Живеење заедно пред брак

Дискусија во 'Врски' започната од RainBow, 7 јули 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.552
    Допаѓања:
    38.101
    Значи со дечко ми сме решени од септември да живееме заедно. Им кажав дома на моите за плановите и ми рекоа дека нема шанси за вакво нешто освен ако пред тоа не сме се вериле. Нивните аргументи се Што ќе кажат роднините на ова?
    Како мене да ме интересира што ќе кажат. Ако е ова единствен аргумент, мислам да се расправам. Или може и треба само збор да дадеме колку да не остават на раат?
    Што мислите вие за ова? Какви се вашите гледишта? Дали има веќе некој ваков пар? Познавате многу вакви парови?
     
    На eleni23 и oleizvori им се допаѓа ова.
  2. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    671
    Допаѓања:
    1.681
    Јас сум дефинитивно за! Едно е врска а друго е живеење заедно така да сакам да си бидам на сигурно и испробано пред да се склучат формалностите. Е сега кај нас ова уште е реткост, и веднаш почнуваат родителите со приказните што ке кажат другите ама мислам дека треба да седнеш и убаво да и ги објасниш предностите на овој чекор. инаку не познавам вакви парови повеќето што ги знам се мажат поради бременост набрзина а заеднички живот пред брак им е непознат поим за жал. јас мислам дека ако вие веќе сте одлучиле не се мислите само поради некои си озборувања а твоите дома ќе сфатат дај им време да се навикнат на идеата
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.289
    и јас сум за.зашто да брзате,да давате збор само за роднините да се задоволни,кога и вака може да ви биде убаво и после се да си дојде со ред.сестра на моја другарка живее сама со дечко и,под кирија,и двајцата работат и после две години заеднички живот си дадоа збор.уште повеќе ќе се запознаете,ќе станете уште посамостојни.и јас мислам да се избориш за ова ;)
     
  4. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    42
    Јас сум ЗА. Со маж ми живеевме заедно една година,пред да се вериме. Моите откако и кажав ми рекоа само ти си знаеш и пази да не направиш некоја глупост. За среќа нашата врска се заврши со брак,така да немавме проблеми.
    Инаку познавам уште само два-три пара што живеат заедно,а не се верени. А и треба да се проба,тоа малку сами,ама и на родителите не им е сеедно,мора да ги сфатиме. Мајка ми секој ден ме прашуваше,ајде нели има нешто... :dance:
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.400
    Дефинитивно ДА за живеење заедно пред бракот и пред веридбата. Барем 6 мсесеци. Друго е гледање, излегување, врска во која на крајот од денот секој си оди на спиење во сопствениот дом (добро , не секогаш ;) ).
    Ама сосема друго е делење сметки, проблеми, секакви пречки кои може да се појават. Мислам дека тогаш вистински може да ја запознаете личноста покрај себе.
    И те како би живеела со некој , ако имам намера сериозно да се врзам со таа особа.
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.782
    Допаѓања:
    78.995
    Поделено ми е мислењето...со веридба пред брак,да,ок е,сериозни се намерите,се знае целта,само уште да се истестираме дали можеме да функционираме како домаќинство,семејство...Полесно се тргнуваш од семејството,не е толку официјално и нагло како после свадба кога очигледно е дека ќе треба да се одделиш.Едноставно се навикнувате еден на друг,понатаму полесно се функционира.
    Е сега...врска ко врска,заеднички живот,колку и да е сериозна (ма да и за после веридба е непредвидливо,ама сепак ти е како гарантен лист)...може да се случи да се раскине,а толку сте се врзале,живеете под ист покрив,сте стекнале заеднички работи,заеднички навики,заеднички активности и одеднаш треба да се распадне...секој раскин е болен,ама ова е еднакво речиси на развод...
    На страна мислењето на комшии и роднини,тоа е тотално неважно.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.552
    Допаѓања:
    38.101
    Ние сме решени да се земеме како и да е, па ако моите не мислат да попуштат, не можам да се расправам со нив. Ќе треба голема да ја направиме. Татко ми е срцев болесник и не мислам не дај Боже на душа да го носам. Ќе се обидам колку што можам да си го истерам по мое, ама ја знам границата до кај што можам да туркам. После ќе средиме некако со збор, колку да им биде мирна душичката, ама тоа што ќе го намислам и ќе го направам.
    И јас мислам дека е многу поубаво заедничкото живеење, ама ќе видам како ќе ја решам работава :)
     
  8. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.463
    Јас сум дефинитивно ЗА. Мене многу ми се допаѓа идејата за заедничко живеење пред брак. Ако ти и дечко ти сте решиле така, нема зошто да те интересира што ќе кажале роднините. Твој живот, твоја одлука. Со среќа во заедничкиот живот. :)
     
  9. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    56
    Да, јас сум за. Така можете да се запознаете себеси уште подобро. :*
     
  10. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    90
    И јас сум за.Вие си имате долга врска и нема никаков проблем тука.Не сте од вцера заедно па да му ја мислат што и како ќе биде.Има парови кои ќе одат на факултет одат некое време и ќе живеат заедно на тоа што треба да се каже.Јас мислам дека вие сами си ја кроите иднината и треба да го правите тоа што сметате дека е исправно.Што има врска дали сте си дале збор или не......
     
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    27.662
    Јас го имав истиот муабет со моите (пред 7 години - аууууууу :D ), и решив да дадам збор. Тоа е само запознавање на родителите, ништо страшно, ништо официјално. Според мене беше исто така безврска, но воопшто не ни помислив да се расправам, туку ја прифатив нивната желба без противење. Не сакав убави работи да почнувам со расправии, и расправиите ги ставив за работи што повеќе ми значат :) А и ги сфатив, јас отидов да живеам кај дечко ми (а сега нели сопруг) во викендица, и нив малку безврска би им било да ми доаѓаат на гости без какво и да е официјализирање, па можело да се затекнат со неговите, а да не се знаат - рекоа дека им е безвезе - и ги сфатив. А и сакав да бидат среќни. Мене не ми беше нешто посебно важно.

    И тебе ти препорачувам да дадеш збор, родители ти се, а банална работа е, па направи ги среќни.

    Инаку топло препорачувам заеднички живот пред брак. Ако не дај боже треба да пукне, нека пукне без правни последици.
     
  12. etjena

    etjena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    48
    Ние живеевме заедно 4 години а бевме речиси 7 год во врска кога решивме да се регистрираме и тоа само затоа што посакавме да имаме дете. Ако не бевме спремни за дете и денес ќе си живеевме непотпишани. Верени, со даден збор со не знам што тоа мене ми се глупостико божем ако сме верени или во брак не може да се разделиме. Гаранции нема а заедничкиот живот пред брак е ист како и по брак нема никаква разлика.
     
  13. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    480
    Се што би напишала во врска со темава, веќе е кажано во повеќето претходни постови. Убаво е кога ќе го почувствуваш животот со саканата особа пред да бидеш врзана со брак. Тие старовремски сфаќања од типот „што ќе кажат роднините или комшиите“ нека не те спречуваат ако си цврсто решена за ваков чекор.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    12.291
    Допаѓања:
    81.938
    Пол:
    Женски
    Јас сум ЗА. И тоа и го практикувам. Бидејќи сме од различни градови, јас кога доаѓав во Скопје, седев кај него. Неколку месеци пред да се вериме, буквално живеевме заедно, и никој ни збор не рече, ниту моите, ниту неговите. И еве веќе неколку месеци после веридбата живееме заедно. Сметам дека е добро, затоа што така ќе видиш како ќе ви биде. Поинаку е кога само се гледате, излегувате, се дружите, и пак секој по дома. Ова е веќе на повисоко ниво и помага да сфатиш дали функционирате заедно. Ако не дај Боже, не оди како што треба, полесно се прекинува, без правни последици, како што рече Ариел.
     
  15. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.153
    Пол:
    Женски
    Koga go procitav toa sto go napisa vinozitka se vidov sebesi vo nea .
    Pred mnogu godini i jas zastanav pred mojot tatko i mu kazav deka sakam da ziveam so mojot decko posebno i deka toj e spremen da dojde doma i da porazgovara so niv .Togas mojot tatko mi rece ...Nema potreba da ide i nema ponataka sto da se zbori.Toa bea zborovite na mojot patrijahalen tatko koj se grizese sto ce recat negovite prijateli za nego- a ne sto custvuva negovata cerka .Povece se grizese sto ce recele cerkata od profesorot zivee sama so svojot decko a istite od koi se plasese od ozboruvanje nivnite cerki se stiskaa po parkovi i pravea deca na klupi.Pa taka sakale tie ili ne jas odluciv deka toj e covekot na mojot zivot i se iseliv od doma .Vo taa godina se zapoznavme sebesi ,gi vidivme site nasi osobini ,site dobri i losi strani,se ucevme i popravavme na greskite ,ziveevme vo polu opremen nov stan koj go imase kupeno negoviot tatko no za nas toa bese raj.Prstenot na mojata raka stoese od mnogu odamna ,vo tie meseci pominati zaedno posakavme da imame dete na kraj od godinata i toa go dobivme.Koga mu ja kazav radosnata vest na mojata majka me isplace na zivot ,a koga mojot decko mu kaza na svojot tatko toj od Germanija so avion pristigna istata vecer i me oblea so solzi radosnici ,me drzese taa nedela dodeka bese kako posledna kapka voda vo dlanka.Po nekoe vreme se vencavme i napravivme golema svadba, na koja tatko mi bese najgordiot tatko- na istata onaa cerka koja i rece deka ako go napusti domot vece nema tatko.
    Se zaboraviv malku no vinoizitka me vrati vo minatoto e sega sakam da ti kazam .Ako covekot so koj sakas da zivees e onoj so koj sakas da go pomines svojot zivot , ako finansiski ste stabilni,i imate krov nad glava vredi i da se zrtvuvas a ako roditelite sakaat da se verite moze i toa zadovolstvo da im go pruzis pa taka i tie zadovolni a i vie.pozdrav do tebei se najubavo vo tvoite pnatamosni odluki
     
  16. tanjaaaa

    tanjaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    12
    jaс и дечко ми живееме заедно веке 2 години.Tој е од друга држава а јас од друг град и двајцата овде во скопје работиме .Kога сакавме да почнеме да живееме заедно си седнавме да разговараме со моите и им кажавме заедно дека решивме да живееме заедно.Oд дома ми рекоа дека сум доволно паметна и умна за свои години да не направам некоја грешка зашто и пред тоа живеев сама и се грижев сама за себе,ми рекоа и да не ти дозволеме знаеме дека нема да не послушаш и ке се криеш зашто не сум во нивна близина да ми го следат секој чекор вака барем ке знаат дека сум заштитена и сакана во секое време,зашто одлично го познаваа дечко ми и го сакаа многу па ни рекоа ако така сме решиле тоа е.E ме извади малку тоа што имаат и многу доверба во мене поради тоа што сум премногу блиска со родителите и ги чувствувам како најдобри другари,така да не им преостануваше ништо друго освен да се надеваат дека тој е вистинскиот за мене.Eве поминаа 2 години одкако живееме заедно и уште учиме нови работи за нас,не дозволуваме врската да ни стане монотона искачаме заедно,си идеме на водно слушаме музика скоро секој понеделник во кола,излегуваме оделно секој со свое друштво и одлично функционираме,имаме доверба еден во друг,не постои љубомора,е сега имало и моменти кога сме се покајале што сме седнале заедно во нервоза при кавга али со малку разбирање и љубов се надминува се,тоа се ретки моменти додека те држи нервоза.Е сега ме нервира тоа што кога прави јадење има милион садови околу него и чорапите што ги фрла на секој ќош од станот расправии за компјутер или тв ама тоа е...Те нервираат тие работи ама се навикнуваш да живееш со нив.Исто како него што го нервира тоа секојдневно поминување еден час пред огледало и каснење.Моментално не размислуваме сериозно за брак убаво ни е вака сега за сега.Сметам дека сеуште сум млада а и тој ме подржува во тоа.Tака да јас сум дефинитивно за заеднички живот пред брак за да се запознаете подобро и пред време ако можете да :* сменете некои работи ако ви сметаат кај партнерот и да заклучите дали можете да функционирате со таа личност и да го запознаете подобро за да немате секојдневни несогласувања.Зашто додека сте дечко и девојка може да преноките неколку вечери заедно ама тогаш не ги знаете неговите секојдневни навики и дали сте спремни да ги прифатите.A не се согласувам дека заедничкиот живот е клуч за успешен брак,заради тоа што после се наметнуваат други работи,деца,воспитување,лугето може и уште да се променат во текот на животот.Ви го пренесов моево моментално искуство,се надевам дека помогнав на некој...поздрав
     
  17. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    26
    И јас моментално живеам со дечко ми, а не сме верени. Меѓутоа јас живеам надвор од Македонија, каде што живеењето во заедница без партнерите да се земени или верени е сосема нормално. Да сум во Македонија не знам баш дали би се осудила да живеам со некого без да сум верена. Можеме што сакаме да кажуваме, ама во Македонија се уште преовладува мислењето во стилот „а што ќе каже народот?". Инаку, јас сметам дека во денешно време нормално е партнерите ако имаат услови да пробаат да живеат заедно пред бракот. Затоа што така може многу да се научи за својот партнер. Понекогаш се прашувам како нашите баби, дедовци се земале без да поминат една вечер заедно пред да стапат во брак. Животот заедно пред брак може да укаже на тоа дали навистина си одговарате и дали навистина можете да живеете заедно под еден покрив. Не кажувам дека животот заедно пред брак е гаранција дека бракот ќе успее, ама сепак мислам дека шокот е помал. Исто сакам да додадам дека и не ги оправдувам паровите кои живеаат заедно по 10, 15 години, а сепак не знаат дали се вистински еден за друг. Сум слушнала многу вакви случаи. Аааа, ова е тестен период. Ок тестен, ама до кога?

    Сега да се вратам на прашањето на RainBow. Мој совет ти е да се вериш со дечко ти, ако родителите се навистина против да живеете заедно. Како што реков, народот во Македонија е се уште доста конзервативен и на некој начин дволичен, па ова е решение каде што и ти и родителите (па и комшиите :D ) ќе бидете задоволни.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.552
    Допаѓања:
    38.101
    Ваков договор падна. Ќе дојдат неговите да се запознаат со моите и демек да сме си дале ние збор. Јас се согласив, на нас и така тоа ништо не ни менува, а ќе бидам среќна ако тоа ги радува моите. Па ќе им го дадам тоа задоволство.
    И така девојки се селам од септември, здравје :) :)
     
  19. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.208
    :clap: :clap: за тебе Виножитке! Тоа е убава работа, би сакала и јас да можам така, но сигурно и моите нема да сакаат, и плус, кој знае дали ќе се согласат да дадам збор, сеуште сум мала. Бидејќи студирам, тешко би ми било да живеам со дечкото, а земајќи ги предвид проблемите што ги имам во последно време во врската, мислам дека не би можела! Ама јас оваа година на некој начин живеев со него, во мојот стан! Тој тука си спиеше, јадеше, понекогаш носеше за јадење...
    Ама ако се оди како што треба, ако имаме доволно приходи да си живееме заедно, нема да се двоумам! Тоа е една од најважните работи пред бракот. Мило ми е за тебе!
     
  20. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    26
    Супер, нека ви е со среќа! Па се надевам заедничкиот живот уште повеќе ќе ви ја зацврсти врската :)