Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Zvezda5

    Zvezda5 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2023
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Секоја чест на тие што цел живот им е нормално да зависат од некој било кој, цел живот да ги издржува некој, сигурно и гордо одговарате некој кога ќе Ве праша што работите, јас во моја околина не познавам еден човек кој не работи, еден...ама секој за себе де.
     
    На Just.do.it, Lady D ❤️ и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.301
    Допаѓања:
    125.969
    Пол:
    Женски
    За другиве не знам, за мене знам. :D
    1. Не можам да поддржам избор кој дава монотонија и ризик за жената да се најде во небрано бидејќи нема свои пари. Значи НЕ за вечни домаќинки.
    2. Можам да поддржам избор кој овозможува жената да заработи свои пари за да може спремна да се справи со „не дај Боже“ ситуации.
    3. Можам да поддржам и комбо избор.
    Или жената само краток период да е без работа, но сепак да има некаква активност плус, колку да не ѝ е монотоно. Па, да си има план кога да почне со работа.
    Или жената да биде дома, но и да работи од дома. Бидејќи и таа како онаа од број 2 има сигурност.
     
    На Just.do.it, senjorita-v, Lady D ❤️ и 2 други им се допаѓа ова.
  3. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    5.974
    Пол:
    Женски
    Знам дека нема да одговориш, затоа што веќе не знаеш што да напишеш, но ајде да си пробам.
    Што подразбираш под обично седење?
    Што мислиш дека прави една домаќинка во текот на денот?
    И што правиш ти во текот на еден ден?
    Еве, што продуктивно направи денес?
    Освен што пишуваш во нотес.
     
    На bittersweet, Bezimenka90, Pa8la и 2 други им се допаѓа ова.
  4. SanMichel

    SanMichel Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    486
    Веројатно си присебно свесна дека кога си сама и си правиш јадење по автоматизам си домаќинка?!
    Или веќе напросто кажано и кога сама живееш си сама на себе домаќинка.
     
    На Anyshka, Pa8la и No Makeup им се допаѓа ова.
  5. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Поназад викавте дека ако жена не оди на работа колку и да чита и да има одредено хоби сепак затупува, се губела рутина, единствено добро било жената да оди на работа, јер рутина, дисциплина, сега друго излезе. Извини ако грешам, ама вака пишувавте.
     
    На bittersweet, CameliaMiller, forumce и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    9.999
    Пол:
    Женски
    И најбтното го заборави,
    Работа под притисок е еден битен елемент, за да одиш на работа и да ти се дешава, иначе ќе отупиш :D :D :D
     
    На bittersweet, Bezimenka90, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.035
    Допаѓања:
    12.756
    Тоа со читањето е добро за одржување на некоја интелектуална кондиција. Ќе ти помогне при јавен настап убаво да се изразиш, писмено убаво да се изразиш. Е сега, реално секој треба да чита, ама кај нас таа навика е замрена. Но, од тоа толку. Ако отидеш на интервју за работа и ако кажеш „читам книги во слободно време“, нема ништо да им значи, ќе те прашаат дали знаеш Ексел, некои програми, странски јазици итн.

    И се спомна тука дека можеби некој си пие кафе дома, ама ние не знаеме дека работи, демек. Мала средина сме, сите се знаеме. Ќе изгуглаш, ќе најдеш кој што работел. Некогаш и без твое знаење ќе објават дека ти си работел некаде. Тој податок останува на интернет. И фриленсерите си имаат свои профили на интернет.

    Сите имаме отупавено за работи кои порано сме ги работеле, денес сме ги баталиле, се заборава едноставно.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.031
    Допаѓања:
    180.161
    Од обично седење, обично целулит се праи:D

    Се затупува од непроменлива рутина иначе. Која може да ти се случи и дома и на работа.
     
    На Annath, SuperGirl24, CameliaMiller и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.826
    Допаѓања:
    23.471
    Пол:
    Женски
    Па да де, сите го правиме она што домаќинките го прават, само што они го прават „цело работно време“. :drunk:
     
    На Celltica, Just.do.it и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    За вакви примери и јас зборувам.
    Избор да се остане дома, посветеност на семејството единствено.
    Моите примери се сите со високо образование, но поради сплет на среќни животни околности во кои им упаѓаат мажите, избираат самите да останат дома, да бдеат над семејството, додека мажот се грижи за финансискиот дел.

    Лично никаде не напишав дека се мрзи или затупавени.
    Така сакале,така постапиле.
    Почетната идеја не ни била можеби дека засекогаш ќе останат дома, но годините си течат, децата имаат се поголеми барања, никогаш да дојде редот за лична промена.
    Некои од нив се пријавени како да работат, никои дури не ни размислуваат, имаат и повеќе од доволно.


    Дали се кул, како во погорниов пример? Можеби .... кога како и со кого.

    Варираат од хедонизам до песимизам, помалку се надвор од реалноста.
    Многу ги гушат децата, како да создаваат нова привилегирана класа....поради тоа и сметам дека тренд станува....можеби и фино испадне,којзнае што ќе постигнат нивните деца...

    Инаку нормално....две три се мили и слатки, две три се лошки и нарциски, исто како и оние кои не се домаќинки само.:D

    Драги млади девојчиња , ако ви се допаѓа овој стил на живот, можно е, избор, се наоѓа.
    Бирајте памети, вредни, снаодливи пред се момци и решено. (fingers)
    Или од децава на овие за кои зборувам....и така....
     
    На Peanut Butter и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  11. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.929
    Допаѓања:
    34.993
    Пол:
    Женски
    И ако не оди на афтерворк е затупавена.
     
    На CameliaMiller, No Makeup, Billy Idol и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Не, не го правиме сите истото. За некоја да исмука еднаш во неделата и да висат пајажини по цела куќа е чисто, за некоја секој ден да поминува со крпа сегде и пак не ќе е чисто. И едно и друго сум видела лично и колку и да збориш, пак нема да се смени ништо. Најарно е секој да си гледа под кровот и ич да не го боли дали Петра денес седела цел ден со телефонот и ќе отупи или дали Ружа секој ден ги бришела скалите и прозорите и се откинала од чистење или па дали ти, после работа си поминала пуф паф со крпата и сметаш дека е чисто. Значи како што не е наш проблем кога комшијата ја мава од земја жена му, па ич не е наш проблем дали ти чистиш денес 15 минути или 5 саати.
    Јас на пример од кожа излегувам ако не сменам постелина на 3 дена, ако не исмукам секој ден, зошто е секој ден кај мене дома за смукање, што од косава моја влакна, што трошки од леб под маса, што трошки од Плазма итн итн. Прозорите денес да ги избришам утре ќе се лом од прсти, од дожд, од прашина, така да одела јас на работа или не, кај мене секој ден има за чистење. Не знам кај другите дома, не ме ни заболе. Ама дека одржување куќа чиста, е лесна работа, па баш и не е.
    Едит: А, да, и зависи дали имаш 50 кв за чистење и средување или имаш 150 кв, 250 кв итн. И зависи дали имаш дете што се извалкало денес 3 пати, маж ти извалкал работнички, си била во теретана, бил маж ти во теретана, кај мене дневно по 1 машина се полни. Минимум 9 имам неделно. И пред да прашаш кај е мм во приказнава, мм работи претежно по 10-11 саати дневно и не, не избегнува обврски кога е присутен.
     
    Последна измена: 16 јануари 2024
    На Iva2020, Annath, LiquidLuna и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.929
    Допаѓања:
    34.993
    Пол:
    Женски
    Истата сум јас, ама во друга тема ме нападнаа, без деца па ако не секој ден, секој втор поминувам со правосмукалка, некогаш па и 2x дневно, мајка ми ми вели болест било хаха, и што велиш влакна од коса паѓа колку и да пазиме, трошки, од самото има прашина.

    Ама неее, ние сме затупавени со крпите во рака, со тенџерињата, и како што не ми е гајле што плаќаат жена за тоа, така да не им е гајле што прават другите.

    И пред да прашате мм каде е, ќе ви одговорам по 100-ти пат, работи до подоцна, јас додека "дремам" и работам пред лап топ дома, тој рмба како "вол", и уште ручек да прави, а јас ќе ставам нешто да се вари/пече и си работам, ништо не ме кошта, круната нема да ми падне.

    Еве денес цел ден бев излезена, дошол порано од работа и направил ручек, прави кога е послободен, ама јас сум послободна, немам физичка работа и не ми е тешко еден ручек да направам.

    Жена да ми се плетка по дома јок.
    Не сум саката, и да, не ми се приоритет само крпата и тенџерето, ама сакам кога ми е чисто, чистотата ми е приоритет.
     
    На bittersweet, Iva2020, MacenceEna и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Види за чистењето премногу ми е јасно, затоа и кажувам. Свекрва ми моја болна паѓа за една трошка на земја. Оди нејзе нека и каже некој дека чистење куќа и одржување чисто е лесна работа. Значи женава си идела од цел ден по бавчи дома и секој ден чистела вц, смукала, тресела постелини, чуда. Секој ден. Со ретки исклучоци. И поарно што е ваква, отколку да е некоја гроз да ми е да седнам кај неа. Секој ден фучи со метлата надвор, пајажина нема ни по двор. Дали е исправно? До волку да чисти не е. Дали е мој проблем? Не е.
    Лично јас утепана сум 6 дена во неделата, зошто ем сакам да ми е чисто, ем сакам дете да си видам. Среќа скоро купивме машина за садови па ептен полесно ми е.
    Ама дека одржување дом чист е 15 минути работа, па и не е.
     
    На Annath, LiquidLuna, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.929
    Допаѓања:
    34.993
    Пол:
    Женски
    Јас знам има и мажи такви, болно педантни.
    Кај мајка ми комшија 60+ кога сме оделе таму порано, ако паднало трошка, веднаш ја земаше.
    А има и жени што не се педантни, имам комшика млада, гајле и е за чистење, ама за правење пити, торти, разно благо, скоро секој ден прави.
    Ми вели "подобро ќе готвам, уживам, отколку да чистам".
    Ама неее тука се чудат како некои уживаат во готвење и чистење, не е за чудење.
    Познавам жена со кариера, во слободно време прави торти по порачка, а женава има пари, не да нема, ама ете ужива во тоа и плус уште повеќе си заработува со тоа.
     
    На Tanjamm, No Makeup, Mnik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    1.823
    Пол:
    Женски
    Да затвориме тема, таа со телефонот само во раце, таа сум 100%.

    Омилениот аргумент, крал на сите дискусии: “ништо не прави само со телефонот во раце” Готово, крај, сигурно игрички играм за околината левел последни.
     
    На Anyshka, Annath, Polyincognito и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Можеби таа со телефонот во рака, работи од тој телефон.
     
    На No Makeup му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.976
    Допаѓања:
    267.920
    Ами несоцијализирана што е? :D
     
    На Polyincognito, Pa8la, Anyshka и 3 други им се допаѓа ова.
  19. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Децата и нека му ја мислат :D
     
  20. SanMichel

    SanMichel Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    486
    Такво нешто не постои ниту законски.

    Вообичаено со стекната рутина за одржување чист дом најверојатно некому е доволно 15мин ако е само прашина. Ако правите генералка повеќе од 1 час сигурно ќе биде. Што е со тие што немаат воопшто време и чистат еднаш неделно, ќе ги наречете недомаќинки претпоставувам.
    Неспособни,неодговорни.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.