Не со тој човек, тогаш бев целосно поинаква, сега сум сосема друга личност, и не верувам дека и сега би била со него. Партнер ми е човек што е тотална спротивност од тоа што сакав на таа возраст, затоа што со годините многу се променив и научив што сакам, а што не. Затоа сметам дека 21 година не е време за носење животни одлуки. Ама тоа е моето искуство.
Што значи @BeautyGirl29 ако сакаш да останеш со овој дечко тогаш мажи се, во спротивно шансите се големи да се разделите и да завршиш со друг
Mozebi podobro sto si svatila, si se trgnala na vreme, i samoto ziveenje te naucilo na mnogu zivotni lekcii... Sepak tesko e da zivees i da raskines veke si se naviknala so nego itn... Megutoa podobro e toa nego razvod... Si se spasila na vreme
Не живеев заедно со него, не ме сфаќај погрешно. Не ми беше ни сериозна врска, барем јас не сфаќав така. А инаку си кажав дека е мое лично искуство и мислење @Bridget, не кажав дека и кај неа така ќе биде. Нема генерализација, не значи дека кај сите ќе биде исто, зависи од човекот. Има некои што остануваат со истиот памет цел живот, па не генерализирам.
Hahahahaha vaka od damna ne sum se iznasmeala Sakas da ti dadam smetka od banka? Da proveris dali MOZAM DA SE OMAZAM ili ne? moze i taka....
Редактирав за да не звучам премногу грубо, се уште не сум пиела кафе денес. Може. Ама ако се од мама и тате, не се важи.
А што е па толку трагично да живееш заедно со дечко и да раскинеш по некое време? Или треба по секоја цена да се инсистира на брак, иако гледаш дека не би можела да испаднеш на крај со таков карактер?! Факт е дека додека не почнеш да живееш со партнер, не можеш да го запознаеш темелно. Кога на крајот од денот секој се враќа кај мама и тато дома, сите се среќни и кавгите се дури и би рекла околу банални нешта. Ако во меѓувреме некој од партнерите сфати дека не е тоа тоа, никој не би го спречил да прекине врска. Јас не гледам ништо лошо тука. Подобро да се прекине, отколку да се пикаат проблеми под ќилимот и потоа да исчури сè. Мене ова повеќе ми мириса на „што ќе кажат комшиите“ - тип на муабет. А за волја на вистината, тоа треба најмалку да ве интересира.
Ne! Apsolutno e taka ako nesto ne odi ne odi... Zboruvam za emotivnata praznina dokolku se sluci raskinuvanje, realno kako vo brak da si bil i zboruvam za ziveenje so godini.. Uste ednas ke recam, ne e lesno, no podobro toa otkolku da se vleze vo los brak... Ziveenje zaedno e najdobar pokazatel dali ste eden za drug, dali mozes do kraj na zivot so toj covek! Pocetokot e tezok, no ako se nadminat nekoi raboti i svatis deka toa e toa sto go baras sekako i dvajcata ke sakaat brak nema sto da se inicira od edna strana, nitu da se pritiska.. Ako se seriozni i imaat isti celi se znae sto sleduva
Dolgo ste zaedno? Mislam kolku vreme ziveete? Pozdravce[/QUOTE] Заедно сме 2ипол години, а живееме заедно 8 месеци, со 3 месеци пауза поради тоа што сме во странство, а јас бев во Македонија И мојот дечко е таков, кога е слободен обично викенди знае и да зачисти и ручек да направи и во се ми помага мислам тогаш обврските се поделени. И секако дека разговараме за зимање деца и такви ствари ама не се брзаме се во свое време сега ни е добро вака. Честитки до вас стварно посакувам да си со вакви убави мисли цел живот, но сметам дека колку повеке време поминуваш со него посебно во заедница толку подобро го запознаваш и знаеш што можеш да го очекуваш во брак, сепак не мора да значи дека нема да се смени де. А некакп не сум баш за избрзан брак каде што не се познавате доволно и кога сте помалку време заедно сеуште ве води тоа што сте заљубени и тогаш сме сите малку заслепени и го идеализираме партнерот. Проблемите доаѓаат кога таа заљубеност си оде и доаѓаат неговите маани на виделина, што нормално секој ги има, а ние од преголемите очекувања се разочаруваѓе и ете ти проблем
Blagodaram za cestitkite Kolku poveke go poznavas partnerot toa e podobro, sekoj si ima svoe iskustvo... Vie ste dobar period zaedno, pa smetam deka veke si znaete kade odi seto toa, toa e dobro da znaes na sto si sekako i deckoto da znaete dali ima idnina vasata vrska, pa neli toa e celta ziveenjeto zaedno. Da vidite dali moze cel zivot da funcionirate! Kolku godini imas? Pozdravce
Баш така, кога живеете заедно пред брак полесно е да знаеш дали сакаш брак со него, ако не оди секој на своја страна и тоа е тоа. Имам 25, тој неполни 30, мислам возраста ни е во склоп со одлуките. Поздравче и до тебе убава вечер
Bas mi e drago @IAmPresident sto dobro se odvivaat rabotite vo vasata vrska... Se sto treba ke si dojde, bez nikakvo brzanje.. Najvazno vrskata i ziveenjeto zaedno da e funkcionalno i ubavo Pozdravce i do tebe
Здраво барам совет да би биле на мое место дали би прифатиле. Имам врска скоро 2 години добро се разбираме.Тој работи во Германија 2 месеци е тука во Мк а 4 месеци не е тука.Сега кога не е тука јас сум излезена со другарки тој кога си дојде сме заедно такава ни е врската го сакам стварно.И сега ме прашува да живеам со него од летово,скоро секој ден сме на тој муабет,ама јас незнам стварно како би било.Би заминала со него бидејќи и така мислев да работам од летово и сега ако јас заминам на работа на една страна а тој на друга и не бидеме заедно од нашата врска нема ништо да биде.Врската значи зависи од мене ако јас заминам со него врската ќе се зајакне и ќе ни биде се супер а ако не заминам ќе ни биде вака 2 месеци со него 4 сама само дремење на телњфон и допишување и стварно незнамм што да правамм...
Не слушај кој што ќе ти каже,за ова самата ти можеш најдобра одлука да донесеш,значи преслушај си ги срцето и разумот,запрашај се дали сакаш со тој човек да градиш заедничка иднина и тоа во туѓа држава,далеку од сите,дали си подготвена на "жртви" за вашата врска да успее,бидејќи и сама велиш дека не си сигурна како да постапиш нели...добро размисли за опциите(да останеш тука и да се гледате поретко или да заминеш и постојано да си со него)но добро размисли и без брзање,за подоцна да не се каеш ако си постапила неисправно...
Види, сметам дека живеење со партнер пред брак е супер и ќе имаш прилика да го запознаеш подобро. НО, во твојата ситуација размисли дали би ти било тебе подобро да заминеш кај него од повеќе причини: 1.) што би правела во Германија, дали работа или учење, дали ги имаш потребните квалификации за да бидеш нешто повеќе од минималец или социален случај, или ќе седеш дома и ќе чекаш од него да ги извршува сите обврски околу финансиите, 2.) доколку пронајдеш работа, или штоидае, дали би можело тоа да биде нешто што ќе го подржува вашиот номадски животен стил, и 3.) дури тоа на краткорочно да е Ок со тебе, размисли дали тој стил има некои долгорочни бенефити, бидејќи лесно можеш да ја зајакнеш врската со тоа што ќе креаираш симбиотска врска и навика, но тоа е само навидум. Вистински стабилните врски се оние кои со тек на време и двајцата партнери незавивно се пронаоѓаат во општеството каде што живеат.
Јас дефинитивно не би прифатила понуда за брак доколку не сме живееле заедно претходно. Едно е заедно само на одмор ило викенд, кога сте лабави, немате обврски, стрес од работа и слично, а сосема друго кога сте заедно 24/7, па можете многу подобро да го согледате човекот како што е. Плус, треба време на привикнување еден на друг, навиките, па и хигиена. Некој може да глуми 2 часа, 2 дена, 2 недели, ама не постојано. Мене брак не ми е во план во блиска иднина, имам 24. Со дечко ми сме година и нешто, па тоа за живеење само си дојде, без план и напињање и длабоко размислување, едноставно отидовме во странство, за авантура и уживање. Беше напнато, ама повеќе затоа што се двоиш од домашните, не си веќе со нив 24/7, ама се се решава, учиш што сака партнерот, што не, па на каков начин најдобро ги решавате проблемите, каков е кога е болен и така натаму.