Ниско , многу ниско. Туку јас сакам второ дете денес му викам на мм ке го дупнам кондомот намерно .. ме погледна така коцкасто и ми рече дека има време Не знам што ми стана ама сакам уште едноо
Никогаш не би се послужила со таа финта. Да ти се плукнам во таа љубов ако на тојначин само можам да го натерам на брак. И шо ако не работат ни двајцата, немаат стан а таа пуста умира од желба за брак, склецај си дете и крсти се после? Ако ме сака ќе ме земе кога ќе е поволно, а ако гледам дека се е како треба и тој абер нема, тој не ме ни сака, па зошто тогаш да праам дете, и тоа невино суштество да страда.
Никогаш не би го искористила ова за некој да се ожени со мене. Според мене ова е една голема лага и да дечкото и за девојката затоа што дечкото на некој начин со сила се жени со девојката. Денес- утре кога ќе се појават проблеми што треба цело време да слушам како некој мене ме земал само заради детето, а не ме сакал? А лошо е кога навистина тоа се случува, се земаатт двајца без љубов од двете страни, само за детето да ги има двата родитела. Јас не викам дека така е во 100% од случаевите, сигурна сум дека има доста брачни парови кои што стапиле во брак кога девојката останала бремена, но постоело љубов и среќно живеат. Но кога тоа е направено со намера, од страна на девојката сметам дека е лага!
Да не ве разочарувам ама не успева секогаш оваа финта другарка моја тогашниот дечко не ја земаше за жена до 8 ми месец,се влечкаа,се бркаа не и веруваше дека е негово,а таа кутрата со него беше,не знаеше за друг..сега ко ништо да не било,тој не дозволува да падне прашинка на ќерка му,па иста е ко него идиоти се некогаш мажите,за таквите после не треба да им дозволиш да го кренат во раце детето
Поглупа финта од таа здравје! Секогаш велам, не дај Боже да останам трудна во погрешен момент или пак во врска која стои на стаклени нозе, не пак да пробам да спасувам врска со бременост. Ако не оди не оди, секој по свој пат. Вака нема да постигнеш ништо, само ќе расипеш 3 животи. Мажот си е маж, ако не те сака и тој ќе страда или ќе фати да оди по други жени, ти ќе корнеш коси дома а јадно дете ќе има никакво детство. Ако веќе се случи да останеш бремена несакајќи има решенија. Во ваква ситуација би му рекла дека сум трудна и ако сум решила да го задржам, ако сум стабилна финансиски ќе му кажам не си обврзан на ништо, ако сакаш да бидеш дел од неговиот живот ќе можеш да го гледаш ама не си обврзан да бидеш со мене никако. Ако не пак постои и абортусот на крај краева. Не бк сакала да ми се случи такво нешто стварно..
Глупости. Не би го направила ова никогаш.За се во животот има време.Ако некој те сака и планира иднина со тебе ќе те побара и ќе те земе.Имав јас една школска во прва година сакаше еден постар од неа и остана бремена, и цело време пред нас се правеше дека се и е совршено, дури и мене ми се смееше зашто не сум барала некој за брак сум била стара и не личело да слушам метал,рок такви работи.А тогаш бевме 14год. Типката викаше дека намерно останала и дека нејзините знаат. Поминуваше време и кој и да ја прашаше што ти е она викаше дека јадењето лошо влијаело на нејзе.Но вистината излезе на виделина.Испадна дека нејзе ја мрзело да учи и дека ептен навлегла во селскиот начин на живот, а типот си ги имаше годините за брак.Типката си направи милион проблеми, дома ја дознаа, отидоа кај него се караа а таа упорно лажеше дека знаат.И двајцата еден на друг си направија лошо а од мој близок другар кој што учеше во нејзиниот клас дознав дека не ни идела веќе на школо, и самиот викаше дека направи лошо, рано, избрзано со дупло постар тип кој што ги има четириесетите, но тоа е нема назат.Ни свадба немаа само ја зема за да не си направи проблеми со законот,а од други блиски луѓе дознавме дека ја тепа,дека дома им слугува во селото кај што се омажи,дека заради боксовите и тепањето имала неколку абортуси..Сирота ја имав на фејсбук но откако си направив нов не ја ни аднав само знам дека сега живее кај нејзините и лаже дека има помало братче, така и мене ми викаше да не ширам муабети.Епа сега она сакаше така.Затоа е ова глупаво и за двајцата, подобро почекај се ќе си дојде, сам никој не останал.
Сакам да им честитам на сите овие примери (а фала Богу знаеме дека ги има мал милион), за своите ретардирани деца кои им се раѓаат и кои кај и да е, ќе бидат причина за ги пцуеме по улица дека не знаат да фрлат ѓубре у канта, дека не знаат да поминуваат на пешачки, дека возат со 120 на партизанска и дека галамење со мотор во 3 по полноќ за нив е начин на забава. А да, и мочање по лифтови, чување кучиња за борби, труење мачки на комшии, слушање турбо фолк до даска, тепање на девојките и нивните бивши и секако, скандирање „Чиста Македонија“ на утакмици, пишување шиптарски пички на ФБ, праење патриот на форуми и одење на 10 дена одмор у Грчка со бугарски пасоши. Честито, успеавте у животот.
Од оваа финта една ,,Фина,, девојка, ми го зеде дечкото со кој одев долги години. Имавме кавга и прекин на врската некој месец па некоја корисничка на добри финти сега гледа негово дете, а јас години неможам да се опоравам од шокот што го доживеав. Ужас,секакви кучки постојат. Знам милиони вакви примери што го насегнале да ја наполни па да се одомаќинат.
lanceska, Ич да не ти е гајле, и да не се замараш, ако тој те сакал немало да те изневери а камо ли да легне со друга. На една моја другарка истово и се деси и следниот што го најде беше 831578135891735 пати подобар од бившиот кој што секој ден се кае ја моли и ја бара ама касно е.И тоа неговото прво дете незнам ни дали е од таа имаше некој муабети дека не е негово...А девојката го преболе и сега и е супер, планираат свадба, се запиша на факултет, многу се смени..Што е твое ќе си дојде
Жити се? Ај нека си права дека ја искористила финтава... ама она што ми мањка е - имавме кавга и прекин на врската некој месец... И? Требало да ти го чува? И она е кучката? Па што си го пуштила и што сте дозволиле кавгата да ве раздели некој месец? Не девојко, не е крива другата, туку ти самата. Самата си си крива за шокот. Како бе вака скроз сте нереални?! Не се слушате ли некогаш, не се преиспитувате ли? Малку реалност?
^Најлесно е вината да се бара во секој друг освен во нас самите. Затоа сите се курви,ороспии,педери и сл...
А колку треба да е морон едно машко да падне на ваква финта , дури и физички тешко е изводливо Ова мене ми личи на машка фината повеќе .
Хаха на еден другар му се случи ова. Ајде да гледам од тој аспект- он сингл таа веќе долго го сака и кога му се нуди на златен послужавник, пијанења, наркотици и надвор од контрола, секое машко би прифатило журка за ''one night stand'' и на крај му се јавува во 3ти сум...Девојката среќна, пресреќна, тој дури имаше заборавено на таа ноќ и сега нормално лишен заради ороспијата од сите убави моменти кои го очекуваа во животот ќе седи дома и ќе гледа дете. На крај се ќе ви стани јасно кога ќе ви кажам дека типот поседува успешна градежна фирма. Затоа велам да се легализира проституцијата, а дамите да се заштитат со закон зошто се РЕТКИ !
Леле бе муабетиве... Дали е она крива а он смотан или он крив она смотана нема везе, за да се направи дете треба двајца. И џабе после вреѓате, (ако не приметивте секогаш тој што не ви е близок вас е крив-Таа кучка мене ми го зема дечко ми, на другака ми и го зема дечкото, на другар ми го зезна така). Биднала работата. Кој гарантира дека ако таа, билко која и да е (долгогодишна девојка, девојка за една ноќ, љубовница)остане трудна тој ќе ја земе за жена? Може да и рече, добро трудна си, ќе го признаам детето, ќе му бидам татко ама јас не сакам да се оженам со тебе и после што? Или пак да и рече дека е негово детето? Едноставно некои наивно рамзислуваат и си прават бајрам на мозокот што би рекла една блиска личност.Бременост не ти гарантира брак, посебно не среќен брак
Има многу „женски финти„ за тој да се одлучи да ве земе, но само доколку се сакате... Не е само ајде ќе сзе земеме бидејќи сакаме да сме со него, убав бил, богат бил, паметен бил, време ми е имам 30 год, трудни сме итн....Што после???Живот е во пршање, деце, рачунајте дека треба да бидеш со него, време и заеднички живот се во прашање, за вашата иднина се работи... Да се вратам на темата. Имав една пријателка која решена беше да се земе со дечкото тој Американец, таа наша, но таму живеа, студираше она и сакаше да остане таму, но многу ја сакаше и му требаше само мал поттик. По година дена живеење заедно, девојката имаше 30тина, тој се уште не ја побара 5 год. помал од неа, не му се брзаше, но не сакаше да ја изгуби. Таа се врати во Македонија си рече немам што да чекам ако ме сака ќе ме побара за да не ме изгуби, ако не нема, нема што да си го губам времето, ќе си најдам некој друг што ќе ме сака и тој дојде овде и тука севенчаа. Втора „финта„ одиш со дечкото 2 години, тој живее со неговите, ти со твоите и двајцата имате скоро 30, а сакаат да живеат заедно. Таа се вади на финтата од дома не ме пуштаат да живеам со тебе, не сме верени, па што ќе речат моите, и такви некои работи, типични за нашево поднебје. Што да прави тој, си ја сака и ќе си ја побара, иако не му се брза, само за да може ете да си биде со неа.
LusySkyDiamonds не можам да се сложам со вториот дел од твоето мислење дека ако сакаат да живеат заедно таа го тера да се земат со тоа што не се сложува на предбрачен заеднички живот. Во денешно време кога ништо не е сигурно,кога бракови кои биле стабилни со години се распагаат и се доага до дереџе да го делиш лебот на маса на пола,кога од лево на десно око не си веруваат лугето и тек како 1000 пати ке размислам пред влезам некаде дома и во вонбрачна заедница да градам дом. И јас лично не би се сложила на предбрачен живот заедно. Си сакам да си имам правна сигурност утре доколку недај боже дојде до разделба а не на црно да делиме кој купил тросед кој купил фотеља и сл. Лесно е кога човек е заљубен да избрза со некои постапки и непромислено да влета во некои работи. Ама кога ке дојдат тешките моменти многу полесно се пребродуваат доколку си во брак отколку ако живеете како цимери,а за мене тоа е живот како цимер. Кога веке станува збор за возрасни луге кои се изградени како личности и спремни да живеат заедно и да основаат дом заедно,тоа нека го направат на правилниот начин . А се знае кој е правилен начин . Заедно живеење единствено разбирам доколку се студенти па заедно си делат стан,кирија и сл . Што ке седи во стан со другар или другарка ке седи со девојка му или дечко и. За останатото навистина не ја гледам поентата зошто би живеела со некој ако не сум во брак со него.
Јас само кажав за какви „финти„ сум слушнала и знам, а не и дека треба да се согласиме со тоа. Секој сам си го управува својот живот и би требало да направи како што смета, ако живаат заедно пред брак, па раскинат, е добре де што има врска, па ќе имш друг дечко не е страшно...кој ти гарантира дека утре во брак нема да се разведеш, така да сеедно е. Не кажувам што е подобро, предбрачно живеење или брак. тоа си е ваша одлука...Јас мојата одлука за предбрачно живеење ја донесов сама и се покажа како одличен избор, маж ми е љубовта на мојот живот, но тоа го знаев уште додека бевме дечко и девојка и секој си живееше посебно, па почнавме заеднички живот и сега сме во брак.