Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.036
    Допаѓања:
    12.759
    Кога бев дете, секое утро жениве имаа ритуал на пиење кафе. Наутро ќе окапат 2 часа кај една сосетка, бош муабети, попладне кај друг уште 2 часа. Тоа се 4 часа, пола работно време. Не дека ќе беа со врвна кариера, ама скоро сите знаеја да сошијат нешто на машина, да подвратат панталони. Ако не друго во текстил ќе работеа. Денес сите се без пензија, а сопрузите им земаат ниски пензии и уште работат, кој варосува, кој ѕида, кој лепи плочки. Таков беше менталитетот, утепан.
     
    На eliesaab, Just.do.it, Lady D ❤️ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Страшно ме потсеќаш на моиве комшики и роднини, што мислат дека се' знаат за мене, а уствари 1% не знаат.
    Истиве муабети ги слушав од нив, за мене.
     
    На Mrs. right, Viveki, Adidas888 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.929
    Допаѓања:
    34.995
    Пол:
    Женски
    Ги испогивара сите, еве и да не сакаат да работат, од тебе земаат?
    И како тие жени ако не се вечни домаќинки ќе допринесат државата да ни цвета?
    Може ти е комшика.
     
    На bittersweet, Pa8la и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  4. desperate15

    desperate15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Вие знаете ли колку работат од дома? Истите тие со кафе во рака што ги гледате може заработуваат повеќе од вас. Јатрва ми работи од дома за странска фирма и најчесто ноќна смена, а преку ден си пие кафе и си штрака на телефон.:D сигурно и неа бабите од маало вака ја оговараат :D
     
    На Zumbulche, Mrs. right, Трагедијаупмм и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.929
    Допаѓања:
    34.995
    Пол:
    Женски
    Ништо, не важи работа од дома, мора да излезе, да се нашминка, да се социјализира, да оди на афтерворк, вака ништо не прави.
    Само кафиња пие.
     
    На Noemi, Curious cat, Трагедијаупмм и 5 други им се допаѓа ова.
  6. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.016
    Допаѓања:
    21.191
    Пол:
    Женски
    Сум нашла домаќинка што нема ни еден ден станато за да оди на работа. Ама маж и ја има пријавено кај него во фирма, не е штеточина на товар на државата :D

    Се омажила млада, отишле странство и поради некој смртен случај се вратиле после некој месец. Додека се вратат во нормала, останала трудна и отворил маж и фирма, со парите заработени во странство. Се породила, детето до 3 години вечно болно, па се преселиле па нова средина и склоп на околности, пак била домаќинка.

    Fast forward 19 години мислам дека има детето -- фирмата е тотално успешна, детето е превоспитано, сите како фамилија имаат предобар вајб.
    Жената како домаќинка за минимум 19 години не е дека останала неисполнета. Правевме муабет за децата дека имам 2 годишно и советите не беа од праисторијата, сакам да кажам едуцирана во тек си е жената. Има и пријателки, ја гледам и дотерана и средена. Е единственото она што жали е што во овие години сега не можела да се натера на некоја физичка активност надвор од дома. Што нели ако мора да стане да иде на работа, ќе има пак повеќе активност.

    Нејсе, го најдовме типот на домаќинка за која што се зборува во темата ваљда. И е баш кул особа :D
    Јас мислев дека само неколку години не работи, оти сум доселена тука 4г а 2г не ги ни видов заради короната само си подававме храна со маски :lol:
     
    На Zumbulche, Elenpelen, arontt и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.036
    Допаѓања:
    12.759
    Tи работиш и колку што сфатив, мајка ти имала државна работа, така што не спаѓаш ни под разно во оваа категорија на вечни домаќинки, ниту те израснала вечна домаќинка. Плус си млада, значи никако не си вечна домаќинка.

    П.С. знам и јас жени што работат од дома и заработуваат од 500 до 1.000 евра месечно. Тие не спаѓаат во вечни домаќинки ни под разно. За да заработиш на интернет, треба вештини. Не пиеме нафта, има жени што работат од дома, сфаќаме, и @Cosmi што ви ја отвори темата е фриленсер, но постојат и жени што не знаат англиски воопшто, не баратаат со компјутери освен социјални мрежи. Сега освен домаќинки што шетаат по Дубаи, ќе почнат муабети дека сите што се дома со кафе во рака, се всушност милионерки, само не ни кажуваат. Патем сум работела и работам од дома, лесно не е и за тоа треба да се вложиш. Не е баш дека кафе пиеш, игрици играш и парите течат.
     
    Последна измена: 15 јануари 2024
    На Just.do.it, Lady D ❤️, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Женски
    (fingers)(fingers):D И домаќинка сум, и деца чуваме сами со мм и сигурно дупло заработувам од повеќето овде. Во која група спаѓам?
     
    На Zumbulche и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Браво, се пофали дека си богата, wow. За способна ич да не правиме муабет.
     
    На BlackNight, Just.do.it, La-loca и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.036
    Допаѓања:
    12.759
    Ти одлично заработуваш, си фатила терк и супер си живееш. Минатиот пат на тебе мислев кога реков ако прочита членката нека ни пише, како успева. Не си вечна домаќинка, далеку од тоа, ти си жена ипол.

    Темава е интересна, е сега, некои членки сами се пронајдоа, па упорно се правдаат. И како жените ако работеле ќе ја оправеле Македонија? Па, прво работиш за себе, второ за своето дете, трето придонесуваш за заедницата, повеќе даноци во буџет, повеќе пари во оптек. Тоа што го знаеш ќе го пренесеш на своето дете. Бившиот купуваше акции, оти мајка му со години беше финансиски директор, го насочуваше да инвестира. Тоа е еден голем плус. Мајка домаќинка тешко дека се разбира од берза, акции па да те советува итн. Сите Македонци што отишле во Швајцарија, се чудат колку таму се работело, како било средено, а кој дошол во Македонија, никој не ни позавиде да рече „бреејј, цел ден пијат кафе, колку домаќинки имаат, вечни домаќинки, што им е убаво“, напротив на сите листи рушиме црни рекорди, како народ и држава сме мета на подбив поради навиките кои ги имаме.

    И возрасна жена ако првпат слуша во животот дека постои нешто што се вели работна виза, Шенген, не знае ни збор англиски, тешко дека ноќе работи онлајн, па млати пари, работи за странци ама не кажува.
     
    Последна измена: 15 јануари 2024
    На Just.do.it, Lady D ❤️ и mssuniquee им се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    22.702
    Пол:
    Женски
    Јас шо иам работено и шо пак би работела не се разбирам од акции а не па они.
    И де кажи како една жена шо работи во оранжерии ќе ја оправи Мк? :?:
     
    На ArabellaStarfall, Pa8la, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Ама јас ти го кажувам ова, зошто 3 години седев дома и се и сешто се изнаслушав, затоа и ме чепка темава. Де маж ми бил љубоморен, де јас не сум сакала да работам, де не знам што, а уствари моите т. е. нашите причини се скроз трети и пак од истите причини нема да работам одреден период (не знам кога). Ама сакам да ти кажам дека не ни пати државава од вечните домаќинки. Башка бабите наши и нивните баби, иако биле вечни домаќинки, се откинувале од работа многу повеќе од ние денес. Затоа земјоделие и сточарство се во изумирање. Децава ги носиме во зоо да видат Магариња и Овци.
    Друга работа, ниедна на форумов не е вечна домаќинка, па и надвор од новиве генерации реткост се, па само по себе темава ако е само за тоа, ќе треба ли да ги оговараме нив? Еве свеки моја е една од тие и сега и на темава ли да ја зборам? Па после овие крунисаниве да ми дојдат и да ми кажат дека од уста не си ја вадам свекрвата?
    Темава е безредие ко прво, зошто за почеток не се признаваше жена за "жена, мајка, кралица" ако работи парт тајм, ако прави пауза од работење, губела брзина, рутина, ти реков ми рече, за на крај да излезе ама не е ни за вас темава, туку за вечните домаќинки. Кај има такви? 5 на број во секој град, над 50 години?
    И јас знам 2 што не работат, ама на едната маж и има плац со коли, си ја има пријавено кај него, другиот е адвокат, исто си ја држеше кај него пријавена, сега и пораснаа децата, се вработи правник, по струка, никогаш тоа немала работено, па по мое и тоа дека имала/немала/се губела рутина, пропаѓа во вода.

    Оваа држава Тањо и Швајцарија да ја окупира утре и да рече од денес сте Швајцарци, не ќе не упраи уште 10 години, не пак жените домаќинки. Да, ќе работат, да, ќе допринесат дома, да, да, се' да, ама тоа нема никаква врска со тоа дека ради нив е тука, каде што е. Ама ич.
     
    Последна измена од модератор: 17 јануари 2024
    На bittersweet, CameliaMiller, Cka и 5 други им се допаѓа ова.
  13. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Женски
    Не бе, чекам да навредувате дека сме само очајни домаќинки кои не идат на афтер партија :( За способна сум, и тоа повеќе од што мислиш.

    Ах беее :D:D:D
     
    На CameliaMiller, Mnik, ArabellaStarfall и 3 други им се допаѓа ова.
  14. SanMichel

    SanMichel Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    486
    Леле колку безобразен и низок коментар кажан од женска личност кон женска личност.
    Што толку ви пречи тоа што некој има поголема заработувачка? Не сте сами можеби спретни да се спастрите и да си ги средите животите м? Зајадливи.

    Повеќе ми пречи кога ќе видам како член коментира на друг член дека ги оговара сите, а таа истото го прави во други теми како на пример: “ Свекрвите и снаите”.

    Многу предрасуди на оваа тема има, ако сте среќни со вашите избори и домаќинство зошто ве повредуваат одредени мислења од поделени табори.
     
    На Meddy, SuperGirl24, Pa8la и 2 други им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.301
    Допаѓања:
    125.971
    Пол:
    Женски
    Вие што работите од дома, што се тригирате? :^)
    Темава не е за такви.
    Баш добро е за жената. Ем е дома, ем заработува.
     
    На eliesaab, Just.do.it, Lady D ❤️ и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.929
    Допаѓања:
    34.995
    Пол:
    Женски
    Ако некоја не работи мрза била, ако некоја каже дека добро заработува од дома се фалела дека била богата, крај нема.
    Само контра да се одело.
     
    На ArabellaStarfall, Pa8la и mssuniquee им се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.633
    Допаѓања:
    35.241
    Пол:
    Женски
    А,ј сеа :?:
    Па, нели се затупува од дома седење? :^)
     
    На Bezimenka90, Amellie13, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.036
    Допаѓања:
    12.759
    Точно. И јас зборувам во некои идеални услови, што би било, кога би било, а во Македонија тоа тешко. Епа ете си кажа, самата си се нашла во муабетот, а не дека си мрзлива, никој тоа не ти го рече. Мајка ти работела во полиција, а порано имаше критериум кој ќе работи во полиција, не како сега, значи тебе те израснала мајка кариеристка.

    @Adidas888 жена во оранжерии на пример, ќе се едуцира, ќе знае со колку пестициди смее да се прска и ќе произведе сигурна храна за сите нас, ќе биде корисна. Ама ова во некои развиени држави, не кај нас. И така ќе имаме контрола каква храна јадеме, ќе бидеме малку поздрави на пример. Карикирам ова, не ме фаќај здраво за готово. Или ќе почне во оранжерии, па ќе се заинтересира за професија агроном, ќе заврши факултет за тоа и утре ќе заработува повеќе, ќе напредува, ќе си отвори своја земјоделска аптека на пример. Ова карикирам, не дека во Македонија има такви примери или ако ги има, се многу ретки.

    @mssuniquee ја запаметив дека петпати годишава одела на одмор, спомна нешто чување злато во сеф во банка ( за ова не сум ни помислила, а некоја што е вечна домаќинка нема шанси да знае, и да прераскажеш и објасниш некому, не дека веднаш ќе ги сфати бенефитите, ако немал лично искуство, а секое искуство вреди во животот). Секоја чест.
     
    На eliesaab, Feminka22 и mssuniquee им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.301
    Допаѓања:
    125.971
    Пол:
    Женски
    Се затупува од обично седење.
    Не се затупува ако има некакво хоби или работа.
     
    На Just.do.it, Lady D ❤️, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    22.702
    Пол:
    Женски
    Ај сеа. :D:D:D:D
    Ма и вие не знаете шо пишете веќе. (facepalm)
     
    На bittersweet, Bezimenka90, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.