојба бил.
    Државата нека му ја мисли.
     
    На Mnik и Adidas888 им се допаѓа ова.
  19. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Или не читаш или сакаш да се расправаш? И двете се подеднакво лоши опции.

    Ај уште еднаш да објаснам.

    Во оригиналниот пост се говори за:

    да имаме право на ИЗБОР како ќе го водиме сопствениот живот.


    Работа никаде не беше спомената, туку кариера. Поконкретно, кариера во одредени професии кои бараат жртвување на аспекти од семејниот живот. Тоа не е избор црно-бело, туку одлука да не се преземаат обврски надвор од основните работни обврски и надвор од работното време, што понатака ќе се одрази со стагнирање во кариерата.

    А доколку и се случи некоја жена да одлучи да напушти работа за да се посвети на семејството, да се навратиме кон болдираното. Тоа е нејзино ЛИЧНО право на ИЗБОР и нема што ти или јас да се мешаме. Нејзин живот, нејзина одлука.

    Навистина не ја разбирам оваа потреба да се регулираат туѓи животи според ваши верувања и убедувања.
     
    На CameliaMiller, ArabellaStarfall, Pa8la и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.036
    Допаѓања:
    12.762
    Во времето на баба ми било така, во времето на мајка ми не. Мајка ми има 57 години, ни ден стаж. Тетки, стрини, вујни, сосетки, повеќето исто. Секако дека општеството е крш. Не да се котиш, против сум такви примитивни методи, туку многу жени кои се вработени, тешко се решаваат за второ. Нема место во градинка, жена да ти чува дете е скапо, и којзнае каква ќе најдеш, да не биде како две дадилки што тепаа деца, па ги фатија. И сега само што прочитав еден пост во една женска група, жена прашува, дали има право да тужи. Отишла во странство, таткото се препишал на братот. Жениве кај нас како партал, значи семејството ќе ја остави без ништо. Е затоа жена ни под разно да не се остава без работа. Прво татко и брат ти забиваат нож во грб, што да очекуваш од маж? Кај нас пропаднати бракови колку сакаш. Тука беа воспеани мажите мислиш светци, а реално македонските мажи се прилично големи пропалици, тоест ретко ќе најдеш маж што е работлив и што нема пороци.
     
    На Just.do.it и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.