Погрешна одлука....што ако заглавиш со некој уште потоксичен...... не е мое да судам, сигурно не си гледала подобро решение ама секако да се преселиш кај дечкото и валда да се омажиш само зашто немаш разбирање со мајка ти е најлошото можно решение.
@Unicorn_ ти уште сега си се поставила така. Сама кажа, периш, чистиш во цела куќа, готвиш и пеглаш. И 20 години да поминат тоа ќе се очекува од тебе. Дали планираш да почнеш да работиш? Зарем не мислиш дека еден ден ќе ти требаат твои пари за облека, хигиенски средства, козметика? Извини, многу ми е чудно на 17 години да одам да живеам кај човек со неговите и да очекувам се а за возврат да му бидам слугинка. Како што сфатив тебе ова ти одговара да периш, чистиш и готвиш?
Секако дека не ми одговара само тоа да го правам. И да моментално барам работа. Се јавувам на броеви, имам отидено на неколку интервјуа и едноставно се трудам за тоа нема да си дозволам да останам така без работа. Што е во врска со финансиите дечкото работи за нас двајца. Му имам спомнато за кога ќе најдам работа да си купиме стан во иднина но тој некако идејата ми ја одби. Така да кога ќе најдам работа ќе гледам како ќе течат работите и ќе разговарам сонего на таа тема
Да не претерувам ама мене ми личи како да си нашол помала девојка идеална за домаќинка и деца чување и сега ќе си биде раат. Дали сакаш младоста да ти помине во чистење? Подобро отиди живеј со цимери.
Ти кажав. И се сложувам со @Angie1432 како што си тргнала уште малку и слугинка ќе им бидеш и ќе ти го префрлаат се ова. Каде се твоите родители?
Жал ми е кога вака млади девојчиња заради некои проблеми со родителите завршуваат со некој уште потоксичен и си го упропастуваат животот. Не е ретко за жал за да избегаат од родителите завршуваат во лоши бракови . Како бе можат да дозволат малолетни да идат да живеат со дечко и гајле не им е. А и тие 25 , 26 годишни дечковци што идат со малолетни па и ги носат да живеат со нив.
Во таа куќа колку има право тој таму, толку има и сестра му. Сестра му си оди во својата куќа, колку и да ти пречи тоа тебе никој не те тера да чистиш и готвиш таму. Ти си му само девојка, а утре може ни тоа. Ако не ти се допаѓа можеш да си одиш. Извини но тоа е реалноста.
Види, она нема кај да оди. Со мајка и имала токсичен однос, мислела кај дечково ќе биде раат, ама...домашниот есап на пазар не излегува, @Unicorn_ прај шо ќе праиш, користете контрацепција. Со дете плус, многу потешко се излегува од маѓепсан круг, а и самата си дете. И земи учи нешто што ќе ти даде леб и финансиска независност, не мора да биде факултет, има теми на форумов за обуки, курсеви, ако ја фатиш работата здраво, догодина ова време, може многу поинаку да изгледаат работите.
Треба да се живее некој период заедно пред брак од само една причина, а тоа е да видиме како стојат работите и ако е за бегање работата на време да се бега. Не дека кога си во брак не можеш да избегаш, ама многу полесно и поедноставно пред брак да фатиш магла ако не чини. Јас не живеев со сопругот пред брак. Не ми се одеше, убаво ми беше дома. Имав останувано на неколку денови, викенди. И мислев доволно видов, ама не било ни блиску до реалната слика. Потоа во брак кога бевме ги решивме работите за да може да се живее. Тие беа пресудни моменти, ако не решевме тогаш ќе фатев магла.
Таа куќа е и на сестра му без разлика што не живее таму, во таа куќа пораснала и колку е на дечко ти толку е и на сестра му
Така, ќе ја седнеш и ќе и кажеш. Нема тука ништо страшно. Тоа е твоја одлука. И да не и се допаѓа ќе мора да прифати.