Не би знаела каде да го поставам прашањево, па ја најдов темава, ако не е соодветно слободно преместете го или избришете го. Ние сме 6 години во врска и годинава се преселивме заедно. Имам мала дилема околу славењето божиќ, бадник и ме интересира како прават и другите парови. Дали заедно одите кај фамилијата на дечкото малце па кај вашата или се делите сосема он со неговата вие со вашата? Извинете ако е глупаво прашањето ама не сум искусна се уште во живеењето заедно па добро би ми дошол некој паметен совет.
Кога живеев со бившиот си одевме секој кај своите. Кога почнав да живеам со маж ми, си правевме сами Бадник, за прочка кај двете фамилии, за Божиќ исто... Некако си се осеќавме дека ние си имаме наш празник, наш Бадник, а кај родителите одиме ако не поканат или ако ни се оди. Па кога ме побара... Почнавме и да ги викаме кај нас. Мене ми беше ненормално да одам кај моите, он ми стана семејство од прв ден заедно живеење.
Мене ќе ми биде искрено прв Бадник без моите и сум затоа малку збунета дали да одиме на едниот празник кај моите, на другиот кај неговите или на двата да одиме кај двајцата оти претежно цело време одиме така и на ручеци. Искрено би сакала и јас малку поинтимно да си имаме ние наш Бадник ама што знам... можеби годинава така па следната ќе видиме. Како и да е ти благодарам на мислењето ептен ми значи <3
Каква случка имав... Еднаш за прочка бев на гости кај моите. Ден пред прочка. Вечерта викам ќе си одам за Скопје. Реакција на тетка ми, ауууу како така нема да бидеш ДОМА за прочка. Грев. Си отидов. Вечерта мм спремил изненадување и ме побара за жена. За прочка се јавив да кажам дека сум верена. Прави како осеќаш и како на двајцата ви е убаво. Родителите треба да те сфатат.
Ако отидете оваа година ќе очекуваат и следна. Бадник е за дома, а домот сега сте вие двајца. На Божиќ се оди на ручек, па ќе одите кај твоите или неговите.
Глупости живи хахахха, не е дека нешто сме традиционални со почитувања на празници ама ете... А баш ми е мило што те запросил Фала ти на искрениот одговор и да до некаде се согласувам дека домот сме сега ние двајца и треба да си бидеме сами. Да искоментирам на темава и на тоа дали треба да се живее заедно пред брак. Ние сме дечко и девојка од прва година средно, сега имаме 21 година, и сме заедно 6 години сега во Ноември и пред 6 месеци се преселивме заедно. Апсолутно сметам дека пред брак, па и да не е во блиска иднина треба да се живее заедно, бидејќи само така можеш да го видиш вистинскиот човек а и од млади да се научите на некои навики или да направите некои битни одвики за понатака да не влијаат во вашиот живот. Моментално нас ни е супер, си заработуваме добро, си живееме убав живот, студираме и немам нешто што би можела да кажам дека не ми е прекрасно. Има некаква топлина и хармонија а и најбитно приватност, сам живееш, сносиш свои одговорности, плаќаш сам сметки, стан, облека, храна се и сметам дека сето тоа не само што е важно за самиот себе како човек туку и за здрава врска, па и понатака здрав брак и здрави навики за децата. Ептен е важно според мене сите што имаат доволно финансии и можност да се преселат заедно и да живеат заедно одреден период.
Мислам дека нема правило. Како си се осеќате. Некои си одат меѓусебе за празници и пред да живеат заедно, некои чекаат брак. Така да како осеќате. Ако ви е комфортно заедно да помините - поминете. Ако не ви е - одете си одделно.
Ако живеете заедно Бадник е за дома ,а дома сте вие двајца...Таа вечер поминете си ја вие двајца а на Божиќ ке си одите по фамилии..Јас така мислам дека е правилно... И јас со мојот дечко веќе се одлучивме на таков чекор во Декември,па тие во тој крај не слават Бадник туку Василица... Јас пошто го славам Бадник и е мн посебен за мене ќе си го прославам со нас двајца...нормално ке ги поканиме и неговите ако сакаат да учествуваат во нови обичаи...а утредента ке си одиме на гости по фамилијата...
Девојки дали сте за или против заеднички живот пред брак? Имам близок пример во кој родителите на дечкото инсистираат дека треба да се земени за им го дадат станот (станот е на неговите родители). Дали мислите дека сакаат контрола или пак едноставно се потрадиционални? Дали имате граница пример дека после 1 год заеднички живот дечкото мора да ве запроси? Дали би живееле во стан кој е во сопственост на неговите родители а да не сте во брак?
Se zamivi od mentalitetot na deckoto i poveke od mentalitetot na negovite roditeli . Da zivees so nekoj znaci da si patuvate vo zivotot zaedno i sekogas da soglasuvate . Situacijata mozno e da bide i malku po teska , nekogas maski partneri sto imaat moznost i se ekonomski po stabilni gleedat da si imaat kontrola na nivnite partnerki no toa ke bide fatalno na vasata vrska .
Сум за заедничко живеење. Многу е различно да се гледаш со некого и да живеете под ист покрив. Битно/корисно е да се види дали има компатибилност за заедничко живеење или не. Макар што, ако не сте еден за друг, тоа се гледа и на заеднички одмор. Родителите веројатно се традиционални. Ако младите се со различен став, можат да си појдат и под кирија заедно.
После колку време од врска почнавте да живеете заедно или после колку мислите дека е океј да се премине кон заеднички живот? ChatGPT ми вели дека е идеално после 1.5-2 год, се пред тоа било прерано.. Инаку јас и дм правевме муабет за да почнеме да живееме заедно. Првично планиравме или од овој или од нареден октомври, ама ни се отвори тема за ова па мислевме може е добро и уште сега, ама не сме сигурни да не брзаме многу.. Јас живеам сам, таа во студентски во ист град и само треба да се пресели кај мене. Ние би пробале дури и да е прерано, ама дека е студент уште ја финансираат нејзините, и татко и е традиционален тип незнаеме како би реагирал.. Трошоците тука некаде би биле и може нема да му е проблем ако живее со мене, ама што ако се случи да не се согласуваме и да треба да се разделиме незнам тогаш каква реакција би имал.. Не е против што оди со мене, на почетокот беше како против, од кога ме запозна нема проблем, никогаш не и брани никаде да оди или да и каже нешто кога оди со мене, ама пред некој ден бев јас кај нив и некако останавме сами и ми кажа нешто во смисла "Многу ја шеташ, има таа уште многу од факултет, луѓето ќе почнат да ја поврзуваат со тебе, дали сте сигурни после немој нешто друго да испадне од сето ова, порано си доаѓаше секој викенд сега останува...", ме прашуваше чудни работи.. Јас ова ништо и немам кажано, а може и таа крие ако нешто и зборува за мене.. Да се вратам на тоа што сакав да прашам, може требаше и во друга тема да го поставам сето ова, ама како и да е ми треба и нечиво друго мислење за ситуацијава.. Јас мислев да предложам да живееме заедно 1-2 месеци без никој да знае па после да кажеме дека живееме заедно, ама не сакам да бидам причина да и се расипат односите со семејството..
Во денешно време нема правила за ништо такво, бар јас така мислам. Не знам дали јас сум меродавна да зборувам ама ќе си кажам. Ние со дм сме заедно од прва година средно, а во моја втора година факс се преселивме заедно под кирија. Не знам како ќе биде кај вас ситуацијата и дали ќе плаќате кирија или твој си е станот, ама ако не плаќате уште поолеснувачко би било. Според мене татко ѝ е само исплашен дека ако она почне да живее со тебе ќе го забатали факултетот па утре ќе речете ајде свадба, ајде дете и нема да го заврши факултетот. Ова е размислување на секој родител па дури и на моите кога после 7 години врска им кажав на 20 години дека сакам да се преселам со дм. Според мене нема правило после колку време вие двајцата се чувствувате спремни да живеете заедно, а исто нема правило ни дали ќе раскинете и шта би било кад би било. Има бракови после 20 години со имоти со сѐ, се разделуваат па никому ништо. Ако она е сигурна дека и ако си се преселите ќе си учи, ќе си го заврши факултетот може да си го направи разговорот со нејзините, на крај краева е сигурно доволно возрасна сама да донесе одлука околу тоа. Јас не би да криете зошто така само ќе ја влошите ситуацијата. Она нека си отиде дома и нека си направи муабет со нејзините околу темава и нека си решат што е всушност дилемата и зошто они се несигурни. Нема правило дека ако се пресели со тебе нема факултет да заврши ама тој е тој родителскиот заштитнички однос кон децата. И моите беа преплашени дека факултет нема да завршам, јас сум пред дипломирање и оти сме само двајца во станот имам поголема концентрација за учење. Мој совет, ако сте сигурни дека сакате да живеете заедно, пробајте, 20тите се за испробување и експериментирање. Од живеењето заедно или ќе сфатите дека сакате да си бидете заедно и да си терате или ќе ви се разделат патиштата како и да е за убаво ќе е. Со среќа, ако треба уште некој совет од паталец слободно
Јас би рекла-не. Не оти има време после колку од врска да се живее заедно, туку оти има уште многу за учење. Во право е татко и, само од тој аспект, остај го девојчето да учи. Живеење заедно- да, како trial пред брак, ама таа очигледно е многу млада за таа фаза.