И јас мислев дека никогаш не би се одмаздувала за нешто.. Се додека не сватив дека некој има талент да го поттикне тоа во мене... Не би правела кривични дела како кршење шофершајни, но, зошто да не го пријавам дека вози без дозвола? Дека тој украл тоа и тоа во минатото? А во крајна цел, и куката му е дивоградба, може и за тоа да пријавам.. Па нека претне сеа Не оценувам, или остани со мене или на улица ке живееш далеку од ова и не би издала негови тајни заради каменче, но ако тој навистина еден ден ме понижи (не само неверство, и нешто полошо) нека му ја мисли, не си има работа со некој мизерник.
Сум имала неколку глупи врски во кој типот сакал фраер да искочи па демек ќе ме заебе.. Ама ај дека дете си бев, смотана, па враќав. Случај број 1: Типот збореше демек јас сум му се пуштала, он мене ме одбивал итн итн итн, а во меѓувреме идеше со девојка му 2 години. Ја поштено си го фатив, нејзе и раскина,.. идевме некои 2 месеци, ладнокрвно му раскинав... Кај ме виде после 2 дена со друг, кај сите дознаа каков бил уствари (кретен, дволичен итн итн итн), кај со бившата негова станавме најдобри другарки, кај фејсбук статуси летаа... И до ден денес фраеров уште летка по мене од не знам која причина. Ц. АМА ДЕТЕ БЕВ, СЕ СПУШТИВ НА НАЈНИСКО НИВО. А да, имав уште еден тип. Многу го сакав детево, ама... Љубомората го измени ненормално и почна да се понаша ко лудак. Дури збореше по цел град демек ..... не е битно што. И на крајот, поштено си чекав.. Остана сам типот, цел град дозна кој идиот е, мучки праел нешто ау бау, сите сакаа да го истепат и тоа. Кармата си е кучка.
Најпатетична ми е одмаздата. Ако ја изневерил мислам дека немала потреба да паѓа толку ниско, на негово ниво. На секого, кога-тогаш му се враќа. Не за џабе кармава постои. Нема потреба од никаква одмазда.
До сега се немам одмаздувано,и се надевам во иднина исто така. Што знам,не ми е таков карактерот,значи по природа не сум одмаздољубива личност,а и немам простори енергија да смислувам такви подлости.
Јас по природа сум многу одмаздољубива, но секогаш го чекам вистинскиот момент за тоа, макар траел и со години.....хихихи конечно дојде наскоро се мажам, а после тоа планирам слатка (би рекла интелектуална) :geek: одмазда..... Ќе ја изберам најубавата свадбена фотографија и ќе ја пратам на секој бивш што ме повредил и изневерил, а под неа ќе напишам една фина поракичка: „Ти благодарам што ме лажеше, повредуваше, изневеруваше, понижуваше, исмејуваше, што направи да се чувствувам од г...о подоле затоа што те сакав. Заради тебе, затоа што ме напушти, го најдов вистинскот маж, маж каков што ми доликува, маж тотално спротивен на тебе, моја сродна душа, мој животен сопатник, маж со кој ќе остарам.“ добро е а
Никогаш не би паднала толку ниско да се одмаздувам на бивши дечковци или на луге кои ме повредиле. Доволна казна им е тоа што изгубиле личност како мене која искрено ги сакала и сакала да биде со нив,не мора јас да си ги прљам рацете со такви подмукли работи. За мене доволен успех е тоа што сум продолжила напред со крената глава без притоа да мислам на нив и да се замарам со нив.
Здраво на сите потребен ми е совет. Пред некој ден дознав ужасни работи од мојот братучед во врска со мој бивши дечко во смисол се фалел како ја и тој сме имале односи (а воопшто сме ги немале) и тоа замислете пред цело друштво.Не сум одмаздољубива но овде се работи за моето достоинство и затоа како јас сега изгледам пред цело негово друштво.Ве молам за совет кажете ми како да го понижам и јас да му вратам со иста мера,да го понижам токму пред неговото друштво. Благодарам однапред
Го имав истиот проблем...чекав недели да се одмаздам и дојде тој ден.Дознав каде одите и со која.Бевме во Чек ин ии ,играа се смееа и се додека таа отиде до вц отидов до него и правев муабет со него ..уствари му се пуштав и кога дојде таа го залапав ии се тргнав а таа дојде и му ја истури водката на кошулата...А после кога ви ѕвонеше,бараше никогаш тука не бев за него..
и како се сврти тркалото? Како падна тој во дупката што си ја копал?? или сакаш да кажеш дека не се одмази иако можеше? Тогаш тркалото не се свртело, ако тој има убав живот и среден
Узасно сакам да се одмаздам си бев едно време со таа мисла тркалото се врти кармата е кучка да се правам дека не постои но НЕ МОЖАМ сеа сме као другари а ако сакам можам и да се смирам но не сакам па ке ве молам за идеја некоја?
И јас бев во слична ситуација како на KimKey. Дечкото се фалел дека сме имале односи и дека неможел да ме задоволи, па неможел само кондоми да купи. Ама тоа касно го дознав. Бев 16 години, а невина бев и ми беше тешко. После некое време правев муабет со едни другари кои незнаеа за муабетите и ми рекоа само па што не си му кажала пред цело друштво дека му бил мн мал па не го бивало. Ко тоа највеќе ќе го повредело. Не направив ништо, макар што знам пак да се сетам на тоа и да сакам да му се одмаздам.
Ние женските сме такви. Ако некој ни згреши или не повреди веднаш бараме начин да му вратиме и да се одмаздиме. Но, зошто да се валкам со такви работи? Господ враќа на сите. Порано или подоцна. Ако ја немаме таа среќа ние да им вратиме за она што ни го направиле ќе им врати друга. Ние нема да бидеме толку задоволни, бидејќи нели, би се задоволиле само доколку патат од нас, но сепак на ваков или таков начин ќе ја почувствуваат истата болка што ни ја предизвикале и ќе се најдат ако не во иста барем во слична ситуација во која ние сме се нашле. Затоа не го губете времето во смислување стратегии за одмазда. Со тек на време се` што некој направил ќе му биде вратено со иста мера.
Порано бев многу одмаздољубива. Но сега веќе не, едноставно сум изморена од тоа. А и зошто, тркалото секогаш се врти и животот наплатува. Само јас повеќе ќе се измачувам, замарам и живеам во минатото. Вака ставам точка и правец кон иднината. Најголема казна им е мојата среќа.
охоо ... Епа јас, порано .. првиот дечко што ми беше .. 1ва средно мислам бев .. и нели - МНОГУ го сакав.. ... и се бафтавме подолго време.. скар - смир веза .. и небитно , ја рачунајки дека после секој скар, за некое време иде смир, но после еден .. никако да дојде до смир .. чекам чекам месец два... кога тој да ти напраил смир со другаа ... ахх леле, ја во депресии, толку од мојот живот, веќе стана безсмислен ... ( пубертетски памет нели ) .. и што ке прави Ајрони ? - Ке му расипе врска !.. Ги засукав ракавите, ја адднав од лажен Hi5 , (на времето ако ви текува).. и го адднав и него.. и му се пуштам овој никако да се прими .. али после некое време паднаа муабети опасни, чак и И пиша на лажнава јас - дека му фалела бившата .. леле леле ја жива среќна .. и да скратам небитно - и го препратив муабетот, и они раскинаа ... ... и после нели , следеше смир имаше со мене ... ...сеа мислам дека не би го ни познала на улица да го видам како и да е тоа не беше опасна одмазда .. сум сметала дека треба да си го вратам моето што по грешка залутало негде .... детски памет како и да е ... Негоо.. имав и една сериозна одмазда/ одмзди .. ама непланирани .. Веќе имав 19 години, со него дури ја раситнив 20ката... ма со него што се не направив .. е он стварно ми беше прва љубов .. беше сЕ што сакав, бев горда дека го имам најубавиот .. летав таа година кога бев со него ... но нашата врска почна на многу неубав начин .. (да не одолговлекувам што како, можеби некогаш ке пишам во др тема.) и бидна што бидна - раскинавме. Е Феминчиња мои јас тогаш осетив стварно што е да ти стане животот безсмислен .. многу работи изгубив. А он подло само сврте грб и ме остави таму кај што паднав, буквално ко пикавец бев фрлена и он само ме доизгази ... Е тогаш на дотичниот му кажав - Ке ме запамтиш ти мене мноогу добро.. Ке ти наштетам не си свесен колку ... ! АМА ! Тоа во афект и нервоза кажано, колку да му одвратам ... јас ама СТВАРНО не планирав да се занимавам со тоа После неполн месец почнаа драмите .. Прво... имаше Продавничка, неговите држеа .. нема везе ке карикирам населби, другарками живее во Кисела Вода , каде што му беше продавничката... бев што бев, на враќање накај дома, поминувам гледам пазарна инспекција му ја затвара ... он стоеше надвор со неговите се натегаа нешто .. ја ваква ... ми стигна порака од него - До ова ти беше стигнато? И ? Успеа во животот сега ? ... и дрн дрн како неќел да ме види што ти ја знам ... ОО боже .. што испадна сега си викам, јас испаднав дека сум пријавила или нешто ? па јас незнам како иде процедура за тоа ... После 2 3 недели од тоа , идам во Дискач !! Внатре го гледам, па отидов скроз на др крај да не испадне пак некоја ситуација .. поминува пола саат-саат не ни ми текна на него (ок ако се лажеме ) и поминува една ПаЧАВРА ме бутка со рамо ко рагбист да е, и ме потури , пиеше малата нешто попут водка со боровница па ме флекоса, и ми се испонашава нешто ко Тргни се МА гледаш поминувам ! и ја тука .. ко што ме мава на агресија коњачето, и се пуштив малце ... кога тоа да ти била која, типката која ја мувал човеков ... ахх бе си викам Малеру еден малеросан ... и нели испадна прича ја сум и се пуштила сум ги видела заедно .. ајде ок преидов и преку тоа ... немав начин како да се изјаснам и да објаснам за се .. ! и Финалното беше исто бев во истиот Дискач, после неколку викенди, не го видов, не ни знаев дека ке иде, не ни се надевав... АМА му ја видов колатаа кога си идев ... попатно видов дека ретровизорот му е крцнат, и КОЈ МАЛЕР ме натера да се доближам до колата незнам уште ... дур чекав другарками да искочи рикверЦ, глеам ја демек стручната , што е работава .. и слушам дерење после неполна минута ДОБРО БЕ НЕЛИ ТИ БЕШЕ ДОСТА ??? НЕ МИСЛИШ ЛИ ДЕКА ЈА ПРЕТЕРА?? ШТО ТИ СТАНАЛО?? НОРМАЛНА ЛИ СИ ТИ ?? .. ја ... лееле, иди објасни се сега ... и заземав став попут , али пред да стигнам да се објаснам, он испцу се по ред и си отидее .... Ете така, он долго време мислеше дека го стигнала Женската Беља, а незнаеше впрочем дека само јас се наоѓав во погрешно време на погрешно место ... После година, година ипол, од коа се оладија страстите, преку заеднички пријатели со кои што пак се вратив во контакт, се начекувавме по кафиња и по седенки маалски , па полека постепено му објаснував, и тн и тн , помина време дур се врати довербата, и сега верувале или не сме мн добри другари, мн ми е мило кога ке го видам и кога ке го изнагушкам, мн ми беше значаен тој човек во животов, и уште ми е битен и он и неговата среќа.