Инспирирана од темата Македонски Плејбој и коментарите во истата, ја отворив оваа тема. Темата е за постирање на гради кои ви се допаѓаат, за вас се идеални, а за оние помалку срамежливите нивни слики. Еве јас да започнам прва. Моите идеални близначки вештачки а од оние природните
^ Извинете за оф топик Оваа на вторава слика не е Преслава? Ако е она, сто посто не и се природни. A инаку еве некои што ми се свиѓаат..
сигурно и се природни,има кажано дека сака да го намали обемот на гради по пат на хируршка интервенција поради тоа што имала силни болки во грбот.ете и тоа некои се оперираат за да имаат големи гради а преслава ќе ги намалува оти и биле големи чудно.
Хахах, ауу баш се зачудив. Ја ги знам сите бугарки имаат направено пластична операција и скоро ниедна нема природни па мислев и Преслава. Уау, па не и се лоши
Преслава имаше природно големи гради,а мислам дека направи хируршка интервенција и ги смали,ако не се лажам. За мене убави женски гради се ни мн мали,но ни пак преголеми.
во случај кога градите се со различна големеина, кога едната града е поголема од другата дали може да се стават силикони и да се исполни волуменот во онаа града која не е доволно развиена во однос на другата?јас страдам од тој проблем и не се чуствувам воопшто женствено и многу страдам и се срамам од моите гради, дали некако може да се корегира овој проблем?
ne se sekiraj sigurno ne e tolku strashno..samo kje si najdesh soodveten gradnik..i moite gradi se razlikuvaat..
Сум размислувала после 20тата година да ставам силикони,но не претерано значи само малку да ги зголемам градите (на пример како на сликата) да изгледаат повторно природно
А голема е разликата па толку многу се грижиш и срамиш ?? А сигурно може да се направи корекција и на едната града да се стави повеќе силикон и да се изедначи со другата. Само не знам колку е цената во МКД за импланти на гради. Знае некоја ?
голема е поголемата е колку големина од тупаница, малата е мала воопшто не е развиена нема ништо во неа ни жлезди ни ткиво.а плус во големата имам некои грутчиња фиброни.некои доктори ми имаат кажано дека во бременост ќе ми се изедначеле градите.
Има две опции... Или да ти направат resize на поголемата града за да биде идентична со помалата, или да се стави силикон во помалата па да биде колку големата. Иначе една доктрока, која е специјалист за гради ми има кажано дека штом ке се породи жената доколку има разлика во градите треба да дои од таа града што е помалку развиена бидејки таму млечните жлезди всушност не се развиле и со тоа ке ги оптерети и ке проработат (ова не го кажав баш најстурчно но се надевам дека ме разбра )
Јас сум задоволна и си ги сакам моите близначки такви какви што се. Не ми се ни мали, а не ми се ни големи туку средни таман спрема конструкцијата на телото. Според мене идеални.
Задоволна сум како изгледаат, мислам дека дури може и малку поголеми, но не се оптеретувам со тоа. Сега за сега немам во план силикони. Ама во никој случај не се лоши, мислам дека ми одговараат со конструкцијата.
мислам дека се избега малку оф-топик...темата е постирање слики на омилени гради ако сакате да се изјасните дали би сакале некогаш да ставите силикони или сте задоволни од своите гради,еве ви тема telo/silikonski-gradi-t281/50.html позз