Јас сум против одмазда, без разлика кој што направил. Ако сум повредена не значи дека треба и јас да повредам некого, затоа што постои карма. Би ти препорачала и тебе да оставиш кармата да си ја заврши таа работа.
Koga prekinav da se gledam so eden decko, postoese eden chat na koj odea pretezno homoseksualci i dadov negov broj na nekolku od niv, pretstavuvajki go kako gay. Vecerta vo diskoteka go mrdnaa covekot, jas samo sedev od strana i posmatrav. Se presmeavme so drustvoto. Ne deka nesto seriozno me povredil ili deka sum mu pridavala nekoe znacenje, no ete od dosada napraviv i da imame so sto da se zezame vecerta....... Sirotiot nervozen zamina doma.
Имав и јас една одмазда и ми е многу смешна сега , ама тогаш бев многу лута и гневна Тогаш бев скарана со бившиот , заради што тој се швалеросвеше кај ке стигнеше Тогаш актуелно беше мирцот и на сите машки им го давав неговиот број , значи стануваше збор за многу машки ( јас и по цел ден седев на мирц ) можи и преку 100 машки ,ама буквално го мрднаа од звонење од пораки што дознав после дека го сменал бројот , му се јавувале навечер и му дишеле и му стенкале и мн се нервирал
Не сум мн за одмазда ама мн сум изреволтирана и не знам што да сторам. Дечко ми ме остави без збор и без причина. Ме блокира сегде никако не можев да го добијам. Ок, поминаа две недели, никаков контакт, ништо... другарка ми кажа дека на snapchat story објавил наводно мое писмо во кое сум му барала втора шанса и прошка и долу сум била потпишана јас. А нема врска, не сум испратила никакво писмо. Полудев после ова. Помислувам на се и сешто, но ве молам дајте ми предлог што да му направам. Има 30 години и срамота е што се служи со вакви игри. Не можам ова да го оставам вака.
До сега не се имам одмаздувано на бившите, сепак никој не е должен да биде со никого засекогаш. Ако сме биле заедно и сме раскинале, не значи дека треба да продолжиме да се повредуваме еден со друг. Одмаздата нема да помогне туку може само да ги усложни работите. Секогаш сум за пристојно и човечко раскинување, навредите, понижувањата и исмеањата не носат ништо добро и нема да помогнат никој да се чуствува подобро.
Јас буквално ништо не би направила. Ако тој е ѓубре, едноставно одбиј на глупост. Продолжи си со животот и ќе видиш како со чиста совест е полесно. Тешко е да се заборави такво нешто знам, сум осетила на своја кожа, но ќе помине. Чудо е како на лошо се враќа со лошо. Еве на пример еден бивши збореше све и свашта за мене, дури и пријатели изгубив, но оставив така да помине без да му давам до знаење дека ме погодило тоа. Пред неколку месеци се вереше со девојката, па и се регистрираа... по само месец им пукна работата. Не им се ситам, али ете си доби казна на некој начин.
Ова моето одмазда не е ама клетва да. Му реков на бившиот Бог само женски деца да му даде. Пa да види како боли за свое дете. И клетва го фати.
А од кога женско дете е клетва? ЗНачи твоите родители се проколнати што имаат ќерка (тебе)? Моите се проколнати што имаат ќерка (мене)? Родителите на цел форум ги фатило клетва што имаат ќерки? Клетва е да му посакаш на некој да нема никави деца, а не да има женски.
Не реков дека женското дете е клетва, туку да осети како боли кога ќе ја гледа неговата ќерка како плаче, како што ме гледаше мојот татко мене.
Девојки јас раскинав скоро со дечко ми значи уште е свежа работава што се вика ама работата е тоа што он почнува многу го*на да јаде работи што не се точни и слично мене толку ми сече мора некаква одмазда да спремам ама од гнев не ни размислувам што како ве молам советувајте
не можам колку повеќе игнор толку поише уста не затвара мора нешто да се смисли да ме запамти дека закачкање со мене баш и не е добра идеа
Ќе искочиш глупа ако му се одмаздиш веруј. Само игнорирај и нема ни да се каеш ако одмаздата ти тргне на лошо.
Се повторувам со другите членки пред мене, но вистина е дека игнорирањето е најдобрата опција. Немаш поима колку повеќе нервира игнорот отколку покажување заби на сите негови провокации. Ќе сфати дека не е интересен и дека не му палат тие фори и ќе престане. Само трпение и дебели нерви.
А мислиш тие околу него не знаат дека измислува за тебе? Туку им одговара тоа да видат ти како ќе возвратиш на неговото однесување. Овој народ изгорен е за сеир мавање.
Одмаздољубива к**ка сум.Некој да ми го зезне денот, ќе му го зезнам животот.Двајца бифши си патат скоро година, и не ми е жал.Ако нив кармата ги заборавила јас не ги заборавам .