Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени домаќинки

Дискусија во 'Брак' започната од Cosmi, 2 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.976
    Допаѓања:
    267.920
    Да ти кажам искрено, единствен пример на жена што ја знам што работеше кратко, до некои 22 години, после се омажи, а следно почна да работи на 45+. Ја имам зборено на форумов, оти ми е пример од Македонија.
    Има 4 деца, од кои 2 не се биолошки нејзини, туку маж ѝ вдовец беше кога се омажи со него, со две премали деца. Роди уште 2 свои таа.
    Како и да е, целиот живот на тие 4 си го посвети, ама максимално, и пак не остана непрошетана, необразована, несоцијализирана.
    Денес сите 4 се возрасни, баба е, разведена е со мажот, и тие што не ѝ се биолошки деца уште се преблиски со неа, мајка им е, баба им е на децата нивни.
    Имаше 20 и кусур години дупка во стаж, па ене ја работи, изгледа поубаво од некоја 30 годишна, и децата уште си ги “чува“ т.е. постојано е со нив, и со внуците, и со пријателките...

    Нема правило едноставно. Секогаш е до човекот. Може да си најобразован, озбилно во фамилија имам преобразована жена, има кариера, ама седни со неа на маса мислиш баба со 4то одделение е, толку не знае ништо паметно да направи муабет.
    Супер си е во полето за кое е образована, ама само таму си е супер.

    Нема правила.
     
    На mal.ecka, azelea, bittersweet и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Искрено јас повеќето што ги познавам со одредена кариера, се вакви. Удрено на фалење колку има, те мерка што носиш и како изгледаш ко некоја селска 90 годишна злобна баба, колку се они јаки во работата бла бла бла. Една братучетка на мм со такво сожалување не' погледна мене и една друга братучетка што не сме можеле децата да ги оставиме да спијат со баби и дедовци, за на крај уште и да ми се изнасмее и да рече "кај свекор ми и свекрва ми уште стојат креветчињата од бебиња кога беа децава, од 3 месеци спијат со нив".
    Жено Божја не' заболе нас сите за твојата кариера и колку си ти остварена, ако исмеваш туѓ живот. Не викам дека секоја една е таква, ама моето искуство со "остварени луѓе" е вакво.
     
    На mal.ecka, ArabellaStarfall, flower30 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.035
    Допаѓања:
    12.756
    А што се работи од мобилен телефон или ви текна за изговор? Никој никого лично не нападна, самите членки се наоѓаат и се правдаат непотребно. Еве јас работам од дома, отворам 7 таба додека ми е работно време, па како од мобилен, со лупа ли? Па и лупа нема да помогне. Сите што фриленсаат, поседуваат лаптопи и од нив работат. Јас еден мој лаптоп што прашував тука дали да го продадам во салон за делови, го дадов на една блиска што фриленса, самите го преинсталираа и си го користат. Имаа мобилни, ама кај можеш да работиш од мобилен. Еднаш 10 минути пред да почнам со работа ми откажа глувчето, отидов кај сосетка земав, утре си купив две, да имам и резерва и нејзиното го вратив. Колку пати се случило да снема интернет, па вклучувај хотспот, па врти во оператор, па рестартирај рутер, па ресетирај, па немало мрежа на мобилен, па рестартирај мобилен да се вклучи 4 Г, па ќе укочи програмот за работа од некои икс причини, вирус, што и да е, врти на ИТ инженерот. Некои навистина ви се гледа дека не сте работеле ништо, па сега убедувате дека некој клика на мобилен, ние мислиме игрици игра, а тој демек работи, и еве пребогат е, а што нема пари за цигари истото лице и витка сомнителен тутун од пазар, е тоа е, се камуфлира пред другите да не му бараат пари на заем. Сите што фриленсаат за странски фирми и што ги знам имаат добри CV-а, работа овде во врвни компании, работа во странство и тоа неколку години, никој не е, седел пред ТВ, гледал турски серии и оп, станал стручњак за јазици, графички дизајн, па фриленса за странски компании. Ова демек таа со мобилниот може работи, ми е исто со муабетот демек има дечко, ама никогаш не излегува и никој не го видел. Општо зборуваме, нека не се пронаоѓа никој. Да беше ко што зборите, немаше фирмите да купуваат компјутери, сите ќе работеа од мобилни. И тие што фриленсаат за странци, си купија станови, секој празник се некаде во странство, промените се гледаат, а многу луѓе ни Македонија ја немаат прошетано.
     
    На Just.do.it и mssuniquee им се допаѓа ова.
  4. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Премногу си го сфати тоа со телефонот, не може нон стоп нормално, ама познавам една што работи во фирма кај брат и, и да не го влече лаптопот сегде, се уклучуваше од телефон.
    Има разни работи од дома.
    И јас некогаш се уклучувам од телефон кога не сум на работа, да не го носам лаптопот во дневна, во друга соба ми е, и нормално дека не можам нон стоп од телефон.
     
    На ArabellaStarfall и Viveki им се допаѓа ова.
  5. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.016
    Допаѓања:
    21.190
    Пол:
    Женски
    Јас ич не разбрав зашо да не се работи од телефон. Имам денови кај што единствена обврска ми е меилови да пишувам. Не ми треба ни систем ни програма, само апликации ( аутлук, тимс и телеграм ). На такви денови работниот ден ми завршил во Мош на журка. ( Поздрав до другарка ми на која што ќе и текне ако го прочита ова :D )
     
    На ArabellaStarfall, mssuniquee, Mnik и 3 други им се допаѓа ова.
  6. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    3.917
    Пол:
    Женски
    Се воздржувам на темава, читам ама не коментирам ама ова ти е врв.
    Канцелариската работа е не работење. Па добро што не учела и она да рабти во канцеларија и да си седи.
    И јас ќерка ми ја учам ако се труди да стекне знаење , да работи да има пари она да си ја прчи цел ден ( со опроштење).
     
    На Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  7. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Е ајде де, членката пиша со лупа само од телефон.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    9.999
    Пол:
    Женски
    Леле...Мислам дај молимте :)
    Јас кога работев за Винтиџ њус постојано едитирав од мобилен.
    И пола свет го имам прошетано, ама Македонија уште не сум била во сите села и градови. И?
     
    На mssuniquee, ArabellaStarfall, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.976
    Допаѓања:
    267.920
    Мене денес ми е телефон ден :D
     
    На Mnik, Viveki, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  10. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    3.917
    Пол:
    Женски
    Читав мислења и заправ.
    Само воа ќе ви го кажам
    На една група на фб. пред некој ден имаше прашање од сопруга и мајка која сопругот и починал и работел во некоја фирма Х год .
    Она домаќинка цел живот без ден стаж. Две деца. Се ова ок до тука ама она ги нема тие старосни години кога може да и следува пензија, колкава е толкава од сопругот. Млада била. Имало минимална старосна граница на време на починување на сопругот која таа треба да ја има за да може да го остварува тоа право.
    И сеа ај вие домаќинки кажете со 2 деца, со 0 дена работен стаж женава тек сега ќе треба да бара работа.
    Нека ви тропка вашето џепче, замина тоа време кога жените седеа дома.
    Колку да ве исполнува чистење, бришење, ручеци бар одете на пола раб.време СВОИ пари имајте.
     
    На Just.do.it, nena2010, nextredstyle и 5 други им се допаѓа ова.
  11. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.016
    Допаѓања:
    21.190
    Пол:
    Женски
    Америка ја фати снежна бура, камионите ми останаа на граница. Ни телефон ден не ми е денес :D
     
    На mal.ecka, Mnik, Polyincognito и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    9.999
    Пол:
    Женски
    Најмногу ме исполнува. Ќе си бидам тупа ама среќна. Штета што не можам. Морам да рмбам. Јбг Матрикс.
    Вака сум ем тупа ем несреќна.
     
    На ArabellaStarfall, mssuniquee, No Makeup и 3 други им се допаѓа ова.
  13. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    1.823
    Пол:
    Женски
    Ќе им кажеме на досадните комшики и роднини дека седиме на телефон пред нив за да не им го возиме муабетот и зајадливите теми или уште ќе ги оставиме да ни лепат етикети на недомакинќи? :D
     
    На Anyshka и Pa8la им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.643
    Допаѓања:
    39.328
    Пол:
    Женски
    Инфлуенсерка?
     
    На Celltica и Pa8la им се допаѓа ова.
  15. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    22.700
    Пол:
    Женски
    Не се важи. :D
    Мора да станеш сабајле во 6 и да одиш да испотиш газот до 3-4 за некој друг да се богати. Успут и да се социјализираш со луѓе од кои ти се повраќа.
     
    На mssuniquee, mimoza.mk, ArabellaStarfall и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Па може таа од телефон да си прави реклами на нешто и така да си заработува, има разни работи од дома, ама работата е што не се социјализираат.
     
    На ArabellaStarfall и Anyshka им се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    22.700
    Пол:
    Женски
    Абе остај она шо прави на телефонот, битно е комшиите шо мислат дека прави она на телефонот.
    Од телефон неможе да се опраи Македонија. Мора да размислуваме outside the box, за доброто на општеството. Така да, сите шо работат од телефони и вадат илјадници евра, да ги фрлат во Вардар и да одат во оранжериите. Мала плата, ама ефикасна и социјална. Колку повисоко ќе дофатиш некоја домата, толку по виша класа ќе јаде општеството.
    Ете така.
    :D
     
    На see.emily.play, ArabellaStarfall, Mnik и 5 други им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.152
    Допаѓања:
    36.509
    Пол:
    Женски
    И следува пензија ако сопругот имал 15 години стаж. А за возраста.. Она треба да има минимум 40 години. Дете сум на самохран родител и знам како одат тие работи. Кога мајка ми почина ако татко ми не работеше, можевме само да се сликаме. Оти од пензијата на мајка ми тешко ќе живеевме.

    Познавам жени кои работат од дома. Подобро им е така отколку да работат некаде за минималец. Со тек на време си направија бизнис. Што е доказ дека не сите мајки седат дома без работа.
     
    На Just.do.it, Mnik, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.035
    Допаѓања:
    12.756
    Мислам дека е 50 години да наврши, па тогаш пензија од мажот. Има примери кога се разведуваат во сериозни години, па ако нема жената стаж, нема ни пензија од мажот.

    На телефон можеш нешто да ѕирнеш, да видиш мејл, ама не и секој ден и цело работно време да работиш од мобилен. Како инфуленсерка ќе едитира видео од мобилен, кога за тоа си требаат посебни професионални програми за едит на видео и аудио?

    Работа од дома мене ми е подобра, значително се штеди иако не делува можеби така. А за социјализација, па ќе се видиш со колегите на колегиум. Човек што цел век е неактивен и човек што цел век е активен, ти се два различни поими. Урсула дон дер Лајен се изненадив дека била мајка на 7 деца, да беше во Македонија, вечна домаќинка ќе си беше.
     
    Последна измена: 16 јануари 2024
    На Just.do.it, mssuniquee и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  20. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.525
    Допаѓања:
    15.746
    Пол:
    Машки
    Имаш и одлични апликации за едитирање на мобилен Тањо, не знам како не ти се смачи да го тупиш по темиве цело време едно те исто со извртувања на мислења и давање банални примери, сфати дека не сите имаат пристап до невладини фондови да (се) досадуваат по цел ден на форум, туку си го вадат лебот и живеат како нив им одговара (facepalm)

    За момент помислив дека кажуваш за некоја од Косово.
     
    На Mnik, Anyshka, Pa8la и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.