Знајш која е цената ако не успееш да ја прифати одговорноста? Не сака брак, не сака брак со тебе итн. Абортус. Или дете кое нема ни да го познава татко си, ако се одлучиш сепак да го родиш . Или ќе го родиш и дадеш во Дом за мали деца. Макар што како што ве читам во оваа тема - да да сепак ќе биде абортус. Ризик е сепак преголем за мене, ама секој си знај.
Најдебилно нешто измислено од жените, типична балканска работа. Ако не сака човекот брак не сака или седи или барај друг а не оваа глупост па после мажот се шетал по кафани, имал други жени, не ги сакал, па кукаат па се разведуваат. ЦИРКУС. А тоа дете ни криво ни должно ќе трпи сe' ради мајка му што гледала да се 'осигура' пошто не е способна сама да заработи и напраи кариера и нешто битно во животот. Се срамам што сум женско кога ќе прочитам нешто вакво или па кога ќе видам некоја со стомак до заби венчаница облекла, да не беше трудна мислиш ќе те земеше?
И јас се срамам што во ист контекст ги стави и девојките што со бременост ги приморуваат дечковците на брак (не ги има многу), со оние кои бремени се мажат. Повеќето од бремените невести чекаат дете кое е посакувано од двајцата, многу често и заеднички планирано. Едноставно, многу парови после веридба (или кога ќе заклучат дека се подготвени) одлучуваат веќе да не се пазат, и бременоста е резултат на тоа. Ти можеш и понатаму да се срамиш, само не знам од што. Можеби од секс пред брак? И само да напоменам, ова мислење не ми е лично правдање, син ми се роди после 3 години брак.
Ова не би го направила ни за 100 животи. Ако тој несака брак значи или не е подготвен или не те сака. А незнам зошто женските мислат дека со таа финта и со бракот и раѓањето на детето се ќе биде во ред. Можат да имаат баш повеќе проблеми. Се сложувам со @greenota
Бедно Никогаш не би. Исто мислење имам како @greenota од збор до збор се согласувам. Кога ќе тргне на лошо во тој брак, детето ќе трпи а женава ќе чука ли глава за тоа што направила? Или ќе обвинува некого? Второво е поверојатно.
Јас имам сличен пример во околината, само момчето беше "финтаџијата". Девојчето повлечена средношколка која не излегуваше многу, одлична во школо, приземна, смирена, малку пополничка од вообичаено (не го пишувам за да вреѓам или нешто, туку дека оди во склоп во приказната понатаму). Момчето декада ипол постар без работа, дома куќа со една соба стегната. И двајцата првпат си имаат дечко/девојка. Кога дознаа родителите на девојчето многу се противеа на врската дека он многу постар не стабилен а она второ полугодие прва година, и забрануваа да се гледа со него и слично. Тој од страв да не ја изгуби ја забремени, она од страв да не го изгуби (мислеше дека заради озгледот нема никогаш да може да си фати друг дечко) дома не кажа до крај на четврти месец, кога веќе беше доцна за било што. Шок голем за сите, сепак беше тогаш премногу младо девојче да не кажам дете. Исто и скоро 5 месеци од бременоста без посета на гениколог среќа што се добро испадна со бебчето. Се земаа, мајката на девојчето остави дома фамилија со маж и уште две помали дечиња и одите во странство да печали за спална, креветче и пелени. Истото го направи и новиот татко. Девојчето заврши средно вонредно и не продолжи понатаму. Денес има три дечиња а четвртото е на пат да им се живи и здрави. Она нема ниту еден ден работено седи дома и чува деца и чека од мајка и и мажот кој се враќа двапати годишно дома по десет дена да праќаат пари. Тоа воопшто не го сметам за добар и среќен брак. Она бракот го води со свекрвата не со маж и. Но тоа е. Нема да барам кој е крив а кој прав во ситуацијата само ќе се изјаснам на темата. Никогаш не сакам да направам такво нешто или пак да ми направат. Бракот е договор, разбирање, компромис и љубов а не финти и подмолни работи.
Многу лоша ,,финта" ако некој не сака или не може да биде со тебе нема да биде.Со сила убавина не бидува.
Има и обратно.. И машка финта е ова. Ќе ја забремени за да ја омажи, или да ја 'провери': дали може да забремени, да не случајно е неплодна. Исто бизарно како и девојка да забремени за да го ожени.
Мизерно ми е ептен забременувањето со оваа "финта", било од машка страна да се работи,било од женска да е местенката
со ваква финта мајка на една моја другарка си ја омажи ќерката. Дечкото од друг град дојден кај неа мајката му вика оди забремени ја и земи ја (селска психологија) а другаркава мртва пијана вечерта. И после 3 недели му се јавува и му вика ами јас бремена сум тој и вика знам дека си. А сиротава сакаше да му раскине,т.е немаа многу добри односи.
ее... Селска психологија. Демек као тој прв дечко и бил,а таа сакаше да му раскине зашто и се засвиѓал друг и оти така срамота мажи да менува а сиротата 18 год
Штета што кај нас ваков случај нема закон кој го покрива. Иначе, криминал е, во напредниот свет. Репродуктивно силување.
Хахахаха со игла го боднал и не се познава тоа дупче а од една мала свршка може да забременееш. Хаха омг
Јас не знам како може женското да го фати на таа финта. Како ќе го натера да сврши во неа Освен да го лаже дека пие апчиња за контрацепција. Ама па побогу не сме во шпанска серија. Се согласувам со @cresa-jagoda