Карактеристично за очајни девојки без став и амбиции во животот. Зарем не се чувствуваат глупаво знаејќи дека се мажени ради бременост, а не заради желба?!
во мојата блиска фамилија имав ваков случај дечкото ј азабремени намерно девојката на нејзини 17 години затоа што она планираше да оди на факултет па он си мислел да не го зафркне да му раскине да ја загуби и вака со си е сигурно сигурно имаше после тоа уки буки нејзините коа дознаа ама бидна и свадба и се сега си имаат 2 дечиња кај нас пак беше друга ситуација мене од дома не ми дозволуваше мајка ми да се мажам за дечкото па така јас се вработив он си беше вработен и намерно си направивме бебе и си се земавме
Па ова не е само женска финта, познавам и неколку машки што ја искористиле финтава за да стапат во брак. Не знам што да кажам, ете и да успее бракот, секогаш ке се збори тоа ‘‘се земаа оти остана трудна‘‘ а не ‘се земаа оти се сакаа‘.
Oк ако е намерно е глупаво но има парови кај кои се случува непланирана бременост и се земаат ,па тоа не значи дека не се сакаат ,такви рекла казала муабети ме нервират најмногу кога не ни знаат на кого како му е
ех колку ги има такви обично у долга врска се и гледаат сега дека не ги бара дечкото и ајде ке останам бремена , па демек непланирано ова она абе ајде, имав една таква познаничка , а најчудно е што па на таквите им се посрекува одма ке останат бремени а некои што сакаат (взаемно) ке се мачат за бебче, чуден е животов, чуден :geek:
Мене ова ми е преглупо. Цел живот да живеам со фактот дека детето првенствено ми служело за да добијам прстен на рака
Премногу ниско треба да паднеш, за го сториш тоа. И после се чудиме зошто невини дечиња страдаат со недоквакани родители.
Јас знам многу такви случаеви дека се земале оти останала трудна И никогаш не ми било јасно и до ден денес не ми е јасно како можат така и двајцата партнери Јас никогаш на крај памет не сум ставала дека можам така да задржам маж и да се омажам, ко да сум најгрда на свет па нема кој да ме земе друг освен оној со кој сум или со кој би можела да бидам, мислам, глупо е навистина. Јас со мм се земавме од чиста и искрена љубов, штом се земавме, после неколку месеци почнавме да правиме муабет за бебе кога,како... се пазевме многу месеци, дека и двајцата некако неспремни, а доволно зрели, кога веќе сме стапиле и во брак значи сме сакале па сме се решиле на тоа и ете спонтано дојде за бебенце, едноставно тоа беше моментот, си почнавме по ред и оп за неколку месеци си останав бремена, значи без никаков договор, без планови, без финти и ете, денес имам едно прекрасно суштество кое ми го разубавува секој миг од денот
Јас ова го знам како машка фината Сериозно , многу примери имам слушнато каде дечкото ( најчесто постар ) намерно ја забременува девојката него му дошло време , нема врска што девојчето е 19-20 години . А и од машки муабети често сум слушала - абе брат шо се нервираш , забремени ја нема кај да бега
Немојте да правите нешто што не сакате и вас да ви направат. Замислете како би ви било, ако дечкото кој го сакате и имате доверба во него, ви го направи тоа без да сакате ? Е, истото би му било и нему. Скроз е нефер и нечесна работа, затоа и не го оправдувам.
Не можам да го разберам очајот и мизеријата на луѓе кои се спремни да направат вакво нешто. Во никој случај не оправудвам ваква глупост . После цел живот ќе ти требаат ,,финти,, за да го задржиш бракот . А се на се несреќен наметнат брак поради финта бебе јас мислам дека кога тогаш ќе заврши со неверство и развод / Ете ти контра финта ! Се што правите на подмолен начин на штета и против нечива волја кога тогаш ќе се врати како бумеранг! Оставете на Бога , нека бидат работите по Негова волја , се ќе биде на свое место во свое време
многу често применувана 'финта' во денешно време,барем јас знам за х такви примери.. во секој случај подмолно е,и не мора да значи дека бременоста е гаранција за добар брачен живот понатака.. мене лично,не ми се допаѓаат ваквите 'финти'
многу јака финта, после ќе кука како не ја сака и почитува маж и , и изневерува и малтретира!!! најголема грешка- да избегаш од еден проблем, навлегувајќи во уште поголем ! фуј
Глупава финта но има и мажи кои ја користат оваа финта за да се оженат по женска која е фамилија на богати Ова е толку трагично и жално но отсекогаж постоеле вакви жени и мажи и ке постојат што сега е тадури позачестено бидејки малкумина имаат гордост совест и чест да не се повторувам но ова е толку бедно што.....е навистина грозно
Ова не е ФИНТА туку е ПРЕВАРА од најтежок ранг !! Не знам со каква совест навечер спијат тие девојки знаејки дека со "сила" ги оженил дечкото. Штом без тоа нејкел да ги земе сигурно преку нок желбата за брак не му се зголемила само затоа што девојка му по "грешка" останала трудна. До крајот на животот би ме јадел црвот дали човекот заспива до мене секоја вечер затоа што ме сака или затоа што мора.Налет таков брак.
се почесто е веќе : ако си бремена ќе се земете ако не ќе губете време или ќе ви стане љубовта во навика...