Јас на мојот бивши се сеќавам кога му се одмаздив, луѓе немој да ви текн Јас ќе ви ја кажам мојава одмазда за еден мој бивши, под услов да не се смеете и да не пробувате доколку немате другар што се разбира од ИП адреси. Му го хакирав на бившиот фб, бидејќи знаев дека со други се допишува.Наместо да ги блокирам зборев со нив навредливи работи во негово име, прашував дали сакаат да ги изнајмувам, колку пари би коштале бидејќи другарите се распрашувале, ова се во негово име, башка разни детали што знаев од него за нив и тајни им ги издадов на чатот, им предлагав разни работи, дури им се заканував по живот и ги напнав да се самоубијат.Истово го пишав на нивните татковци и браќа, дури стигна и до неколку дечковци. Ми одзема време, но кажав на истите каде ќе бидам еден викенд, дури и неколку мои другари асистираа да ми помогнат, и со хакираниот фб и помош од другариве направив да дознаат кај се мота дм, и да дознаат дека викендот ќе бидеме во тој и тој кафич. Луге кога стигнавме..јас мртва ладна, дм абер нема дека се избришано... Како влезе така изеде бокс од дечкото на една што флертуваше со неа, дојдоа и другиве да го тепаат, јас се тргнав на страна и додавав масло на оганот кажувајќи дека навистина сакам да му раскинам и дека сака да ги злоупотреби, дојде таткото на една и брат и, абе лом го направија. Му раскинав пред нив и ептен го понижив, го натерав да се извини на сите и им кажав дека е само очаен и затоа така прави.Малце го натепаа и го исмејуваа,ама највеќе го здоболе што го предадов пред сите.
Мене ми делува како да гледала многу филмови отколку вистинита случка. Ама нема врска, нели испадна многу јака во очите на феминки. Во стварноста повеќето фејсбук корисници имаат смарт телефони на кои им е уклучен фејсбукот и истиот момент ги добиваат и тие пораките. Претење со убиства и издејствувања на самоубиства а никој никого не пријавил во полиција? Па после се откако го истепале и самиот не пријавил во полиција дека е претепан? Во денешно време кога секој и за еден шамар пријавува и добива финансиска оштета од тепачот?
Еј, ова беше пред неколку години Ама и он мене цело време ми набиваше комплекси, да сум се утепала и не знам што. Извини си го заслужи поштено. Не бе каква пријава не ни знам што направи ама не верувам дека ги пријави, кај па ти со егото негово ќе оди по полиции и да бил јас немав таму дел Единствен страв ми беше да не откријат јас дека сум ама имав среќа, бидејќи јас ќе бев виновна.
Девојче најискрен совет, тебе ти треба стручна помош. Знаеме дека ова што го пиша 80% не е вистина, но не убаво да веруваш во тоа. Во друга тема за одмазда си пишувала дека си била исмејувана од школските и не памтам што друго. Самодовербата ти била нарушена. Со муабетиве што ги правиш падни стани муабети треба да поработаш на себе. Минатото може да оставило траги на тебе
Малку пошироко од ова споделување случки во темава, ама мене целиот тој концепт на одмазда по раскинување, и тоа конкретно женска – ми е тешка глупост, и оној "cute, but psycho" филм меѓу тинејџерки... не знам дали би го нарекла дел од интернализиран и несвесен сексизам, али токсичен е во секој случај. По мене, зрела личност (без разлика на полот) после разделба со големи несогласувања и повредени чувства, каде не може цивилизирано да се продолжи било каков контакт - го блокира другиот од секаде, го брише од животот и продолжува понатаму. Толку. Разбирливо е да ве обземаат многу негативни чувства на почетокот, ако е потребно никогаш не штети и разговор со психолог, ама никако не вреди да се спуштате на такви нивоа.
Убаво си пишала, но што кога после блокот типот на секаде кажува дека сте ку*ва оросп*ја и дека сте ненормални? Кога на сите кажува детали за вас и ви се смеат во лице?
Никогаш не сум помислила да се одмаздувам. Еве зборувам стрикно за неверство. Познавам мои пријателки, биле изневерени и ајде ќе се одмаздуваат, ќе бидат во врска се додека не му се одмаздат. Според мене, не троши залудно време за некој што те повредил или те изневерил. Не вреди. А воедно, за некој што ме навредил, ми згрешил, едноставно со 2 паметни реченици се решава се. Овој си е мој метод. Сепак, секој си е различен.
Јас сум "кне" (изрод), што викат старите ќути-мути, ако он мене ми стори нешто јас десет-струко ќе му вратам, боље никој да не ме чепка, што вика една другарка "психопат". Еднаш се скарав со бившиот нешто и неш као вампир сум била ау на кур пеперутки и на ден на вештерки маскирана му се качив на терасата(бидејќи живее на прв спрат во куќата) и му лупав на прозор и овој излезе со гитара да ме мава, јас го турнав и овој падна имав еден кујнски нож но зборев како вампир дека ако ме чепне ќе го решам и овој преплашен избега во собата, неговите другари ми кажаа дека му се појавил вампир и дека имал трауми од таа вечер..
Не знам дали гледате премногу филмови и имајте бујна фантазија или пак не сте доволно созреани. Зошто одмазда? Без разлика што и да направил или не направил, не би сакала никому да се одмаздам. Кога можате да си заминете со крената глава, да покажате дека имате достоинство, зошто се спуштате на ниско ниво и му давате значење?
Го прелистав форумов после една одмазда од бивша и сватив да вселена, глупоста и женска одмазда немаат граница џабе ти брат памет тоа е безконечко.