hermosa фала ти , ама јас затоа и одложувам, сите ми викаат не е исто брак и дечко и девојка, значи не дека не сакам да сум со него не дека не му верувам едноставно сакам да бидеме уште малку без обврски да можеме да си уживаме т.е барем јас да си се вработам па да можеме да почнеме да живееме заедно. Не би сакала да заминам кај него и да чекам од неговата плата сакам и јас да придонесувам за нашиот дом а не да седам дома само + несакам да бидам товар и сеуште мама и тато да ме гледаат ако веќе сум решила да бидам жена Нели е така
Kако ви е најубаво,така направете.Cекако дека штом си полнолетна сакаш и ти да заработуваш ,тоа е супер значи си зрела и размислуваш навистина а не некои парови се обесат на родителите или жената на мажот па после им се сервира:ќути ,трај си,трпи си .Tи си во право,бракот е убав да но има и свои одговорности кон кои зрело треба да се пристапи.
И јас мислам дека е подобро да се живее заедно пред брак, се запознавате по детално и после знаеш што те чека
Ајде и мене да ме посоветувате малку. Со дечко ми сме заедно 5 години, јас сум веќе втора година на факултет во Скопје, а тој живее во родниот град. Овие две години ни е супер, мислам секако малку е потешко што не се гледаме понекогаш и две-три недели, но издржуваме некако. Е сега тој од наредната година сака да бидеме заедно во Скопје во стан. Сака тој да работи овде, а јас да продолжам секако со студирањето. Проблемот е што јас не знам дали сакам. Јас сум таква што понекогаш сакам да бидам сама и никој да не ми смета. И исто така со цимерката(која што ми е другарка многу години) сме си ептен погодени, не се караме воопшто, супер ни е и малку и поради неа се двоумам затоа што знам дека таа само со мене може да е(погодени сме си). Исто така се плашам дека ако почнеме да живееме заедно, ќе се изладиме, ќе ја снема љубовта и ќе станеме баш како луѓето во брак, а јас не сакам. Јас не сум ни баш девојка за брак бидејќи си ја сакам слободата и мене ми е супер што јас сум во Скопје, а тој е таму. Проблемот е што тој таму каде што живее не работи ништо и по цели денови седи така и голема причина што сака да дојде во Скопје е да работи овде и секако да биде со мене. Па сега малку и се лути кога тој ќе ја почне темата, а јас постојано му велам "ќе видиме што ќе биде", бидејќи не знам што сакам.
Ако сметаш дека не знаеш што сакаш - значи не сакаш, едноставно е. Премногу си млада за таков чекор, не ви ја знам ниту ситуацијата ниту односот, меѓутоа штом самата не си сигурна дека ова е вистинското нешто, тогаш јасно е дека не си спремна и ти е прерано за живеење со партнерот. Предложи му за почеток да се смести тој со цимери, пак ќе бидете на исто место. Не е исто кога ќе почнеш да живееш со дечкото, ама е одличен репер за тоа како би функционирале и да видите дали си одговарате од оние другите гледни точки. Јас не би живеела уште од сега со дечко, не од страв дека ќе ми здосади и ќе ни заладат односите, туку затоа што сметам дека раните дваесетти не се време за тоа, но секако би сакала да живееме некој период заедно пред да се земеме, баш од таа причина која ја спомнав погоре.
Јас и дечко сме исто 5 години врска лани седевме заедно со уште еден пар и цимерка во трособен стан поминавме супер и незаборавно.Тој си работеше јас студирав тоа време ,работните обврски си ги делевме сите и немаше проблем.И ми недостига тој период сега секој си живее по дома и понекогаш ми мачно таман сум задремала и да си одам И да напоменам никогаш не сум преспала кај него дома ( не се рачунаат задремувањата) и додека живееме заедно знаеа сите со исклучок на тато (оти е малце конзервативен ке мисли дека ќе се мажам) и би те советувала доколку си решена да пробаш да знаеш дека нема ништо поубаво да си заспиваш и будиш до тој што го сакаш.
Иако моментално немам услови, би сакала да живеам со мојот дечко пред да стапиме во брак, со цел и двата да видиме како би функционирале заедно, бидејќи нели многу е поинаку кога одиш кај него и си бегаш за некој саат, и кога го поминуваш цел ден со него, делиш домашни обврски итн...
Не само што е нормално, туку е и потребно и препорачливо, да се види каков е човекот, какви навики има, како заедно функционирате.
@aerodrom , мислам дека ти си преминал/а од верник во фанатик. Пази, тоа е опасно. Се што те опкружува мислиш дека е од ѓаволот, и те фаќа параноја. А и луѓето ги гледаш како грешници, а не како луѓе. Те гледам во сите постови спомнуваш дека се е од ѓаволот, и за битни и небитни работи!!! Олабави малку, не чини за тебе... и јас сум верник, ама не смееш да им судиш на луѓето... тогаш си ти поголем грешник од нив
Ние сме заедно 3 години и планираме од септември/октомври да живееме заедно под кирија (кај него дома има премногу луѓе..) Се надевам дека се ќе биде ок
Живеењето заедно пред брак од една страна е добро за да видите дали можете да функционираѕе заедно, да ги осознаете своите навиќи и да видите дали воопшто можете да функционирате заедно. Од друга страна ако тоа го правите со секој нареден дечко не е баш добро за угледот на една девојка, тоа би му дошло како да сте биле повеќе пати во брак. Како созревам се повеќе сум за оној традиционален начин, прво брак па во ист кревет, па што ти даде господ тоа. Обично она дека ако живеете заедно ќе сте се запознаеле подобро за мене е само фраза со која ја оправдуваме таа постапка. Ако сакате вистински да го запознаете партнерот не мора да живеете заедно, исто како што можете да не го запознаете човекот со кој може и со години да живеете заедно. Работата е во тоа колку вие сакате да го запознаете а нема врска тоа дали живеете заедно или не.
Најдобрата опција, еден вид пробен брак. Кај нас пробата траеше можеби предолго, ама не останавме без потпис на крај.
Ние скоро и да живееме заедно. Повеќе сум кај него,отколку дома. Чим можеме да опстанеме во неговата соба, за цел стан ич нема да е проблем. Сум за живеење заедно пред брак. Се запознавате уште подобро и може да одредите дали сте материјал за брак или не. Кога изнајмивме стан на два дена за Нова Година, беше супер. Немавме проблем ни на одмор. Едвај чекам сами да живееме, без свекор и свекрва!!
Секако дека прво треба да се проба да се живее сами,да се види како ке се одвиваат работите,па ако е се ок да се стапи во брак.Затоа што има голема разлика од брак и врска нели
Не и исто одење повремено кај него и целосно преселување. Тоа значи делење трошоци,заедничко планирање на финансиите,делење добри ,но и лоши денови. А одење пак на одмор,каде се ти е полно рамно ич не се споредува со живеењето заедно.
Го поддржувам живеењето заедно пред брак и од лично искуство. Ние живеевме со дечко ми под кирија скоро 1 година, сега моментално сме кај моите, а во меѓувреме си го опремуваме новиот стан што го купивме. Во секој случај, кога живееш заедно со некој го запознаваш во секакво светло, сите добри и лоши страни.
@Cinderfakinrella Синдарела, се согласувам со @duffi во потполност. Вие скоро живеете заедно, ама не живеете заедно. Едно е два дена сами за Нова Година или одмор, тој период кој не е весел? Еуфоричните моменти поминати во хотел и одењето на гости не се сметаат ни за скоро ни воопшто за живеење заедно
@Summerlover, @duffi се слагам со вас. Погрешно се разбравме. Мислев на функционирањето заедно. На пример со деугарки не сум можела саглам на одмор да си поминам, различни карактери, чуда... Храната ја купуваме заедно, повеќе тој, него јас... Не бевме во хотел, туку изнајмивме стан. Трошоците ги поделивме. И во добро и во лошо тука сме. За финансии никогаш не сме имале проблем, фала Богу.