Фала девојки. Знам дека на почетокот ќе ми биде тешко( ептен благо кажано ), ама знам дека ќе успееме. Не се откажувам лесно од своите намери
woww rainbow neka ti e so sreka mila vo zaednickiot zivot i se da bide kao sto posakuvas!!i da ne izvestis kako pominalo davanjeto zbor koga ke bide kako dodatok na temava i ja sum ZA zaednicki zivot pred brak,zaso duri togas ke go zapoznaes covekot vo prava smisla da zborot,koga ke legnuvas i stanuvas pokraj nego i gi delite problemite.
pa i jas sum za nema tuka nisto loso ako ziveete zaedno.. a problemot so roditelite sekogas e takov sto ke recat drugite... no sepak mislam deka treba da ste zaedno i da im objasnite na roditelite zatoa sto koga ste zaedno ke stanite mnogu pobliski i na nekoj nacin ke vidite kolku e interesen zivotot koga si sekoj den sekoj moment so toj sto ti znaci ... prekrasno nestoo... moj sovet razgovaraj so roditelite i kazi mu deka bitno e vie da ste srekni a ne sto ke recat drugite pozz
А што ако на пример, девојката оди да живее во станот на дечкото, па по некое време заеднички живот, сфатат дека не би можеле да се разберат меѓусебно околку еве да речеме, домаќинството, поселбата на работните обврски во домот и финансиите? Ќе треба да се разделат. Таа ќе треба да си се врати кај нејзините родители и буквално да биде избркана од кај него или самата да си отиде. Мислам дека и оваа работа, како и се друго си има свои предности и недостатоци. Но сепак, во секој случај е подобра опција, отколку влегувањето во брак заеднички живот заради бременост или заеднички живот од првиот ден откога ќе стапат во брак, без разлика дали девојката е бремена или не. Сепак, и да дојде до разделба на заедничкиот предбрачен живот, нема тука брак, нема документи, не се пред Бог ветени. Инаку Реинбоу, честито да ти е и се најубаво Најискрено и без лутење, не можам да поверувам дека луѓето тука живеат за мислењата на другите, ете како твоите што ќе те пуштеле да живееш со дечкото само ако се вериш, за да не речеле другите бла бла бла. Што им е гајле на другите? Нека си го гледаат нивниот пат. Многу се нервирам на такви муабети. Добро кажува песната ’Цреша’ на Тоше, особено во стихот ’Што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи...’-навистина така е...жалосно. (извинете што малку забегав од темата)
Браво Рејнбоу за одлуката. И за давањето збор. Секогаш кога можеме да им угодиме на родителите, а тоа нас особено не ни значи - треба да го правиме тоа. Заслужуваат. И не тргнувај со став дека ќе биде тешко, зошто не е тешо, супер е. Мене тој период ми беше можеби најубавиот во животот. Не дека сега ми е лошо, ама има многу повеќе обврски и одговорности. Ми беше тешко првите 3 дена додека се навикнав дека има некој со мене во собата и ми диши... дишењето ми пречеше, страшно Шала на страна, феноменален период. Инаку Рејнбоу, во однесувањето и одлуките страшно многу ме потсетуваш на мене кога бев на твои години
Честитки и со среќа во заедничкиот живот. Мило ми е што успеа да ги наговориш родителите. Ама не се сомневам во тебе, затоа што мислам дека си навистина добра и одговорна девојка, па твоите сигурно немале проблем да ти дозволат да живееш со дечкото. А дека е убаво, супер е! Мислам дека брзо ќе се навикнеш, живеењето заедно има многу предности
Јас сум За бидејќи со дечко ми живеевме заедно 3години и некој месец.Тоа е шанса каде ќе може целосно да се запознаеш со партнерот,да ги откриеш неговите добри и лоши особини.Не е исто кога поминува 2-3часа дневно заедно и заедно да се живее.Јас во текот на тие три години добро го запознав дечко ми така да знам што сака,што го нервира...а исто и тој мене.Нема ништо поубаво кога заедно ќе припремате некое јадење,заедно ќе се бањате...се заедно.Ми недостига тоа време ,но ете такави беа околностите што тој мора да поминува две недели надвор од земјата и не се исплатуваше да го држиме станот и кога би било поинаку повторно би живеела заедно со него без размислување.Сметам дека заедничкото живеење е добар предбрачен тест,затоа што некој ако ви прави лице или угодува тие 2-3 часа дневно незначи дека ќе биде така и при заедничото живеење бидејќи никој неможе да издрже 24часа да се прави дека се е ок.А токму тука е најважната работа преку која ги согледуваме вистинските особини на партнерот и дознаваме како реагира на одредени ситуации.
Едно категорично ДА за живеење заедно пред брак! Ќе си се истренирате, а успат ќе видите дали би можел да ви биде успешен заедничкиот живот и дали ќе ги прифатите навиките на другиот! Прекрасно! Може многу да се научи и да се откријат нови нешта за саканата личност.
Со две раце гласам ЗА! Најпаметна работа што може да постои. Да се видете кој сте и што сте, па после брак! А не ко некои, одма во брак, па за година дена развод, па кавги, па адвокати, па старателства....Плус, си ја носат цел живот етикетата (хипотеката) „разведен/а„.
Дефинитвно убаво искуство, а и корисно. Мислам дека во законот за семејство треба да стои - задолжително живеење заедно пред брак. Најдобро ќе запознаеш некој кога ќе живееш со него. Потоа, како што рече некој, ќе има помалку разводи и комплицирани постапки. Јас и мм живеевме една година заедно пред да се земеме. Тоа ми е еден посбно драг период од животот.
Сметам дека не е баш така.. мноогу парови пробале да живеат заедно па после една година се одлучиле на брак и после ете ти развод Мислам дека се зависи од степенот на созреаност (читај: дали се изнашетале ) на партнерите
Со среќа Reinbow,ви посакувам се најубаво. Инаку сум за живеење заедно пред брак затоа што тоа е најубав начин да се види дали дечкото и девојката се еден за друг,и колку се спремни да се соочат со проблемите во зедничкиот живот.Ова го кажувам од лично искуство,еден вид тест колку се спремни за брак.
Rainbow со среќа нека ви е Јас сум многу ЗА живеење заедно пред брак.Како и повеќето кои се изјасниле и јас сметам дека на тој начин подобро ќе се запознаете,ќе си ги осознаете добрите и лошите навики.Ќе направите некои жртви се со цел да се изборите за хармонија во вашето т.н. љубовно гнездо Штета што на тоа кај нас уште се гледа како на чудна и сомнителна работа.Глупаво ми е тоа што родителите се грижат што ќе рече народот.А дали народот е тука кога ти треба помош или само за да се оговара?Така да,сметам дека е редно да се искорени тоа што ќе рече народот конечно,затоа што нема ти дома со народот да живееш
и мојот план е таков еве поселе неколку години заедно одлучивме со мојот дечко за два три месеци да живееме заедно во скопје.јас таму студирам а тој таму бара работа...така да ако некој знае за некаков оглчас било каков нека каже сакаме да живееме заедно зошто и онака сме цело време 22 часа зедно така да барем за два три саати да не се будеме да ме испраќа дома.решивме така и јас сум за некое време заеднички живот пред брак.а бракот сам ќе си дојде можеби по нашиот план за 2-3 години додека јас завршам факултет