И каква врска има муабетов со темава? Барема едно дете да си родив? А кај пишува дека таа истата сака да стапи во брак со тој од финтава? Баш напротив повозрасните знаат точно што сакаат, а тоа веруј не е брак со некој насила. Тука имаш опција или вештачко оплодување или договор да ти направи некој дете и толку.
Според мене треба некоја да е многу очајна за да се реши на ваков чекор. Изнуден брак и брак од љубов се две различни работи.
hmmm ne e nekako sebicno i egoisticno od strav da ne se ostane sam t.e bez Partner i familija da se zatrudni, vo mk nekako e uste kako bremena e ke ja zemam, ama vo stranstvo znae mazot da te ostavi na cedilo ke izbega od odgovornost pa misli mu ja...ne zboram deka site se isti ama zavisi od mazot
Има многу девојки кои ги заробиле дечковците со забременување, но не се виновни само тие, тоа се случило и под влијание на дечкото. Потоа во секоја кавга се спомнува дека се оженил со неа само заради тоа што останала бремена. Не сакав да бидам бремена невеста, не ни бев зошто сметав дека многу полесно и поубаво ќе помине веселбата и патот до неа доколку не сум бремена и сакав децата да ми се зачнати во брак. Можеби звучи старомодно, но така си замисливме така и бидна.
Ова не е само женска финта.. Исто е и машка финта за жал.. Имам близок пример, мислам дека некаде имам и спомнато. Прва братучетка остана бремена на ваков начин. Одеа 7-8 ако не и повеќе години, го гледавме дечко и во едно локално кафанче со друга и еден ден на матура кај другата братучетка, ОП, оваа дотичнава со стомак Татко ми да пропадне во земја.. Небитно од кои причини Направија свадба, по некоја год бракот и беше пред распаѓање, ама ОП, второ дете.. Мислеше ќе го задржи. Кратко откако се роди второто, се разведоа. Тој си се ожени со адвокатката, зема старателство на едното дете, не и дозволуваше некое време да го гледа.. Сега си има 3то дете од вторава жена.. Според мене, ретко ваквите бракови успеваат. Најчесто развод се одбегнува поради децата и поради она - што ќе речат комшиите и роднините.. Според мене, ептен ниско е.. Да заробиш некој на подмолен начин затоа што не сака да те земе за жена.. Па последниот нека е, не се спуштам на тоа ниво.
So sila da nateras nekoj da te zeme zaradi dete e niska rabota. Rodi si dete ako sakas ama ne za da se mazi ili zeni nekoj pod prisila. No vo red e ako dvajcata si planirate da se zemete i da ostane devojkata trudna pred vencavka no samo ako obajcata go sakaat toa. Brakovite sozdadeni nasila ne opstanuvaat a trpat decata.
Искрено не сакам бременоста да ми биде причина за склучениот брак. Сакам да се земеме, да поуживаме уште малку без некои поголеми обавези, па после тоа детенце. Али боже мој, ако се деси.. Се деси.. Намерно не би.
Според мене ваков потег за некој да се принуди на брак е очаен. За жал имам слушнато за вакви примери каде девојки се одлучуваат да забременат само за да стапат во брак со партнерот. Бракот е крунисување на љубовта а не изнуда! И не мора да значи дека таквиот брак ќе опстои во иднина.
Кој на друг гроб му копа сам паѓа во него така е и за ова.Бракот е многу повеќе од еве се зедовме и ќе си живееме среќно до крајот на животот
Колку треба да си себичен, за да врзеш некој покрај себе со тоа што ќе родиш дете??? А, дали тој ќе се ожени со мене ако не сум бремена??? Не, фала, ќе си седам сама дома, ама не се мажам на овој начин.
И после затоа е измислен терминот алиментација народски 200 € месечно брат! Шала на страна јас не оправдувам вакви ступидни нешта, бебето треба да плодот од љубовта, а не некоја за да задржи некој. е затоа треба како што е редоследот т.е by the book ✔ брак ✔ бременост ✔ бебе А НЕ ̶б̶р̶е̶м̶е̶н̶о̶с̶т̶, ̶б̶е̶б̶е̶, ̶б̶р̶а̶к̶
За редоследот сега во мода е со еден трошок и свадба и крштевка ама то е друго така си се договориле и шо е најбитно според темата мажот се согласил и не е силуван во случајот
Едно е да се случи несакана бременост поради невнимание на двајцата а сосема друго е да за бремени женското свесно лажејќи го својот партнер. Јас не би сакала дете пред брак токму од причина што ако до тогаш не изразил желба за тоа би значело дека ме зема заради детето. Епа или ќе ме земе некој поради тоа што сум или подобро не се мажам никогаш. А и не знам каква гаранција им е детето на тие што се одлучуваат на вакви финти. Ако не е подготвен типот нема да се одлучи на брак ни заради детето. Татковското право никој неможе да му го оспори, тој секако ќе си го гледа детето но не значи дека треба да биде со мајката.
Јас сметам дека тоа не е женска финта пред се,затоа што тоа може да биде и машка финта,исто така многу ми е тешко да поверувам дека има такви очајни особи со такви уште поочајни начини се обидуваат да задржат некоја особа до себе...со сила НИШТО не бива
Оние што не родиле или повеќето девојки што мислат дека раѓањето е детска игра и една "кафе шема" за разонода слободно нека родат па нека видат што значи бременост и раѓање а поготово дете. И нека почуствуваат како во тој момент светот ти паѓа врз нозе поготово кога си сам или непожелен. За едно семејство е потребно љубов, грижа и многу компромис. Ако човекот не те сака џабе е се. Роди па види дали можеш сама.. дали можеш да се справиш со сите тие претешки моменти што можат да се случат на една жена. Да разграничиме, бременоста, раѓањето е најпрекрасна работа на свет, но во вакви случаеви може да се претстави во најголем животен кошмар.
Сериозно постојат девојки кои би направиле такво нешто? Ако дечко ми не сака да се венчаме, треба со дете да го обврзам на тоа? Абе не се плашела дека ќе ја остави поради тоа, па после да треба сама детето да го гледа? Не знам стварно, еве запрепастена сум Со сила убавина не бидува, ако тој не сака да се венча, абе и 10 деца роди му ако сакаш...И плус каква среќа е тоа ако знам дека ме зел поради дете, а не по негова желба..