^^^Најубаво знаат да заведат жена Скајгрл, ете затоа секогаш паѓаме на такви Не се тсрамежливи, упорни се, знаат што сакаат, симнуваат ѕвезди до бескрај
хАхА ги има таквите доста во последно време Со нив само ладно и тактички Тие се типови кои често знаат да бидат преокупирани со самите себе , доста често и нарциси Имаат голема самодоверба и убедени се дека можат секоја да ја имаат .Всушност и самодовербата е она што води кон успехот, токму затоа често и им успеваат намерите . Ама како шо викаат - Жените се како тикет на спортска , погодуваш десет ама една ќе те заебе за сите пари . Е тогаш тешко на ваквите "фраери". Ако воопшто може така може да се наречат .Жити фраерот , ако секоја може да го има
Со нив вака: прво го читаш дека е таков ( те шармира, заведува, симнува ѕвезди, плус си чула такви муабети) Гледаш дека сака само да си ја зголеми листата и ти си на ред Му правиш филм дека и он ти се свиѓа, глумиш дека се топиш во негово присуство и баш кога мисли дека си веќе негова- ќе го заебеш А после следува оговарање од типот што се замислува таа,јака п***а ли е, бидејќи му ја намалуваш самодовербата А да е ваков дечко ми, или нешто слично, незнам како би поднела, или ке се менува или јас ке зеленеам од љубомора додека не ми пукне филмот
Ахх..па во ваков и сум заљубена Верувајте девојки, не е лесно..никогаш не знаеш на што си едноставно добива што ќе посака, цело внимание е околу него Ама мислам дека со нив треба да бидеш само она што си, да не трчаш по нив, затоа што сигурно веќе имале многу такви девојки..Едноставно биди поразлична од останатите Мислам дека тие тоа и го бараат..Нешто поразлично. Ако те прифати таква каква што си .. одлично, а ако не..тогаш откажи се..додека е време!! Ако можеш секако.. јас не успеав баш во тоа.. па среќно на другите девојки. Разбирам како ви е ..
Да најдат нешто поразлично, ќе се заљубат. А не сакаат. Страв им е од врзување. Па затоа не бараат нешто поразлично. Бегаат од него. Одбираат по шаблон
а ваквите на крајот завршуваат заљубени до уши во една девојка,што најчесто ги мота околу малото прсте
Па добро на тоа мислев.. Ама не сум се изразила како што треба Ама сепак мислам дека на крај ќе бараат нешто поразлично, затоа што веќе ќе им се здосади се едно исто..ќе сакаат промена, нешто поразлично..и кога ќе најдат поразлично се заљубуваат, па ако се погоди некоја "опасна" ќе го зеза како сака..како неа и одговара
Mислам дека ако е роден womanizer, таков и ќе се остане, па колку сакаат посебни девојки нека се појават. Он може ќе се заљуби, ќе се венча со девојката, ќе има деца и се ќе е по пропис, но ќе остане во душата тоа што бил.
Едно време само по такви се залетував ама сега ги мразам. Не ми се вистински тие. Интересни се за една вечер. Не ми треба маж што ќе ги сака сите жени!
Еееее мојов папучар по дома има славни швалерски денови Како?? Јас бев поголемо гомно од него. Прва го повредив јас. После тој направи се за да ми врати. Е откако не успеа (зошто мачејќи се да ме повреди се заљуби, не можеше да ме надигра зошто секогаш бев чекор пред него), демек, виде невиде, ајде другари ќе сме биле (не сакаше да покаже слабост а не па да каже дека е заљубен). А мене - кец на десетка Он божем почна одма наеднаш многу жени да брка, он многу - јас повеќе мажи (секако имаше и такви што ги измислував, ама па не можев сите да ги измислам и од време на време го запознавав со по некој, чисто другарски де). И така еден ден, една негова копиљанка за инает ја викна кај него и ми рече да одам јас (секако не знаев дека е таму) и јас кога дојдов, со две реченици ја избркав Кога ја испраќаше му прозборела нешто лошо за мене (арогантна сум била) и овој збеснал и ја испокарал хаха е после тоа, некако му светна дека не сум толку мутава колку што се правам, и на ден Велигден, после изедени 100 јајца, ние среќно и весело си завршивме кај него дома и од тогаш, еве сега на 19 април, ќе правиме две години (иако целава приказна трае 4). Многу голем женкар си беше, ама најде поголем ,,машкар,, од него и се пензионираше
Јас милам дека овие мажи НЕ ЗНААТ ШТО САКААТ!!! Имав и јас еден таков,се повредувавме он со друга јас со друг ама на крај разделени и што ако плачеше за мене,се колнеше дека ме сака јас му свртев грб видов дека не вреди,додека трчав по него магијата изчезна и пуф толку сега е со друга јас со друг...И немаме никакви контакти ЗАМИСЛЕТЕ МИ РЕЧЕ ДЕКА НЕСАКАЛ ДА МИ БИДЕ ДРУГАР ОН МЕНЕ ТАКА НЕМОЖЕЛ ДА МЕ ГЛЕДА !!! Ахахаххаха Нека му е со среќа!!! Искрено такви машки веќе не ме привлекуваат нема ништо посебно во нив,а кога ќе им дојде време на 28,29,30 итн...Ќе се си се смират,не трае долго таа кариера
Ухх девојки и јас се вовлеков во истата каша ... Занесена по женкар, женкар и пол ... баш од тој најлошиот тип споменат погоре ... Цело време се обидувам да се откажам од него, не е за мене, нема да издржам, ама сепак кога ќе излезе пред мене заборавам на се .... Засега ми е на ignore, фина и насмеана кога ќе се видиме, ама сепак со мала доза на воздржаност ... Знае одвреме навреме да пише на чат, да се јави ... а јас кутрата се радувам сама во себе, не сакам да признаам, да бидам маж како што велите, си велам ќе се фати на мамката .... Баш сакам да видам колку сум способна да се справам со ваквите
абе.. ке се најде некоја паметна што има и тоа како да ги за*бе таквита и тоа како (па после ке се чуди што го снашло ) инаку до сега не сум имала искуство со вакви типови