Живеење заедно пред брак

Дискусија во 'Врски' започната од RainBow, 7 јули 2010.

  1. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    2.257
    Пол:
    Женски
    Заедно живееме со личниов веќе година и пол. На почетокот ми беше тешко, а верувам и нему да се навикнеме еден на друг, но сега фунционираме супер.
    Има разлика од гледање во врска на неколку саати пар ден во неделата и живеење заедно.
    Апсолутно не гледам никаков срам ако некој пар во врска живее заедно па отпосле се разделат. Пробале, не им одело и молим лепо. Боље така отколку разводи, чудесии. Не за друго, поевтино испаѓа ова првово.:D
     
    На honey.11, Strong25didi, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Animali

    Animali Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    9.293
    Пол:
    Женски
    И јас сум строго за! Дефинитивно секој пар пред да стапи официјално во брак би требало да actually живее заедно. :nod:
    Како што рекоа погоре, одењето на гости, одењето на одмор и слично, не е ни приближно исто.
    Нема никаков срам, полошо е допрва да се запознавате откако ќе се венчате, не дека не постои развод, ама зошто до таму да се оди и трошоци и се, ако не сте компатибилни на тоа поле.
    Јас дефинитивно би живеела, прво заради хигиената и односот спрема куќните обврски, како и со кои ставови поаѓа, дали живее во 21-ви век или ќе очекува јас се да правам и да му бидам втора мајка.
    Покрај тоа, јас би земала да чувам и миленик заедно, бидејќи за мене, после хигиената, од исклучителна важност ми е поставеноста на партнерот спрема животните :)
     
    На honey.11, VoodooGirl, Zaljubena26 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Strong25didi

    Strong25didi Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    I nie ziveeme zaedni a ne sme zemeni samo sme decko i devojka pa nikomu nisto ...ednostavno lugeto ke zborat i vaka i taka pravete kako vie mislete deka e najdobro
     
  4. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    И јас еве веќе неколку месеци живеам со дечкото,сами сме вп станот.
    Сметам дека подобро се запознаваш сите маани и предности што не ги гледаш кога излегуваш и на крај секој си оди по дома.
    Вака делиш и се грижиш за се заеднички,дали се тоа финансии,перење,чистење,лоши и добри навики,едноставно како брак.
    И сметам дека вака ќе видиш дали ќе можеш да функционираш понатаму или не.
    Е сега знаеме дека кај нас не секој може да си дозволи да живее сам пред брак инаку едно големо да за тоа.
     
    На JoanaS и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. JoanaS

    JoanaS Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    2.215
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека е добро да се живее заедно пред брак бидејќи не е исто да си со некој и да живееш или да не живееш со некого.
    Пред се мора да се види дали на пример моите навики одговараат со неговите и стилот на живот дали ни одговара. Не мора да сме исти никако не го велам тоа, но сепак битно е за да се знае дали постои хармонија во живеењето.
    Со ова се знае унапред каков би бил бракот и реално подобро вака отколку мажачки женачки и после разводи и трошоци направени за свадби и чуда за џабе.
    Едно големо ДА за живеење заедно пред брак!
     
    На honey.11 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.122
    Допаѓања:
    26.777
    Пол:
    Женски
    Ако имав искуство од заедничко живеење пред да стапам во брак, немаше да се случи официјален брак кој пропадна за кратко време. Од оваа перспектива, пожелно е да се стекне впечаток за компатибилноста и хармонијата на партнерите што не се случува на договорени средби, кратки патувања за време на врска. Личната хигиена (примарна за мене), одржувањето на домот, обврските, навиките и животните погледи ја одразуваат личноста и потенцијалната одлука за покрупни чекори.
    Фразата, не е секој за брак, ја искусив.
    Не се каам зашто не изгубив ништо значајно и вредно, а научив.
     
    На cresa-jagoda, WildMk, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    10.451
    Допаѓања:
    82.886
    Не живеев заедно со маж ми пред да стапиме во брак, ама сум поборник за истото.
    Едно е 2-3 саати, неколку пати во неделата 'играње маж и жена', друго е кога делите се', секој ден, по цел ден.
     
    На jarec6, cresa-jagoda и poenta им се допаѓа ова.