Подобро ќе седам немажена цел живот од колку да притискам некој да ме земи како јас последно ѓубре да сум на светот. Па да уценувам со детенце. Па и бремена да останам на крај краева ако толку не сака да е со мене сама би си го гледала детето. Ова ми е преголема навреда кон себеси. Да треба да уценам некој оти сум бремена за да ме земи. Никогаш. Тој шо треба да ве земи ќе ве земи со трчање не му требаат финти.
nekako mizerna mi e fintava.. ili samo deka imam zelba da si proziveam onaka bez da posvetuvam 24/7 vnimanie na bebenceto, ne deka ne sakam deca, samo mislam deka ne mi e vreme bas sega. A pa nekogo da vrzam za mene radi bebe u nikoj smisol
Не, мислам дека не ни размислуваат на бракот и на исходите од овие така наречени финти, туку сакаат само да си ги задоволат моменталните каприци и ништо повеќе. Многу понижувачки чекор, дури срам ми е да кажам дека познавам такви женски створенија, муабетот, убила ме туџа срамота. Ваквите жени размислуваат само за себе и мислат дека со ваков „грандиозен“ чекор ќе си го спасат сопствениот г** да ми извините на речникот, ама на крај најчест исход од тоа е унаказена иднина на едно цело семејство. Не знам кога луѓето ќе сфатат дека на сила убавина не бидува и дека понекогаш најмалку битно е да си ја извадиш сопствената задница од гнасотиите во кои си се нашла. Срамота и греота.
Познавам јас таква личност , сега не знам дали девојката намерно останала трудна , али овој не ја ожена , само го призна детето и си плака редовно алиментација . Сам кажува тој дека не е задолжително или обврзано со закон да ожениш некоја што останала трудна , и затоа рекол Јок! Јас не можам да поверувам дека некои намерно сакаат да останат во блажена состојба а другата особа не го сака тоа .
Ова од некој филм ваљда го виделе, па ајде и во реалниот живот да направеме така. Бидејки ова само на филмови го има и само таму сум видела. Ова не ми се допаѓа, тој ако сака ќе те земе и да не си а и да си бремена. Немора да значи еве забременив и да сака и да несака мора да ме земе, но има ги секакви не ги е гајле за дете има да те остае ич како ништо нема око да му трепне не дете со сакај имај.
Добра финта е ова, ги подржувам сите женски створења кои ќе се обидат на овој начин да се омажат а ако не успеат во тоа барем ке го искористат она што господ им го дал а тоа е да станат мајки. Познавам многу стари девојки кои останале немажени и се каат што барем не си родиле едно детенце додека можеле, а сега им е тешко што живеат сами и без смисла за живот. Многу има жени кои одат на вештачко оплодување од непознат донатор само поради таа причина да се фати последниот воз додека чука биолошкиот часовник, а детето ќе си го гледаат сами. Паметен потег по мене.
Оваа фината ја научија од Шпанските серии. Бесплатен абортус беше паѓање по скали ако се сеќавате на шпансите серии. Заклучок Детето не е гаранција за ништо ниту за склучување на брак ниту за посреќен брак. Одговорно планирајте го своето семејство. @baba Rada едно е да се одлучиш да бидеш самохран родител за да се реализираш како мајка но друго е некого да присилиш да те земе. Најчесто таму кај што се подметнува бременост често се навредувани како не е мое, којзнае на кого е е од ова поголемо понижување нема. Во главном сум против ако некогаш не дај Боже се згреши и нејќе да ме земат може ќе го родам може ќе го абортирам, се зависи од тоа кој ќе биде татко и колку сум спремна да бидам родител.
Јас ваква „финта“ никогаш не би направила. Да се спуштам на такво ниво да терам некого да се омажи со мене...нема ништо пониско од ова. Попрво ќе абортирам или сама ќе си го гледам. Но ова не би се ни случило со оглед на тоа што не планирам такви односи додека не стапам во брак. Не, не сум уште девица, само така одлучив. Никој нема да ме допре веќе додека не се потпишеме кај матичарот.
Порано сите бракови беа со трудна невеста, приморани на предвремен и непланиран брак баш поради таа причина, па ете ги колку години имааат среќен живот.
Не е порано понова мода е ова, да не речам тренд. Порано девици ги мажеле, други не им давале на одмор/ чаршија да идат без да бидат верени, земени. Нашите постари баби, дедовци, родители немале избор или ќе се земат или ќе го родат детето и ќе го дадат на посвојување. А склучениот брак со труднички е често заради силниот притисок врз мажулињата кои ја напумпале ќерката од страна на нивниот татко. Моја соученичка така се омажи татко и со пушка ојде кај зетот и му рече ми ја искористи ќерката. Која ќерка ја искористил де ти се молам? Девица да не ќе беше таа на 21 година? Баш така ја земаа, ја омажија ко демек од срам од народот леле вака ќе се збори, така ќе се збори. Така секој со своја глава нека си мисли не утре да кукаат ме нејќи маж ми, оди со други па вака па така. Ги почитувам оние кои ќе се земат од љубов, без претходно да се има притисок поради бременост.
Долг брак не е е еднакво на среќен брак. И порано баш поретко се случувало тоа. Според мене тоа е најподмолно нешто, никогаш не би го направила тоа.
ЈАс сакам некој да ме земе затоа што тој сака, а не да останам бремена па да мора, иако некогаш и не мора. Побрзо машкото можи така намерно да ти направи, колку шо знам неколку примери. Ама јас да се обидувам да задржам некого со дете никогаш.
Да ти е*ам финтата. Ако ти речи оди абортирај, не го сакам, тогаш што ? Мислам дека самиот брак уште пред да биде склопен е осуден на пропаст. Мажот ќе си брка швалерки, жената ќе се нервира, а детето ќе треба да расте без љубов од таткото. Мислам дека никоја жена не треба да се одлучи за оваа финта.
Некој спомна погоре дека таткото на девојката бил кај зетот со пушка за да ја земе бидејќи ја забременил . Не мора да значи . Јас и норлево пиев па еве на 20 години имам две деца . Татко ми и мајка ми не знаеа дека сум бремена . Јас дознав кога бев 8 недели и 2 дена . Немав симптоми освен што ми каснеше , ама имаше ред други околности па за тоа не се посомневав бидејќи по ризичниот однос пиев норлево ( ама долга и широка е таа приказна ) . Сакав да кажам дека немора да значи дека жената прави финта и го заробува мажот со бременост . Некогаш е обратно инаку , да се искажам јас фледам погоре сум заборавила , јас никогаш не би направила ваква финта . Не само што е понижувачки , па јас сум доволно убава и паметна за да си најдам некој кој ќе ме заслужува и кој ќе сака да основа семејство со мене . Нема потреба да правам финти на некој што не би ме ценел