Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.349
    Допаѓања:
    286.132
    Се трудам да ти ја сфатам поентата, ама толку ми е се нафрлено, конфузно, хаотично…
    Уствари домаќинките ич не се криви, македонските мажи, сеедно дали татковци, браќа, сопрузи, не чинат.
    Да се пази човек нож во грб да не му забијат оти и така најголемиот дел се пропалици и со пороци. Да работи оти не знае што ја чека со нив.
    :tmi:
     
    На Cka, MacenceEna, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.643
    Допаѓања:
    39.329
    Пол:
    Женски
    Паа освен ако не збориме за жени што имаат 100+ години, секоја жена што е сега стара живеела во време кога жените смееле да работат...
     
    На CameliaMiller, Biljarkata, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    5.986
    Пол:
    Женски
    Како може мажот да препише нешто на својот брат, ако имотот да речеме е стекнат во брак, не би се барало тогаш согласност од двајцата сопружници? Не знам правно како е тоа возможно. А и не знам навистина.
    Во случај доколку имотот е стекнат пред брак, тогаш и реално тоа си е негов имот и како сака може да располага со него. Размислувам површно, не емоционално. Ако се водам со емоции, да, погрешно е.
    Туку еве си размислувам. Жената нема да се остави без работа. Да речеме зема една минимална или просечна плата. Што тоа ќе и помогне на жената доколку се разведе? Таа месечна заработка не стои статус кво, се троши, што за сметки, што за домаќинство, што за деца. На крај, ништо не ти останува. А и да ти остане, не знам како другите фамилии функционираат, но кај нас заштедата оди на куп. Така што, земала не земала, ако нема свој имот стекнат пред брак, не знам ни што менува што била домаќинка. Затоа што, како што кажав, ако немаш Х период во твојот живот работно искуство, не значи дека не можеш да се вработиш некаде. Фабриките исполнети се со жени во подоцнежни години. Платите не им се најдобри, но скоро како и повеќето плати во Македонија.
    Да се разбереме, не викам дека жената треба да напушти кариера поради семејството, но не гледам како и двете се во предност или загуба. Ако зборуваме за црни сценарија.
     
    На Трагедијаупмм, bittersweet, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.036
    Допаѓања:
    12.759
    Тоа што ти го кажа е најдобро. Жената да си стекне барем една гарсониера, нејзина лично, пред брак, па што сака нека биде после, да има покрив над глава. Примерот што го прочитав е како брат и татко зезнале сестра односно родена ќерка, отишла во странство, си средиле дека таткото цел имот го подарува на синот и женава бара правен совет, анонимно секако. Замисли се враќа, не успеала во странство и ? Жената ќе стане бездомник ако нема работа, односно ако нема работно искуство со кое ќе се снајде?
     
  5. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    22.702
    Пол:
    Женски
    Убаво напиша, и јас најдобро те разбирам тука од сите. Ама ако жената најде добар партнер со кој би била финансиски обезбедена, притоа партнерот да го нема она нашето балканско, ваљда ме разбираш шо ти викам, тогаш мислам дека би требало да има избор она дали сака да работи или не. Зборам за саалам партнер.
    Во нашево општество има многу недостатоци, посебно во машката популација, шо е резултат на патријархот. Ама ако жената нашла добар партнер и ако тоа им е избор и на двајцата и ако се среќни со тоа, не гледам причина жената да работи.
     
    На Трагедијаупмм, LiquidLuna, Pa8la и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    5.986
    Пол:
    Женски
    Извини, погрешно сум сфатила:D
     
  7. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    22.702
    Пол:
    Женски
    Ок тоа, но има од тие шо биле израснати од родители во времето кадешто жената не смеела да работи па затоа и не им дозволувале на своите ќерки. Знам и такви жени. Незнаат ни да пишуваат оти таткото не им давал да се образуват. Зборам за постарите.
    Така да, не треба ич да се мереме ние со постарите, оти од помладата генерација нема такви.
     
    На Трагедијаупмм, Anyshka и Pa8la им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.036
    Допаѓања:
    180.197
    Не. Тоа ти го кажуваш во манир на извртување тези. Затоа го враќаш муабетот од пред 70 страни и го ставаш надвор од контекст, и без линк до конкретниот муабет.
    Наспроти твојата теза, дека мајките што седеле дома ништо не правеле, не знам каков пример им давале на ќерките и биле исфрустрирани, давам пример дека не е така. А колку време треба некој да работи, какви законски работнички права има, немам јас дефинирано, ниту тоа што не се почитуваат е моја вина.

    И тука ќе прекинам, пошто освен извртување тези, можда стварно во паралелни светови живееме. Ти велиш жени пред 70 години работеле, јас велам-не знам ниедна жена што никогаш не работела, ни комшики, ни тетки, ни роднини... дури овде ни портретираат цело село невработени жени и балкански мажи пробисветови. Не ни имав појма колку паралелни светови може да постојат, дека хармоничен брак базиран на взаемни одлуки бил поредок од хелеева комета и дека ете, мора да бидеме стално на готовс, свои пари за црни денови. Дека мајките се криви за се, тоа знаеме, а работеле, а не работеле криви ќе бидат, тоа е:doh:.
    Жално.
     
    На Трагедијаупмм, do-re-mi, Lianna Anna и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    22.702
    Пол:
    Женски
    Супер објаснето, жена шо не е квалификуван кадар односно нема факултет ( а такви се многу повеќе) , нема шо да изгуби кога гледаме за црни сценарија. Со минимална плата неможеш стан да купиш, тоа е факт. И да заштедиш нешто тоа ќе е нешто минимално. Така да, исто ти се фаќа дали сега ќе работиш или подоцна во животот.
    Ете и јас сум таков пример, мене татко ми не сакаше да ме пушти на факултет оти сум била женско. Не ми даваа ни да работам како помала, незнам од кои причини. И кога дојдов до степен да се разведам, мене исто ми беше дали сум вработена или не, пошто парите секако не ми стигаа за ништо. Од месец за месец животарење.
    Затоа викам, не судете никому, оти секој гледа да се снајде во животов.
     
    На Трагедијаупмм, Mnik, Pa8la и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.643
    Допаѓања:
    39.329
    Пол:
    Женски
    Не знам каде виде мерење, ама океј. Да, имало такви случаи, има уште во одредени средини. Ама секако дека не го сочинувале мнозинството, мнозинството работеле.
     
  11. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    22.702
    Пол:
    Женски
    Да, јас се надоврзав за членката Тања шо зборуваше за постарите.
     
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.370
    Пол:
    Женски
    Те прашав одговор на твоето поставено прашање.Не напишав јас мајките се криви за се,не вади заклучоци без врска и не врти ко киша око Крагуевца.

    Цитатот твој стои.
    Што ти напиша Биљарке?
    Кој одгледал подобри личности и идни продуктивни граѓани за општеството?
    Што треба да погодуваме?
    Трпана што гледала деца сама дома или комшивката што ги оставила и одела на работа?
     
    На Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.036
    Допаѓања:
    180.197
    У реду е Косми, можеш уште три пати истото да го копираш, извадено од контекст. Еве, победи, свака част:handshake:.
     
    На bittersweet, CameliaMiller, Mnik и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.370
    Пол:
    Женски
    Не е една реченица ниту извадено од контекст !
    Цела тема едно те исто пишуваш.Нема што да победувам,само прикриено протнувате едно те исто.
    Мајката ако не е дома и тргне на работа кога малото ке има некој месец не е добра мајка како таа што ке седи дома до гимназија...
     
    На Just.do.it, Tanjamm и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  15. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    5.986
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе ти одговорам.
    Таа што остварила здрав однос со децата.
    Таа што им овозможила сигурен и топол дом на децата.
    Таа што им дала неизмерна љубов на децата.
    Таа што им давала поддршка за нивните одлуки.
    Таа што е секогаш тука кога им е најпотребна
    Таа, мајка што им е мајка.

    А не мајката што работела или не работела.
     
    На ladystardust, Emy867, Трагедијаупмм и 17 други им се допаѓа ова.
  16. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Значи не ти е убаво кога некој ти наметнува што е демек правилно, а што не? Хм.

    Колку вечни домаќинки познаваш и од постариве генерации па они сега да ти се криви? Државава постои 30 години, како тоа успеаа вечните домаќинки да ја донесат кај што е? Изгледа овие во влада ги сметаш за вечни домаќинки.
     
    Последна измена од модератор: 15 јануари 2024
    На Emy867, ArabellaStarfall, No Makeup и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.929
    Допаѓања:
    34.995
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува што прочитав, домаќинките биле виновни што државата ни била ваква.

    Ех да немавме толку многу домаќинки државата ќе ни цветаше, ама тоа е, поради "мрзите" што не сакаат да работат ни е ваква државата.
    Уште малце само пензионерите ќе останат, никој не би седел тука.
     
    На Viveki, Mnik, ArabellaStarfall и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.036
    Допаѓања:
    12.759
    Имам сосетка две години помлада од мене на пат да биде вечна домаќинка. Игра игрици на мобилен, работа не бара, а млада жена. Имам доста жени во комшии се вработија во петта деценија од животот, ептен овие странските инвеститори земаат работници и без искуство, имаат платен превоз и храна, инаку си беа вечни домаќинки, работа не ни бараа. Под биро имаш еден куп долгорочно невработени без ден стаж, со основно или едвај средно. Има тема на форумот снаи и свекрви, и друга дека девојка во поодминати години е товар дома, ако се разведе ќе и дадат едно собче и трн во око ќе им биде. Блазе си им на тие што се 100% независни. А за македонските мажи доволно кажуваат билтените на мвр. Секој ден пријави од тепани жени. А колку ли ќутат и трпат? Луѓево тука те чекаат, ако зависиш од нив, 5 денари да ти дадат на нос ќе ти излезат.
     
    На Just.do.it, Трагедијаупмм, nena2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    5.986
    Пол:
    Женски
    Значи ако една жена држи телефон во раце, треба да и направиме цел психолошки профил само врз база на тоа што си ја начекала со телефон во раце?
    Што ќе речат комшиите сега за мене што пишувам на фемина?
    Како се знаете што прават по дома луѓето? Очигледно е дека некој друг повеќе нема што да прави, па води евиденција на целокупниот живот на другите.
    Ај морам да одам, гледам детено само си менува пелени. Да гледам само де.
     
    На Adidas888, Pa8la и Anyshka им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.980
    Допаѓања:
    267.931
    Јас немам ни сила за вакви мислења веќе искрено :D
     
    На Adidas888, Pa8la, ArabellaStarfall и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.