Само незнам како може да го заебе да остане трудна без да знае он. Ке го дупне кондомот, ке го држи да неможе да се тргне, ке остане трудна од некој друг па ке му каже дека е негово... Не ми е јасно... Ако си го истресе кај што нетреба он заебал работа, не девојката
Можеби девојката го лаже дека користи контрацепција. Многу машки паѓаат на тие финти. Или ќе му рече дека ќе се напие Норлево, ама нема да се напие. Тука и мажите се виновни. Свршуваат внатре без да мислат на последиците.
Мизерии... Исто ко во затвор да го држиш човекот, и сепак на крај ќе си оди со други. Со сила убвина не бидува. Така жената излегува дека е бедна и мизерна, со понижување, со молење, па на крај и многу јаки финти користи за да го задржи. Ти рани го, гледај му ги децата што може ги неќе, пеглај го, чисти го а тој нека и го грее креветот на друга... Ама ЕЈ! битно пред народот маж ти е.
Многу пати користена фора, али еј - има и такви жени. Не можат дечкото да го убедат да се земат и после само оп ами трудна сум. И ќе се земи со неа од немај каде. И ќе брка мали чупиња тој и нема да е дома нон стоп. Само не знам дали воопшто на таквите жени им е битно дека децата ќе се осеќаат отфрлени од сопствените татковци, али сепак во нашата мила и мала македонија - најбитно е да има детето татко. Не е битно каков е и дали и тие ќе бараат понатаму влез во брак исто толку нефункционален колку што го имаат гледано, оти потсвесно таков имаат концепт. Ало, жени, стварно сакате децата да ви страдаат само за да вие бидете ``честити`` жени нечии и да имате фамилија? Срамота, резил. Ниту оправдувам ниту би правела некогаш такво нешто. Ако ме сака - нека изволи нека ме заведва нека биди со мене. Ако не - ене му ја вратата и нека не се враќа. А не - ами трудна сум. Детето не ми е средство за манипулација, не е играчка.
Многу работи изнакажа, со врска и без врска..детето некогаш знае да ја убрза разрешницата на врската т.с. има парови кои се влечкаат со години, па таа непланирана бременост ке ја убрза работата. За татковците што велиш дека ке бркале млади чупиња НЕМА ама никаква врска со татковство, дали они ке го сакаат детето, дали ке го прифатат или не, правило нема за никој генерално..
Многу јака финта, немам зборови. Како толку ниско може да се паѓа не ми е јасно? А ако не сака да те земе? Само лошо на детенцето.
Некои мажи ке те земат а после може да те остават..нема правило во ништо. Колку деца има во лоши бракови, каква врска има тоа со -лошо на детенцето?
Има, лошо е кога дете расте во нездрава средина, дисфункционално семејство, нон стоп во караници, срес, ќе се одрази на него како личност, ќе има последици дури иоткако ќе созрее, тешко ќе се вклопува во средина, тешко ќе оставрува контакти со други лица, тешко ќе верува на луѓето, ќе изгради предрасуди дека сите се лоши на овој или на оној начин.
Тоа и го кажав бе душо само без да образложувам...дали таткото на детето ке ја земе или нема да ја земе бремената партнерка, нема причина да гледаме одма лошо дали ке било или не, оти има многу полоши ситуации и во бракови кои настанале од љубов, без повод, без услов, без бременост...
Spored mene,a jas se omaziv poradi neplanirana bremenost, ednas I odma se fati, prvo pa, musko sto vikaat. Golem br rekoa maz mi Sega me vrza, Sega nema beganje. Ne e taka, I dvajcata bevme isplaseni, jas edvaj se pomiriv zs nie razgovaravme ama rekov za godina ili dve, da se vrabotam da zastaneme Na noze prvo. Posle mesec I pol bidna so bidna I do den denes ne zalam I sekoj den mu blagodaram Na boga za deteto, kamo 3 da ostavese pozadi nego ko sto sakase. Megjutoa nie se sakavme, vekje razgovaravme za zednicki zivot I sl bremenostta samo ja zabrza svadbata. A bremenost za da nateras nekogo Na nesto sto ne saka porano ili pokasno kje ti se Obie od glava. Nieden brak decata samo ni go zadrzale ni odrzale. Nitu pak edniot go IMA drugiot v dzeb zs imaat dete, toa e apsurdno.
Оваа финта упалила многупати, понекогаш треба да се употреби а нарочито кај девојки кај кои веќе биолошкиот часовник отчукува Многу стари моми знаат да се покајат и да речат- Ех, барем едно дете да си родев
Nekako be naslovov mi bode bajagi oci finta bremenost pa plus devojkata ja stega fintava opa bravo. Ako vaka pravime vi ragame deca denesnive devojki imaat golemi jajca. Zivotot ne e igra za nekoj da odlucuva koj ke ja frli kockata
Изгледа само јас не ја сфаќам "финтава". Како самите женски остануваат бремени? Како ? Јас колку што се секавам по биологија нешто друго учевме. Ако мажот не го разнесе семето каде што треба, не може девојката сама да остане бремена и да го натера да ја земе. Така да ако мажот не сака бремена жена, има заштитни мерки и ќе си ги применува. А доколку он си пробува со надеж да не биде, вината е подеднаква кај двајцата.