Нека ви е секогаш добро. Ама пробајте пред брак вистински да живеете заедно. А одморот не е ни блиску до тоа.
Spored mene ziveenje vo vrska e edno a vo brak drugo ,toj sto e vo brak ke me razberi tie sto ste vo vrska sega se vi izgleda rozovo,da ne me svatite pogresno ne deka brakot ne e ubav ako ste so vistinskiot covek no samata institucija brak si nosi sosema drugi rabot pozz i uzivajte ,jas do svadba si sedev kaj mojte i ne zgresivkaj niv mi bilo edinstveno mesto bez grizi .
И јас се согласувам со @Summerlover и @duffi . Мада според мене тоа не е ни "скоро" до заедничко живеење. Тоа единствено може да се дефинира како поминување многу време заедно. Како тоа заедничко живеење кога тој ја плаќа сметката за струја, еве сега преку зима и сметка за греење, тој треба да пере завеси, теписи, постелнина, брише прашина и така натаму. Сето тоа чини. Ти и јадење да однесеш, пак не е доволно. Тој пред се има соба на која има каде да легнете и седнете, а плус останатите трошоци.
@Cinderfakinrella Still.. Сега, секако да не звучи дека напнуваме да ти докажеме дека не е исто, чисто си даваме свој коментар Но, сепак ќе кажам дека живеењето заедно опфаќа и многу други работи, не само делење на сметки и трошоци и опфаќа поголем временски период. Грубо кажанo: и да те фати пролив, и да се депилираш и да ти дојде, а да ти протпопи на сред кревет, а нему да не му е денот, да си дојде тој од работа, да биде изнервиран, и да неќе да те слуша, само спортска да си игра, чинии и чорапи да остави зад себе Перење, готвење, чистење? Сте го поминале ли тоа заедно?
Дуфи, фала. Одеднаш се почувстував дека ме „нападнавте“. Беше малку тензично. Бевме во Амстердам и малку дојде до судир на различни интереси. Но, на крај се испадна супер. Ме чуваше како принцеза. Хаха
И на крај се извикувате еден на друг без причина. Онака од љубов. Заедничкиот живот носи многу предизвици. Затоа и јас сум за живеење малку пред брак, макар и како верени.
Не би се согласила. Ние живеевме заедно после 9 месеци врска. 3 години живеевме заедно, потоа се регистриравме. Нема никаква ама баш никаква разлика. Јас дури заборавам дека ми е маж па понекогаш уште „дечко ми“ го ословувам
@Cinderfakinrella никако не те нападнавме. Само споделуваме мислења. Добро е да чуеш различни искуства.
Чистење обавезно. Проблем ми прави со неговите тракатанции, па нејќе да му се брише прашина. Хаос, знае да биде изнервиран. Но, не се расправаме до бескрај. Става слушалици и пичи даље. Работи со компјутери, па цел ден е дома. Кога сакам излегувам, кога сака излегува (дур сум кај него). Готвиме заедно и сакаме иста храна. За проблеми со стомакот, да не зборувам. Мал милион пати. @Summerlover, и јас го кажувам моето мислење.
@duffi, сакам да слушнам и туѓо мислење, јас си зборам за себе. Дури и он ми вика: Тебе домата ти е овде, а не кај мајка ти. Повише знам што има кај него отколку кај мене у фрижидер. Често знам да се занесам и да кажам дека сум дома (кај него).
@Cinderfakinrella Нема потреба на укажување дека и ти со го кажуваш своето мислење. И нема зошто да се чувствуваш нападнато, ова е форум и само дискутираме Нека ви е се вака убаво и среќно. Но, конкретно на темата сметам дека немаш доволно аругменти за да кажеш какво е чувството и проблемите
ЈАс не сум за. Не сакам да живеам со дечко пред брак. Има разика ако живеете заедно кога ти е дечко и кога ти е маж.
@Summerlover, да доживееш и да слушаш. Се два различни поими. Фала на искрените честитки. Јас коментирам како ми е на мене, а кога ќе живееме заедно сами скроз, ќе ви пишам како ми е. Може?
Баш е подобро. Се гледате во право светло и двајцата, со сите мани и доблести. Подобро да откриете дали можете да функционирате под еден кров додека сте во врска, така ќе знаете дали ќе ви функционира бракот или не.
Да... се сложувам, секој со своите размислувања. Јас лично сметав дека е подобро да видиме дали ќе функционираме во заеднички живот пред да се потпишеме во матична книга и пред да кажеме „ДА“. Има тешки моменти и во живеењето заедно пред брак исто како и во брак. Меѓутоа, кога еднаш ќе поминеш низ добро и лошо додека си во врска, потоа кога ќе наидат тешкотии ќе се потсетиш дека ако си ги поминал тогаш - кога се уште сте немале сериозни обврски еден кон друг, сега уште повеќе треба да соберете сили за да ги надминете, решите. Си има убавина живеењето заедно. Јас од секогаш сум била за, и покрај тоа што кај нас тоа се уште е табу.
Јас сум за.. И тоа големо ЗА.. И што е можно подолго Од кај да знам дали ќе ми одговара на карактерот (кога некои денови ќе треба 24 саати да поминуваме заедно загледуваме сосема нови детали во човек), па секојдневната рутина, дали е домаќин на дело или само на зборење...Дали помага по дома или сака да си земе робинка Има уште 100 причини ама доста се и овие за почеток..
Да, тоа е стара пракса што би се рекло, затоа постоеле од секогаш веридби, да се види фукнционираат заедно како двојка или не.