Ние почнавме да живееме заедно после 9 месеци откако ме побара. Моите баш и не го одобрија тој чекор, мислеејќи дека може нешто да смени, како што мислат многумина, но јас секогаш си го остварувам зацртаното. Спакував куфери и дојдов. Значи на тој чекор се осмелив бидејќи знаев дека и за 5 месеци подоцна, пак ќе требаше да поминам низ истото. Го знаев премногу добро, исто и он мене. Ништо не се смени. Како за се во животот, така и за домашни обврски си помагавме. Не се смени ништо ни после брак. Ете мене некогаш страшно ми фали мојот дом каде живеев со моите, па знам и некој ден да останам и таму. Успевавме ете и работа, домашни обврски, припрема за свадби се заедно да завршиме. Кога веќе се осудувате на тој чекор бар според мене, размислете колку го познавате човекот и дали и двајцата сте со сериозни намери. Да ме немаше побарано и да немавме закажано свадба, немаше да прифатам. Не се плашете од обврски. Има време и за шминкање, дотерување, шетање со другарки и се останато што сте го правеле претходно.
Мене ми е раат кога сме заедно со дечко ми. Кој прв стане става вода за кафе на рингла. Обично тој спрема доручек додека јас се спремам за работа (тој работи од дома), па појадуваме заедно и пиеме кафе. Потоа секој си го фаќа својот пат. Кога се вратам од работа спремаме заедно вечера. Планираме заедно што ќе правиме, дали ќе седиме дома или ќе одиме некаде. Чистиме и двајцата, за купување - купување и двајцата. 2 години врска со повремено живеење заедно и уште се немаме скарано. Раат чекор ќе се превзема штом се создадат услови за стално да живееме заедно, дали тој - дали јас, помалку битно.
Се е работа на договор. Има партнери кои точно знаат што сакаат и имаат планови за својата иднина. Некои прават веридба а свадба закажуваат многу подоцна така да не гледам ништо лошо во тој период да започнат да живеат заедно. Што се однесува до средувањето на домот, двајцата се подеднакво одговорни и обврските би требало да бидат поделени. Двајцата треба да бидат домаќини, не е тоа улога само на жената. Во време кога и мажите и жените работат и придонесуваат за домот јасно е дека жената нема време за сама да ги исполнува сите куќни обврски.
Од што зависи тоа колку време би чекал? Сигурно не од живеењето заедно. Туку од подготвеноста на партнерите за заеднички живот Има луѓе кои и после 5год врска не сакаат да стапат во брак.. убаво им е така.. Можеби твојот партнер е од тој вид
Па не.. Ама никогаш не се знае.. Зошто ти не го побараш за маж штом мислиш дека и двајцата сте созреани на овие млади години за тој чекор?
Pa traba da cekam 5 godini za da vidam.. a koga veke si zboruvame otvoreno vie kolku vreme ziveevte zaedno?
Па релативно и рано си се осудила. Јас сметам дека човек запознавам после 1год, тоа за мене важи. Почни ете ти прва и зборни сериозно . Ако ви е убаво, си се сакате, нема кавги и сл. нема нешто што попречува за стапување во брак.
Па една година и не е многу голем период за некој да се одлучи на таков чекор. И не знам како очекуваш магично тој да те побара за Х време?! Па начни муабет сама, не чекај покана. Ако не се согласувате или ако не се гледате заедно во иднина, зошто си го трошиш времето? Муабетов твој со она „толку и толку месеци живееме заедно а уште не ме запросил“ ми е ист ко оној „што ќе речат комшиите“... Убаво ви е живеењето заедно? Ако да, тогаш навистина не знам зошто се измачуваш со овие прашања.
Mislam deka ne Da bidam iskrena toj nekolku pati od okolu mi napomenal ama jas se povlekov se isplasiv.... mozebi zatoa me plasi sega da ne se zavlece cela rabota
Јас откако се запознав му се пикнав во кревет и не излегов... Знаеш, лесна женска јбг.. Па дека сме и 4 ипол саати еден од друг, подобро да му бидам кираџика во кревет отколку да давам пари за пат Плус тоа и со прст не мрдам дома.. ни готвам ни чистам ни перам... Гостинка сум Како пред мене, така и со мене.. Кој готвел, пак ќе готви Кој перел, пак ќе пере.. Кој чистел, пак ќе чисти... И така хаха
Е од што страв? Истото ќе биде што и сега, само ќе ти се смени презиме и ако се венчаш во црква, тој брак ќе биде благословен. Ништо друго не е поразлично.
Ехеее Одамна... Прекинав да бројам кога влегов тука Кај и да е, ќе го барам и за маж.. Дека и тој е мрзлив, па го мрзи од кревет да стане да купи прстен Свадба 2021 год, затоа што не мрзи да планираме и да изиграваме младоженци..
Големо ДА за живеење заедно пред брак од мене. Јас всушност не гледам ни потреба од брак некогаш, би живеела заедно со дечко ми и без тоа. Кога со некој имаш љубов и разбирање што ќе ти смени едно ливче хартија со потписи? Баш е добро да видиш како би функционирало тоа заедничко живеење, делење и планирање, раководење со буџет. Не гледам потреба од тоа да живееш за моментот кога ќе бидеш побарана за жена. Многу девојки сметаат дека бракот би им донел сигурност, но ако партнерот им е crappy - да не се лажеме, нема да се смени. Сепак ова е мој личен став, не би сакала да се навреди некој
А зошто да се замарам? Знаејќи го човекот - ако сака да ме побара за жена, ќе ме побара без оглед на се.. Нема да го спречи ама баш ништо... Ако се замарам немаше да шетаме по светов, немаше да уживаме во работата, немаше да уживаме ни во сексот затоа што ќе бев напната.. Немаше да уживам да го гледам секое утро како безгрижно спие.. Многу замарање доведува до пропадната врска ... до брак сигурно не.. Туку кажи ми нешто... Ти вака сериозно си спремна за брак? А тој?
Sekoj si ima svoe mislenje.. ama od druga strana i tvoeto ne e taka loso koga ke vidis Samo da e ubavo!