Oва е многу лоша работа, многу детска финта. Ако некој не те сака, џабе е се. Познавам девојка во поодминати години над 35 која ова го направи само за да се омажи. И така си останала трудна, на врат на нос, се пресели кај дечкото. Арно ама на тоа и остана. Тој си замина во странство да си живее и работи, виде невиде дека никој не ја ферма, дека само куќа чува, ниту во брак, ниту некој детето го гледа, си замина дома. Тоа е очајно според мене. Го земаш детето на врат, иако не е посакувано. На крај остануваш и без маж, без брак, без дом како што си замислувала, без поддршка морална и финансиска. Што ќе му каже таква мајка на тоа дете утре „ааа јас мислев ќе се обезбедам па останав трудна и те родив“. Лошо, лошо, и зрели луѓе ова не треба да го прават. Инаку можно е и машките со оваа финта да затруднуваат девојки како „добар плен“. Но, затоа памет во глава и заштита. Кога ќе сакате дете и двајцата тогаш...
Абе има некои ако не ги поттурнеш никогаш нема спремни да се. Кој ќе го чека, он за кошула нова да купи со месеци се мисли каква, сега за бебе и брак ако го чекаш брчки ќе добиеш. Исто и он, сакала да студира, сакала работа, ќе ти замине во Скопје или подалеку и очи нема да и видиш веќе. Вака, стај си ја под суво и кажи од предсемената течност изгледа е. Мала шала, инспирирана од реалниот ни живот
Kaj им текнуваат финтициве... За ова треба креативност и малце да си психо... Па така, цел живот има да имам грижа на совест под еден, под два ќе се сомневам дали вистински ме сака и под три аген - грижа на совест.
Па искрено и не е некоја финта G6 да речеш. После е***е нема каење. Штом си решил да имаш секс со некој/а, ја прифаќаш и евентуалната бременост. Ни контрацептивните методи не гарантираат 100% заштита.
Па и не е баш така...дека штом имаш секс со некого прифаќаш и евентуална бременост. Ако е така нема да има толку абортуси... И знаеме како голем дел од луѓето влегуваат во сексуални односи. Не е дека сите се со прст на чело пред имање секс. И излегува дека треба да се има односи само за создавање деца, а не од задоволство. Да не претеруваме сега, па и да го одобруваме ова со цел некој подобро да си се осеќа и да мисли дека е во ред да го направиш тоа. Едноставно не е во ред. Ајде се десило несакајќи (иако нема несакајќи, не е несакајќи ако одиш на пазење) ајде, ајде... ама некому тоа да му го направиш без договор претходно, едноставно - е неубаво, не знам како да објаснам. Безобразно е. Не сакам да перам ничија совест, не е ок и крај. Нема 100 процентна заштита, но има обид за заштита. Има разлика од обид за заштита до намерно насамарување некого. Не е фер едноставно и не е подлога за здрав однос и брак од сам старт. Да не ја префрламе сега темава во религија...
Ќе го изиграваат со финти ќе ги прелажат за брак ќе се роди бебето и после 1 година ќе се разведат каков татко бил каков сопруг ваков онаков... епа тоа е кој не мисли си пати ако нема вистинска желба обострано за нешто џабе е а и станува збор за брак семејство незнам како можат така
Штом некој мисли на толку подмолен начин да го врзе партнерот, тогаш проблемот е сериозен. Случајно се фатило, аха да, еве поверував. Се согласувам дека 100% заштита значи апстиненција од секс, ама колкави се шансите за бременост со кондом плус контрацептива? Да се разбереме, едно е со свекрва да војуваш и да ја насамариш некако, ама некого со бременост да прелажеш...
Извинете вака и јас ќе се уфрлам во темава, ама ова не е финта - ова е психопатско пореметување. Дури и да излажеш дека си бремена за да те земе за жена треба да си со психички проблеми, а не пак намерно да "останеш трудна". Детето игра ли е за ваквите личности? Детето е плод на љубовта меѓу две души. Свето е, а никако "финта" за постигнување на некои ненормални, па и неморални цели. Јас па мислев дека ова постои само во сериите, ама сигурно од таму се научиле ваквите манипулации
Чекај, чекај, полека....Сега дури го чекам ова - НЕМА НИКАКВА ВРСКА БРКАЊЕТО НА МЛАДИ ЧУПИЊА СО ТАТКОВСТВОТО?? Е сега ќе побудалам, хахаха, дали стварно ова го мислиш? Подолу не знам дали прочита и - ќе развијат и концепт дека така е убаво, дека таков е бракот. Тоа е одговорен татко?? Да брка чупиња колку неговата ќерка?? Или да зема пример синот дека така треба да се понаша со девојките. Тоа нема врска?? Аплауз, не знам ни што да ти речам стварно. А ако живејш во таков брак - бравос, на одличен пат си да си живејш прекрасен брак - НА ФЕЈСБУК САМО.
Па нема врска ако бидеме реални. Тоа зависи од мажот а не дали детето е добиено со "финтава" Ако реши да биде татко и да ја прифати одговорноста, секако дека нема да брка девојчиња на страна.. Но и во брак по сите правила, од љубов и не знам што, може мажот да почне да брка девојчиња на страна...затоа што нели, му се присакало Карактер... т.е немање карактер..
Ме интересира кој дел од мојот коментар ти изгледа религиозен? Заради тоа што реков „после е***е нема каење“?
Делот кој,некому можеби изгледа нешто ко... пропагираш: секс треба да имаш само со некој со кого сакаш/планираш да имаш деца Коа доаѓа од устата на некој кој does a lot of preaching луѓе занемаруваат дека само збориш за тоа дека... човек кога веќе мисли да има секс, треба да е свесен и за последиците - кондом да пукне, бременост и покрај што користат контрацепција итн.
Имиџот те следи низ сите теми. И за готвење да збориш, ние ќе те гледаме ко да си дошол да ни кажеш дека малку света вода треба во манџата да се стави. ТоВа е, сите си ја имаме истата мака
Хммм... искрено... дури и да сум приметила дека прави религиозен причинг по други теми, сум заборавила. Воопшто не бев инспирирана од други теми, туку навистина нзс од мислењето е тоа. Ама пак, тоа нешто си повлеквит. Божесачувај, божесачувај *се крсти соС метании*
Искрено не сум за таква работа можам дека речам дека доста глупаво од нејзина страна...бидејќи да не било тоа со бременоста што нема да ја земе?? И морало така да направи? Можеби дечкото не бил навистина спремен ама ете ја превзел одговорноста за разлика од денешниве машки што ке ти го направат тоа и после никому ништо ке речат ти којзнае со колку си "бидена" па сеа сакаш на мене вината да ја префрлиш. Знам случај што машкото за да ја задржи девојката ја остави " ненамерно" бремена и се зедоја ..после некое време тој одеше со која ке стигнеше и не се замараше за децата бидејќи таа сама се грижеше кога почнаа в градника,нашкола средно се... Буквално не го интересираше цел товар за децата на неа падна.. Сакав да кажам дека бременоста не е решение за вакви работи бидејќи покасно може да се изрази сепак мислам дека човек не треба да е толку себичен за само да си ги гледа своите потреби као демек јас сакам вака и вака да биде и точка.
Нејсе, повеќе на машка финта ми личи ова, првенствено за ергени над 30 што им текнало „да се скрасат“ најчесто со тинејџерки зашто само такви може да прелажат. Знам за едно девојче, таа 14 години уште основно немаше завршено, овој 28-9 и направи дете и ја зема, еден господ знае како тоа дете чува дете. Второ некои болно љубоморни кретени што сакаат да задржат девојка, а не знаат друг начин за тоа, а женско да сака намерно да остане е многу потешко и од технички аспект (верувам дека повеќето мажи денеска се тргаат на време и со контрацепција) башка што поретки се клиничкиве случаи кај женскиов ни пол.