Дали може да пишам како сум се одмаздила на друго девојче? Таа прочуената со која ме вараше дечко ми никогаш не ја заборавив и се заколнав дека ќе и се одмаздам (си знае таа зашто) и после неколку месеци ја видов дека е во среќна врска и ја натерав другарка ми да го аддне дечкото на таа на фб и да му се удвара.Типот беше толку лесен што дури прифати и да се видат и секако - другата другарка направила мала фотосесија од нив,од далеку и после сликите ГО ИМАВ ТОА ЗАДОВОЛСТВО јас да и ги пратам на фб..Господе каде ми бил паметот,ама меракот ми беше голем!!! На бившит му се имам одмаздено така што му расипав 3 врски праќајки наши заеднички слики демек се тазе сликани и демек ми изјавувал љубов.
Која е поентата да се одмаздиш на онаа со која дечко ти те варал? Си се одмаздила на погрешната личност. Дечко ти е оној кој е крив и доволно глупав да изневерува. Нему си требала да се одмаздиш што фрлил се во вода. он топик, не сум се одмаздила на некој бивши до сега на некој посебно лош начин, бидејки сметам на тоа поле најдобра одмазда е игнор, и насмевка на лице. Ништо друго. Но имам и се одмаздено, на бивше другарка која ме скара со цел клас и ме озборуваше низ цел град. Не би кажала како, може некој да препознае.
Мислам дека виде си пишува (таа си знае зошто) значи и други нерасчистени сметки не е само преварата.
не сум имала дечко до сега,такада не можам да зборам од свое искуство.Но,еве ќе кажам за една моја другарка.Откако раскина со бившиот постојано се замара со негп.Се што прави гледа да му се одмазди.Кога некој дечко и се пушта,одма вика дека ќе го прави бившиот љубоморен.А не сваќа изгледа патетично.Некој ќе си помисли демек не може друг да си фати.Он уште одма си фати нова девојка и уште идат,а оваа глупа се треска од земја.И тоа што е најтрагично беше многу кратка врска од месец-два.
....по природа не сум одмаздлива туку само злопамтило и не опростуваммм... ама има една изрека/ позади секоја кучка стои машко која ја повредило и ја направила да биде таква.. моментално сум сега во таа ситуација каде што сакам да каснам/да се одмаздам планот е пола готов...веќе сум со дотичната пријателка на фб и полека ќе и дадам на знаење на чиј терен залутала...
Не сум била во таква позиција, искрено. Јас бев таа која почнуваа да ме гушат после некој си период и раскинував. Само 1 дечко проба да ми се одмазди со сегашниот ми маж, ама за жал не му успеа и сега сум среќно удата а тооој.... Спојлер морав да го пишам што ми се случи . Во една книжара од која редовно набавувам хартија, моливи, пенкала и остали канц. материјали ги знам девојчињата. Секогаш се зезаме онака и тоа дружење си некое трае 2-3 год. ама никогаш не збориме за дечковци/девојки/мажи. И едната спрема свадба и целата се туфка. Проаѓам јас неколку пати земам канц. материјали и онака ја зезам дека невеста ќе биде ќе треба повеќе да слуша ...поминува свадбата и случајно после некој си период јас пак одам во набавка и таа тука и донела албум од свадбата. И јас целата ајде да ја видиме снашката да ја оговараме малку Отварам албум, прво таа, вртам друг лист бааам мојот бивши. Од култура провртев оној албум и тогаш контам дека девојката не ме познава (а и од кај ќе ме памти пред 5-6год.) али не е ни битно, и кажав дека супер невеста била и си излегов. Ете и тој си го средил животот и не испаднав злопамтило или одмаздољубива да му зезнам свршувачка како што тој проба мене да ме зезне. Тркалото се врти, а тој што копа дупка на друг сам паѓа во неа
Пред некое време читав во статија, некоја дознала дека дечко и ја изневерувал и му го скратила „чопо“ И уште една девојка му ставила стаклена волна во гаќи на дечкото додека спие. А јас не се замарам. Во универзумот се надевам има нешто, што ќе му врати. А за оние кои јас сум ги повредила, се надевам дека ми е простено, и дека кармата ќе ме одмине
Јас немам што да се одмаздувам. Кој е неверен кон мене е неверен и кон Бога. Се се враќа се се плаќа.
E bogami koga e vo prasanje zenskiot gnev loso e. Moze da bide tolku loso sho kje ima najverojatno fatlni posledici.. Valjda ne sme site isti ama gore-dole tuka sme nejkjete da ni zgazite na zulj maski opasno kje bide po zivotot koj probal znae
Абе најдобра женска одмазда е да бидеш среќна уште првиот ден откоа ќе те остави или од коа ќе ти направи нешто.Да се смееш , да најдеш што подобар па нека си пукне тој сиротиот од макичка
ЈАс сум по природа многу одмаздољувива не можам да издржам ако знам дека не сум последна.Со бившиот бидејки имавме многу агресивна врска која ке доведуваше до лудило.Коа ке си дојдев дома лута фантазирав за најболните одмазди како на прЧ Од инфективно да земам неколку игли и да го заразам со различни болести па да скапе во болница Да му ја измачкам колата со пена за причење т.е бојата ке падне, му ги вадам тркалата Да платам за да го испотепат Да му провалам во станот и да му ги запалам сите алишта и гитари да се изебам со друг ..да го заврзам и го натерам да гледа
Жени бре не ве разбирам.....и јас сум жена и го поминувам најболниот период во животот...но што ќе добиете со одмаздата? Нормално е да си лут кога те повредил, но Друг дели правдина!
Најголема одмазда е кога јас не му зборам на ики (мојот) а тој се труди и пати,а ја само го гледам,бидејки некад и ја патам така па да види како ина4е ако збориме за друга женска одмазда тогаш господ нека ги чува машките од нас женските Абе се сложува некој со мене???
ако ме изневери (не гледам друга причина да се одмаздам) откако ќе дознаам ке го одвесам во кревет за потоа да го однесам во ГРОБ хахахахах
Девојкии... немојте бее... како од дами вакви закани читам. ДОСТОИНСТВО! Никаква одмазда, зошто? Да си ги прљам рацете и душата за некој што нема мозок? Не, не, не... Ладно кревам глава и му посакувам убав живот. Крај. Поголема одмазда од тоа да ве изгуби и да живее со мислата дека он е виновен НЕМА. Спојлер А после би отишла на прослава што имам едно ѓубре помалку во животот.