Не треба да се одмаздува никој на никого. Ако некој те повредил, значи не е вредна особа и не заслужува ни минутка повеќе од вашето внимание. Игнорирање и како што е кажано погоре- заборав, тоа е најболно што на некого може да му се направи. Така му се покажува дека воопшто не вреди.
Нема потреба од одмазда кога тогаш животот ке му врати, т.е ќе ја научи лекцијата така што или друга ќе му го направи истото тоа што тој го правел или ќе научи тогаш кога ке ме изгуби...кругот се врти дали е карма или нешто друго незнам ама знам од искуство дека на бившиот му се врати и тоа дупло се што ми правеше дури ми е жал за него некогаш...
Кога станува збор за женска одмазда кон партнерот не се одмаздувам.Ја барам причината каде сум погрешила за да дојде до конфликт.Не може да биде виновен само другиот.И позитивната и негативната страна се поука за мене.За се се потребни двајца.
Поголема одмазда од игнорирањето не постои,колку и да боли душата не посегнувај по телефонот или било што,јас во таја фаза сум што сум мн повредена но уморена сум едноставно чао му реков на све,знам дека господ ќе неплати за све еден ден сигурна сум во тоа...
Доволна одмазда му е што се заљубив во друг додека одев со него и одкога му се скарав се фатив одма по една недела. Доволна одмазда му е што се омажив од љубов и што сум среќна со друг
Никогаш во мојов живот и за мои 24 години не сум сакала да се одмаздам. Но, последнава врска мислам ја прели чашата. Дечкото толку ме има фатено за живците што посакав да му се одмаздам. Да, немам ќар и немам никаква цел со тоа, ама интересно ми беше. Јас бев таа што прва прекина, а од кога прекинав од него слушнав секаква навреда за мене. Дали тој ниско падна или само си ја извалка честа незнам. Дали ги боли што женско прво ќе им раскине и тоа незнам. Јас се помирив уште истиот ден имав големо олеснување во себе. И мислам малку му беше тоа што му го направив, му го скратив здравјето за цел живот. Ама сеуште не сум расчистила со него. И се надевам ќе расчистам. Отсекогаш сум ги ставала на ИГНОРИРАЊЕ и не сум се замарала,ова беше прв пат и морам да ви кажам дека баш уживав во тоа. Никогаш не би го направила повторно, но мислам дека си заслужи.
Не се замарам јас со никакви одмазди. Тој од што ме гледа му се иде да се удави и плус кармата работи Karma is a bitch
Исто и јас не се замарав со одмазди,само по себе му се врати а јас само еден IGNORE му мавнав и после тоа тој ми падна на колена...долгооо,долгоо ме молеше што и ден денес не му простив!
Ма нема потреба шо да му се одмаздувам, све ќе му се врати, и тоа низ нос ќе му излезе све (btw више почна)
Не се одмаздувам, оставам кармата да си го направи своето. Само еднаш посакав да се одмаздам но не го сторив тоа.
Обично не се одмаздувам . Но еден другар кој некако се заљуби во мене , значи врската беше без врска со држење за раче и бакнежи во образ , раскинав по 1 недела и кога се фатив со сегашниов ми сопруг јадеше " бурек " наоколу дека сум мотала двајца во исто време . Милион проблеми ми направи башка озборувања од сите страни дека сум евтина д**ља , и посакав да му се одмаздам јако и да му наплатам за два живота . Тоа и го направив . И ми падна камен од срце и душа . И не се каам . Ама ич ..
Продолжи со живототт и живејго со сите убавини нема потреба од никакви одмаздииии никому,бидете си срекни)))
Јас сакав да му се одмаздам за да почуствува и тој болка голема ко мојата, ама наместо тоа после 2 дена се смиривме, и заборавив на одмазда. Ако пак ме повреди, ќе му се одмаздам и плус ќе чекам кармата да го стигне, пошо на толку солзи мои дупла казна треба. Лошото е што уште ме боли,ама си молчам...
Нема потреба од одмазда,се се враќа се се плаќа така да порано или подоцна и тој ќе помине низ истото Како што и сама спомна,КАРМА
Никогаш не сум се одмаздувала, а и нема. Што било поминало ставам крај и толку таа личност повеќе не постои за мене. Што и да ми направил Господ ќе го казни нема што јас да се одмаздувам.
Сакам да му се одмаздам на дечко ми. СЕ почна кога една другарка разбра дека го сакам и потоа му кажа, а тој како и сите други машки веднаш ми пиша дека не сакал и што се не... Но тоа всушност не го направил дека навистина ме сака туку само за да се покаже нешто пред другарите како ,,Видете ме,која ја сакам таа можам да ја имам..''. Тој знаеше дека сум слаба на него и дека веднаш ќе му се препуштам. Така и почнавме со мојата вистинска љубов кон него и неговата,,фраерска". Не бев свесна за ништо и го засакав уште повеќе,потоа почна да не ги отвара пораките што му ги пракав,да ме избегнува и тогаш ми стана јасно СЕ. Си поигра со моите емоции сега сум уште повредена,само некој што доживеал невозвратена љубов знае како е. Сега сакам да му се одмаздам така што никогаш нема да ме заборави мене и тоа што ми го направи.. Има ли некој некоја идеа за одмаздаа?? П.С се уште се правам дека незнам ништо и демек све е у ред ..