1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Женски VS. машки резон

Дискусија во 'Врски' започната од supersonic, 11 февруари 2011.

  1. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Листајќи ги темите во оваа категорија сретнав повеќе коментари од членовите што ме натераа да се запрашам - Зошто машките имаат поголеми привилегии од женските во случаи кога би требало да имаат ист третман ?
    Сигурно добар дел од вас ги знаат страните на фејсбук од типот: A girl kisses two guys - She's a SLUT. A guy bangs 5 girls - He's a LEGEND.
    Многу пати не можам да си објаснам зошто ние, женските ја добиваме оваа етикета (а навредува и го спушта достоинството на минумум!!) без разлика дали се работи за девојче кое на пример се смувало со некој кој неодамна раскинал, а пак е мета на други 10 женски кои едвај чекаат да му рипнат и ете од завист и се закачува овој епитет или, женската му раскинува и како еден од начините да си го врати егото, типот започнува гадни моабети за неа со цел да ја оцрни и да и ја намали вредноста.
    За машкото не е проблем ако вара со 98935958695 души додека ако женското флертува со 2ца (мислам на она безболното, од забава и без претерување) веднаш преоѓа во категоријата на ‘‘лесни‘‘ или ороспии. :^)
    ..Читав по другиве форуми статии од типот - Како да ја заведеш и блабла, честопати наведуваат дека треба да и го кажуваш она што сака да го слушне, симнувај и ѕвезди дури не ти јаде од раката потоа фино лепо можеш да ја шутнеш! Како лекот за секое женско е да се понашаш ко Казанова, да ја искористиш и оставиш! Од друга страна, текстовите за нас започнуваат со тоа како да го привлечеш машкото преку понашање, начинот на флертување, па потоа како да ја спасиш врската со одредени гестови, кои особини кај машките најмногу палат итн. значи се се сведува на тоа како НИЕ треба да се прилагодиме и да ги задоволиме НИВНИТЕ стандарди и желби!
    Иако не велам дека нема девојки што се понашаат бетер и од т.н Дон Жуани, или дека сите се цвеќиња, но прашањето и дилемата ми е - како всушност да се поставиме за намерите да не ни бидат сфатени погрешно ? Да го имаме истиот третман и права да кажам како нив, или сепак вината е во сфаќањата на денешното општество ?
     
  2. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Се сложувам со тебе во целост :) Кога ќе се искорени тоа правило дека ако девојката смени повеќе дечковци е *урва а ако тој го стори тоа браво тој е фраер ќе биде повеќе ценет во друштвото и секогаш ќе ги има најаките женски..... Тоа е толку НЕФЕР :@ Зошто женските не велам за сите ама најголемиот дела се спуштаат свесно пред машките ? ! :tmi: Каде е достоинството бе девојки ? Колку девојки знаете што се избламирале за дечко а колку машки што го сториле тоа :^) :fubar: Што се тие повеќе од нас ? Страдањето после раскинување на врска како да е резервирано за нас само нас не боли разделба само ние треба да се трудиме па згора на тоа во неретки случаи кога ќе се прекине врска вината автоматски се прегрла кај нас , зашто зашто таа не успеала да го задржи ..... :headbang: Ме вадат од такт ваквите нешта а поготово кога ќе видам девојки што вака се поставуваат а богами ги има колку сакаш ...
     
  3. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    НЕ Е ФЕР! Ако го изневериш, ти си курва, ако те изневери тој е фраер! Не не не!! Тоа мора да се искорени. Денешново општество е со застарени сфаќања, под влијание на 19тиот век и сеуште не сфаќа дека ако машкото вара и женското може исто! Аман веќе, до кога вака???? Зарем немаме право да бидеме либерални, да бидеме исти со машките? Денес жената може да ја работи секоја работа, може да ја издржува фамилијата, да донесува средтсва, да одгледува дете сама, а ако еднаш го излаже човекот со кој е во емотивна врска, ако еднаш згреши намерно или ненамерно, таа е целосно осудена и покажувана со прст! Не смее да продолжи вака, не смее!
    Девојката е спремна на се за дечкото кој го сака, а дечкото....е тој чека, тој ретко кога прави лудост за да освои нечие срце. А ако сепак таа го откачи, па таа е најголема курва во градот. Е тоа ме вади од такт.
     
  4. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Па не знам дали е најголема курва во градот, меѓутоа секако дека ќе и се ваѓаат муабети :) ..
    Јас му раскинав на бившиот, и по некоја логика како секое копиле со повредено его не знае да избере начин и да се носи со тоа како машко, па мора да користи filthy ways за да си поврати нешто од акциите. Типична машка логика, да си а пикнам главава у шоља! :^)
    Со моиве 16 години једино што стварно се уверив дека пали е понашањето на кучка. Единствено што знае ептен да ги провоцира и им ја гори суетата, а ти го држи достоинството и личната сатисфакција на ниво! Повеќе ќе направам нешто со кое ќе се повредам самата себеси, а е исправно, отколку да им препуштам да другите да ми удираат четки и да ме газат.
    Барем со машкиве денес - не смееме лабаво!! Кога еднаш се изгорев да верувам на еден од нив, сеа никад више нема да дозволам емоции да ми се мешаат со здравиот разум и да ги повторам истите грешки! и постарите членови на форумов можат да потврдат колку всушност се исплаќа да му веруваш и да се предадеш на машко. :)
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Не се споредувам нити пак сакам да се споредувам со машките.Никој не е сосема имун на мислењето на заедницата,ама немам намера да трчам наоколу и да се бранам од министри за туѓи гризи-се брани тој кој е крив.Ако совеста ви е чиста,свиркајте си,се излегува на виделина-па и вистината.
    Факт е дека најчесто етикети лепат најисфрустрираните примероци од машки род.Тоа им е начин да се одмаздат,дури и ако најкултурно сте им дале до знаење да се повлечат.
    Факт е и дека најголемиот број машки сакаат најчесто само секс.И факт е дека не треба што побргу да им се удоволи :!: .Довербата се гради тешко,се урива за миг-како кула од карти,а доверба во непознати-едноставно немам!
    И не е најдобро да се однесуваш како кучка,со тоа им парираш,реагираш соодветно на нивната замисла,најдобра тактика е непреземање тактика,или игнорирање до максимум!Секој го добива на крајот на краиштата она што го надробил,па така нема потреба да си ги валкате рацете и мислите со одмаздољубиви инструменти,кармата ќе си го направи своето,а вие ќе гледате од птичја перспектива со самозадоволна насмевка ;) !
     
    На chiquita, si.exs и Phyramide им се допаѓа ова.
  6. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Женски VS. машки резон......... само губење на време, никогаш не може да се воспостави биланс :x
     
  7. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Леле колку пати сум правела со другари дебати на оваа тема и нема крај ! Џабе се сите наши муабети баланс никогаш нема да се воспостави...сите зборови пак ќе паднат во вода
    Пак женските ќе си се курви а машките најјачи фраери у мааало. Дури сме со овој ум не одимее никаде ! :D
     
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.431
    Пол:
    Женски
    Епа женското си е женско а машкото си е машко. :) Од женскиот пол се очекува да биде фин, внимателен, мајки ќе бидат, треба да бидат примерни а не распуштени. Машките се посебна приказна. За нив не би ни коментирала. Чудна е таа машка психа и филозофија. :)
     
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ова е 21. век и такви поделби повеќе не важат. Не во мојот живот.
     
    На theowndemon, mode-kristina, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Ами тоа се остатоци од бурното минато на чоечкиот род, во минатото сексуалната репресија била корисна и ги заштитувала и мажите и жените од последици кои често биле и кобни.
    Денес животот е поинаков, драстично променет а сексуалноста ослободена од стравот од гроб. Или отекување и отпаѓање на пенисот полн со дупки ради Сифилис.
    А психологијата кај рајата не е сеуште во чекор со новите услови но ќе биде и тоа само треба трпение, не може преку ноќ да се променат ставови стварани низ илјадници години.

    Е сега мене ме учеа дека маш не е маш ако не знае да отвара пиво со заби.
    Во никој случај не смее да се изкажува емоција појака од запек бидејќи тоа ќе биде протолкувано како слабост од страна на женската особа и после ете го ѓаоло на тераса...