Ги гледав уште кога бев многу мала со мајка ми и тетка ми, до ден денес ми се исто толку интересни. Максимално оригинални, реални, без ниту едно влакно на јазикот. http://www.youtube.com/watch?v=XDzCucf2 ... re=related -Ја сум Мешковска Маца и имам типична охридска фаца, одамна разведена, но среќно заведена, од еден келнер златен што е добро платен, и сите го фалат дека има добар алат. -Ја сум Петрушевска Паца, и не сум вулгарна кути Маца, м'шко не сам имала, шо значи не сум го примала, у'ф љубав не сам била, па сам се посветила на мамичка Ристенка, нејна сам верна сенка. -Тодоровкса Сузе тоа сум јас, и имам дијамантски глас, уметничка сум чиста, пеам...??????... во Логобарди сум родена, во Битола проодена, оној Трајчо ме спобудале, за него би дала се. -Леле касниме, се извињавам, кога то морам сос теб да се распаравам. Оваја овде се вика Илинденка, од Бугарија дојдена овде да стенка, това момиче се казва Мендолина, м'ж и стево нервите и скина. По малку на свадби потсвирнуеме, финансиски да се закрепнуеме, а в'слободни моменти мажи жени давам сичко за 3 червени. -Ете ја сум тој Трајче, и жими мајче баш сум бајче, имам жена инвалидка и со животот бијам битка, ми иде да сечам вени од овие пусти жени, немам мир и добив чир, ми остана само овој клавир. -Ја сум овде гЛавна, од причина едноставна, немам никаква мана, а мажите ми се храна, и што ако сум вдовица, и што ако имам српска жица, овде на оваа бина ме викаат секси Чичолина. Је је јеее.... ние сме нежни цветови, женски авиони за нежни летови....
Лелеее ме погоди со темава Ептен се добри,едно време на мене,сестра ми и другарката нон-стоп ни беа тема на муабет,што и да зборевме,мораше да се спомне по нешто од Женски оркестар. Најинтересни ми се Маца и Паца,кога ке се закараат Сеа ке ти кажам ус един збор на литературно КАРКОДИЛКА колку се смеев на тоа каркодилка или на ова Паца: Види се каква си зелена,како мапет шоу. А види ме мене,Мерлин Монро Маца: Да,Мерлин Монро,ама кути поплава да ја избацила (така некако беше) А сега следи рецепт за чомлет на богдански начин http://www.youtube.com/watch?v=KaLN56PF ... re=related Редактирав Морав да ја споменам ОЧИ Очи ли се очи,аргатски маки големи стани си сабајле порано,за да бериш тутун, плисни си на очите две-три рци вода, да би да се освежиш
ХАХАХАХАХААХАХХАХА.. Тотално одлепени! 2 дел е поинтересен, го имам на касета. -Не сум, не сум, не сум стара, што сте толку прости? Неможам да слушам веќе глупости. -Не сум, не сум, не сум стара, што сте прости сите? =Стара си ма како пирамидите! -Може не сум манекенка, не сум витка тенка, ама најлична сум си во Пештани. -Штом низ село си се шетам, шетам просто летам, трчаат по мене сите мештани. Оваа песна ми е најсмешна!!
Аа баш синоќа ги гледав и тоа во 2 саатото ноќеска и се смеев ко луда... Премногу сум била гласна што мајка ми дојде и зема да вика колку е саатото што си се расклештила
Како не сум ја видела темава порано... Јас сум жива заразена со Женски оркестар, ги имам на касета од дете, и мислам дека целото шоу на памет го знам. И често си ги цитирам, дури и другарките ги нервирам колку ги спомнувам... Дефинитивно едно од најдобрите работи кои биле создадени на македонско тло. Омилен ми е делот кога Сузе го опишува Трајче: -Луѓе, едни колена што има, едни колена... -Вода има. -Вода?! Ај опули го Трајчо мој. Тој нема вода во очи, а камоли во колена!