Инспирирана од една форумџика за противдејството на рицинусовото масло решив да ја отворам темава... (се надевам дека ќе се препознае ) Значи, како вие би се одмаздиле или веќе сте го сториле тоа со бившиот дечко? Јас се‘ уште немам направено нешто хард кор за да споделам, ама моја другарка кога дозна дека дечко и ја изневерува му ја искрши шофершајбната со сукало (она краткото дебело) И после мртва ладна ни вика: сега сме фит, тој ми го скрши мене срцето, сега знае како ми е! Повелете мили мои, да видиме до каде оди женската суровост...
Женска одмазда... Баш така... Ја не му искршив шофершајвна... Не ми текнало, иначе ... Мојот пројде со искршена психа и неколку пикавци низ соба... Ама ни психолог не му помага за се` што му изнакажав...
Женска одмазда... на тие што ми згрешиле не се замарам да им се одмаздувам со кршење шофершајбни, дупнување на гуми и сл, судбината им прави така што не можат да ме заборават мене
нешто слично како постов од срцекршачка погоре шо има јас да се замарам, нивна загуба е со бившиот коа се скарав он се жалеше по другари дека му е криво што сме раскинале и дека му е жал и незнам ти што јас си излегував се смеев се забавував ко ништо да не било ... ни прв ни последен на светов не е
Кршење шофершајбни?Па ај да се вратиме и во пештери да живееме ако до таму догуравме со цивилизираноста. Никој не е вечно должен и врзан да биде со некого. Мразам луѓе што си земаат за право да се мешаат во се,па и да се дрзнуват на секакви глупости заради некои љубовни „трауми“ ...И тоа па какви екстреми,на ниво на случаи за посматрање. А и многу се маваат во гради и галамат безпотреба као „аууу што му направив,му вратив нека пати копилето сеа“ а работава е уствари...додека ти емоционално си тапкаш во место и кроиш планови за одмазда,он одамна не те става ни на малиот прст.
јас би сакал да се одмаздам на дечкоми за некои мали лаги и повреди и зани ветувајна..но не ме бива за тоа како и што?.. мислам да му дадам до знаејне дека ме повредил премногу и да го свати тоа....да го направам да страда малце нешто така не нешто претерано... но незнам што!?...
Не паѓам толку ниско. Нема потреба од одмазда, не сум го ни терала да биде со мене, самиот сакал. Ако ми раскинал, ми го скршил срцето на било кој начин, ќе продолжам понатаму како знам и можам. Одмаздата нема да направи да се чувствувам подобро, напротив. За одмазда размислуваат само незрели личности... ако се пронајдовте во мојот опис, се извинувам.
Среќа! Не за џабе таа изрека стана клише во сите романтични комедии, ама држи вода и те како. Сепак, кога некој ќе ти раскине, очекува да патиш, да се затвориш, и да плачеш по него. Ама да те види среќна кога очекувал да те види скршена...не само што ќе се збуни, туку и ќе го боли. Како воопшто да не ти значел. Среќата е најголема казна, нема што физички да се пресметувам за да ме смета за психички растроена.
Он мене срцето, ја него шофершајбната и квит сме? Нема потреба од труење со омраза, опсесии, иако во првичните моменти на бес и нервоза слики на одмазда се вртат во глава, но кога ќе се смират страстите сфаќаш дека е залудно, незрело и нема да ти донесе добро. Главата горе, кармин на уста и продолжи си по патот...
знам..но моето не е одмазда туку нешто сто ке му биде тешко и дасвати како ми било мене,нешто малце да му биде тешко,...незнам како да казам
Мене па ми е интересно што направила другарка ти! Шофершајбна ами како Јас не би му кршела ништо или такви ствари, одмазди, глупости.. Едноставно, ќе се трудам да не мислам на него, да го избегнувам и да го заборавам.. Но, не дај Боже да ми текне нешто несаглам во моментот па и да ми се укаже прилика.. Триста работи можат да се десат..
И мене ми паѓало памет да им се одмаздувам на бившите, тоа нели кога сум тазе повредена, кога сме раскинале... Ама не е разумно, според мене тоа е залудно губење време, залудно губење на нервите. Така само ќе му дадеш до знаење дека сеуште ти значи, дека не ти е сеедно што веќе не сте заедно и дека страдаш. Многу е подобро едноставно да продолжиш напред. Тешко е, ама мораш. А вака, колку повеќе размислуваш како да му се одмаздиш, ќе ти биде потешко да го заборавиш. Колку и да ти е тешко, пред него секогаш биди насмеана... Еден ден таа насмевка ќе стане вистинска, без потреба од глума.
Јас многу сакав да му се одмаздам, но бидејќи одев со личност што имаше блага ретардација и освен тоа имаше здравствени проблеми ми беше жал да го направам тоа, па помина само со едно рефератче на фб што го извади од такт, една демотивација (другарка ми ја направи де) и гревче ми праќаше други луге да ми зборат како сум можела така да направам И додека бевме во врска го варав многу и така
хаха храбра била другаркати.. има некој што за својата кола може да те прекрши од ќотек.. Иначе јас сум се одмаздив на бившиот така што си најдов многу подобар од него!! И после му беше криво и пак ме молеше .. Но залудно!! како што тој ми го скрши мене срцето и јас така уживав додека тој се нервираше кога ме гледаше со моето момче со кое сум во озбилна врска..
мислам дека најголемата одмазда е да бидеш среќен и да не се замараш за одмазда. поздрави и бакнежи до сите
Најдобра одмазда е да бидеш пресреќна , тоа секогаш успева ..досега со сите што сум била или се заљубуваат па им станувам опсесија или неможат да ме заборават никогаш ..најдобро оружје ЛАДНОКРВНОСТА